Штаерска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 29 Jun 2020 06:37:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Штаерска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На покраинските избори во Штаерска победи партијата на Курц https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-pokrainskite-izbori-vo-shtaerska-pobedi-partijata-na-kurc/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-pokrainskite-izbori-vo-shtaerska-pobedi-partijata-na-kurc/#respond Mon, 29 Jun 2020 06:37:32 +0000 https://kurir.mk/?p=364723

На покраинските избори во австриската покраина Штаерска, што се одржаа вчера, први во периодот на корона-кризата, победи Народната партија на Австрија (ОВП) на канцеларот Себастијан Курц, втора е Социјалдемократската партија (СПО), додека Слободарската партија (ФПО) доживеа дебакл. На изборите излегоа 62,6 отсто од гласачите, околу десет проценти помалку отколку во 2015 година, од кои 47,2 отсто и дадоа доверба на ОВП. На второ место е СПО, која освои 31,9 проценти од гласовите, ФПО освои 8,2 проценти од гласовите, а четврта сила во покраината е Партијата на зелените, на која и веруваат 4,7 проценти од Штаерците. ОВП победи во сите 285 општини во Штаерска, а во некои општини, како Маријацел, успеа да ја „преземе“ власта од СПО, како и, што важи за сензација, во железничкиот град Селктал. Исто така, во Ајзенерц, каде СПО отсекогаш владеела и каде Комунистичката партија (КПО) отсекогаш имала добар резултат, ОВП успеа да ја преземе власта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-pokrainskite-izbori-vo-shtaerska-pobedi-partijata-na-kurc/feed/ 0