штедење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 14 Sep 2023 13:20:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png штедење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поради овие навики никогаш немате пари! Изгледаат безопасни, но ве оставаат без скршен денар https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poradi-ovie-naviki-nikogash-nemate-pari-izgledaat-bezopasni-no-ve-ostavaat-bez-skrshen-denar/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poradi-ovie-naviki-nikogash-nemate-pari-izgledaat-bezopasni-no-ve-ostavaat-bez-skrshen-denar/#respond Thu, 14 Sep 2023 13:20:02 +0000 https://kurir.mk/?p=878077

Ако на крајот од месецот се прашувате каде ви отишле сите пари, крајно време е да го преиспитате вашето трошење. Направете дневник во кој ќе ги бележите вашите дневни трошоци, дури и ако се работи само за едно пакетче мастики. Исто така, осигурете се дека немате некоја од следниве 6 навики. Купувате импулсивно Многу луѓе кои сакаат да купуваат online многу често импулсивно купуваат работи за кои подоцна ќе сфатат дека им се потполно непотребни. Освен тоа, оваа навика е погубна за вашиот паричник. Еден од начините да го спречите ова е да ги деинсталирате сите апликации за онлајн купување од вашиот телефон. Возите, наместо да пешачите Наместо да одите со автомобил или со јавен превоз до најкратките дестинации, подобро испешачете. Губите многу пари, дури и ако се работи за карта од 50 денари. Ставете си ги тие пари во касичка и правете го тоа недела дена и видете колку сте заштедиле само затоа што сте престанале да бидете мрзеливи. Не го планирате купувањето намирници Немојте да одите во продавница секој ден. Одете во големи маркети, каде што можете да купите големи количини на намирници по акциски цени. Испланираното пазарување ќе ви заштеди значителна сума на пари. Јадете надвор Убаво е еднаш или два пати месечно да излезете надвор на вечера, но јадењето цело време надвор или нарачувањето на храна секој ден не е ништо друго туку губење пари и уништување на здравјето. Ако сакате да јадете нешто фино, згответе си дома некој убав рецепт. На тој начин ќе заштедите доста пари, бидејќи јадењето надвор е сè само не ефтино. Не купувате на попусти Ако импулсивно купувате работи и не гледате дали се намалени или не, ги губите вашите тешко заработени пари. Наместо тоа, направете листа на се што сакате да купите и купете го тоа кога ќе биде на попуст. Пушите Освен што предизвикува рак, пушењето полека, но сигурно ви го празни паричникот. Цигарите не се ефтини, а една кутија кошта 100-150 денари. Помножете го тоа со бројот колку пати неделно купувате цигари и ќе видите колкава количина на пари трошите неделно на пушење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poradi-ovie-naviki-nikogash-nemate-pari-izgledaat-bezopasni-no-ve-ostavaat-bez-skrshen-denar/feed/ 0
Како да заштедите и секогаш да имате „некој денар на страна“: 10 совети кои ќе ви помогнат да заштедите до крајот на годината https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-da-zashtedite-i-sekogash-da-imate-nekoj-denar-na-strana-10-soveti-koi-ke-vi-pomognat-da-zashtedite-do-krajot-na-godinata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-da-zashtedite-i-sekogash-da-imate-nekoj-denar-na-strana-10-soveti-koi-ke-vi-pomognat-da-zashtedite-do-krajot-na-godinata/#respond Sun, 30 Jul 2023 17:50:37 +0000 https://kurir.mk/?p=861782

Иако е многу попримамливо целата плата да ја потрошите на работите што ги сакате, препорачливо е да одвоите малку пари за итни случаи или за нешто поскапо како парче мебел, електронски уреди или одмор. Живеењето од плата до плата не е многу пријатно, особено кога сте пред купување на нешто големо. Постојат толку многу причини да заштедите за иднината. Иднината не мора да биде само пензија – иднината е утре. Штедењето значи да си дозволите одмор од бесконечната трка од плата до плата или едноставно да си дозволите себеси нешто повеќе. Откако ќе ја разберете важноста на штедењето и улогата која ја игра во вашиот живот, следниот чекор што ќе ве одржува на вистинскиот пат е создавањето цели. Дел од поставување на финансиски цели е да бидете сигурни дека можете да ги исполните. Стратегијата на вашиот сегашен приход за планирање е една од најдобрите работи што можете да ги направите со вашите тешко заработени пари. Како да заштедите – 10 трикови кои ви помагаат: Организирајте го буџетот Бидете реални за вашата финансиска состојба и проценете ги остварливите бројки кои одговараат на вашите месечни трошоци. Откако ќе ја одредите вашата намера, полесно е да се организирате. Одвојте процент за заштеда, а тоа значи дека треба да жртвувате нешто. Направете промени каде што е можно Откако ќе поставите буџет, ќе видите и кои трошоци можете да ги намалите. Можеби плаќате претплата што не сте ја користеле долго време или можеби ќе најдете поевтини опции за некои трошоци. Каде што е можно, заштедете ги и парите кои сте ги заработиле на овој начин. Работете со вашиот партнер Како и во другите ситуации во вашата врска, комуникацијата е клучна, вклучително и кога станува збор за заштеда на пари. За да заштедите, и двајцата треба да се сложите за вашите желби, планови и средства. Направете план и погрижете се и двајцата да се придржувате до него. Правете разлика помеѓу „сакам“ и „треба“ Разберете ги разликите помеѓу потребите и желбите и идентификувајте ги вашите. Важно е да знаете како да кажете „не“ кога некои трошоци не се во согласност со вашите идни планови. Првиот чекор веднаш по добивањето плата е штедењето Можете да поставите автоматска уплата, така што однапред поставен износ ќе се депонира на вашата штедна сметка веднаш по платата. Неопходно е да ги оставите парите на страна, пред да се појават многу искушенија. Направете анализа на крајот од месецот Дури и ако сте го утврдиле вашиот првичен буџет, следете каде ви одат парите секој месец. Понекогаш не сме ни свесни што трошиме секој месец додека не истражиме. Анализирајте сè за што плаќате. Какви купувања правите, а можеби не ви се потребни? Ако ви затреба, има ли начин да го добиете тоа нешто по пониска цена? Учете од луѓето околу вас Можеби во кругот на пријатели имате личност која е постручна и заинтересирана за финансискиот сектор. Поставувајте прашања и побарајте совет за да најдете решенија за штедење на кои не би ни помислиле. Можете дури и да повикате финансиски консултант, кој ќе креира персонализирани планови за бас. Исто така, на Интернет можете да најдете многу информации кои би можеле да ве инспирираат. Користете купони или кодови за попуст Дури и ако попустот од 5% не изгледа многу, ако ги искористите попустите во своја корист, понекогаш еден по еден тие можат значајно да влијаат на вашата штедевина. Започнете сега Не одложувајте додека не ви се зголеми платата или немате повеќе рати за плаќање. Заштеда може да се направи и со мали износи, важно е да се делува. Вашиот ум секогаш ќе наоѓа изговори да не направи нешто што ќе го извади од неговата комфорна зона, но за да научите како да штедите, морате да учите, да се развивате и да работите напорно. Уживајте во животот Да, разговаравме за тоа како треба да се заштедат парите, но тоа не значи дека треба да се откажете од сè. Важно е малку да се почестите. Живејте во сегашниот момент, но не заборавајте да гледате во иднината и да одржувате баланс помеѓу двете.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-da-zashtedite-i-sekogash-da-imate-nekoj-denar-na-strana-10-soveti-koi-ke-vi-pomognat-da-zashtedite-do-krajot-na-godinata/feed/ 0
Поради оваа грешка сметките ви се астрономски: Еве како да штедете ако се греете на струја https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poradi-ovaa-greshka-smetkite-vi-se-astronomski-eve-kako-da-shtedete-ako-se-greete-na-struja/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poradi-ovaa-greshka-smetkite-vi-se-astronomski-eve-kako-da-shtedete-ako-se-greete-na-struja/#respond Thu, 17 Nov 2022 21:27:51 +0000 https://kurir.mk/?p=762492

Доколку не сте размислувале за греење и како ќе ги регулирате високите сметки за струја, ви даваме неколку предлози доколку во вашиот стан - куќа ја имате популарната ТА печка, а во тој случај да го загреете просторот за живеење, за да ви биде удобно во студените денови. Првото нешто што треба да знаете е дека ТА печка треба да биде под прозорецот или до најстудениот ѕид и оддалечен 20 cm од нив. Друго важно правило е да не се блокира изворот на топлина, што значи дека просторот пред печката не смее да биде затворен. И никогаш не чувајте чинии или други незапаливи предмети на печката, го намалувате ширењето на топлина и затоа ќе мора да работи подолго за да ги загрее просториите. За ТА печката да биде навистина економична, потребно е да се полни со топлинска енергија, односно греалките да работат само кога има евтина струја. Доколку сакате да го искористите целиот нејзин потенцијал и да не ја надминете потрошувачката, важно е таа да не е премал за просторијата што ја загрева. Во спротивно, за да ја достигнете саканата температура, ќе мора често да го вклучувате ослободувањето на топол воздух и на тој начин акумулираната топлинска енергија брзо ќе се троши, па ќе треба да се дополни во време кога струјата е прилично скапа. И тоа е една од најчестите грешки што ги прават повеќето луѓе. Друга грешка што ја прават е тоа што не користат тајмер. За да може ТА пеката секогаш да работи кога има евтина струја, најдобро е да набавите специјални тајмери ​​кои можат автоматски да се вклучат, за да не чекате полноќ или ако сте нетрпеливи, да ја вклучите печката порано. а со тоа се троши скапа струја. Друга голема грешка е исклучувањето на печката кога не сте дома. Ќе потроши многу повеќе за да се подгрее отколку да одржува млака температура цело време. Затоа поставете го термостатот на 15-16 степени кога не сте дома. Истото важи и за бојлерот, ако го исклучите, знајте дека правите огромна грешка, затоа што ќе троши многу повеќе струја за да се загрее водата што може да се вклопи во него по волумен, наместо само да се подгрее искористената вода. Оваа кутија за мерење температура не ја поставувајте на надворешни ѕидови, а најдобро е тие да се на висина од 1,5 m. А кога сте дома, оптимално е да ја одржувате температурата на 22 степени. Ако се зголеми за само еден степен, ќе ја зголемите и потрошувачката на струја за цели 6 проценти, а тоа многумина не го знаат! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poradi-ovaa-greshka-smetkite-vi-se-astronomski-eve-kako-da-shtedete-ako-se-greete-na-struja/feed/ 0
Светски ден на штедењето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-na-shtedenjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-na-shtedenjeto/#respond Mon, 31 Oct 2022 06:28:14 +0000 https://kurir.mk/?p=752894

Денеска се одбележува Светскиот ден на штедењето кога се потсетуваме колку е важно да се има заштеда и долгорочно да се штеди за остварување на поставените цели. Светскиот ден на штедењето е воведен во 1924 година на Првиот меѓународен конгрес на штедилниците во Милано, Италија. Италијанскиот професор Филипо Равица на последниот ден од конгресот го прогласил овој ден за „Меѓународен ден на штедењето“, а идејата била прифатена од 29 земји кои сакале да ја потсетат јавноста за важноста на штедењето за економијата и за поединецот. На овој ден во нашата земја традиционално се избираат најдобрите банкарски работници во изминатата година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-na-shtedenjeto/feed/ 0
Експертите со одговор: Дали е поефтино да се остави парното вклучено цел ден или да се исклучува и вклучува? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ekspertite-so-odgovor-dali-e-poeftino-da-se-ostavi-parnoto-vklucheno-cel-den-ili-da-se-iskluchuva-i-vkluchuva/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ekspertite-so-odgovor-dali-e-poeftino-da-se-ostavi-parnoto-vklucheno-cel-den-ili-da-se-iskluchuva-i-vkluchuva/#respond Mon, 17 Oct 2022 07:04:58 +0000 https://kurir.mk/?p=746224

Официјално дојде есента, температурите благо опаѓаат, а лисјата ја менуваат бојата. Како што се навикнуваме на пониски температури, луѓето почнуваат да си го поставуваат истото прашање: „Дали веќе сте го вклучиле парното?“ Некои домаќинства издржуваат колку што можат, додека други го вклучуваат со првите ниски температури. Меѓутоа, што се однесува до користењето на парното греење, дали е вистина дека ако работи бавно цел ден, заштедува пари? Како и кај повеќето работи, одговорот не е едноставен, како што пишува LADBible. Експертите сугерираат дека оставањето на парното на тивко во текот на денот за да заштедите пари е само мит. Од една страна, со тоа што ќе го оставите парното вклучено цел ден, котелот ќе мора да работи за да ја одржува температурата на поставеното ниво, а вие ќе трошите енергија цел ден во споредба со поставувањето на греењето да започне во избраното време. Меѓутоа, ако домот е поладен, ќе ви треба повеќе енергија за да го загреете кога ќе пристигнете и ќе ја вклучите топлината. Затоа, тие советуваат да користите тајмер. Ова овозможува греењето да се вклучува и исклучува кога најмногу сакате и не мора да се грижите дали ќе заборавите да го исклучите. Многу експерти се согласуваат дека најважното нешто што треба да се земе предвид кога станува збор за ефикасно затоплување на домот е да откриете каде бега топлината од него. Ако домот е добро изолиран, ќе трошите помалку енергија без разлика дали ќе го оставите парното вклучено цел ден или ќе користите тајмер. Колку се помали загубите на топлина, толку помалку енергија ќе потрошите за да постигнете удобна температура во домот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ekspertite-so-odgovor-dali-e-poeftino-da-se-ostavi-parnoto-vklucheno-cel-den-ili-da-se-iskluchuva-i-vkluchuva/feed/ 0
Ова се неколку начини како да заштедите струја https://arhiva.kurir.mk/magazin/ova-se-nekolku-nachini-kako-da-zashtedite-struja-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ova-se-nekolku-nachini-kako-da-zashtedite-struja-2/#respond Thu, 13 Oct 2022 13:09:11 +0000 https://kurir.mk/?p=744831

Веруваме дека знаете, но сепак добро е во ова време да си повториме како може да се заштеди струја. 1. Не мора да ви биде вклучено осветлувањето во сите соби, односно вклучете само каде има потреба. Ако ги замените светилките за штедливи ќе трошите помалку енергија. 2. Рационално да се користи машината за перење. Возможно е со помош некои детергенти да се пере и на пониски температури. 3. Машината за перење на садови треба да се пушта во употреба само кога е целосно наполнета. 4. Системот за греење треба да биде поставен на околу 20 степени. Навечер доволно е да биде на околу 15 до 17 целзиусови степени. 5. Не го оставајте мониторот или компјутерот на “stand by” кога не се во употреба. 6. Електричните апарати трошат струја и кога се „угаснати“ ако не се исклучени од струја. Трошат дури и продолжените кабли. 7. Фрижидерот ефикасно работи и ако температурата е подесена помеѓу 3–от и 5–от степен, а замрзнувачот малку под нулата. 8. Користете ја топлата вода од бојлерот рационално. Пожелно е кога еднаш се загрее бојлерот, што повеќе луѓе да ја искористат водата во побрз временски период. 9. При готвење исклучете ја рерната или ринглата 5 минути порано. Скоро секогаш тие се доволно загреани и имаат акумулирано доволна топлина за да се доврши јадењето….]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ova-se-nekolku-nachini-kako-da-zashtedite-struja-2/feed/ 0
Ковачевски: ЈП, институциите и општините да преземат мерки за штедење струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-jp-instituciite-i-opshtinite-da-prezemat-merki-za-shtedenje-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-jp-instituciite-i-opshtinite-da-prezemat-merki-za-shtedenje-struja/#respond Mon, 10 Oct 2022 20:17:44 +0000 https://kurir.mk/?p=743721

Треба да се направи анализа дали јавни претпријатија имаат потреба од сите вработени во моментов или дел од нив би можеле да бидат пратени на одмор со цел да се заштеди енергија, најави вечерва премиерот Димитар Ковачевски. – Има јавни претпријатија во која има голем број на вработени. Тие треба да направат анализа дали имаат потреба од сите луѓе во секое време или дел од нив може да одат на одмор, со цел да се заштеди енергија, изјави премиерот Ковачевски во интервју за ТВ 24. Тој потсети дека Владата донесе одлука и им наложи на јавните претпријатија и државните институции и агенции да ги намалат трошоците. – Ќе се прави и ревизија на менаџерските договори на јавните претпријатија, бидејќи забележавме многу големи суми, особено кај претпријатија кои прават загуби, рече Ковачевски. Премиерот додаде дека покрај јавните претпријатија и општините ќе мора да го прилагодат начинот на работа и да ги намалат трошоците заради справување со последиците од кризата. – Ние бевме сведоци дека локална власта во Скопје меѓу себе се обвинуваше дека непотребно вработиле 100 луѓе на договор за дело. Сто луѓе, по трошок од 1.000 евра значи нето плата, плус придонеси, плус книговодствени услуги, одржување електрична енергија која што ја користат и други трошоци кои што ги прават, значи тоа се 1000 евра на пример земено во просек, по 100 луѓе се 100 илјади евра. А 100 илјади евра не е висината на сметката за електрична енергија. Така што ќе мора и локалните јавни претпријатија и локални самоуправи да функционираат на начин кој што е согласен со најдобрите менаџмент пракси во услови на криза. Меѓутоа и да не е криза треба така да се однесуваме, рече Ковачевски. Премиерот порача дека како дел од последниот пакет мерки на регулираниот пазар на електрична енергија ќе се префрлат и објектите на сите основни и средни училишта, но и дел од јавните претпријатија за водоснабдување, со цел нивната работа да не биде доведена во прашање во претстојните месеци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-jp-instituciite-i-opshtinite-da-prezemat-merki-za-shtedenje-struja/feed/ 0
Како сметката да биде помала доколку сте на централно греење? Експерт ја открива тајната – поради оваа грешка радијаторите „влечат“ како луди! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-smetkata-da-bide-pomala-dokolku-ste-na-centralno-greenje-ekspert-ja-otkriva-tajnata-poradi-ovaa-greshka-radijatorite-vlechat-kako-ludi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-smetkata-da-bide-pomala-dokolku-ste-na-centralno-greenje-ekspert-ja-otkriva-tajnata-poradi-ovaa-greshka-radijatorite-vlechat-kako-ludi/#respond Fri, 30 Sep 2022 13:11:24 +0000 https://kurir.mk/?p=739597

На многумина од нас не им се допаѓа овој преоден рок бидејќи создава голема дилема - дали да се вклучи парното или да се штеди и да се биде трпелив уште малку. Додека некои се потпираат на потопла облека, други се прашуваат како да останат топли без да потрошат многу пари. Британскиот водоинсталатер Џон Лавлес, кој е специјализиран за централно греење, откри трик кој никој не би го помислил! Тој објасни дека прашината помеѓу перките на радијаторот може да ја спречи топлината, а тоа автоматски ќе ве поттикне да ја зголемите. На овој начин трошите повеќе, бидејќи упорно се трудите да ги загреете просториите. Оние кои редовно чистат радијатори, најчесто грешат затоа што земаат крпи. Ова не се препорачува, бидејќи тие шират само честички прашина. Експертите препорачуваат да го направите тоа со правосмукалка и посебен додаток. Ако немате, обидете се да импровизирате: можете да закачите картон на горниот дел од правосмукалката и на тој начин да дозволите поминување низ тесните делови. Лавлес советува пред да започнете со вакуумирање, ставете влажна крпа под радијаторот за да собере прашина. Ако радијаторите се премногу тесни, така што ни доградбата не може да помогне, тогаш користете фен, но со ладен воздух. Надворешноста на радијаторот треба да се исчисти со влажна, а потоа сува крпа. - Топлината понекогаш може да предизвика нечистотија и прашина да се залепат на ѕидот над радијаторот. Затоа е важно да се исчисти и ѕидот зад радијаторот, вели Лавлес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-smetkata-da-bide-pomala-dokolku-ste-na-centralno-greenje-ekspert-ja-otkriva-tajnata-poradi-ovaa-greshka-radijatorite-vlechat-kako-ludi/feed/ 0
10 совети како да штедиш електрична енергија во домаќинството https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/10-soveti-kako-da-shtedish-elektrichna-energija-vo-domakjinstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/10-soveti-kako-da-shtedish-elektrichna-energija-vo-domakjinstvoto/#respond Wed, 28 Sep 2022 08:36:50 +0000 https://kurir.mk/?p=738373

Почетокот на есенската сезона е период во кој најчесто сме изложени на поголеми финансиски издатоци во семејството и домаќинството. Децата и младите се враќаат во училиште или на факултет, потребна е нова топла облека за студените денови кои доаѓаат, а со стартот на грејната сезона се зголемуваат и месечните сметки за струја. Кога станува збор за потрошувачката на струја во домот постојат мали и едноставни начини со кои можеме истата да ја намалиме и со тоа да ги намалиме и трошоците. Ти претставуваме 10 совети за заштеда на електрична енергија дома:
  1. Загревај ги само просториите во кои престојуваш ти и останатите членови на семејството. Затворете ги вентилите на радијаторите во собите што не се користат.
  2. Загревањето на вода во домот е втор по големина потрошувач на електрична енергија. Затоа не го оставај бојлерот постојано вклучен, а водата загревај ја непосредно пред користење или преку ноќ, кога струјата е евтина. Дополнително можеш и да го намалиш притисокот на топлата вода во тушот или чешмата, или пак да ја намалиш температурата на загревање.
  3. Користи светилки со економична потрошувачка кои трошат 3 до 4 пати помалку, а траат 15 пати подолго. Кај дел од светилките можеш да поставиш и сензори за светло со кои истите ќе се палат при движење.
  4. Доколку отсуствуваш од дома повеќе од еден ден најдобро е да ги исклучиш од струја телевизорот и дигиталниот приемник бидејќи овие уреди трошат струја дури и кога се исклучени.
  5. Провери го термостатот на фрижидерот. Тој најефикасно работи кога температурата е поставена меѓу 3 и 5 степени, а замрзнувачот на 0 степени целзиусови.
  6. Не го поставувај фрижидерот во близина на извори на топлина. Во таквите случаи ќе му биде потребно многу повеќе време за да ја постигне потребната температура, а со тоа ќе потроши и повеќе електрична енергија.
  7. При готвење поклопувај ги садовите со капак. Така ќе ја задржиш топлината во садот при што храната побрзо ќе се зготви, а истовремено ќе биде и повкусна.
  8. Машините за перење алишта и садови користи ги само откако целосно ќе ги наполниш, и пуштај ги да работат во часовите/деновите кога струјата е евтина.
  9. Користи ги програмите за перење алишта со пониска температура. Најголемиот дел од алиштата може да се исперат и со ладна вода, а на овој начин ќе ги заштитиш и ткаенините.
Постави изолациски ленти на вратите и прозорците, а доколку си во можност вложи во целосната изолација на станбена единица. Кога станува збор за менаџирање на домашниот буџет и високите трошоци за електрична енергија во есенскиот/зимскиот период, сметките за струја можеш да ги плаќаш на рати со Diners Club на evnoline.mk, во ЕВН салоните и ЕВН киоск уредите. На овој начин можеш да си ги олесниш плаќањата во месеците кога сметките се повисоки и оптимално да го распределиш домашниот буџет според потребите. Дознај повеќе за сите предности и поволности кои ти ги нуди Diners Club и аплицирај на diners.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/10-soveti-kako-da-shtedish-elektrichna-energija-vo-domakjinstvoto/feed/ 0
Вака БОГАТИТЕ ЛУЃЕ штедат пари: Следете ги нивните СОВЕТИ и секогаш ќе имате ПАРИ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vaka-bogatite-lugje-shtedat-pari-sledete-gi-nivnite-soveti-i-sekogash-kje-imate-pari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vaka-bogatite-lugje-shtedat-pari-sledete-gi-nivnite-soveti-i-sekogash-kje-imate-pari/#respond Wed, 07 Sep 2022 13:18:53 +0000 https://kurir.mk/?p=729952

Богатите луѓе никогаш не трошат пари на глупави работи Според истражувањето на 1.200 инвеститори, објавено од „Millionaire Corner“, една третина од луѓето со нето вредност од повеќе од пет милиони долари во Америка купуваат во „Walmart“, додека останатите купуваат во слични продавници, а еве на што заштедуваат повеќето. Крема за лице Секако дека можете да потрошите еден тон пари на луксузна крема за лице, но зошто кога можете да добиете одличен производ за значително помалку? Пакувања за подароци Хартијата за виткање, ќесите за подароци и картичките може да чинат речиси исто колку и самиот подарок. Но, ако сакате да давате како богатите луѓе, можеби е време да се откажете од таквите опции. Богатите луѓе не сакаат да трошат многу на потрошна роба, а украсната хартија и ќесите дефинитивно спаѓаат во таа категорија. Можеби вашиот богат пријател ќе ви купи прекрасен подарок, но верувајте дека пакувањето е од продавница во која се е многу евтино. Домашни производи Може да биде примамливо да се трошат пари најскапата тоалетна хартија и фенси производите за чистење, но богатите луѓе не трошат на такви работи. Заштедете со купување на распродажба и на во големи количини (дури и на големо) бидејќи така купуваат богатите луѓе, а главната причина е тоа што се многу зафатени Патувања Иако богатите луѓе можат да си дозволат да патуваат каде сакаат, тоа не значи дека не бараат начини да заштедат пари. Тие ги користат истите онлајн алатки за да бараат сместување и летови исто како и сите други. Накит Дури и луѓето кои ги обожаваат Картие, Тифани и Ролекс најверојатно имаат евтини парчиња дома со кои ги комбинираат. – Јас сум личен купувач и стилист на познати личности веќе 19 години и многу клиенти купуваат евтин накит. Го комбинираат со своите скапи парчиња, а понекогаш изгледа подобро од вистинскиот накит – вели Лорен Ре Леви. Очила за сонце Само затоа што можат да си дозволат очила за сонце Шанел или Диор, не значи дека богатите ги носат само нив. Имено, очилата за сонце се една од работите кои најчесто се кршат и губат! Токму затоа е добра идеја колекцијата луксузни очила да ја надополните со убави, но и поевтини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vaka-bogatite-lugje-shtedat-pari-sledete-gi-nivnite-soveti-i-sekogash-kje-imate-pari/feed/ 0