штедачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Jan 2023 09:42:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png штедачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Оштетени штедачи на ЕСБ: Дали за грабеж на банка во земјава веќе не се одговара!? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshteteni-shtedachi-na-esb-dali-za-grabezh-na-banka-vo-zemjava-veke-ne-se-odgovara/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshteteni-shtedachi-na-esb-dali-za-grabezh-na-banka-vo-zemjava-veke-ne-se-odgovara/#respond Wed, 25 Jan 2023 09:11:02 +0000 https://kurir.mk/?p=791568

Еуростандард банка се ограбувала со години за да на крај се затвори пред две и пол години. Веднаш откако се затвори, многу повикани и неповикани личности збореа за банката и сите се согласија дека се работи за масовен грабеж на депозити или организиран криминал кој се случувал во банката со години. Украдени се повеќе десетици милиони евра. И после толку поминато време нема ниту еден обвинет иако финансиската полиција констатира мрежа од фирми преку која се одлевале пари од депозитите како неповратни кредити одобрени од раководните лица во банката, реагираат оштетените штедачи од Еуростандард банка . -Додека обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција започна истрага против четворица одговорни лица од банката за предизвикување стечај на банката и за перење пари пред речиси две години. И тоа е сé. Веќе две години нема ниту одлука од обвинителството ниту збор од надлежните институции за сторениот организиран криминал во Еуростандард банка. Нема никаква реакција ниту на јавното признание од Трифун Костовски, еден од осомничените лица за организираниот криминал, дека свесно сторил кривично дело поради кое исчезнале три милиони евра од депозитите во банката. Обвинителството и понатаму молчи додека законските рокови за нивна одлука од спроведената истрага за организираниот криминал во Еуростандард банка се веќе поминати уште минатата година. Па затоа се прашуваме дали за грабеж на банка во земјава веќе не се одговара!? Инаку, сите индикации покажуваат дека во Еуростандард банка се спроведувал континуиран грабеж на депозити со години. Не се почитувале ниту кредитната политика на банката, ниту политики и процедури за кредитен ризик. Се делеле кредити на некредитоспособни фирми без исполнување на основни критериуми за одобрување. Кредитите се одобрувани од раководниот тим на банката. Трифун Костовски, Николче Петкоски и Коста Костовски се раководните одговорни лица кои ги предводеле надзорниот, управниот и кредитниот одбор во Еуростандард банка и кои се носители во одобрувањето неповратни кредити на некредитоспособни фирми. Со нивни потписи се случувало масовното раздавање на неповратни кредити, активност која станала толку голема да банката пропадне и се затвори, велат штедачите. „Еуростандард банка е добар показен пример за организиран криминал и корупција. Таму е почнат криминалот пред многу години, но не е и завршен. А би требало да заврши со кривична одговорност и казна за оние кои го организирале и спровеле криминалот. Страшно е што толку долго време нема никаква реакција од државата, од институциите кои се надлежни за справување со и казнување на нелегални криминални активности, а пред и се од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Дали неказнивоста е само поттик и охрабрување да се случуваат други слични криминални активности на штета на сите граѓани и фирми кои се значајни клиенти во банкарскиот сектор? Дали тоа значи и дека ограбувањето депозити на граѓаните и фирмите со неказнивост ќе стане пракса и од некоја друга банка во иднина? Игнорантскиот однос на државата и надлежните институции кон организираниот криминал во Еуростандард банка го покажува тоа“ - посочуваат тие.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshteteni-shtedachi-na-esb-dali-za-grabezh-na-banka-vo-zemjava-veke-ne-se-odgovara/feed/ 0
Штедачите од ТАТ: Од СДСМ два пати бевме ограбени, гласајте за ВМРО-ДПМНЕ за да има крај на голготата (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtedachite-od-tat-od-sdsm-dva-pati-bevme-ograbeni-glasajte-za-vmro-dpmne-za-da-ima-kraj-na-golgotata-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtedachite-od-tat-od-sdsm-dva-pati-bevme-ograbeni-glasajte-za-vmro-dpmne-za-da-ima-kraj-na-golgotata-video/#respond Wed, 13 Oct 2021 12:36:21 +0000 https://kurir.mk/?p=578291

На почетокот на месец септември, по подолготрајни преговори со раководството на ВМРО-ДПМНЕ постигнавме конечен договор со кој ние штедачите ќе бидеме обесштетни кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја превземе извршната и законодавната власт, а тоа би требало да се случи наскоро. Што значи, голготата на штедачите на ТАТ ќе ја нема повеќе, велат штедачите од штедилниците ТАТ. -Заедно со ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ го постигнавме договорот кој долго време го чекавме. Во 2002 година ВМРО-ДПМНЕ кога беше на власт донесе Закон за обесштетување на штедачите со конвертибилни сертификати, но 2003 година СДСМ го суспендира тој Закон, практично по втор пат бевме опљачкани, украдени од таа партија. Затоа Ве повикувам да го дадете својот глас на локалните избори, а и идните парламентарни за ВМРО-ДПМНЕ, партијата која два пати ни излезе во пресрет и сме убедени дека ова ќе биде крајот на голготата ТАТ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtedachite-od-tat-od-sdsm-dva-pati-bevme-ograbeni-glasajte-za-vmro-dpmne-za-da-ima-kraj-na-golgotata-video/feed/ 0
Оштетените штедачи продолжуваат да бараат правда: Утре на собир пред Уставен суд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshtetenite-shtedachi-prodolzuvaat-da-baraat-pravda-utre-na-sobir-pred-ustaven-sud/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshtetenite-shtedachi-prodolzuvaat-da-baraat-pravda-utre-na-sobir-pred-ustaven-sud/#respond Mon, 24 May 2021 19:30:37 +0000 https://kurir.mk/?p=514588

Здружението "Правда на штедачи" утре 25.05.2021 со почеток во 08.00 часот повторно ќе  одржи собир пред Уставниот Суд, на кој ќе се одржи и прес конференција со почеток во 09.00 часот. Главна причина за собирот е давање на  финална поддршка на судиите за донесување на конечна одлука по иницијативата за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки. Повеќе детали ќе изнесеме на самата прес-конференција на која се поканети сите медиуми да присуствуваат. БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА, велат штедачите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshtetenite-shtedachi-prodolzuvaat-da-baraat-pravda-utre-na-sobir-pred-ustaven-sud/feed/ 0
Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка: Уставниот суд да се апстрахира од политички влијанија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenieto-na-oshteteni-shtedachi-od-eurostandard-banka-ustavniot-sud-da-se-apstrahira-od-politichki-vlijanija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenieto-na-oshteteni-shtedachi-od-eurostandard-banka-ustavniot-sud-da-se-apstrahira-od-politichki-vlijanija/#respond Tue, 23 Feb 2021 07:24:57 +0000 https://kurir.mk/?p=472565

Здружението на оштетени штедачи од Еуростандар банка,во пресрет на утрешната седница на Уставниот Суд, на којашто, како што наведуваат во соопштение, прва точка од дневниот ред e иницијативата за оценка за уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки, јавно изразува надеж во владеење на правото и заштита на темелните вредности на оваа држава заштитени со Уставот. Во соопштенето наведуваат дека членовите на Здружението се длабоко убедени дека во овој случај правото е на нивна страна и дека правдата на крајот сепак ќе победи. -Во таа смисла, Здружението ги повикува судиите на Уставниот Суд при одлучувањето да се концентрираат само на Уставот и законите, бидејќи само тоа може да гарантира дека ќе донесат одлука со која ќе ги потврдат заложбите за владеење на правото. Се друго претставува калкулантство, субјективизам, необјективност, пристрасност и заштита на нечии интереси наспроти примена на правото, наведуваат од Здружението. Кога е во прашање заштита на интереси, потсетуваат дека свои интереси околу Еуростандард банка имаат многу групи и поединци, разни структури на луѓе, банкари, политичари, бизнисмени, владини претставници, државни органи, структури од подземјето, поранешни акционери, менаџери и вработени во банката, па се до корисници на кредити. Сметаат дека доколку Уставниот Суд калкулира со заштита на некои од нивните интереси тогаш никогаш нема да донесе одлука која ќе биде одраз на владеење на правото. Нивниот повик, како што посочуваат во соопштението, до Уставниот Суд е да се апстрахира од политичките влијанија, бидејќи политиката не значи владеење на правото туку протежирање на политичка агенда,, потоа влијателни банкарски кругови коишто ја застапуваат тезата за нарушување на финансискиот систем и банкарскиот сектор во случај на позитивна одлука на Уставниот Суд, како и сите други структури кои имаат непосреден или посреден интерес од или во стечајот на Еуростандард банка и кои преку стечајот се обидуваат да профитираат, да сокријат одредени состојби, да избегнат одговорност или да протежираат некакви решенија во сопствен интерес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenieto-na-oshteteni-shtedachi-od-eurostandard-banka-ustavniot-sud-da-se-apstrahira-od-politichki-vlijanija/feed/ 0
Штедачите од Еуростандард банка: Да нема двојни стандарди, „пожарот“ во банката е посилен и поголем од „Глобал“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtedachite-od-eurostandard-banka-da-nema-dvojni-standardi-pozarot-vo-bankata-e-posilen-i-pogolem-od-global/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtedachite-od-eurostandard-banka-da-nema-dvojni-standardi-pozarot-vo-bankata-e-posilen-i-pogolem-od-global/#respond Tue, 05 Jan 2021 09:39:57 +0000 https://kurir.mk/?p=452103

Сопствениците на изгорениот дел од трговскиот центар „Глобал“ во Струмица ги снајде голема несреќа. Настанатиот пожар направи значителна материјална штета. Тоа што премиерот Заев веднаш им вети помош е за поздравување. И треба да им се помогне, се вели во соопштението на Здружението на оштетени штедачи од Еуростандар банка. -Но, „пожарот“ што се случи во Еуростандард банка е илјада пати поголем и посилен иако не се виде пламен. Преку невиден грабеж во банката што се случувал со години исчезнаа многу пари, речиси 60 милиони евра, како од заштеди така и од средства на тековни сметки на околу 3.000 семејства. Раководните лица во банката организирале континуирана кражба на депозитите преку пласирање на ултра ризични кредити на избрани фирми додека Народната банка ги толерирала и им прогледувала низ прсти. Балонот пукна во август минатата година и кражбата излезе на површина. На илјадници граѓани и фирми им изгореа животните заштеди и средства за опстојување, живот и работа. Им се уништи сегашноста и иднината на нив и на нивните најблиски. Се обратија до разни институции но сите врати останаа затворени. Добиеното сочувство не е доволно за решавање на ова горливо и мачно прашање коешто сега се случи на депонентите од Еуростандард банка, а утре може многу лесно да се случи и на останатите депоненти во други банки, наведуваат тие. Кога минатата година оштетените депоненти побараа помош од премиерот Заев во вид на „позајмица“ односно носење на закон со којшто тие би се обештетиле а државата да наплати од стечајната маса, тој прво ги поддржа па потоа категорично ги одби со изговор дека се работи за „морален хазард“ како ризик да не се случи истото во друга банка. Сите веќе знаат дека државата преку Народна банка е најголемиот виновник за направениот „пожар“ во покрадената Еуростандард банка. -Дали премиерот Заев ќе разбере дека не се само оштетени дуќани и просторот во трговскиот центар „Глобал“ во неговата општина Струмица туку дека има и многу поголем број на оштетени граѓани и фирми кои ги загубија своите лични средства од животно значење поради масовна и свесна кражба во Еуростандард банка којашто се случувала под будното око на Народна банка? Дали премиерот Заев ќе се обрати и кон 149 фирми во Струмица, Скопје и други градови во државата да ги вратат нашите земени пари бидејќи не се нивни а за истите немаат воопшто или имаат дадено мали гаранции кога добивале кредити? Некои од нив, посебно оние кои премиерот Заев лично ги познава, се надеваме дека ќе бидат поттикнати да ги вратат парите веднаш. Дали државата конечно ќе направи нешто да ги казни криминалците во банката и сите останати кои биле инволвирани во овој масовен грабеж, а на нас оштетените граѓани и фирми ќе помогне да си ги вратиме нашите доверени пари во банка која пропадна поради голем толериран криминал со години?, прашуваат штедачите. Воедно, се надеваме дека во Македонија нема да има двојни стандарди. Само пред неколку години владеачката партија ја изнесе паролата „Едно општество за сите“. Дали оваа парола сеуште важи или брзо се заборави!?]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtedachite-od-eurostandard-banka-da-nema-dvojni-standardi-pozarot-vo-bankata-e-posilen-i-pogolem-od-global/feed/ 0
Оштетените штедачи од Еуростандард бараат брзо разрешување на случајот: Вистината мора да се открие, а криминалците да одговараат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshtetenite-shtedachi-od-eurostandard-baraat-brzo-razreshuvanje-na-sluchajot-vistinata-mora-da-se-otkrie-a-kriminalcite-da-odgovaraat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshtetenite-shtedachi-od-eurostandard-baraat-brzo-razreshuvanje-na-sluchajot-vistinata-mora-da-se-otkrie-a-kriminalcite-da-odgovaraat/#respond Thu, 17 Dec 2020 09:09:33 +0000 https://kurir.mk/?p=444486

Оштетените штедачи од Еуростандард бака апелираат до надлежните институции да реагираат доследо и да го решат овој, како што наведуваат во соопштение, масовен криминал во сега веќе затворената Еуростандард банка. -Може веднаш да започнат со луѓето на раководни позиции во банката, оние кои го иницирале, организирале, развиле и спровеле криминалот преку делење на непокриени кредити, перење пари, фалсификувања и измами односно делени пари од депозитите на граѓаните и фирмите на вересија. Потоа лесно може да продолжат и со сите други инволвирани лица во криминалот, добро познати на раководните лица од банката. Вистината мора да се открие и правдата да се задоволи, а криминалците да одговараат за сторените проневери и злоупотреби. Зошто ако нема правда нема да има ни мир, наведуваат во соопштението. Додаваат дека и после четири месеци од затворањето на Еуростандард банка никој се уште не знае што се случило или каде завршиле парите, кој ги украл ниту пак дали некој ќе одговара за криминалот. -Напротив, сметаат, на главните носители на криминалот во банката, семејството Костовски, им се дозволува да отворат фирма за управување со инвестициски фонд за да продолжат со понатамошен грабеж или пак да го обновуваат познатиот „Кермес“ во градскиот парк во Скопје, и сето тоа со нашите покрадени пари. Тие посочуваат на брзата реакција за случајаот со злоупотребата на парите од европските фондови и додаваат дека кога се работи за пари од европските даночни обврзници надлежните институции реагираат и санкционираат молскавично, а кога се работи за пари на граѓани и фирми во државава на кои им се ограбени нивните лични доверени средства во банка, постапката се очекува да трае со години, да се остави на времето за да можеби никогаш и не заврши. -Овие оштетени обични луѓе и фирми депоненти на банката, живеат, работат и функционираат во земјава, плаќаат даноци, се лојални на државата и директно придонесуваат во развој на домашната економија. Но сепак, кога ќе има потреба да државата ги заштити од проневери, злоупотреби и кражби и да веднаш ги санкционира оние кои тоа го направиле, тоа не се случува. Тие се оставени на немилост на системот којшто дозволил да бидат ограбени, излажани, измамени и оштетени, велат оштетените штедачи од Еуростандард банка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshtetenite-shtedachi-od-eurostandard-baraat-brzo-razreshuvanje-na-sluchajot-vistinata-mora-da-se-otkrie-a-kriminalcite-da-odgovaraat/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Оштетени штедачи сведочат дека Вице Заев правел криминал во Еуростандард банка, чекаме Рускоска да го уапси братот на премиерот по ваквото признание https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-oshteteni-shtedachi-svedochat-deka-vice-zaev-pravel-kriminal-vo-eurostandard-banka-chekame-ruskoska-da-go-uapsi-bratot-na-premierot-po-vakvoto-priznanie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-oshteteni-shtedachi-svedochat-deka-vice-zaev-pravel-kriminal-vo-eurostandard-banka-chekame-ruskoska-da-go-uapsi-bratot-na-premierot-po-vakvoto-priznanie/#respond Tue, 17 Nov 2020 07:48:26 +0000 https://kurir.mk/?p=430452

Штедачите на Еуростандард банка потврдија дека Вице Заев преку фирмата Сара Инжинеринг земал кредит од 600.000 евра пред две години и не исплатил ниту една рата, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата посочуваат дека ова се пари на штедачите, кои сега не можат да се наплатат. -Штедачите сведочат дека се работи за организиран криминал. Дури 149 фирми или 72,6 отсто од кредитното портфолио на правни лица во банката имале ултра ризични и ненаплатливи кредити во вкупен износ од околу 55 милиони евра. Дека се работи за организиран криминал кажа и сопственикот на банката, а ЈО се уште молчи. Се молчи за струмичката врска. 29 струмички фирми, меѓу кои и фирмата на Вице Заев земале кредити без покритие од банката, а врз основа на не враќање се збогатиле за 13 милиони евра. Овие 13 милиони евра се пари на граѓаните на штедачите на Еуростандард банката, кои сега не можат да се наплатат, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека илјадници граѓани страдаат, на сметка на неколку збогатени бизнисмени од Струмица. -Нема одговорност ниту за Нина Ангеловска, која ги извади парите од банка непосредно пред да пропадне. А, штедачите, кои не се министри и немаат информации за банкарската состојба останаа без денар. Случајот Еуростандард е втор ТАТ, 200 милиони евра се раскрчмени. Оштетени се илјадници граѓани, а органите на системот молчат и не преземаат ништо, затоа што трагите водат до врвот на власта. Потребна е одговорност веднаш, се наведува во соопштението на партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-oshteteni-shtedachi-svedochat-deka-vice-zaev-pravel-kriminal-vo-eurostandard-banka-chekame-ruskoska-da-go-uapsi-bratot-na-premierot-po-vakvoto-priznanie/feed/ 0
„Криминал е направен врз нас“, „Туѓи пари не сакаме, своите си ги бараме“ – протест на оштетените штедачи од Еуростандард Банка (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kriminal-e-napraven-vrz-nas-tugji-pari-ne-sakame-svoite-si-gi-barame-protest-na-oshtetenite-shtedachi-od-eurostandard-banka-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kriminal-e-napraven-vrz-nas-tugji-pari-ne-sakame-svoite-si-gi-barame-protest-na-oshtetenite-shtedachi-od-eurostandard-banka-video/#respond Fri, 13 Nov 2020 16:58:20 +0000 https://kurir.mk/?p=429203

Здружението на штедачи оштетени во Еуростандард банка денес излегоа на протест пред македонското Собрание. „Туѓи пари не сакаме, своите си ги бараме“ - порачаа тие. Во нивно име се обрати Дејан Николовски, член на иницијативниот одбор на здружението на оштетени штедачи. -Сите овие луѓе овде, во време на пандемија, кога секој гледа да се изолира најмногу што може, ние имаме мака и мораме да се собираме за да дадеме до знаење на јавноста за криминалот што е направен врз нас. Нашето барање е да бидеме обесштетени, истакна тој. Целиот негов говор и видео од протестите можете да погледнете во продолжение: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kriminal-e-napraven-vrz-nas-tugji-pari-ne-sakame-svoite-si-gi-barame-protest-na-oshtetenite-shtedachi-od-eurostandard-banka-video/feed/ 0
Оштетените штедачи: Дали извлекувањето на парите од Еуростандард Банка е награда за Ангеловска за влез во бордот на МТ? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/oshtetenite-shtedachi-dali-izvlekuvanjeto-na-parite-od-eurostandard-banka-e-nagrada-za-angelovska-za-vlez-vo-bordot-na-mt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/oshtetenite-shtedachi-dali-izvlekuvanjeto-na-parite-od-eurostandard-banka-e-nagrada-za-angelovska-za-vlez-vo-bordot-na-mt/#respond Wed, 04 Nov 2020 08:33:18 +0000 https://kurir.mk/?p=424662

Оние депоненти во Еуростандард Банка што добиле инсајдерска информација за намерата на Народна Банка да прогласи стечај во Еуростандард Банка, меѓу кои е и претходната министерка за финансии Нина Ангеловска како функционер на високо одговорна позиција во државата, ги извлекле своите пари пред затворањето на шалтерите на банката, велат од Иницијативниот одбор на Здружението на оштетени штедачи на ЕСБ. Од Здружението бараат Антикорупциска комисија го испита случајот со Ангеловска и ја утврди нејзината професионална и морална одговорност. -Како член на Комитетот за финансиска стабилност таа знаела дека банката ќе се затвори и ги подигнала своите депозити од банката непосредно пред нејзиното затворање. На тој начин таа имала предност и била во повластена позиција да ги извади своите депозити од банката пред другите депоненти кои ги загубија своите пари. Вакви и слични случаи во други земји каде владеат правото и правдата имаат многу повисока одговорност споредено со нашата земја во којашто, по се изгледа, ваков настан кога висок партиски службеник и владин функционер, министер за финансии, го прави тоа се третира како сосема нормална појава. Дали оваа постапка на Нина Ангеловска како висок партиски службеник со проблематичен професионален и морален кредибилитет е награда од власта за сега предложеното место во одборот на директори на Македонски телеком? Освен што не е реагирано со време за спречување на криминалот во Еуростандард Банка од страна на Народната Банка, дополнителна тежина, гнев и горчина кај оштетените депоненти се и дузината јавни изјави за стабилноста на банкарскиот систем и сигурноста на депозитите на граѓаните и фирмите давани од страна на оваа високо поставена државна институција која го контролира и регулира банкарскиот систем, а посебно интервјуто на гувернерката Анита Ангеловска Бежоска дадено во мај оваа година, на коешто таа изјавува: „Билансите на банките се навистина здрави, се здраво јадро во моментов во нашата економија и нетреба да постои никаква грижа кај граѓаните за нивните депозити“. Каков заклучок носи оваа нејзина изјава како прв човек на Народната Банка, институцијата која гарантира за безбедноста и сигурноста на нашите депозити?, прашуваат оштетените штедачи. Тие посочуваат дека депонентите во банката, физички и правни лица, останаа во неверување дека се измамени, излажани и доведени во заблуда од ваквите изјави на Народната Банка на чело со гувернерката дека банкарскиот систем е стабилен и дека депозитите во банките се сигурни. -Зошто вакви лажни изјави давани свесно непосредно пред пропаѓањето на Еуростандард Банка? Дали е тоа одговорно однесување на една високо поставена државна институција и првиот човек во неа во една демократска и правна држава за каква што тврдиме дека сме? Гувернерката Анита Ангеловска Бежоска ќе мора да одговори на овие и на други прашања пред оштетените граѓани и фирми депоненти на Еуростандард Банка а истовремено и пред целата македонска јавност за време на јавната надзорна расправа во Собранието која се очекува да се одржи наредната недела. Одговорност мора да има и парите да ни се вратат, се наведува во соопштението на оштетените штедачи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/oshtetenite-shtedachi-dali-izvlekuvanjeto-na-parite-od-eurostandard-banka-e-nagrada-za-angelovska-za-vlez-vo-bordot-na-mt/feed/ 0
Оштетените штедачи на Еуростандард банка со иницијатива до Уставниот суд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/oshtetenite-shtedachi-na-eurostandard-banka-so-inicijativa-do-ustavniot-sud/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/oshtetenite-shtedachi-na-eurostandard-banka-so-inicijativa-do-ustavniot-sud/#respond Tue, 03 Nov 2020 09:16:40 +0000 https://kurir.mk/?p=424153

Здружението на оштетените штедачи од „Еуростандард банка“ до Уставниот суд поднеле иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста на членот 163 став 3 од Законот за банки со кој се дава предност за целосна наплата од стечајна маса на Фондот за осигурување на депозити. Со овој член од Законот за банки, како што појаснуваат, се прави нееднаквост и дискриминација на доверителите во стечајна постапка на банка, бидејќи врз основа на оваа одредба се фаворизира побарувањето на Фондот за осигурување на депозити наспроти сите други доверители. – На овој начин, во исклучителна подредена позиција се доведуваат граѓаните – физички лица кои имаат депозити над износот на осигурување во Фондот (30.000 евра) и особено правните лица – депоненти за кои не постои никакво осигурување и обештетување при настанување на стечај на банка, се вели во денешното соопштение од здружението. Од Уставниот суд бараат да изрече привремена мерка со која би се сопреле од извршување сите подзаконски акти или дејствија што се превземени врз основа на овој член од Законот за банки до конечната одлука на Уставниот суд. Потсетуваат дека не отстапуваат и од нивното барање за целосно обештетување на нивните депозити преку носење на закон, уредба на Влада или некој друг правен механизам.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/oshtetenite-shtedachi-na-eurostandard-banka-so-inicijativa-do-ustavniot-sud/feed/ 0