Шпанска вечер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 30 Aug 2023 09:22:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Шпанска вечер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Шпанска вечер“ во Limak Skopje Luxury Hotel – мистична страст и гастрономска сензација за сите сетила https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/shpanska-vecher-vo-limak-skopje-luxury-hotel-mistichna-strast-i-gastronomska-senzatsija-za-site-setila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/shpanska-vecher-vo-limak-skopje-luxury-hotel-mistichna-strast-i-gastronomska-senzatsija-za-site-setila/#respond Wed, 30 Aug 2023 09:22:08 +0000 https://kurir.mk/?p=872412

Нова гастрономска и забавна атракција во Скопје! На 15 септември 2023 година во Limak Skopje Luxury Hotel ќе се одржи настанот „Шпанска вечер“ на кој посетителите ќе имаат ексклузивна можност да го почувствуваат шпанскиот огнен дух, богата култура и спектакуларна кулинарска традиција. Искусниот главен готвач на хотелот и неговиот тим ќе подготват шпанско мени преполно со вибрантните бои на прекрасната медитеранска земја – тапаси со атрактивните вкусови на оригиналните шпански специјалитети, гаспачо супа, паеља од морски плодови и маринирани јагнешки котлети на жар, гарнирани со палента со суво грозје и сончоглед, а за финиш – крема Каталонија. Во ова автентично шпанско мени приготвено според традиционални рецептури присутните ќе уживаат со популарната Сангриа, подготвена на оригинален начин. Како своевиден спој со домашната хедонистичка култура, впечатокот ќе биде надополнет со врвните вина на нашата најголема и најуспешна винарница „Тиквеш“. Шпанскиот дух на вечерта ќе биде збогатен со шпанска традиционална музика надалеку позната по својата мистична страст и огнена енергија, за која се задолжени уметниците од  „Кармен Бенд“. Атрактивната шпанска вечер ќе се одржи на 15 септември со почеток во 20.30 часот во Clover ресторанот на петтиот кат на Limak Skopje Luxury Hotel, каде можат да се добијат сите дополнителни информации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/shpanska-vecher-vo-limak-skopje-luxury-hotel-mistichna-strast-i-gastronomska-senzatsija-za-site-setila/feed/ 0
Шпанска вечер на „Охридско лето“ со Камерниот ансамбл „Ла Спања“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/shpanska-vecher-na-ohridsko-leto-so-kamerniot-ansambl-la-spana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/shpanska-vecher-na-ohridsko-leto-so-kamerniot-ansambl-la-spana/#respond Sun, 30 Jul 2023 09:17:55 +0000 https://kurir.mk/?p=861641

Годинешното 63-то издание на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со програмата од музичкиот дел, со шпанската вечер во чии рамки ќе се одржи концертот на Камерен ансамбл „Ла Спања“, со уметниците Алехандро Мариас – диригент, виола да гамба, Рамиро Моралес на архлаута и барокна гитара, Хуан Карлос де Мулдер – архлаута, Хорхе Лопез-Ескрибано – чембало и оргули и Пабло Гаридо на виола да гамба. Ансамблот „Ла Спања“ името го добива од една од најпознатите мелодии од ренесансниот период, а  е основан во 2009 година од Алехандро Мариас. Ансамблот обединува некои од најдобрите музичари кои свират на автентични инструменти. Ансамблот има флексибилна формација, што значи може да настапува како камерен состав или пак како барокен оркестар. На тој начин „Ла Спања“ може да настапува во изведба на ораториуми и опери заедно со гости солисти и диригенти, или пак да се трансформира во помали состави за потребите на програмата. Овој ансамбл е посветен на изведба на дела од периодите на ренесансата, па сѐ до раниот романтизам, а понекогаш дури и на дела од 21 век. Сепак нивниот главен фокус е во барокниот период, но изведувајќи дела и од други периоди тие покажуваат еден вид уметничка разновидност која ја обединуваат неколку премиси, а тоа се убедливи и искрени изведби на дела со особена почит кон историските, социјалните и стилски предуслови на репертоарот кој го изведуваат. Уметничкиот раководител на Ансамблот, Алехандро Мариас, е роден во Мадрид, во семејство на интелектуалци. Тој од рана возраст знаел дека музиката ќе биде негова животна определба. Студиите ги започнува на Мадридскиот конзерваториум во класите на Енрике Кореа и Мариа де Мачедо, таму студира виолончело и виола да гамба. Потоа заминува во Франција и се усовршува на полето на историски автентични изведби на класичниот и романтичниот период, но пота и во Женева, таму магистрира барокно виолончело и виола да гамба. Мариас предава на Конзерваториумот во Севилја, а истовремено е и уметнички раководител на ансамблот „Ла Спања“. Покрај овие ангажмани, тој е член на квартетот „Франциско Гоја“, и соработник на неколку барокни ансамбли како „Зарабанда“, „Форма атниква“ и „Академиа дел пјачере“. Настапува низ целиот свет како камерен музичар и како солист, соработувајќи со светски познати диригенти- специјалисти за барокниот репертоар:  Марк Минковски, Тон Копман, Филип Херевеге, Ерв Нике, Енрико Онофри... Има снимено повеќе це-деа со квартетот „Гоја“, а носачот на звук посветен на музиката на Телеман кој го снима со „Ла Спања“ е одлично примен од критиката. Норман Лебрехт за него ќе напише: „Ла Спања брилијантно ја изведува музиката, така како што само може да се посака под виртуозното водство на Алехандро Мариас“. Во 2019 година издавачката куќа „Брилјант класикс“ издава це-де со дела за виола да гамба од Жак Морел, што претставува премиерна снимка на овие композиции. За вечерашниот концерт на „ла Спања“ од 21 часот е резервирана сцената на катедралната црква „Света Софија“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/shpanska-vecher-na-ohridsko-leto-so-kamerniot-ansambl-la-spana/feed/ 0