шпанско село – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 29 May 2023 12:29:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png шпанско село – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Изборите траеле 30 секунди: Вака шпанско село доби градоначалник https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izborite-traele-30-sekundi-vaka-shpansko-selo-dobi-gradonachalnik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izborite-traele-30-sekundi-vaka-shpansko-selo-dobi-gradonachalnik/#respond Mon, 29 May 2023 12:29:03 +0000 https://kurir.mk/?p=840035

На жителите на шпанско село им биле потребни помалку од 30 секунди да ја извршат гласачката должност на неделните локални избори и да ги затворат избирачките места, објави BBC. Седумте регистрирани гласачи во Виљароја, мало село во покраината Ла Риоха, со тоа го соборија својот претходен рекорд од 32 секунди. Селскиот началник Салвадор Перез на таа должност е од 1973 година. „Не знам дали ќе ги добијам сите седум гласови, но доста сум сигурен во тоа“, рекол Перез за шпанските медиуми пред гласањето. Рече дека жителите на Виљароја се „многу добро обучени“ и дека биле подготвени за гласањето штом биле отворени гласачките места. Само 29 секунди и 52 стотинки подоцна, Виљароја стана првото место во Шпанија во кое беше во неделата затворено избирачкото место. Перез призна дека неговите сожители веројатно биле мотивирани од чувството на конкуренција со друго шпанско село – Иљан де Вакас во Кастиља Ла Манча, коешто има само три регистрирани гласачи. По локалните и регионални избори во Шпанија, на кои победи опозициската конзервативна Народна партија, социјалистичкиот премиер Педро Санчез изјави дека за јули ќе ги распише пред]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izborite-traele-30-sekundi-vaka-shpansko-selo-dobi-gradonachalnik/feed/ 0
Скандал „Шпанско Село2“: Ќе ги увиди ли Антикорупциска сите аспекти? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-shpansko-selo2-kje-gi-uvidi-li-antikorupciska-site-aspekti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-shpansko-selo2-kje-gi-uvidi-li-antikorupciska-site-aspekti/#respond Sat, 07 Nov 2020 11:43:49 +0000 https://kurir.mk/?p=426174

Ќе излезе ли решена барем една афера за висока корупција во државата? Европската комисија се уште чека да види дали администрацијата во Македонија има капацитет да го исполни барањето наведено пред две години во однос на спречување и санкционирање на високата корупција. „Висока корупција“ подразбира корупција во која главна ролја или вмешаност имаат лица кои се директно во извршната власт. Во превод- министри. Случајот со Венко Филипче кој што се јавува како земјопоседник и како вмешан во градежно урбанистичката афера наречена „Шпанско село 2“, која што ја отвори ВМРО-ДПМНЕ, според наши извори, веќе неколку месеци е под лупа на државните антикорупционери. Сепак, извори од таму велат дека работата не оди во вистинска насока и со потребната динамика. Тоа што до сега се покажа како пракса на ДКСК е дека предметите предолго се работат, особено за предмети кои што високо котираат во создавањето на енормно високиот процент за постоење на корупција во Македонија. Пред се, тоа се скандалите во кои што се вмешани имињата на Зоран Заев, на Драги Рашковски, на Венко Филипче, на Никола Димитров, на Радмила Шекеринска, потоа  на ексминистерот Кочо Анѓушев, ексминистерката Нина Ангеловска како и за редица државни функционери за кои што опозицијата со години и со факти и документи обелоденува скандали. Случајот со Венко Филипче, познат како „Шпанско село 2“ произлезе со „проширување“ на скандалот „Касарната на Филипче“, градба на падините на Водно, кога опозицијата посочи дека на имот на семејството на Филипче инвеститор е токму добитник на тендери во здравството, тешки околу 8 милиони евра, а потпишани од Венко Филипче. Потоа следеше уште еден шок- двајцата, министерот и добитникот на тендерот, споделувале заеднички имоти кои што се граничат со „Касарната“. Среќниот добитник на тендерите е човек, очигледно многу близок на Филипче штом со него заедно купуваат имоти, Горан Филипов, директорот на „Синерџи Медикал“. Откривањето на соседните парцели покажаа дека тука е вмешан уште еден директор и близок на Филипче- тогаш директорот на Ургентниот центар, Илир Хасани. Тие тројца дури имаат и заеднички поседи. И интересниот момент е дека токму добитникот на тендерот и семејството на министерот се тие кои што ја „спонзорирале“ урбанизацијата на ова некогаш земјоделско земјиште. Бројките во случајот се немилосрдни: квадратурата на споените плацови е огромна, речиси 15.500 метри квадратни,сумата за излеани евра со потписи од Филипче и Хасани кон третиот им сопоседник се бројат во милиони евра, во време на отворањето на скандалот околу осум милиони. Уште поскандалозно е што во моменти на почетокот на аферата „Касарната на Филипче“, на задолжителната информациска табла од инвеститорот Горан Филипов, на имот на семејството на Филипче имаше наведено дека се гради „Семејна куќа“ иако според приложените документи од опозицијата, станува збор за многу поголем зафат, за дури пет објекти за „времено сместување“, односно цел комплекс на идентични објекти. „Времено сместување“ подразбира хотели, мотели, но и спа центри или старечки домови. Аферата очигледно содржи многу сомнителни корупциски моменти. Од тоа дека Филипче и Хасани, кои што и покрај аферата сега се министер и заменик министер во здравството, но и Горан Филипов не се изземале и не го навеле судирот на интереси при милионските тендери, до тоа дека долго време го негираа, за потоа секој од нив поединечно да ги потврди наводите за поседување на имоти и за делените тендери, секој со свое објаснување. Прашањето кое што останува и сега е дали ДКСК ќе досмогне сила да ги разгледа сите моменти за овој скандал или повторно ќе го одвлечка случајот до комплетна баналност? Антикорупционерите мора да ги увидат фактите дека независно кога се купувани плацевите, и дали фирмата на Филипов била единствена со наведените потребни спецификации на медицинските потреби, креирани барања со наводна независност на комисија, јасно е дека во моментот на министерувањето на Филипче се излеани многу пари од здравството кон неговиот партнер, судирот на интереси е сокриван до излегувањето на аферата, но и токму тогаш кога Филипче и Хасани се во ситуација да потпишуваат тендери, тогаш започнува градежната „експанзија“ наречена „Шпанско село 2“. Надминувањето сега на барем еден чекор во лов на висока корупција во која што очигледно е замешан министер, ќе биде одземање на џокерот во рака на противниците на македонската интеграција во ЕУ. ДКСК и Билјана Ивановска како нејзин раководител мора да имаат предвид дека иднината, како и здравјето на граѓаните, не може да зависат од политичката кариера на било кој министер, па бил тоа и Венко Филипче. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-shpansko-selo2-kje-gi-uvidi-li-antikorupciska-site-aspekti/feed/ 0