„шпион“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 11 Aug 2023 08:41:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „шпион“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кина открила и казнила шпион на ЦИА https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-otkrila-i-kaznila-shpion-na-tsia/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-otkrila-i-kaznila-shpion-na-tsia/#respond Fri, 11 Aug 2023 08:41:17 +0000 https://kurir.mk/?p=865777

Кина денеска соопшти дека неодамна открила „шпионска афера“ во корист на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) во која е вмешан кинескиот државјанин Зенг, кој одддавал важни тајни во замена за пари. „По внимателна истрага, управата за државна безбедност прибави докази за шпионските активности на Зенг и, согласно законот, презеде казнени мерки против него за навреме да спречи штета“, соопшти денеска Министерството за државна безбедност. Не е наведено како Зенг бил казнет. Во соопштението се вели дека Зенг (52) бил испратен на студии во Италија каде што се спријателил со агент на ЦИА кој работел во амбасадата на САД во Рим. Агентот го убедил Зенг да обезбеди чувствителни информации за кинеската војска во замена за огромна исплата и помош за Зенг и неговото семејство да можат да дојдат во САД, се вели во соопштението. Според извештаите, Зенг потпишал договор со САД и поминал обука за шпион пред да се врати во Кина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-otkrila-i-kaznila-shpion-na-tsia/feed/ 0
МИ5 предупредува за кинески шпион во британскиот Парламент https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mi5-predupreduva-za-kineski-shpion-vo-britanskiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mi5-predupreduva-za-kineski-shpion-vo-britanskiot-parlament/#respond Fri, 14 Jan 2022 06:43:31 +0000 https://kurir.mk/?p=619152

Британската разузнавачката служба МИ5 се обрати пред Парламентот, што ретко го прави, со цел да ги предупреди пратениците за Кристин Кинг Ку Ли, која, како што тврдат, сакала да воспостави врски меѓу Комунистичката партија на Кина и актуелниот и идните пратеници. Би-Би-Си јавува дека Кинеската давала донации на британски политичари, а парите се од странски државјани од Кина и Хонг Конг. Некои медиуми објавија дека таа дури добила и писмо со благодарност од поранешните британски премиери Тереза Меј и Дејвид Камерон. МИ5 издаде предупредување за кинески шпион во британскиот парламент по завршувањето на „значајната и долготрајна истрага”. Разузнавачката служба соопшти дека секој пратеник кој стапил во контакт со Кинеската жена „треба да биде свесен за нејзините амбиции и способност да ја подобри политиката на Комунистичката партија на Кина”.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mi5-predupreduva-za-kineski-shpion-vo-britanskiot-parlament/feed/ 0
Ослободителна пресуда за Зоран Божиновски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osloboditelna-presuda-za-zoran-bozinovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osloboditelna-presuda-za-zoran-bozinovski/#respond Tue, 11 Feb 2020 12:14:28 +0000 https://kurir.mk/?p=302379

Кривичниот суд денеска донесе ослободителна пресуда за новинарот Зоран Божиновски во случајот „Шпион“. На 21-ви минатиот месец Кривичниот суд им изрече ослободителна пресуда на петмина обвинети во случајот „Шпион“ за кој се води повторена постапка, откако Апелација делумно ја укина пресудата. Во предметот „Шпион“, со првостепената пресуда сите деветнаесет обвинети беа прогласени за виновни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osloboditelna-presuda-za-zoran-bozinovski/feed/ 0
ФБИ на оглас бара руски шпиони https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fbi-na-oglas-bara-ruski-shpioni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fbi-na-oglas-bara-ruski-shpioni/#respond Thu, 03 Oct 2019 07:53:08 +0000 https://kurir.mk/?p=247363

На подрачјето на градот Вашингтон, Федералното истражно биро на САД (ФБИ) објавува огласи на Фејсбук кои се чини дека се дизајнирани да регрутираат руски шпиони, како и оние што се запознати со нивните активности, објави Си-Ен-Ен. Новинарите на Си-Ен-Ен забележале неколку реклами за таа цел. Една содржи фотографија од млада женска дипломатка со семејството, а покрај неа, на руски јазик пишува: За твојата иднина, за иднината на твоето семејство. На друг оглас е прикажана фотографија од шаховска плоча со текст на руски јазик: Зарем сега не е на тебе ред да повцлечеш потег? Огласите водат до страницата на канцеларијата на ФБИ Вашингтон, каде на англиски и руски јазик се дадени детали за тимот за контраразузнавање и адреса на теренската канцеларија на ФБИ. На страницата пишува: „Посетете нè лично“. – Можеме само да коментираме дека Русија има голем број разузнавачки службеници стационирани во руските дипломатски објекти низ целиот свет. Тие се многу активни и претставуваат ризик за безбедноста на САД и нашите сојузници, изјави за Си-Ен-Ен Алан Е. Колер, агент на ФБИ, задолжен за контраразузнавачкиот оддел во Вашингтон. – ФБИ користи разни средства за да собере информации што можат да помогнат во заштитата на САД, додаде Колер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fbi-na-oglas-bara-ruski-shpioni/feed/ 0
САД соопштија дека уапсиле кинески шпион https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-soopshtija-deka-uapsile-kineski-shpion/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-soopshtija-deka-uapsile-kineski-shpion/#respond Tue, 01 Oct 2019 07:22:34 +0000 https://kurir.mk/?p=246449

Во околината на Сан Франциско е уапсен американски државјанин со кинеско потекло Сјуехуа, односно Едвард Пенг, поради сомнежи дека работел како кинески шпион. Пенг работел како туристички водич, а во исто време како агент на кинеската Влада од 2015 до 2018 година и доставувал доверливи материјали за американската национална безбедност. Пенг бил приведен во петокот во Хејворд во Калифорнија, соопшти денеска федералното обвинителство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-soopshtija-deka-uapsile-kineski-shpion/feed/ 0
„Њујорк тајмс“: ФБИ од Дерипаска сакал да направи свој шпион https://arhiva.kurir.mk/makedonija/njujork-tajms-fbi-od-deripaska-sakal-da-napravi-svoj-shpion/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/njujork-tajms-fbi-od-deripaska-sakal-da-napravi-svoj-shpion/#respond Mon, 03 Sep 2018 09:36:39 +0000 https://kurir.mk/?p=95618

Американските специјални служби се обиделе да го направат рускиот  бизнисмен Олег Дерипаска шпион и да добијат информации од него за наводно учество на Русија во изборите во САД. Тие напори не успеаја да донесат плод, пишува „Њујорк тајмс". Според извори на американскиот весник, ФБИ во 2014 и 2016 година се обиде да го принуди Дерипаска да работи за нив како информатор во замена за ветување дека ќе ги реши проблемите со добивањето на американска виза. Меѓу посредниците  биле сега веќе поранешниот висок американски официјален претставник Брус Ор и поранешниот британски разузнавачки агент Кристофер Стил, кои работеле заедно, пишува весникот. Стил е автор на т.н. досие Доналд Трамп, кое содржи непроверени компромитирачки информации за американскиот претседател. Според „Њујорк тајмс", САД првично сакале од Дерипаска да добијат информации за наводната поврзаност на рускиот организиран криминал со руското раководство. Според извори на весникот, бизнисменот за време на состанокот со американските официјални лица изјавил дека таквите тврдења се погрешни. Тој не изразил желба повторно да се сретне со нив. Во септември 2016 година, соработници на ФБИ  без претходна најава се појавиле во куќата на Дерипаска во Њујорк и почнале да го прашуваат дали поранешниот шеф на штабот на Трамп,  Пол Манафорт бил врска помеѓу предизборните кампањи на Републиканската партија и Кремљ. Според весникот, Дерипаска ја сметал таквата теорија за апсурдна и рекол дека немало нелегална комуникација меѓу помошникот на Трамп и Русија. „Њујорк тајмс“ пишува дека тогаш Министерството за правда и ФБИ сфатиле дека обидите да врбуваат Русин претрпеле неуспех. Според податоците на изворот на весникот, бизнисменот ги известил руските власти за состаноците со претставниците на ФБИ. Во април 2018 година, Америка воведе санкции против Дерипаска и низа компании, кои се поврзани со него.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/njujork-tajms-fbi-od-deripaska-sakal-da-napravi-svoj-shpion/feed/ 0
Во Кривичниот суд нови рочишта за „Шпион“ и „Трезор“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-krivichniot-sud-novi-rochishta-za-shpion-i-trezor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-krivichniot-sud-novi-rochishta-za-shpion-i-trezor/#respond Thu, 17 May 2018 07:14:02 +0000 https://kurir.mk/?p=55054

Во Кривичниот суд за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Шпион“ и „Трезор“. Во случајот „Шпион“ кој е од 2013 година, осудени се 18 лица за злосторничко здружување, шпионажа, уцена, измама и недозволено поседување оружје. Апелацискиот суд лани ги ублажи казните на обвинетите и ја преиначи првостепената одлука на Кривичниот суд. Предметот „Шпион“ сега го застапува Специјалното јавно обвинителство, откако го презеде од редовното обвинителство. Шпион На претходното рочиште судот одлучи на Зоран Божиновски да му се суди заедно со обвинетите во случајот „Шпион“, чија постапка беше раздвоена поради тоа што им беше недостапен на органите на прогон, а во април 2016 година беше уапсен во Нови Сад и беше екстрадиран во Македонија. Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, кој веќе со месеци се наоѓа во екстрадициски притвор во Грција. Сашо Мијалков Трезор Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија. Претходното рочиште беше одложено поради немање одговор на барањата за екстрадицијата на второобвинетиот во овој случај Горан Грујевски. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-krivichniot-sud-novi-rochishta-za-shpion-i-trezor/feed/ 0
Нови рочишта за „Шпион“ и „Насилство во Центар“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-shpion-i-nasilstvo-vo-centar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-shpion-i-nasilstvo-vo-centar/#respond Thu, 19 Apr 2018 06:07:23 +0000 https://kurir.mk/?p=42833

Во Кривичниот суд за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Шпион“ и „Насилство во општина Центар“. Минатото рочиште за „Шпион" беше одложено поради оправдано отсуство на Туше Гошев, еден од адвокатите на обвинетите. Предметот „Шпион“ сега го застапува Специјалното јавно обвинителство, откако го презеде од редовното обвинителство. Апелацискиот суд лани ги ублажи казните на обвинетите и ја преиначи првостепената одлука на Кривичниот суд. Во случајот „Шпион“ кој е од 2013 година, осудени се 18 лица за злосторничко здружување, шпионажа, уцена, измама и недозволено поседување оружје. На денешното рочиште за „Насилство во општина Центар“ исказ треба да дадат двајца сведоци. Обвинетите во овој случај, поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица пред Судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни. Обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-shpion-i-nasilstvo-vo-centar/feed/ 0