шпионажа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Nov 2023 09:42:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png шпионажа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кибер просторот стана водечка арена за влијание, мешање и шпионажа, оценува француската парламентарна Комисија за разузнавање https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiber-prostorot-stana-vodechka-arena-za-vlijanie-meshane-i-shpionazha-otsenuva-frantsuskata-parlamentarna-komisija-za-razuznavane/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiber-prostorot-stana-vodechka-arena-za-vlijanie-meshane-i-shpionazha-otsenuva-frantsuskata-parlamentarna-komisija-za-razuznavane/#respond Fri, 03 Nov 2023 09:42:30 +0000 https://kurir.mk/?p=896099

Русија во моментов ја предводи листата на земји директно инволвирани во разузнавачки активности и странско мешање во Европа, по која следуваат Кина, Турција и Иран, но водечката позиција на Москва во блиска иднина би можела да биде преземена од страна на Пекинг кој на терен има околу 250.000 агенти, се наведува во извештај на Комисијата за разузнавање на францускиот Парламент. - Постои високо ниво на закани од странско мешање во овој тензичен меѓународен контекст, се наведува во извештајот на Комисијата, која е одговорна за надзор на работата на разузнавачките служби. Според Комисијата, ваквото „високо ниво на закана од странско мешање“ се должи на „радикалната промена во геополитичкиот контекст“ во светски рамки, но и на „дигиталниот и технолошки напредок“, која овозможи кибер просторот да стане „водечка арена за конфронтација“ меѓу државите и за ширење на влијание, мешање и шпионажа. Во извештајот се посочува дека Русија е единствената држава која „манипулирањето со информации го воспоставила како своја официјална доктрина со цел да го ослабне Западот“, особено поврзано со мешање и обиди за влијание врз изборните процеси. - Руската закана во моментов е значително најголема, но на среден рок, за околу десет години, несомнено најголема ќе стане кинеската закана, која е глобална и системска, се додава во извештајот. Во документот се посочува дека разузнавачката служба на Кина располага со 250.000 агенти, а дополнителен проблем е тоа што според кинеското законодавство „секој кинески државјанин е потенцијален шпион, бидејќи за попречување на разузнавачки активности им се предвидени санкции“. Значајна улога во стратегијата за мешање на Кина има и кинеската дијаспора инструментализирана преку мрежата на институции под директна контрола од Кинеската комунистичка партија, позната како „Обединет фронт“, која ги контролира најголемиот број медиуми на кинески јазик во странство. Според Комисијата, како што јави дописникот на МИА од Брисел, специфичноста на разузнавачките активности на Кина лежи во поврзувањето на економското и научно-образовното влијание и шпионажата, што се манифестира преку инвестирање во стратешки сектори, како енергијата и транспортот, но и финансиска поддршка на високообразовни институции низ Европа. Во извештајот се нагласува дека главна причина за „ранливоста“ на Европа на странско влијание е „наивноста“ на избраните претставници и високи државни службеници, но и на бизнис и академските кругови, кои „не се доволно свесни за опасноста“. - Овие странски сили ја користат наивност и занемарувањето што одамна преовладуваат во Европа... но, враќањето на војната на нашиот континент доведе до колективно сфаќање за потребата да го заштитиме нашиот суверенитет, се наведува во документот. Комисијата предлага иницирање на систематски кампањи за подигање на свеста на националните и локалните избрани претставници, бизнисмените и академската заедница за опасноста од странското влијание. - Неопходно е да се браниме од такво мешање и да развиеме контраразузнавачки алатки кои се компатибилни со почитување на нашите демократски вредности, се додава во документот, во која како едно од можните решенија се предлага усвојување на европско законодавство за регистрација на странски агенти, по примерот на законот во САД. Натаму се предлага „воведување на обврзувачки правни инструменти придружени со систем на санкции за да се стави крај на неказнивоста“ на кампањите за дестабилизација и ширење дезинформации што потекнуваат од странство, при што како добар пример се посочува Кодексот на ЕУ за справување со дезинформациите на интернет. Во документот се повикува и на зајакнување на „европскиот механизам за кибер безбедност, со човечки и финансиски ресурси согласно предизвиците“, како и да се обезбеди гаранција дека „сигурноста на стратешките инфраструктури не зависи од странски технологии“. Дополнително се предлага ЕУ да иницира постигнување „меѓународен договор за кибер безбедност“, но и да се обезбеди ефикасна координација меѓу сојузниците во „дефинирањето на стратешко партнерство помеѓу различните актери и структурите на ЕУ и земјите членки“. - Затоа, повеќе од кога било, потребна ни е јавна дебата за демократски одговор на странското мешање, се заклучува во извештајот, во која се повикува француската Влада додека чека заеднички европски одговор, самата да преземе мерки за справување со овој феномен.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiber-prostorot-stana-vodechka-arena-za-vlijanie-meshane-i-shpionazha-otsenuva-frantsuskata-parlamentarna-komisija-za-razuznavane/feed/ 0
Септемврискиот кибер напад против Меѓународниот кривичен суд беше обид за шпионажа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/septemvriskiot-kiber-napad-protiv-megunarodniot-krivichen-sud-beshe-obid-za-shpionazha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/septemvriskiot-kiber-napad-protiv-megunarodniot-krivichen-sud-beshe-obid-za-shpionazha/#respond Fri, 20 Oct 2023 15:11:30 +0000 https://kurir.mk/?p=891360

Кибер нападот извршен во септември против Меѓународниот кривичен суд (МКС) беше обид за шпионажа, соопшти организацијата со седиште во Хаг. Засега судот не може да утврди кој стои зад нападот, се додава во соопштението. „Во моментов достапните докази укажуваат на насочен и професионален напад со цел шпионажа. Затоа, кибер нападот може да се смета за сериозен обид за поткопување на мандатот на судот“, велат од судот. Судот има пристап до информации поврзани со наводите за воени злосторства што ги истражува низ целиот свет. Не е јасно дали такви податоци се украдени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/septemvriskiot-kiber-napad-protiv-megunarodniot-krivichen-sud-beshe-obid-za-shpionazha/feed/ 0
Петмината Бугари обвинети од Лондон за шпионажа во корист на Русија се појавија пред суд во Вестминстер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/petminata-bugari-obvineti-od-london-za-shpionazha-vo-korist-na-rusija-se-pojavija-pred-sud-vo-vestminster/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/petminata-bugari-obvineti-od-london-za-shpionazha-vo-korist-na-rusija-se-pojavija-pred-sud-vo-vestminster/#respond Tue, 26 Sep 2023 12:29:03 +0000 https://kurir.mk/?p=881852

Петмина Бугари осомничени дека се шпиони за Русија се појавија пред суд во Велика Британија кон кои има обвинение за „заговор за собирање информации што би биле корисни за непријателот“. На тројцата мажи и две жени - сите Бугари - им беше одреден притвор во судот на Вестминстер. Орлин Русев, 45; Бизер Џамбазов, 41; Катрин Иванова, 31; Иван Стојанов, 31; Вања Габерова (29) приведени во различни затвори, се појавија денеска кусо пред судот преку видео врска. Сите тие се обвинети за заговор за собирање информации „наменети да бидат директно или индиректно корисни за непријателот со цел што е штетна за безбедноста и интересите на државата помеѓу 30 август 2020 година и 8 февруари оваа година“. Следното рочиште е закажано за 13 октомври. Ако бидат прогласни за виновни – казната е од 10 до 14 години затвор. Во обвинението пишува дека приведените вршеле набљудување на лица и места за кои добиле информации од Русија. „Таквото набљудување очигледно имало за цел да и помогне на Русија да спроведе непријателски дејствија против цели, вклучително и потенцијални киднапирања“. Обвинителката Кетрин Селби рече дека „оперативниот центар во оваа земја за кривично дело шпионажа“ бил во сопственост на Русев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/petminata-bugari-obvineti-od-london-za-shpionazha-vo-korist-na-rusija-se-pojavija-pred-sud-vo-vestminster/feed/ 0
Полска уапси руски хокеар поради шпионажа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-uapsi-ruski-hokear-poradi-shpionazha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-uapsi-ruski-hokear-poradi-shpionazha/#respond Fri, 30 Jun 2023 16:59:34 +0000 https://kurir.mk/?p=851331

Полска уапси руски професионален хокеар на мраз под обвинение за шпионажа, соопшти денеска Обвинителство во Варшава, додавајќи дека тоа е 14. лице уапсено од една шпионска мрежа. Рускиот хокеар е одведен во притвор во јужната полска област Шлеска. Неговиот идентитет, како и полскиот хокеарски тим за кој настапувал, не се јавно обелоденети. Обвинителите само наведоа дека пристигнал во Полска во октомври 2021 година. Полска, која е клучната земја на западната воена поддршка на Украина, тврди дека станала главна цел на руски шпиони и ја обвинува официјална Москва дека се обидува да ја дестабилизира земјата. „Руските шпиони упаѓаат еден по еден!“, напиша полскиот министер за правда Збигњев Зиобро на својот Твитер профил. „Уапсен е шпион кој делувал под закрила на спортист. Русинот беше играч на прволигаш“, додаде полскиот министер. Доколку биде прогласен за виновен на приведениот руски хокеар му се заканува казна затвор до десет години. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-uapsi-ruski-hokear-poradi-shpionazha/feed/ 0
Во Лондон осуден чуварот на Британската амбасада на 13 години затвор поради шпионажа во корист на Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-london-osuden-chuvarot-na-britanskata-ambasada-na-13-godini-zatvor-poradi-shpionazha-vo-korist-na-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-london-osuden-chuvarot-na-britanskata-ambasada-na-13-godini-zatvor-poradi-shpionazha-vo-korist-na-rusija/#respond Fri, 17 Feb 2023 13:34:24 +0000 https://kurir.mk/?p=801798

Човек кој и доставувал на Русија многу чувствителни информации додека работел како обезбедување во Амбасадата на Велика Британија во Берлин, денеска е осуден на 13 години и два месеци затвор пред судот во Лондон. Судот го сослуша 58-годишниот Дејвид Балантајн Смит кој собирал доверливи информации повеќе од три години, вклучително и „тајни“ владини комуникации со тогашниот премиер Борис Џонсон и други чувствителни документи. Смит се изјасни за виновен за осум прекршоци според Законот за службени тајни во ноември, вклучително и обвинение за предавање информации на Сергеј Чукров, рускиот воен аташе во Берлин, во ноември 2020 година. Останатите седум обвиненија се однесуваат на собирање информации потенцијално корисни за Русија. Дури четири обвиненија се однесуваат на службеникот на МИ5, „Дмитриј“, руски државјанин кој наводно и помагал на Велика Британија. Смит пред судот додаде дека почнал да собира доверливи информации по расправија со колегите и додека страдал од депресија. Тој истакна дека ги снимил документите откако испил „седум литри пиво“. - Во тоа време се чинеше како добра идеја... но никому не ги проследив документите бидејќи тоа би било намерно оштетување на Велика Британија, наведе Смит.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-london-osuden-chuvarot-na-britanskata-ambasada-na-13-godini-zatvor-poradi-shpionazha-vo-korist-na-rusija/feed/ 0
Грчкиот суд го прекина судскиот процес против 24 хуманитарни работници обвинети за шпионажа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkiot-sud-go-prekina-sudskiot-protses-protiv-24-humanitarni-rabotnitsi-obvineti-za-shpionazha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkiot-sud-go-prekina-sudskiot-protses-protiv-24-humanitarni-rabotnitsi-obvineti-za-shpionazha/#respond Fri, 13 Jan 2023 18:11:46 +0000 https://kurir.mk/?p=787049

Судот на грчкиот остров Лезбос денеска ја прекина постапката против 24 хуманитарни работници на островот, обвинети за шпионажа, со што заврши спорниот судски процес што беше критикуван од ОН и невладините организации кои го осудија обвинувањето волонтери кои им помагаат на имигрантите. Судот во Митилини, најголемиот град на островот во Егејското Море, соопшти дека ја донел одлуката поради процедурални пропусти. Но, во Грција се уште е во тек друга постапка против истите хуманитарни работници поради криумчарење мигранти, перење пари и измама. – Ова не е правда! Правда ќе беше ако бевме ослободени!, рече Шон Бајндер, еден од главните обвинети. Волонтерите кои беа обвинети им помагаа на мигрантите на Лезбос, една од главните влезни точки за бегалците во Европа, каде што стотици илјади се собраа од 2015 година, бегајќи особено од конфликтот на Блискиот Исток. Меѓу обвинетите е и младата Сиријка Сара Мардини, која со нејзината сестра, олимписка пливачка Јусра, инспирирала филм на Нетфликс за нивното бегство во Европа. Како бегалец во Берлин, по одисеја од Дамаск во Германија во 2015 година со нејзината сестра, таа се вратила во Грција како волонтер на невладината организација ERCI. Уапсена во 2018 година, таа помина три месеци во затвор пред да биде ослободена со кауција. Таа денеска не беше во судница, а не можеше ниту да присуствува на почетокот на судењето во ноември 2021 година поради забраната за влез во Грција. Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации претходно побара од грчкото правосудство да ги отфрли сите обвиненија против хуманитарците, Европскиот парламент го претстави судењето како „најголем случај на криминализација на солидарноста во Европа“, а Амнести интернешнал го нарече „фарса“. Невладината организација „Хјуман рајтс воч“ го критикуваше кривичното гонење, бидејќи е покренато врз основа на полициски извештаи кои содржат фактички грешки. Во Стразбур, Советот на Европа ја критикуваше „непријателската средина“ во Грција кон бранителите на човековите права. – Ги повикувам грчките власти да се погрижат бранителите на човекови права да работат во целосна безбедност и слобода, рече комесарот за човекови права на организацијата, Дуња Мијатовиќ. Кривичните постапки против хуманитарците, започнати во 2018 година, доведоа до тоа повеќето невладини организации за спасување мигранти да ги прекинат своите активности на море во Грција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkiot-sud-go-prekina-sudskiot-protses-protiv-24-humanitarni-rabotnitsi-obvineti-za-shpionazha/feed/ 0
Уапсени лица од црногорските власти поради шпионажа за Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseni-lica-od-crnogorskite-vlasti-poradi-shpionaza-za-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseni-lica-od-crnogorskite-vlasti-poradi-shpionaza-za-rusija/#respond Thu, 29 Sep 2022 13:43:16 +0000 https://kurir.mk/?p=739071

Неколку црногорски државјани се уапсени денеска во Подгорица под сомнение дека се руски шпиони, а меѓу нив, како што пренесуваат подгоричките медиуми, има и вработени во владините институции. Порталот „Вијести“, повикувајќи се на повеќе извори, пренесува дека е уапсен и долгогодишен вработен во Министерството за надворешни работи на Црна Гора, кој ја извршувал функцијата портпарол во МНР за време на државната заедница Србија и Црна Гора. Според „Вијести“, едно од уапсените лица, според Црногорската Агенција за национална безбедност, работело за руските разузнавачки служби повеќе од една деценија и е дел од поширока група чии членови и се познати на црногорската тајна служба. Засега нема официјални информации освен соопштението на Специјалното обвинителство на Црна Гора, во кое се наведува дека полицијата извршила претрес во станови и други простории на повеќе граѓани, „поради основано сомнение дека кривичните дела се сторени со создавање криминална организација и шпионажа“. Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ ја поздрави акцијата на Специјалното државно обвинителство (СДТ), која, како што рече, „се однесува на зачувување на националните интереси на Црна Гора“. Министерот за внатрешни работи на таа земја Филип Аџиќ изјави дека Владата прави се за да ја лиши Црна Гора од секое надворешно негативно влијание и дека нејзината намера е да ја исчисти државната служба од лица кои биле вклучени во работа за други служби со години. „Правиме се за да ја лишиме Црна Гора од какво било надворешно негативно влијание и да ја исчистиме услугата на луѓето кои работат за странски служби во системот повеќе од 10 години“, рече Аџиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseni-lica-od-crnogorskite-vlasti-poradi-shpionaza-za-rusija/feed/ 0
Осуден поранешен менаџер во Твитер поради шпионажа во корист на Саудиска Арабија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osuden-poraneshen-menadzer-vo-tviter-poradi-shpionaza-vo-korist-na-saudiska-arabija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osuden-poraneshen-menadzer-vo-tviter-poradi-shpionaza-vo-korist-na-saudiska-arabija/#respond Wed, 10 Aug 2022 11:37:19 +0000 https://kurir.mk/?p=716634

Поранешниот вработен во Твитер, Ахмад Абуамо е осуден поради пристап до личните податоци на корисници кои ја критикуваат Владата на Саудиска Арабија. Абуамо, американски државјанин и поранешен менаџер задолжен за блискоисточното медиумско партнерство на Твитер, е обвинет во 2019 година дека дејствувал како агент на Саудиска Арабија без да се регистрира во американската Влада. Судиите во случајот го прогласија за виновен за шест обвиненија, вклучително и заговор за извршување измама со користење на интернет и перење пари. Тој е ослободен за пет други обвиненија поврзани со измама. Американското Федерално истражно биро (ФБИ) од 2019 година тврди дека Абуамо и саудискиот државјанин Али Алзабара, кој работел како инженер на Твитер, ги користеле своите позиции за да добијат пристап до доверливи податоци за корисниците на Твитер, нивните адреси на електронската пошта, телефонски броеви и ИП адреси, преку кои можат да се идентификува локацијата на корисникот. Додека саудискиот државјанин Ахмед Мутаири соработувал со Саудиска Арабија како посредник. Според пресудата било пристапено до корисничките податоци на повеќе од 6.000 профили на Твитер, вклучително и најмалку 33 кориснички имиња за кои саудиските органи за спроведување на законот побарале од социјалната мрежа да се открие нивниот идентитет. Абуамо беше уапсен во ноември 2019 година и ослободен со кауција. Тој се изјасни за невин. ФБИ продолжува со потрагата по Мутаири и Алзабара.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osuden-poraneshen-menadzer-vo-tviter-poradi-shpionaza-vo-korist-na-saudiska-arabija/feed/ 0
Американски државјанин осомничен од Русите за шпионажа во Украина префрлен во Полска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-drzavjanin-osomnichen-od-rusite-za-shpionaza-vo-ukraina-prefrlen-vo-polska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-drzavjanin-osomnichen-od-rusite-za-shpionaza-vo-ukraina-prefrlen-vo-polska/#respond Wed, 11 May 2022 08:44:39 +0000 https://kurir.mk/?p=674959

Американскиот државјанин Кирило Александров, кој беше приведен од руските сили во Украина поради сомневања за шпионажа, евакуиран е во Полска, заедно со два члена на неговото семејство, соопшти денеска приватната волонтерска група „Проџект Дајнамо“ што издејствувала нивно ослободување. Александров (27) заедно со сопругата и нејзината мајка, се последните од 600-те лица ослободени преку такви посреднички мисии реализирани од „Проџект Дајнамо“, групата од Флорида формирана минатата година за спасување на Американци и други лица од Авганистан. Александров, роден во Мичиген и преселен во Украина, кон крајот на март бил уапсен во близина на Херсон, при обид заедно со неговите блиски да го напуштат регонот после офанзивата на руските сили во јужна Украина. Според соопштението од групата, руските сили го држеле Александров заради наводни шпиунски активности во корист на американските власти, за кои од групата се посочува дека се измислица. Американецот со украинско потекло бил испрашуван и преодреден за префрлање во Москва, каде би одговарал за пропагандни активности, се посочува во соопштението на „Проџект Дајнамо“. Деталите за настанот се уште не се потврдени од американските власти, а руската Амбасада во Вашингтон се уште не одговорила на барањата за коментар. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-drzavjanin-osomnichen-od-rusite-za-shpionaza-vo-ukraina-prefrlen-vo-polska/feed/ 0
Во Јужна Кореја уапсени две лица поради шпионажа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-juzna-koreja-uapseni-dve-lica-poradi-shpionaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-juzna-koreja-uapseni-dve-lica-poradi-shpionaza/#respond Thu, 28 Apr 2022 14:03:37 +0000 https://kurir.mk/?p=669329

Во Јужна Кореја денеска се уапсени две лица осомничени за откривање воени тајни на лице за кое се верува дека е севернокорејски агент. – Ова е прв случај во кој е откриено дека активен офицер и цивил по наредба на севернокорејски агент оддавале воени тајни, соопшти полицијата. Осомничените извршен директор на берзата за криптовалути и воен офицер откриле деталите за апликацијата во електронскиот систем на заедничката воена команда на Јужна Кореја. Тие се товарат дека примиле големи суми пари во замена за информации. Идентитетот на севернокорејскиот агент не е утврден, а не се знае до какви информации имале пристап уапсените.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-juzna-koreja-uapseni-dve-lica-poradi-shpionaza/feed/ 0