шпански крал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 May 2022 06:20:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png шпански крал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поранешниот шпански крал Хуан Карлос ќе се врати во земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-shpanski-kral-huan-karlos-kje-se-vrati-vo-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-shpanski-kral-huan-karlos-kje-se-vrati-vo-zemjata/#respond Tue, 17 May 2022 06:20:09 +0000 https://kurir.mk/?p=677621

Поранешниот крал на Шпанија, Хуан Карлос ќе се врати во земјата овој викенд, првпат од август 2020 година. Шпанската телевизија „Кадена СЕР“ објави дека поранешниот монарх прво ќе ја посети Галиција, а потоа и Мадрид, каде се очекува да се сретне со неговиот син, сегашниот крал Фелипе Шести. Хуан Карлос живее во Абу Даби откако ненадејно ја напушти Шпанија во 2020 година, поради неколку истраги за корупција и финансиски измами. Сите кривични постапки против Хуан Карлос сега се суспендирани и во Шпанија и во Швајцарија. Единственото судење со кое сè уште се соочува е во Велика Британија, каде што неговата поранешна партнерка го тужи за малтретирање. Хуан Карлос абдицира во 2014 година по јавните критики за ловечко патување во Боцвана и корупцискиот скандал во кој се вмешани неговата ќерка и зет. Во текот на викендот, кралот Фелипе Шести отпатува во Обединетите Арапски Емирати за да изрази сочувство за смртта на шеикот Калифа бин Зајед Ал Нахјан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-shpanski-kral-huan-karlos-kje-se-vrati-vo-zemjata/feed/ 0
Поранешниот шпански крал Хуан Карлос подмири даночен долг од околу 700 илјади евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-shpanski-kral-huan-karlos-podmiri-danochen-dolg-od-okolu-700-iljadi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-shpanski-kral-huan-karlos-podmiri-danochen-dolg-od-okolu-700-iljadi-evra/#respond Thu, 10 Dec 2020 07:25:02 +0000 https://kurir.mk/?p=441247

Поранешниот шпански крал Хуан Карлос, кој е во егзил од август во Обединетите Арапски Емирати, додека неколку судски истраги се водат против него, подмирил долг од речиси 680.000 евра кон шпанските даночни власти, објави синоќа неговиот адвокат. „Кралот Хуан Карлос им предаде на фискалните власти потврда од подмирениот даночен долг во износ од 678.393,72 евра со камата“, се вели во изјавата на неговиот адвокат. Тој додава дека неговиот клиент останува на располагање на јавниот обвинител за каква било постапка. Во неделата, весникот Ел Паис откри дека даночната пријава на поранешниот монарх е поврзана со антикорупциска истрага за употребата на кредитни картички на Хуан Карлос. Хуан Карлос наводно користел кредитни картички поврзани со банкарски сметки кои не биле на негово име и се испитува можно перење пари. Тие сметки во банка се на имиња на мексикански бизнисмен и офицер на шпанското воено воздухопловство. Ако се докаже дека поранешниот крал користел пари на кои не плаќал данок, против него би можело да се поведе судска постапка за перење пари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-shpanski-kral-huan-karlos-podmiri-danochen-dolg-od-okolu-700-iljadi-evra/feed/ 0
Шпанскиот крал се обрати до нацијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanskiot-kral-se-obrati-do-nacijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanskiot-kral-se-obrati-do-nacijata/#respond Thu, 19 Mar 2020 09:47:34 +0000 https://kurir.mk/?p=318795

Шпанскиот крал, Фелипе Шести, им се обрати на граѓаните, кои четврти ден се затворени во домовите, додека бројот на заразени расте. -Ова е криза со која се бориме, која ќе ја пребродиме и надминеме. Овој вирус нема да не победи нас. Туку спротивно. Ќе не направи посилни како друштво, истакна Фелипе Шестти во телевизиското обраќање со кое настојуваше да ги охрабри своите 47 милиони сонародници. Откако во 2014 година стана крал, вторпат чувствува потреба за вонредно обраќање. Првпат го направи тоа за време на политичката криза поврзана со Каталонија. Шпанија е втора европска земја по заболени, по Италија, со речиси 15.000 заразени. Бројот на починати лица од коронавирусот во Шпанија достигна 638, а излечени се 1.081 лице. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanskiot-kral-se-obrati-do-nacijata/feed/ 0
Шпанскиот крај Фелипе се откажа од наследството на татко му Хуан Карлос https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanskiot-kraj-felipe-se-otkaza-od-nasledstvoto-na-tatko-mu-huan-karlos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanskiot-kraj-felipe-se-otkaza-od-nasledstvoto-na-tatko-mu-huan-karlos/#respond Mon, 16 Mar 2020 06:56:38 +0000 https://kurir.mk/?p=317029

Шпанскиот крал Фелипе Шести се откажа од наследството на својот татко Хуан Карлос заради неговите финансиски малверзации. Во соопштението на шпанското кралско семејство се наведува дека кралот Фелипе ја укинал годишната апанажа за татко му (82), кој абдицира од престолот во 2014 година. Одлуката следеше по истрагата на швајцарските истражители за офшор сметката на Хуан Карлос, кој наводно во 2008 година примил 88 милиони долари од покојниот саудсики крал Абдулах. Британскиот весник „Телеграф“ објави дека кралот Фелипе е наводен корисник на офшор фонд што ја контролира швајцарската сметка со наводни 65 милиони евра подарок од Саудиска Арабија, дадени на неговиот татко додека тој бил на престолот. Кралот Фелипе денеска негираше дека знаел било што за овој фонд]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanskiot-kraj-felipe-se-otkaza-od-nasledstvoto-na-tatko-mu-huan-karlos/feed/ 0
Голем скандал во кралското семејство: Зетот на шпанскиот крал од денеска во затвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golem-skandal-vo-kralskoto-semejstvo-zetot-na-shpanskiot-kral-od-deneska-vo-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golem-skandal-vo-kralskoto-semejstvo-zetot-na-shpanskiot-kral-od-deneska-vo-zatvor/#respond Mon, 18 Jun 2018 10:40:37 +0000 https://kurir.mk/?p=67037

Зетот на шпанскиот крал, Ињаки Урдангарин, кој е осуден на пет години и десет месеци затвор поради проневера на пари, денеска е префрлен во затвор, соопшти затворската служба. Сопругот на принцезата Кристина, сестрата на шпанскиот крал Фелипе шести, е префрлен во затворот во Бриеви, околу 100 километри северно од Мадирд. Урдангарин е прогласен за виновен за проневера и затајување на данок. Тој е обвинет дека користејќи ја својата титула војвода од Палма, со деловен партнер проневерил околу шест милиони евра јавни средства преку својата непрофитна организација Нос Институт. Една од компаниите кои ги користел била Аизун, претпријатие за трговија со недвижности, чии сопственици се принцезата Кристина и Урдангарин. Принцезата Кристина е прв член на шпанското кралско семејство против кого е подигнато кривично обвинение од обновувањето на монархијата во 1975 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golem-skandal-vo-kralskoto-semejstvo-zetot-na-shpanskiot-kral-od-deneska-vo-zatvor/feed/ 0