Шпетим Идризи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Jul 2023 10:49:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Шпетим Идризи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Идризи побара од албанскиот Парламент да донесе резолуција за осуда на геноцидот врз Чамите во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/idrizi-pobara-od-albanskiot-parlament-da-donese-rezolutsija-za-osuda-na-genotsidot-vrz-chamite-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/idrizi-pobara-od-albanskiot-parlament-da-donese-rezolutsija-za-osuda-na-genotsidot-vrz-chamite-vo-grtsija/#respond Tue, 04 Jul 2023 10:49:45 +0000 https://kurir.mk/?p=852486

Лидерот на Партијата за правда, интеграција и единство (ПДИУ), и пратеник во албанскиот Парламент, Шпетим Идризи, побара законодавниот дом да усвои Резолуција за "осуда на геноцидот врз Чамите во Грција". Во име на партијата, која е позната како партија на Чамите, од собраниската говорница изрази жалење што и Парламентот на Албанија, кој го осудил геноцидот што се случил на Косово, во Босна и сл., се уште нема резолуција за осуда на насилството врз Албанците од Чамерија ( област во северниот дел на Грција). Според него, Собранието треба да донесе резолуција за заштита на нивните права според Уставот. - Бараме 27 јуни да биде прогласен за ден на геноцид врз жителите на Чамерија. Како што е општо познато, по Втората светска војна е извршен геноцид врз ова наше население. Беа свирепо масакрирани 2.770 човечки животи, стотина села беа запалени и ограбени, а 30 илјади Албанци избегаа. Стотици други умреле од глад, рече тој. При тоа побара едноминутно молчење, во знак на почит кон сите жртви во Чамарија, што и беше направено. - Ова почитувано собрание донесе многу резолуции, предизвика со право да се почитуваат таквите геноцидни случаи, како на пример за Косово, за Босна, за холокаустот, за претставниците на Црвениот крст во Камбоџа, и многу добро направивме зашто овој спомен ни помага ваквите случаи никогаш да не се повторат. Жал ми е што сè уште нема изјава или резолуција од овој парламент за отстранување на законот за војна со Грција и унапредување како обврска и од Уставот за прашањето за Албанците од Чамерија, рече тој. Грчките власти во континуитет изјавуваат дека за нив не постои никакво прашање за Чамите и бараат од албанските власти да го избришат од учебниците по историја. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/idrizi-pobara-od-albanskiot-parlament-da-donese-rezolutsija-za-osuda-na-genotsidot-vrz-chamite-vo-grtsija/feed/ 0
Идризи бара реакција од албанските власти за изјавата на Павлопулос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/idrizi-bara-reakcija-od-albanskite-vlasti-za-izjavata-na-pavlopulos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/idrizi-bara-reakcija-od-albanskite-vlasti-za-izjavata-na-pavlopulos/#respond Mon, 01 Oct 2018 09:58:31 +0000 https://kurir.mk/?p=108875

Лидерот на Партијата за правда, интеграција и единство Шпетим Идризи, позната како партија на Чамите, побара од албанскиот премиер Еди Рама да реагира на изјавата на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, во која ја предупреди Албанија да заборави на Чамите доколку сака грчка поддршка за нејзина евроинтеграција. Павлопулос од Албанија уште побара да ја прифати „историската вистина на криминалното минато на Чамите, како соработници на нацизмот“. За Идризи изјавата на шефот на грчката држава е неприфатлива, антиисториска и заканувачка за евроинтеграција на Албанија. - Павлопулос намерно заборава дека во 1944/45 година варварски се убиени 2.771 цивили, мажи, жени, деца од Чамарија. Заборава дека ограбија и запалија 5.800 домови и 68 села, во тоа време на невиден масакр врз Чамите. Никогаш не покажаа документ или фотографија на кои би била прикажана формација на Албанци од Чамарија со нацисти. Немаат никаков доказ дека Чамите сами се убивале, палеле и маскарирале, туку вистината е непобитна дека тие се жртви на добро организиран геноцид, изјави Идризи. Тој очекува официјална реакција на премиерот Еди Рама и шефот на дипломатијата Дитмир Бушати, кои, според него, се однесуваат како да не гледаат и не слушаат вакви неприфатливи, антиисториски и заканувачки изјави за евроинтеграција на Албанија. - Вжештените глави во Атина и идиотите во Тирана, еднаш засекогаш треба да заборават дека патот на Албанија кон ЕУ минува преку Грција. Нашиот пат кон семејството со европски вредности минува преку Брисел, Берлин, Рим, Париз и Вашингтон, порача Идризи. Тој потсети дека во 1945 година повеќе од 35.000 етнички Албанци биле насилно протерани од нивните огништа во Чамарија и оти имотите кои се проценуваат на милиони долари им се неправедно одземени. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/idrizi-bara-reakcija-od-albanskite-vlasti-za-izjavata-na-pavlopulos/feed/ 0