шри ланка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Jun 2023 07:26:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png шри ланка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Изваден најголемиот камен во бубрег во светот, тежок 801 грам https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-izvaden-najgolemiot-kamen-vo-bubreg-vo-svetot-tezhok-801-gram/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-izvaden-najgolemiot-kamen-vo-bubreg-vo-svetot-tezhok-801-gram/#respond Thu, 15 Jun 2023 07:26:09 +0000 https://kurir.mk/?p=845904

Воени лекари во Шри Ланка го отстраниле најголемиот и најтешкиот камен во бубрег во светот при операција на пензиониран војник, соопшти Армијата. Камењата во бубрезите се создаваат со таложење минерални соли во бубрегот, орган којшто треба ја прочистува крвта. На 62-годишниот поранешен подофицер му бил отстранет камен од бубрег тежок 801 грам, а тоа е, според наводите, над пет пати поголема маса од онаа на просечен машки бубрег. Каменот бил долг 13,37 цм, а просечниот бубрег е долг од 10 до 12 цм. -Најголемиот и најтешкиот камен во бубрег во светот беше хируршки отстранет на 1 јуни во воената болница во Коломбо“, се вели во соопштението на војската. Воениот пензионер за тамошните медиуми изјавил дека боледувал од стомачни болки од 2020 година. Рекордот сега е официјално признат и од Гинисовата книга на рекорди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-izvaden-najgolemiot-kamen-vo-bubreg-vo-svetot-tezhok-801-gram/feed/ 0
Протест против владината репресија на Шри Ланка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protest-protiv-vladinata-represija-na-shri-lanka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protest-protiv-vladinata-represija-na-shri-lanka/#respond Tue, 09 Aug 2022 16:50:12 +0000 https://kurir.mk/?p=716203

Стотици граѓани на Шри Ланка денеска протестираа против владината репресија и примената на Законот за вонредна состојба против демонстранти. Протестот го предводеа верски и синдикални лидери. Демонстрантите во Коломбо одржаа протестен марш и најавија повеќе барања до властите. Меѓу другото, тие побараа да се укине вонредната состојба, да нема апсење на мирни демонстранти и веднаш да се распушти Парламентот. Тие се незадоволни од претседателот Ранил Викремесинге, кој Парламентот го избра да го доврши мандатот на Готабаја Раџапакса. По масовните протести поради колапсот на економијата, Раџапакса побегна од земјата и поднесе оставка преку електронска пошта. Новиот претседател, Викремесинге ги овласти војската и полицијата да ги растурат камповите на демонстрантите и да ги уапсат оние, кои за време на немирите учествувале во заземање на претседателската палата и зградите на други институции. Тој денеска го посети Генералштабот и им се заблагодари на војниците кои го штителе Парламентот, каде демонстранти се обидоа да влезат минатиот месец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protest-protiv-vladinata-represija-na-shri-lanka/feed/ 0
Викремесинг: Шри Ланка подготвува план за излез од најлошата економска криза https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vikremesing-shri-lanka-podgotvuva-plan-za-izlez-od-najloshata-ekonomska-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vikremesing-shri-lanka-podgotvuva-plan-za-izlez-od-najloshata-ekonomska-kriza/#respond Wed, 03 Aug 2022 10:27:31 +0000 https://kurir.mk/?p=713379

Новиот претседател на Шри Ланка, Ранил Викремесинг, денеска изјави дека неговата влада подготвува национален политички план за следните 25 години со цел да го намали јавниот долг и да ја претвори земјата во конкурентна извозна економија додека бара излез од најлошата економска криза. Викремесинг во својот говор во Парламентот рече дека на Шри Ланка и требаат долгорочни решенија и силна основа за да се спречи повторно да се случи економска криза. Тој рече дека неговата влада започнала преговори со Меѓународниот монетарен фонд за четиригодишен спасувачки план и почнала да го финализира планот за реструктуирање на долгот. -Во блиска иднина, овој план ќе го доставиме до Меѓународниот монетарен фонд и ќе ги започнеме преговорите со земјите што дадоа кредитна помош. Дополнително, ќе започнат преговорите со приватните кредитори за да се постигне консензус, рече Викремесинг. Тој рече дека тешкотиите донекаде се ублажени со намалување на прекините на струја, увоз на вештачки ѓубрива за одгледување и подобрување на дистрибуцијата на гас за подготовка на храна. „Преземени се безбедносни мерки за да се избегне недостиг на храна. Започна дистрибуција на основните лекови и медицинска опрема до болниците. Училиштата се повторно отворени. Се преземаат мерки за надминување на пречките со кои се соочуваат индустриите и извозните сектори“, рече тој. Претседателот Викремесинг изјави дека Шри Ланка би можела да стане целосно развиена земја до 2048 година, кога ќе слави 100 години од независноста. Викремесинг беше избран за претседател минатиот месец за да го заврши мандатот на поранешниот претседател Готабаја Раџапакса, кој трае до 2024 година. Раџапакса побегна од земјата откако демонстрантите гневни поради економската криза упаднаа во неговата резиденција и ги окупираа клучните владини згради.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vikremesing-shri-lanka-podgotvuva-plan-za-izlez-od-najloshata-ekonomska-kriza/feed/ 0
Парламентот на Шри Ланка изгласа продолжување на вонредната состојба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/parlamentot-na-shri-lanka-izglasa-prodolzuvanje-na-vonrednata-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/parlamentot-na-shri-lanka-izglasa-prodolzuvanje-na-vonrednata-sostojba/#respond Wed, 27 Jul 2022 14:25:54 +0000 https://kurir.mk/?p=710910

Парламентот на Шри Ланка денеска изгласа продолжување на вонредната состојба и покрај силните протести од главните опозициски партии, јави ДПА. За продолжување за еден месец на вонредната состојба гласаа 120 пратеници, 63 беа „против“, а отсутни 41 пратеник. Спикерот, кој е еден од 225-те членови на Парламентот, нема право на глас. Вонредната состојба беше прогласена од претседателот Ранил Викремесинге на 17 јули, откако беше назначен за вршител на должноста четири дена откако поранешниот претседател Готабаја Раџапакса ја напушти земјата поради протестите. Согласно Уставот, вонредната состојба треба да помине во Собранието во рок од две недели од претседателската декларација за да биде продолжена. Вонредна состојба беше потребна заради распоредување безбедносни сили за контрола на ситуацијата, откако бранот протести против Раџапакса повторно се фокусираше на Викремесинге откако беше назначен за претседател. Викемесинге, откако беше избран со гласање во Парламентот на 20 јули, ја искористи вонредната состојба за да ги разбие демонстрантите кои окупираа дел од кабинетот и комплексот на претседателот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/parlamentot-na-shri-lanka-izglasa-prodolzuvanje-na-vonrednata-sostojba/feed/ 0
Новиот претседател на Шри Ланка положи заклетва: Главниот предизвик на мандатот ќе биде решавање на економската криза https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-pretsedatel-na-shri-lanka-polozi-zakletva-glavniot-predizvik-na-mandatot-kje-bide-reshavanje-na-ekonomskata-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-pretsedatel-na-shri-lanka-polozi-zakletva-glavniot-predizvik-na-mandatot-kje-bide-reshavanje-na-ekonomskata-kriza/#respond Thu, 21 Jul 2022 07:16:45 +0000 https://kurir.mk/?p=708230

Поранешниот премиер на Шри Ланка Ранил Викремесинг денеска положи заклетва како нов претседател на земјата, која се соочува со невидена економска криза. Викремесинг положи заклетва пред главниот судија Џајант Јајасуирија на церемонијата одржана во зградата на парламентот во Коломбо, пренесува АП. Парламентот на Шри Ланка претходно во средата го избра Викремесинг (73) за шеф на државата со мнозинство гласови за да го заврши мандатот на поранешниот претседател Готабаја Рајапакса, кој избега од земјата и поднесе оставка откако демонстрантите упаднаа во неговата резиденција. За Викремесинге гласаа 134 од 225 пратеници. Се очекува Викремесинге да биде на власт до 2024 година, до крајот на мандатот на Рајапакса. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-pretsedatel-na-shri-lanka-polozi-zakletva-glavniot-predizvik-na-mandatot-kje-bide-reshavanje-na-ekonomskata-kriza/feed/ 0
Премиерот на Шри Ланка избран за нов претседател на земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-shri-lanka-izbran-za-nov-pretsedatel-na-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-shri-lanka-izbran-za-nov-pretsedatel-na-zemjata/#respond Wed, 20 Jul 2022 07:57:46 +0000 https://kurir.mk/?p=707728

Премиерот на Шри Ланка, Ранил Викремесинге, со големо мнозинство денеска беше избран за претседател на земјата, на местото на Готабаја Раџапакса, кој побегна од државата и поднесе оставка минатата недела. Седумдесет и тригодишниот Викремесинге, поддржан од владејачката Народна партија на Шри Ланка, доби 134 гласа, наспроти 82 гласа за неговиот ривал Дулас Алахаперума. Третиот кандидат доби три гласа. Двајца членови беа воздржани од гласање, а четири гласа беа неважечки. Викремесинге, шестпати премиер, беше именуван за привремен претседател откако поранешниот, Готабаја Раџапакса, ја напушти земјата поради политичките и економските превирања на 13 јули. Викремесинге, кој исто така ја извршуваше функцијата премиер, сега официјално ја презема улогата на претседател. Околу парламентарниот комплекс беше распоредено силно обезбедување иако не беа организирани протести. Шри Ланка е пред банкрот и се соочува со недостиг од храна, гориво и други важни работи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-shri-lanka-izbran-za-nov-pretsedatel-na-zemjata/feed/ 0
Во Шри Ланка прогласена вонредна состојба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-shri-lanka-proglasena-vonredna-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-shri-lanka-proglasena-vonredna-sostojba/#respond Mon, 18 Jul 2022 06:25:10 +0000 https://kurir.mk/?p=706747

Вршителот на должноста претседател на Шри Ланка Ранил Викремесинг прогласи вонредна состојба во државата, додека неговата администрација се обидува да ги смири социјалните немири што произлегуваат од економската криза. „Тоа е со цел, во интерес на јавната безбедност, заштита на јавниот ред и одржување на снабдувањето и услугите од суштинско значење за животот на заедницата“, нагласено е во соопштение. Во средата Викремесинг беше назначен за вршител на должноста претседател од позицијата премиер, додека парламентот не избере нов шеф на државата. Тој беше назначен откако претседателот Готајабе Раџапакса ја напушти земјата минатата недела поради народниот бунт, предизвикан од најтешката економска криза во изминатите седум децении. Парламентот во петокот официјално ја прифати оставката на Раџапакса, а во саботата започна процесот за избор на нов претседател. Викремесинге, сојузник на Раџапакса, е еден од главните кандидати за преземање на претседателската функција, но демонстрантите исто така сакаат тој да си замине, што отвора можност за дополнителни немири доколку биде избран. Уличните протести против економската криза во Шри Ланка траат со месеци, кулминирајќи минатиот викенд кога стотици илјади луѓе ги зазедоа владините згради во Коломбо. Тие го обвинија семејството Раџапакса и сојузниците за неконтролираната инфлација, недостиг на основни добра и за корупција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-shri-lanka-proglasena-vonredna-sostojba/feed/ 0
Премиерот на Шри Ланка привремено ја презеде должноста претседател на државата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-shri-lanka-privremeno-ja-prezede-dolznosta-pretsedatel-na-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-shri-lanka-privremeno-ja-prezede-dolznosta-pretsedatel-na-drzavata/#respond Fri, 15 Jul 2022 10:20:58 +0000 https://kurir.mk/?p=705607

Премиерот Ранил Викремесинге денеска положи заклетва како привремен претседател на Шри Ланка, додека Парламентот не избере наследник на Готабаја Раџапакса кој избега од земјата и поднесе оставка по масовните протести поради економскиот колапс на земјата. Претседателот на Парламентот на Шри Ланка денеска изјави дека оставката на Раџапакса е прифатена и оти пратениците утре ќе се состанат за да изберат нов лидер. Новиот претседател што ќе биде избран треба да ја извршува функцијата до крајот на мандатот на Раџапакса што завршува во 2024 година, изјави претседателката на Парламентот Махинда Јапа Абејвардана. Таа очекува тој процес да биде завршен за седум дена. Новиот претседател би можел да назначи нов премиер кој ќе треба да биде одобрен од Парламентот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-shri-lanka-privremeno-ja-prezede-dolznosta-pretsedatel-na-drzavata/feed/ 0
Прифатена оставката на претседателот на Шри Ланка, функцијата привремено ја презема премиерот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prifatena-ostavkata-na-pretsedatelot-na-shri-lanka-funkcijata-privremeno-ja-prezema-premierot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prifatena-ostavkata-na-pretsedatelot-na-shri-lanka-funkcijata-privremeno-ja-prezema-premierot/#respond Fri, 15 Jul 2022 06:31:30 +0000 https://kurir.mk/?p=705460

Претседателот на Парламентот на Шри Ланка ја прифати поднесената оставка на претседателот на државата Готабаја Раџапакса, откако тој побегна во Сингапур пред бунтот на народот предизвикан од најлошата економска криза. Најавено е дека должноста претседател привремено ќе ја преземе премиерот на Шри Ланка. Во своето обраќање до нацијата, претседателот на парламентот истакна дека премиерот Ранил Викремесинге ќе положи заклетва како вршител на должноста додека парламентот не избере нов шеф на државата. Викремесинге во средата беше именуван за вршител на должноста претседател откако Раџапакса избега од државата, но сега повторно ќе мора да биде именуван откако беше прифатена оставката на Готабаја. Според претседателот на Парламентот процесот за избор на нов претедател би требало да заврши за седум дена, а парламентот на државата на седница закажана за утре би требала да одлучи кога законодавното тело со 225 места ќе бира нов претседател.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prifatena-ostavkata-na-pretsedatelot-na-shri-lanka-funkcijata-privremeno-ja-prezema-premierot/feed/ 0
Со сопругата побегнаа на Малдивите: Претседателот на Шри Ланка поднесе оставка преку меил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-soprugata-pobegnaa-na-maldivite-pretsedatelot-na-shri-lanka-podnese-ostavka-preku-meil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-soprugata-pobegnaa-na-maldivite-pretsedatelot-na-shri-lanka-podnese-ostavka-preku-meil/#respond Thu, 14 Jul 2022 15:44:59 +0000 https://kurir.mk/?p=705266

Претседателот на Шри Ланка, Готабаја Раџапакса му испрати меил на Парламентот, каде поднесува оставка од претседателската функција. Тој и неговата сопруга вчера побегнаа на Малдивите со авион на воздухопловните сили. Сега, Раџапакса слетал во Сингапур, каде бил во „приватна посета“, според тамошните власти, а ниту побарал, ниту му е одобрен азил. За време на викендот, демонстранти упаднаа во неговата претседателска вила, а вчера ја зазедоа и канцеларијата на премиерот Ранил Викрамасинге, кој брзо ја презеде функцијата вршител на должноста претседател. Незадоволни граѓани на Шри Ланка сега бараат оставка од премиерот. Земјата има недостиг од храна, лекови, гориво и се наоѓа во најлошата економска криза од стекнувањето на својата независност во 1948 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-soprugata-pobegnaa-na-maldivite-pretsedatelot-na-shri-lanka-podnese-ostavka-preku-meil/feed/ 0