штедење струја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Oct 2022 19:54:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png штедење струја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Албанската влада го презентира планот на мерки за заштеда на струја, по 22 часот се гасат уличните светилки https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-vlada-go-prezentira-planot-na-merki-za-zashteda-na-struja-po-22-chasot-se-gasat-ulichnite-svetilki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-vlada-go-prezentira-planot-na-merki-za-zashteda-na-struja-po-22-chasot-se-gasat-ulichnite-svetilki/#respond Thu, 20 Oct 2022 19:54:14 +0000 https://kurir.mk/?p=748653

Албанската влада доцна попладнево до Парламентот го достави планот – мерки за заштеда на електрична енергија. Со документот предвидено е по 22 часот да се гасне осветлувањето на секој главен и спореден меѓуградски пат, како и надворешното осветлување на јавните и културните објекти, споменици, плоштади и фонтани. Паралелно со ова, инвертерите во државните институции треба да бидат на температура пониска од 27 степени во текот на летото, додека во текот на зимата не треба да биде повисока од 21 степен за да се намали потрошувачката на електрична енергија. Исто така, документот ги обврзува буџетските корисници да ја намалат потрошувачката на електрична енергија за 15 отсто, во однос на соодветниот месец од претходната година, во спротивно ќе бидат казнети.
За ова ќе биде назначен енергетски администратор во секоја институција и доколку не се постигне целта во рок од два месеца ќе биде казнет со 50.000 лека (410 евра). Овој нормативен акт ќе биде во сила се додека трае периодот на вонредната состојба во снабдувањето со електрична енергија и не се применува за установи кои даваат здравствени услуги, училишта, градинки, полициски станици и установи за извршување на кривични решенија. Институција задолжена за спроведување на овој нормативен акт е Министерството за инфраструктура и енергетика, додека со одлука на Управниот одбор на Електродистрибуција е формирана посебната работна група.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskata-vlada-go-prezentira-planot-na-merki-za-zashteda-na-struja-po-22-chasot-se-gasat-ulichnite-svetilki/feed/ 0
Државните институции во септември заштедиле вкупно 20 отсто струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/drzavnite-institucii-vo-septemvri-zashtedile-vkupno-20-otsto-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/drzavnite-institucii-vo-septemvri-zashtedile-vkupno-20-otsto-struja/#respond Wed, 19 Oct 2022 10:35:09 +0000 https://kurir.mk/?p=747610

Владата, судовите, Собранието, претседателот на државата, ЕСМ и МЕПСО во септември годинава вкупно заштедиле 20 отсто струја во однос на истиот месец лани. Според анализата што денеска ја презентира министерот за економија Крешник Бектеши, доколку се земат предвид податоците од потрошувачката само на административните згради на министерствата, претседателот на државата, Собранието, Владата, АД ЕСМ и АД МЕПСО заштедата на струја изнесува 25 отсто. Притоа, шест субјекти имаат намалена потрошувачка на енергија во септември, но немаат остварено заштеди од 15 отсто согласно задолженијата, додека останатите субјекти имаат остварено заштеди од 15 -73 отсто, повеќето од 25 до 35 проценти. Единствено, како што рече Бектеши, административната зграда на Министерството за локална самоуправа има зголемена потрошувачка на енергија за 81 процент, а најголема заштеда е направена во административната зграда на АД ЕСМ од 75 отсто. Заштедата на струја кај претпријатијата во државна сопственост изнесува осум отсто, а опфатени се вкупно 17 државни компании. Општините, пак, кои имаа препорака за заштеда на електрична енергија вкупно за 29 отсто ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во септември, споредено со истиот месец претходната година. -Согласно податоците, заштедата на електрична енергија во зградата на Владата е 25 отсто, кај МВР 21 отсто, кај Министерството за култура 40 отсто, Министерството за образование 35 отсто, Министерството за политички систем 22 отсто, Министерството за транспорт и врски 30 отсто, Министерството за труд и социјална политика 36 проценти, Министерство за финансии 32 отсто, а Министерство за економија 30 проценти, рече Бектеши.
Како што истакна Бектеши, најмала заштеда е направена во административната зграда на Министерството за здравство од два отсто, по што следуваат Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана со по осум проценти заштеда. Според анализата, Собранието заштедило 29 отсто од потрошувачката на електрична енергија, додека кај Кабинетот на претседателот заштедата е 17 проценти. -Овие податоци покажуваат дека доколку сме сите рационални и не трошиме непотребно електрична енергија, може да се направат големи заштеди. Доколку сите дадеме максимален придонес за намалување на потрошувачката на струја во државата, секој со свој личен влог може да помогне полесно и со најмали можни последици да се справиме со оваа енергетска криза, рече Бектеши. Тој апелира дека состојбата во енергетскиот сектор, не само во Северна Македонија, туку и во цела Европа, не е шега и секој степен помалку, како што нагласи, е заштеда од околу пет отсто на енергенсите. -Грејната сезона почна и треба сите ние во наредниот период малку да се фокусираме на штедење и на начините како да го направиме тоа. Една мала промена на секојдневните навики може да направи голема разлика, порача Бектеши. Анализата исто така покажува дека вкупно 111 институции немаат потпишано договор за снабдување со електрична енергија и се снабдуваат на краен снабдувач со многу повисока цена односно цената на HUPX + 20 отсто. Најголем број субјекти кои се снабдувани од снабдувачот во краен случај се основните и средните училишта, по што следат министерствата и здравствените установи. Министерството за економија до Владата достави сет препораки и задолженија за намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија за безбедна зима. Овие мерки почнаа да се применуваат од 1 септември и сите органи на државната управа, државни институции и јавни претпријатија беа задолжени да остварат заштеди во потрошувачката на електрична енергија за 15 отсто на месечно ниво, почнувајќи од 1 септември 2022 заклучно со 31 март 2023 година, споредено со истиот месец од претходната календарска година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/drzavnite-institucii-vo-septemvri-zashtedile-vkupno-20-otsto-struja/feed/ 0
Бектеши се сретна со г.г. Стефан: Поддршка од верските заедници за да се поттикнат граѓаните да штедат струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-se-sretna-so-g-g-stefan-poddrshka-od-verskite-zaednici-za-da-se-pottiknat-gragjanite-da-shtedat-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-se-sretna-so-g-g-stefan-poddrshka-od-verskite-zaednici-za-da-se-pottiknat-gragjanite-da-shtedat-struja/#respond Wed, 28 Sep 2022 15:47:16 +0000 https://kurir.mk/?p=738623

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оставри средба со поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан. На средбата се разговараше за енергетската криза која што ја зафати, не само Македонија, туку и цела Европа, како и за мерките кои ги превзема Владата со цел полесно справување. Министерот Бектеши го информираше поглаварот на МПЦ за мерките и препораките на Владата за штедење на електрична енергија за институциите, домаќинствата и за бизнисот. „Ситуацијата со енергетската криза со која се соочуваме е сериозна и апелираме до сите граѓани да придонесат секој на свој начин полесно да го пребродиме периодот кој што следи. За нас е важна поддршката од верските заедници во државата се со цел да се подигне свеста кај граѓаните во овој тежок период што следува сите заеднички да заштедиме електрична енергија со тоа да и помогнеме на државата. Доколку има недостаток на електрична енергија ќе треба да се купи од надвор по многу повисока цена, а тоа повторно ќе биде на трошок на сите граѓани“, кажа министерот Бектеши. Архиепископот Стефан, пак, изјави дека „Црквата и досега силно апелира до своите верници да покажат грижа за општото добро во овие трудни времиња, а на наредната седница на Светиот архиерејски синод, која ќе се одржи следната седмица, се очекува да се состави и официјално, јавно соопштение во кое сите свештени лице ќе бидат повикани на локално ниво, во своите парохии, да им укажуваат на верните чеда на МПЦ за насушноста од штедење, зашто само така ќе си помогнеме и себеси, но и на нашата држава во целост“. Двајцата се согласија дека е важно во овој период сите рационално да трошат електрична енергија и упатија порака порака дека во оваа криза сите треба да бидеме свесни и да штедиме. „Да не се троши струја непотребно, да го разбереме времето во кое живееме затоа што никој не може да ни помогне во кризни времиња ако ние самите не си помагаме“, заклучиле тие.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-se-sretna-so-g-g-stefan-poddrshka-od-verskite-zaednici-za-da-se-pottiknat-gragjanite-da-shtedat-struja/feed/ 0