шпигел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Nov 2022 11:04:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png шпигел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Шпигел“: Германската војска се подготвува за можен конфликт со Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpigel-germanskata-vojska-se-podgotvuva-za-mozen-konflikt-so-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpigel-germanskata-vojska-se-podgotvuva-za-mozen-konflikt-so-rusija/#respond Thu, 17 Nov 2022 11:04:30 +0000 https://kurir.mk/?p=762333

Германската армија, поради војната во Украина, планира големо престројување на нејзината војска, објави германскиот неделник „Шпигел“. Генералот Еберхард Корн уште во септември наложи подготовка на војската за можен конфликт со Русија, а во центарот на тие планови во иднина мора да биде одбраната на земјата и НАТО. „Напади врз Германија потенцијално може да следат без најава и со голем ефект да предизвикаат штета“, се наведува во документот со наслов „Оперативни упатства за војската“. Како што наведе Корн, војската мора да биде подготвена за наметната војна. Мисиите во странство во иднина треба да бидат помалку важни, бидејќи сега, како што се наведува, многу поважно е вистинското одвраќање. Поради тоа, германскиот генерал смета дека треба да се зајакне источното крило на НАТО, Естонија, Летонија, Литванија и Полска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpigel-germanskata-vojska-se-podgotvuva-za-mozen-konflikt-so-rusija/feed/ 0
Шпигел: Шведска одби заедничка истрага со Данска и Германија за Северен тек https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpigel-shvedska-odbi-zaednichka-istraga-so-danska-i-germanija-za-severen-tek/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpigel-shvedska-odbi-zaednichka-istraga-so-danska-i-germanija-za-severen-tek/#respond Fri, 14 Oct 2022 13:33:37 +0000 https://kurir.mk/?p=745410

Шведска ги отфрли плановите за заедничка истрага со Данска и Германија за неодамнешните експлозии на гасоводите Северен тек 1 и 2, пишува неделникот „Шпигел“, повикувајќи се на германски безбедносни извори. Шпигел, исто така, пишува дека Шведска одлучила дека не може да ги сподели наодите од својата истрага со други земји од безбедносни причини. Портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи претходно објави дека германската федерална полиција „го завршила својот дел од истрагата за наводниот чин на саботажа на гасоводите „Северен тек“ и ги доставила своите наоди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpigel-shvedska-odbi-zaednichka-istraga-so-danska-i-germanija-za-severen-tek/feed/ 0
„Шпигел“: ЦИА ја предупреди Германија пред неколку недели за можни напади врз гасоводи во Балтичкото Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpigel-cia-ja-predupredi-germanija-pred-nekolku-nedeli-za-mozni-napadi-vrz-gasovodi-vo-baltichkoto-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpigel-cia-ja-predupredi-germanija-pred-nekolku-nedeli-za-mozni-napadi-vrz-gasovodi-vo-baltichkoto-more/#respond Wed, 28 Sep 2022 14:19:38 +0000 https://kurir.mk/?p=738582

Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) ја предупредила Германија пред неколку недели за можни напади врз гасоводи во Балтичкото Море, објави германскиот магазин „Шпигел“, откако беа пријавени истекувања на гас од гасоводи од Русија до Германија. Повикувајќи се на неименувани извори, „Шпигел“ пишува дека германската Влада го добила предупредувањето од ЦИА летоска. Се додава дека Берлин претпоставува оти се работи за таргетиран напад на гасоводите Северен поток еден и два. Портпаролот на германската Влада одби да даде коментар, наведува „Шпигел“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpigel-cia-ja-predupredi-germanija-pred-nekolku-nedeli-za-mozni-napadi-vrz-gasovodi-vo-baltichkoto-more/feed/ 0
Германската химна никаде не звучеше помоќно и позаводливо како во Скопје, оценка на „Шпигел“ за турнејата на канцеларот Шолц на Балканот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanskata-himna-nikade-ne-zvucheshe-pomokjno-i-pozavodlivo-kako-vo-skopje-ocenka-na-shpigel-za-turnejata-na-kancelarot-sholc-na-balkanot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanskata-himna-nikade-ne-zvucheshe-pomokjno-i-pozavodlivo-kako-vo-skopje-ocenka-na-shpigel-za-turnejata-na-kancelarot-sholc-na-balkanot/#respond Mon, 13 Jun 2022 20:24:58 +0000 https://kurir.mk/?p=690430

Воениот оркестар во Скопје и интонирањето на германската химна се издвоени во германските медиуми како најсветли точка во балканската турнеја на канцеларот Олаф Шолц. „И победникот е… Воениот оркестар во Северна Македонија. Германската химна не звучеше толку моќно и заводливо на ниту една друга станица како што беше случај во Скопје“, наведува Мелани Аман, новинарката на „Шпигел“ која беше дел од бројната екипа на германски новинари кои ги придружуваа Шолц на Балканот. Од дочекот на Шолц пред Владата во Скопје и интонирањето на химните биле импресионирани и други германски политичари, дипломати и новинари на платото на Илинденска бб. „Два дена, пет држави (не сите меѓународно признати), четири претседателски палати со постсоцијалистички сјај, пет прес-конференции со делумно непослушна микрофон-технологија („Тест. Тест. Тест. ТЕЕЕСТ!“), пет колони со лимузини, трепкачки светла, минибуси, блокади на патиштата, долг сообраќаен метеж за локалното население и драматични воени почести, вклучително и свирење химна. Сојузниот канцелар ја исполни густата програма“, е шеговитиот коментар на „Шпигел“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanskata-himna-nikade-ne-zvucheshe-pomokjno-i-pozavodlivo-kako-vo-skopje-ocenka-na-shpigel-za-turnejata-na-kancelarot-sholc-na-balkanot/feed/ 0
„Шпигел“: Фронтекс вмешан во незаконско враќање мигранти во Егејот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpigel-fronteks-vmeshan-vo-nezakonsko-vrakjanje-migranti-vo-egejot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpigel-fronteks-vmeshan-vo-nezakonsko-vrakjanje-migranti-vo-egejot/#respond Sat, 24 Oct 2020 13:10:55 +0000 https://kurir.mk/?p=420165

Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, Фронтекс, е вмешана во неколку нелегални „одбивања“ на бегалци кои го преминуваат Егејското Море од Турција кон Грција.Тоа го објави германски „Шпигел“. Истрагата „за првпат покажа дека високи функционери на Фронтекс биле свесни за незаконски практики од страна на грчките граничари и некои од нив биле вклучени во одбивање“ на мигрантите, пишува списанието. Тие нелегално враќале бегалци во земја каде што можат да бидат прогонети. Новинари објавија дека откриле шест случаи од април во кои барем единиците на Фронтекс не сториле ништо за да го спречат враќањето на бегалските чамци во грчките води. Видео од инцидент во јуни покажува брод на Фронтекс кој блокира брод со бегалци. Во истрагата учествувале АРД, тимот на Лајтхаус Репортс, истражната платформа Белингат, Шпигел и јапонската ТВ Асахи. Новинарите рекоа дека имаат „десетици“ видеа, проверувале и сателитски снимки и испрашувале сведоци, вклучително бегалци и вработени во Фронтекс. Шпигел пишува дека повеќе од 600 луѓе од Фронтекс, опремени со чамци, беспилотни летала и други авиони, се наоѓаат во Грција, каде што многу имигранти влегуваат во ЕУ за првпат. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpigel-fronteks-vmeshan-vo-nezakonsko-vrakjanje-migranti-vo-egejot/feed/ 0
Осомничената хероина на револуцијата: Германски „Шпигел“ им пресуди на Катица Јанева и Зоран Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osomnichenata-heroina-na-revolucijata-germanski-shpigel-im-presudi-na-katica-janeva-i-zoran-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osomnichenata-heroina-na-revolucijata-germanski-shpigel-im-presudi-na-katica-janeva-i-zoran-zaev/#respond Mon, 19 Aug 2019 21:30:13 +0000 https://kurir.mk/?p=231352

И германскиот медиум Шпигел се заинтересира за аферата „Рекет“ којa нешто повеќе од еден месец ја бранува јавноста во Македонија, но и во регионот. Денеска овој медиум излезе со наслов: Осомничената хероина на Револуцијата! Корупциска афера во Северна Македонија! Новинарскиот натпис започнува со претседателката на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, посочено е дека таа важеше за симбол на борбата против корупцијата, а сега самата е заглавена во една голема рекетарска афера.
-Хероината на револуцијата, обвинителката која важеше за симбол на реформите, симбол на правна држава, важеше како фигура во борбата за коруција, сега самата е вмешана во голем случај на уценување. Земјата на Балканот е потресена од аферата Рекет и од фактот за инволвираноста на Јанева која важеше за непоткуплива, за симбол за правда во државата – пишува германскиот медиум, притоа коментирајќи ја и оставката која Јанева ја поднесе на 15 јули.
Медиумот коментира дека аферата „Рекет“ која ја бранува јавноста од минатиот месец се разгледува на највисоко ниво, а предизвика политички земјотрес за целата земја. Обвинителката Јанева е дел од аферата, односно постои сомнеж дека на македонски олигарх му ветила дека за милионска сума ќе му ја обезбеди слободата.
-Јавноста е длабоко потресена, медиумите и социјалните мрежи се преполни со коментари. Јанева беше симбол на шарената револуција со која се сруши Груевски од власт. Десетици илјади луѓе излегуваа на улица, демонстрациите гавно почнуваа пред просториите на СЈО во Скопје. Луѓето носеа маички со ликовите на обвинителките Катица Јанева, Фатиме Фатиме и Ленче Ристоска. Митот за хероината е веќе срушен. На виделина излезе аферата, на 15 јули, кога беше објавено и нејзиното известување за оставка, а во исто време беа уапсени и Бојан Јовановски и Зоран Милевски, како водечки рекетари во случајот „Рекет“ – стои во натписот во германскиот медиум.
Бојан Јовановски, медиумот го коментира како ескцентричен лик кој на македонската јавност и е познат како Боки 13. Во натписот стои дека тој и Зоран Милески, познат како Зоки Кичеец на олигархот Камчев му ветиле дека ќе го употребат своето влијание за да го спасат од казнено гонење. Боки 13 се повикува на своето пријателство со Катица, а за слободата која му ја ветил, олигархот Камчев платил 1.5 милиони евра.
-Тоа беше докажано и со аудио и видео снимики – коментира германскиот медиум.
Понатаму во натписот стои дека Камчев важи за најбогат Македонец, поседува холдинг во Македонија. Се посочува дека еден од главните партнери на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков. Тие, вели „Шпигел“ се централни фигури во случајот Империја, отворен од СЈО, минатата есен.
-Тогаш двајцата мораа да одат во притвор, а подоцна Мијалков замина во куќен притвор, а Камчев беше ослободен.Катица му ветила на Камчев дека не треба од ништо да се плаши, а тоа го потврдуваат аудио и видео записите кои Камчев сам ги снимил. Снимките се објавени во италијанскиот медиум Ла верита, а како стигнале до таму се уште е непознато. На снимките се гледа како Јованоски и Милески ги добиваат парите од Камчев, а Катица преки телефонот на Јовановски му ветува на Камчев дека се ќе биде ОК. По објавените разговори Катица резервирано потврди дека снимката е вистинита, со тврдење дека сакала Камчев да го придобие како сведок во случајот „Империја“, и дека нема направено никакви криминални дејства. На јавноста не и е веродостојна оваа изјава на Јанева, која, досега, не се води како осомничена во случајот „Рекет“ – пишува германскиот медиум.
Понатаму во натписот за „Осомничената хероина на Револуцијата“ се коментира и незадоволството на граѓаните во земјава. Како што стои во самиот натпис незадоволството од владата расте, а СДСМ минимално реагира на аферата. -Премиерот Зоран Заев остава впечаток дека има нешто да сокрие. Новинарите го прашуваат дали лично се познава со Бојан Јовановски, кој во една снимка му кажува на Камчев дека Заев ветил дека нема да го попречи неговото ослободување. Заев видно вознемирен одговара дека нема да дозволи „неколку криминалци, еден суетен новинар  и еден педер, да ја симнат Владата од власт. Ова предизвика лавина на реакции, разочарување и негодување, пишува Шпигел. Медиумот коментира дека аферата ја потресе Македонија во еден тежок период, кога земјата е критикувана за спорите реформи во правосудниот систем. Во натписот е посочено дека во јуни земјата не доби датум за преговори, делумно заради резервите од Франција, Холандија и Германија, а сега со Рекет се покажа дека тие резерви биле оправдани. Анализата за Македонија во Шпигел излегува во период кога германскиот Бундестаг се подготвува за септемвриските сесии на кои моќната Комисија за надворешна политика ќе носи одлука дали на Македонија во октомври ќе и се даде датум за почеток на преговори со ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osomnichenata-heroina-na-revolucijata-germanski-shpigel-im-presudi-na-katica-janeva-i-zoran-zaev/feed/ 0
Германски „Шпигел“: Осомничената хеpоина на Шарената револуција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanski-shpigel-osomnichenata-hepoina-na-sharenata-revolucija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanski-shpigel-osomnichenata-hepoina-na-sharenata-revolucija/#respond Mon, 19 Aug 2019 20:50:42 +0000 https://kurir.mk/?p=231347

Се сметаше дека не можат да бидат корумпирани. Нивниот авторитет беше симбол на владеење на правото во земјата. Но, сега постои coмнеж дека е вмешана во сериозен случај на уцена: Катица Јанева, неодамна даде оставка од позицијата шеф на македонското Специјално обвинителство (СЈО“, коe истpaжува случаи на корупција и организиран криминал на највисоко ниво, пишува германски Шпигел. Афeрата наречена „Рекет“ го предизвика најголемиот политички земјотрес во последните години вo C. Македонија. Јанева се вели дека била вклучена во уцeна на македонски олигарх кој требало да биде ослободен од обвинение во замена за 1 милион евра. Иако има уште многу работи нејасни, јавноста е многу шокирана: медиумите и социјалните мрежи вријат од коментари, пишува „Шпигел“, пренесува ПлусИнфо. Во продолжение прочитајте дел од текстот на германски „Шпигел“: На крајот на краиштата, СЈО беше еден од симболите на „Шарената револуција“ од 2016 година, којa ја coбори Владата на поранешниот премиер Никола Груевски. Со месеци десетици илјади луѓе протестираа на улиците. Демонстpaциите започнуваа пред зградата на СЈО во македонската престолнина Скопје. Многу луѓе носеа маички на кои се прикажани Јанева, нејзината заменчка Фатиме Фетаи и портпаролката на СЈО, Ленче Ристоска. Овој мит за хероина сега е уништен. Аферата излезе на виделина на 15 јули, кога Јанева изненадувачки прогласи оставка како шеф на СЈО. Во исто време, двајцата бизнисмени Бојан Јовановски и Зоран Милевски беа yaпсени, наводно за уцени. Јовановски попознат како „Боки 13“, ексцентрична славна личност во медиумите и неговиот соучесник се вели дека му ветиле на олигархот Јордан Камчев да го искористи своето влијание за да го заштaт од гонење. Јовановски се потпираше на пријателството со Јанева и се пофали дека може да влијае на шефот на СЈО. Камчев, наводно, платил 1,5 милиони евра, пишува германски Шпигел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanski-shpigel-osomnichenata-hepoina-na-sharenata-revolucija/feed/ 0