Шпанско Село 2 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 Mar 2020 12:39:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Шпанско Село 2 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стоилковски: Филипче се стекнал со илјадници м2 имот на Водно по багателни цени, неколку пати пониска од пазарната https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-filipche-se-steknal-so-iljadnici-m2-imot-na-vodno-po-bagatelni-ceni-nekolku-pati-poniska-od-pazarnata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-filipche-se-steknal-so-iljadnici-m2-imot-na-vodno-po-bagatelni-ceni-nekolku-pati-poniska-od-pazarnata/#respond Thu, 05 Mar 2020 12:39:12 +0000 https://kurir.mk/?p=312528

Документите кои што се јавно достапни јасно укажуваат дека само со хибриден режим е можно семејство на министер, директор на државна Клиника и приватна фирма која што инкасира речиси 8 милиони евра од министерството можат заедно да имаат имот и да градат 5 касарни на Водно и за тоа ниту една државна институција да не реагира, обвинува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -Министерот Филипче призна дека семејството на неговата сопруга заедно со директорот на клиниката и нивниот бизнис партнер поседуваат над 15.000 м2 на Водно. Во Шпанско село не само што во моментов се градат две касарни туку уште 3 такви се предвидени за градба. Ниту Филипче, ниту неговиот директор не постапиле согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Законот за Јавните набавки во делот на судир на интереси. Министерот призна дека лично склучил договор за јавна набавка со фирмата Синерџи фирма на неговиот партнер во Шпанско село 2, тој се јавува како сосопственик во Шпанско Село 2 заедно со директорот и со семејството на Филипче. И сега заедно инвестираат. Ниту пак директорот не постапил согласно овие два закони и потпишал договор за јавна набавка со Синерџи, истакна тој. Стоилковски објави нови докази од кои што, како што рече, ќе се види можноста со купопродажните договори да биле измамени продавачите, а оштетени се и буџетите на град Скопје и на општина Карпош. -Видно од сите купопродажни договори е дека инвеститорите купуваат ниви по цени од 10 до 25 евра по м2, иако за селото Нерези уште во 2014 година е донесен општ акт за село и согласно член 12 од Законот за просторно и урбанистичко планирање „Катастарската парцела претставува градежна парцела“ па оттаму уште од 2014 година ова земјиште е градежно земјиште, рече тој. Еве го Урбанистичкиот план од 2014 година, јавно објавен на Веб страната на општина Карпош. -Имајќи ја предвид купопродажната цена од договорите за купување на имотите, на плацевите дел од Шпанско село 2, се отвора сомнеж дали постои измама пред се на продавачите на парцелите кои потоа партнерски се купуваат, но и на даночното одделение на Град Скопје, каде што се пријавува имот како ниви иако знаеле за урбанистичкиот план, а потоа и во 2017 година и сами финансирале АУП во кој што се нацртани 5-те касарни наречени од народот?-прашува портпаролот.   -Пазарната цена на градежното земјиште кои сами си ја утврдиле во договорот за физичка делба на една катастарска парцела е 60 евра или од 100 до 150% поголема од онаа во договорите за купопродажба! Вистинската пак пазарна цена може да се види од официјалниот државен регистер на цени кој што го води Агенцијата за катастар на недвижности. Видно е дека цената за 1 м2 градежно земјиште во Нерези во делот каде што и е Шпанско село 2 достигнува до 115 евра за 1 м2, обвинува тој. -Значи можно ли е земјиште да е купено и да е платен данок за цена од 10 до 25 евра за м2 додека пазарната вредност достигнува 115 евра за м2? За колку пари согласно тоа се оштетени поранешните сопственици на овие парцели? За колку пари е оштетен Буџетот на Град Скопје и Буџетот на општина Карпош по основ на данок на промет на недвижности? Ќе сноси ли некој одговорност и за тоа? Од тука продолжуваме и со оние прашања на кои што досега нема одговор. Како е можно со чесна плата да се дојде до над 15.000 м2 парцели на Водно?  Дали се градат старечки домови по средбата со Боки 13 наместо семејни куќи како што е истакнато на онаа табла на градежниот плац во моментов? Ќе изникне ли Шпанско село 2 на Водно пред очите на институциите и воопшто некој да изреагира? Постои ли уште некој близок до министерот Венко Филипче што има имот на Водно во близина или во склоп на Шпанско село 2? Одговори мора да има и ќе има по изборите на 12-ти април, порача тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-filipche-se-steknal-so-iljadnici-m2-imot-na-vodno-po-bagatelni-ceni-nekolku-pati-poniska-od-pazarnata/feed/ 0
Стоилковски: Филипче и директор на клиника на нивниот соинвеститор во „Шпанско Село 2“ му доделиле тендери близу осум милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-skandalot-shpansko-selo-2-vo-rezija-na-filipche-se-ushte-ostanuva-bez-odgovori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-skandalot-shpansko-selo-2-vo-rezija-na-filipche-se-ushte-ostanuva-bez-odgovori/#respond Wed, 04 Mar 2020 10:43:48 +0000 https://kurir.mk/?p=311916

Скандалот „Шпанско Село 2“ во режија на министерот Венко Филипче се уште останува без одговори, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -Имено, иако министерството за здравство наместо министерот тврдеше дека се работи за лага, сега ниту министерството, а ниту пак министерот немаат одговор како тоа семејството на министерот Филипче односно најблиското семејство на неговата сопруга има заеднички имот и инвестиции со човек чија што фирма од министерството за здравство и сите институции под ова министерство има добиено тендери вредни над седум милиони евра! Уште повеќе, Филипче не одговара, зошто неговото министерство лажно тврди дека имотот во сосопствеништво и во партнерски однос меѓу семејството на сопругата и добитникот на тендерите од здравството, е земјоделско а не градежно земјиште. Уште повеќе што тврди дека СЕ ГРАДИ, значи е градежно земјиште. Згора на се семејството и добитникот на тендерите заедно финансирале во изработката на урбанистички план за објекти за времено сместување, рече Стоилковски и додаде: „Значи, познатата Касарна на Филипче не е семејна куќа, туку според планот за градба е само еден од петте објекти за времено сместување, согласно урбанистичкиот план со ознака А4! Одиме понатаму. Филипче не одговара зошто премолчи дека негов соработник и близок колега, директор на клиника, има ист таков партнерски однос со добитникот на тендерите во здравството, и притоа е потписник на половина од парите добиени на тие тендери. Филипче не одговара ниту за тоа како е можно, неговото семејство, односно најблиското семејство на сопругата да има заеднички имот и со добитникот на тендерите и со нему близок соработник, директор на клиника кој што исто така е потписник на дел од тендерите“. Откако Венко Филипче е министер за здравство, подвлекува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, компанијата на сосопственикот на плацевите од „Шпанско Село 2“ со поширокото семејство на Венко Филипче, како и со соработник на Венко Филипче, има добиено тендери тешки 426,388,279 денари од тендери. Или, 6,933,143 евра, а од нив лично Филипче има потпишано тендер во износ од 34,229,676 денари или 556,580 евра. -Директорот на Трауматологија, Ортопедија, Анестезија, Реанимација, Интензивно лекување и Ургентен центар, скратено ТОАРИЛУЦ, Илир Хасани, близок соработник на Венко Филипче, сосопственик на плацеви со семејството на Филипче и со добитникот на тендерите, само тој има потпишано 230,848,442 денари односно 3,753,633 евра. Вкупно, со министерувањето на Филипче и директорувањето на Хасани, партнерите на Горан Филипов во инвестициите во „Шпанско Село 2“, одлеале 479,776,616 денари или 7,801,246 евра преку тендери! Ова е последниот тендер доделен од Илир Хасани, тежок над 1,700,000 евра. Ова пак е договорот со потпис на Венко Филипче за над половина милион евра, наменет за истиот, сосопстеник на плацевите во „Шпанско село“, договор од 8-ми март минатата година! Внимавајте, „Шпанско село 2“ е проект на семејството на сопругата на Венко Филипче, кој што се реализира за време на неговото министерување. На падините на Водно се градат објекти за времено домување, кои што се маскирани, за сега неуспешно, во градба наводна на семејна куќа. Партнерот, соинвеститорот, сосопственикот на плацевите во „Шпанско село 2“ е добитник на речиси 8 милиони евра од тендери во здравството, вели Стоилковски и додава: „Хибридниот режим повторно е фатен во корупциски скандал, и упорно се труди прво со закани, а потоа и со премолчување да го сокрие. Но одговори мора да има: Како со административна плата се доаѓа до над 15,500 метри квадратни имот на Водно? Што тоа планирал Филипче да изгради и на какви бизнис зделки размислувал за време на министерувањето наместо да изгради да речеме државна болница или пак Клиничкиот центар? Ќе се заинтересираат ли конечно институциите задолжени за борба со корупцијата дека овие тендери доделени во здравството се плод, резултат на конфликт на интереси? Дали градежната намена од А4 која што опфаќа и старечки домови не било и тема на состанокот помеѓу Венко Филипче со Боки 13? И уште еднаш ќе го повторам прашањето: Дали можеби има уште некој друг близок на Венко Филипче со имот во непосредна близина на „Шпанско село 2“, во Нерези, Скопско Нерези на падините на планината Водно? Македонија секојдневно тоне со индексите за корупција на сите релевантни мерења, режимот е хибриден и се поблиску до авторитарен. Институциите мора да реагираат за сите скандали во здравството за време на министерскиот мандат на Венко Филипче. Филипче мора да одговори за скандалот „Шпанско село 2“!“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-skandalot-shpansko-selo-2-vo-rezija-na-filipche-se-ushte-ostanuva-bez-odgovori/feed/ 0