шпионирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Feb 2023 18:32:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png шпионирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бела Куќа: Кинески балони за шпионирање оперирале над пет континенти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bela-kuka-kineski-baloni-za-shpionirane-operirale-nad-pet-kontinenti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bela-kuka-kineski-baloni-za-shpionirane-operirale-nad-pet-kontinenti/#respond Wed, 08 Feb 2023 18:32:40 +0000 https://kurir.mk/?p=798036

Белата куќа денеска соопшти дека Кина управува со глобална флота од шпионски балони составени од сличен на оној соборен минатата недела откако навлезе на територија на САД. „Сите овие балони се дел од (кинеска)... флота од балони развиени да спроведуваат операции за набљудување“, изјави секретарот за печат, Карин Жан-Пјер на новинарите од бродот Ер Форс 1. „Во текот на изминатите неколку години, кинеските балони претходно се регистрирани над земји на пет континенти.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bela-kuka-kineski-baloni-za-shpionirane-operirale-nad-pet-kontinenti/feed/ 0
Извештај на Европарламент: Во ЕУ широко се користел софтверот „Пегаз“ за шпионирање свои граѓани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izveshtaj-na-evroparlament-vo-eu-shiroko-se-koristel-softverot-pegaz-za-shpioniranje-svoi-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izveshtaj-na-evroparlament-vo-eu-shiroko-se-koristel-softverot-pegaz-za-shpioniranje-svoi-gragjani/#respond Wed, 09 Nov 2022 08:22:21 +0000 https://kurir.mk/?p=757759

Употребата на шпионскиот софтвер „Пегаз“ очигледно била широко распространета во земјите на ЕУ, се заклучува во извештајот на истражниот комитет на Европскиот Парламент. „Владите на членки на ЕУ го користеа овој софтвер против граѓаните за политички цели“, е заклучокот од објавениот нацрт-извештај во кој се наведува дека постојат индиции дека тоа го сториле Полска, Унгарија, Грција, Кипар и Шпанија. Критикувана е и Австрија, бидејќи поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц има блиски врски со сопственикот на израелската компанија НСО, која го разви „Пегаз“. Дополнително, во извештајот се наведува дека седиштето на компанијата DSIRF (Decision Supporting Information Research and Forensic), која важи за провајдер на софтвер за шпионажа, се наоѓа во Австрија, а високи функционери на таа компанија имаат, како што се наведува во извештајот, контакти со Русија и Кремљ. Откако експертите за безбедност на Мајкрософт го обвинија DSIRF дека стои зад серија дигитални напади врз банки, адвокатски фирми и стратешки компании во најмалку три земји, државната безбедност на Австрија спроведе истрага, но не најде докази за примена на шпионски софтвер. DSIRF разви софтвер наречен „Subzero“ кој користи таканаречени Zero-Day-Exploits за да добие пристап до доверливи податоци и лозинки, соопшти Мајкрософт во јули. „Развојот на „спајвер“ во земјите-членки на ЕУ е голема закана за демократијата на целиот континент“, нагласи надлежната известувачка на Европскиот парламент, Холанѓанката Софи ин т Велд. Според неа, „спајверот“ не само што ги нарушува правата на приватната сфера, туку ги поткопува демократските институции и ги замолчува опозицијата и критичарите. Таквиот софтвер, додава таа, има застрашувачки ефект врз слободата на печатот и граѓанското општество и служи за влијание врз изборите. – Тоа е европски скандал, бидејќи беа нападнати и институциите на ЕУ, а тоа влијаеше и на одлучувањето во Унијата, тврди Т Велд. Таа се пожали дека ниту една официјална институција не сакала да соработува со неа во подготовката на извештајот, а Советот на ЕУ не одговорил на прашањата на Европскиот Парламент во врска со тоа. – Затоа сликата не е целосна, имаме само 900 парчиња од сложувалката од 1.000 парчиња, појасни таа. – Европската Комисија бучно се залага за демократија и борба против лажните вести,па така и неодамна кога беше преземен Твитер. Но, кога нападите врз демократијата доаѓаат одвнатре, Комисијата молчи, рече Т Велд. Таа оцени дека Европската Комисија „му покажува мускули“ на Илон Маск, но со кадифени ракавици им се обраќа на членовите кои користат шпионски софтвер против своите граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izveshtaj-na-evroparlament-vo-eu-shiroko-se-koristel-softverot-pegaz-za-shpioniranje-svoi-gragjani/feed/ 0
Во Германија уапсен руски научник поради шпионирање https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-germanija-uapsen-ruski-nauchnik-poradi-shpioniranje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-germanija-uapsen-ruski-nauchnik-poradi-shpioniranje/#respond Thu, 27 Jan 2022 13:04:24 +0000 https://kurir.mk/?p=623561

Германската полиција денеска поднесе обвинение против руски државјанин поради шпионирање во корист на Русија. Тој, наводно, дошол до информации за воздухопловната индустрија и ги испратил до руската разузнавачка служба, поточно ги доставил податоците за ракетата Аријан. Германското федерално обвинителство соопшти дека осомничениот, по име Илхур Н, работел како научен истражувач на Универзитетот во Баварија, се до неговото апсење на 18 јуни минатата година. Според германските власти, Руската служба за надворешно разузнавање го контактирала есента 2019 година. -Интересите на (руските) разузнавачи се особено поврзани со различните случувања на европската ракета Аријан 5, се наведува меѓу другото во соопштението. Илхур добил 2.500 евра во кеш за откривање доверливи информации за време на состанок со руски разузнавачи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-germanija-uapsen-ruski-nauchnik-poradi-shpioniranje/feed/ 0