штета – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Oct 2023 09:34:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png штета – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Словенија од ЕК бара 400 милиони евра за справување со штетите од поплавите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovenija-od-ek-bara-400-milioni-evra-za-spravuvane-so-shtetite-od-poplavite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovenija-od-ek-bara-400-milioni-evra-za-spravuvane-so-shtetite-od-poplavite/#respond Fri, 20 Oct 2023 09:34:20 +0000 https://kurir.mk/?p=891125

Словенечкото Министерство за кохезија и регионален развој денеска ќе испрати барање до Европска комисија за добивање на 400 милиони евра од Фондот за солидарност на Европска Унија за справување со штетите предизвикани од поплавите што зафатија две третини од земјата во август. Словенечкиот министер за кохезија и регионален развој Александар Јеусак вчера најави дека ЕК има шест недели да одлучи каква ќе биде нејзината улога во справувањето со штетите од поплавите во Словенија. Тој изрази надеж дека ЕК ќе донесе одлука за ова прашање што е можно поскоро и ќе ги испрати на Словенија средствата за обнова по природната катастрофа. Љубљана очекува околу 400 милиони евра од Фондот за солидарност, алатката на ЕУ за помош при природни катастрофи, а за годинава бара аванс од 100 милиони евра, а останатите средства очекува да ги добие следната година. Словенечката Влада пред неколку дена ја процени директната штета и мерките за санација на 9,99 милијарди евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/slovenija-od-ek-bara-400-milioni-evra-za-spravuvane-so-shtetite-od-poplavite/feed/ 0
Штетата од пожарите на Хаваите се проценува меѓу четири и шест милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtetata-od-pozharite-na-havaite-se-protsenuva-megu-chetiri-i-shest-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtetata-od-pozharite-na-havaite-se-protsenuva-megu-chetiri-i-shest-milijardi-dolari/#respond Wed, 23 Aug 2023 16:24:05 +0000 https://kurir.mk/?p=870154

Американската компанија Мудис, која се занимава со анализа на ризици од природни катастрофи, денеска објави дека проценетата финансиска штета од неодамнешните пожари на Хаваите е меѓу четири и шест милијарди долари. Одделот за управување со ризици на оваа компанија во својот извештај наведува дека се очекува најголем дел од штетата да биде покриена со осигурување, во опсег од околу 75 проценти или повеќе, пренесуваат британските медиуми. Американскиот претседател Џо Бајден вчера престојуваше на Хаваите со сопругата Џил и најави долгорочна реконструкција на островот Мауи, каде 114 лица загинаа во пожарот, а над илјада се водат за исчезнати. Бајден кажа дека ќе биде со луѓето од Мауи „колку што е потребно“ и додека не го обноват она што го уништи пожарот. Во пожарите што го зафатија градот Лахаина на 8 август, уништени се 2.200 домови и деловни објекти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtetata-od-pozharite-na-havaite-se-protsenuva-megu-chetiri-i-shest-milijardi-dolari/feed/ 0
Почна пријавувањето на штетите од невремето во Кочани https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-prijavuvaneto-na-shtetite-od-nevremeto-vo-kochani/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-prijavuvaneto-na-shtetite-od-nevremeto-vo-kochani/#respond Wed, 28 Jun 2023 12:25:49 +0000 https://kurir.mk/?p=850460

Општина Кочани упати повик до сопствениците на индивидуални станбени згради, на магацински простории и други објекти кои беа поплавени или претрпеа штети од невремето на 17 и 25 јуни, да поднесат пријава до Комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди. Образецот за пријавата граѓаните можат да го подигнат од едношалтерската канцеларија во зградата на Локалната самоуправа или да го преземат од официјалната општинска веб-страница. - Заедно со пријавата треба да се приложи копија од имотен лист или од договор за закуп, копии од лична карта и трансакциска сметка, како и фотографии од настанатата штета, доколку граѓаните ги имаат. Крајниот рок за поднесување на пријавите е до 12 јули. Потоа општинската комисија за проценка ќе ги евидентира добиените барања и ќе излезе на лице место за да направи увид и да изготви записник, истакна Зоран Христов, претседател на Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди. По евидентирњето на сите пријави ќе се изготви елаборат за состојбата што ќе биде доставен до владината Комисија за проценка и утврдување на висината на штета од елементарни непогоди, од каде треба да се определи на кој начин и за колку барања ќе се постапува за евентуално обештетување. Поројните врнежи и атмосферските електрични празнења во текот на изминатата и оваа недела предизвикаа поплавување на објекти во градот, а на повеќе места интервенираа екипи на Територијалната противпожарна единица и на Доброволното противпожарно друштво од Кочани. Најкритично беше на улиците „Роза Петрова“, „Бел камен“ и „1 Мај“ каде имаше поплавени гаражи, подруми на куќи и магацински простории. Од гром се запали и кровна конструкција на куќа на улицата „Гоце Делчев“, по што со брза интервенција на пожарникарите беше спречено проширување на огнот и поголема материјална штета.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-prijavuvaneto-na-shtetite-od-nevremeto-vo-kochani/feed/ 0
Новите руски удари нанесуваат „сериозна“ штета во централна Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novite-ruski-udari-nanesuvaat-seriozna-shteta-vo-centralna-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novite-ruski-udari-nanesuvaat-seriozna-shteta-vo-centralna-ukraina/#respond Tue, 11 Oct 2022 14:05:00 +0000 https://kurir.mk/?p=743911

Руските напади извршени денеска врз централната украинска област Дњепропетровск направија „сериозна“ штета врз енергетските капацитети, објави шефот на регионот, на вториот ден од интензивните ракетни напади низ Украина. „Русите истрелаа проектили врз енергетската инфраструктура во областите Павлоград и Камијан. Има сериозно уништување. Многу населени места се уште немаат струја“, објави регионалниот гувернер Валентин Резниченко на социјалните мрежи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novite-ruski-udari-nanesuvaat-seriozna-shteta-vo-centralna-ukraina/feed/ 0
ФОТО: Ураганот Иан предизвика историска штета на државата Флорида https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-uraganot-ian-predizvika-istoriska-shteta-na-drzavata-florida/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-uraganot-ian-predizvika-istoriska-shteta-na-drzavata-florida/#respond Thu, 29 Sep 2022 19:03:21 +0000 https://kurir.mk/?p=739223

Рон ДеСантис, гувернерот на Флорида, ја опиша како историска штетата која ураганот Иан ја предизвика во јужната американска држава. Тој рече дека ќе бидат потребни години за државата да се опорави од ураганот. Десантис на прес-конференција соопшти дека засега има сомнежи оти две лица станале жртви на стихијата. Тој рече дека ураганот го променил изгледот на голем дел од државата, а на некои места нивото на водата се зголемило за половина метар за неколку часа. – Никогаш не сме виделе вакви поплави, рече тој. Засега се уште е рано да се процени штетата, наведуваат американските медиуми. Ураганот вчера попладне по локално време ја погоди државата Флорида како бура од четврта категорија. Тој го погоди копното во југозападниот дел на државата пред да продолжи да напредува кон исток. Потоа ослабе до тропска бура. Утрово повеќе од 2,6 милиони домови и деловни објекти на Флорида се без струја од вкупно 11 милиони. Американскиот претседател Џо Бајден прогласи состојба на значајна природна катастрофа за државата, овозможувајќи да се деблокираат дополнителни федерални средства за погодените области. Форт Мајерс, Кејп Корал, Пунта Горда, островите во окрузите Ли, Шарлот и Колиер се тешко погодени. Во централно-источниот дел на државата поплавите, исто така беа катастрофални. Бурата сега се движи кон Јужна Каролина, а потоа се очекува да се врати над океанот до крајот на денот. Според метеоролозите, Иан може повторно да зајакне. На Куба, од каде ураганот помина пред да ја погоди Флорида предизвика прекин на електричната енергија во голем дел од земјата, пренесе ТАСС. Голем дел од главниот град Хавана остана без струја, а општинските работници продолжуваат да ги чистат улиците од паднатите дрвја. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-uraganot-ian-predizvika-istoriska-shteta-na-drzavata-florida/feed/ 0
Во Кочани се сумираат штетите од синоќешното невреме, градоначалникот Папазов ги повика граѓаните да пријават материјална штета https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-kochani-se-sumiraat-shtetite-od-sinokjeshnoto-nevreme-gradonachalnikot-papazov-gi-povika-gragjanite-da-prijavat-materijalna-shteta/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-kochani-se-sumiraat-shtetite-od-sinokjeshnoto-nevreme-gradonachalnikot-papazov-gi-povika-gragjanite-da-prijavat-materijalna-shteta/#respond Mon, 25 Jul 2022 13:39:36 +0000 https://kurir.mk/?p=709980

Локалната самоуправа на Кочани преку своите комунални редари ги сумира штетите од невремето што доцна синоќа ја зафати Општината и предизвика поплавување кај индивдидуални и стопански објекти во градот. На прес-конференција градоначалникот Љупчо Папазов оцени дека станува збор за природна стихија чии последици ќе се отстрануваат во текот на наредните денови, при што поддршка во рамки на можностите ќе даде и Општина Кочани. -Добиени се поголем број пријави за поплавени домови и дуќани во централното градско подрачје, за паднати столбови за напојување со електрична енергија и за телефонска комуникација, опожарување на електрични броила, оштетени моторни возила, како и кратко спојување на жици за електрична енергија што се закануваше да предизвика пожар, а го санираа припадниците нја ТППЕ – Кочани. Според првичните согледувања, најголеми штети има во подрумските и приземните простории на индивидуалните објекти за живеење, но поплавени се и простории во ОУ „Св. Кирил и Методиј“, во ресторанот „Але-дар“, дел од производствените хали во компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“, а има пријави и за штети во неколку други приватни компании, истакна градоначалникот Папазов. Тој додаде дека на терен во текот на целиот ден се екипи на противпожарната единица, на комуналното претпријатие „Водовод“, на ЕВН и други служби, кои заедно со нашите комунални редари ги регистрираат негативните ефекти од обилните врнежи. Во обраќањето до јавноста, градоначалникот Папазов упати апел до сопствениците на објекти кои претрпеле штета од невремето да поднесат пријава до Комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди, најдоцна до 1 август. Заедно со пријавата треба да приложат копија од имотен лист или друг документ за докажување сопственост, копии од лична карта и трансакциска сметка, како и фотографии од настанатата штета, доколку ги имаат. Образецот за пријавата граѓаните можат да го подигнат од едношалтерската канцеларија во локалната самоуправа или да го симнат од официјалната општинска веб-страница. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-kochani-se-sumiraat-shtetite-od-sinokjeshnoto-nevreme-gradonachalnikot-papazov-gi-povika-gragjanite-da-prijavat-materijalna-shteta/feed/ 0
Штетата од војната во Украина изнесува околу еден трилион долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtetata-od-vojnata-vo-ukraina-iznesuva-okolu-eden-trilion-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtetata-od-vojnata-vo-ukraina-iznesuva-okolu-eden-trilion-dolari/#respond Mon, 25 Apr 2022 08:42:25 +0000 https://kurir.mk/?p=667534

Штетата и загубите за Украина како резултат на руската агресија во двата месеци од војната веќе изнесуваат околу еден трилион долари, изјави економскиот советник на украинскиот претседател Олег Устенко. Оваа бројка ја вклучува не само уништената инфраструктура, домови и деловни објекти, туку и загубите што произлегуваат од негативните финансиски и економски процеси за украинскиот бизнис. – Околу цифрата од еден трилион долари Украина треба да ги насочи своите напори за добивање компензација од Руската Федерација веднаш по завршувањето на војната, рече Устенко.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtetata-od-vojnata-vo-ukraina-iznesuva-okolu-eden-trilion-dolari/feed/ 0
Исплатен надомест за штета од елементарни непогоди на 729 овоштари од Росоман https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/isplaten-nadomest-za-shteta-od-elementarni-nepogodi-na-729-ovoshtari-od-rosoman/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/isplaten-nadomest-za-shteta-od-elementarni-nepogodi-na-729-ovoshtari-od-rosoman/#respond Wed, 13 Apr 2022 16:26:55 +0000 https://kurir.mk/?p=662642

Исплатен е надомест за штета од елементарни непогоди на 729 овоштари од Росоман, информираше попладнево росоманскиот градоначалник Стојан Николов. -Денес врз основа на одлука на Влада бр.41-3162/1, на сметките на 729 овоштари исплативме 33.760.718 денари за надомест на штета од елементарните непогоди кои ги зафатија овошните насади во 2021 година. Владата излезе во пресрет на нашите овоштари и покажа вистинска грижа за овоштарите, се со цел одржување на насадот, соопшти Николов. Тој нагласи дека грижата за овоштарите но и за секој еден граѓанин, ќе продолжи и понатаму. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/isplaten-nadomest-za-shteta-od-elementarni-nepogodi-na-729-ovoshtari-od-rosoman/feed/ 0
4,5 милиони евра ќе се исплатат за штети од временски непогоди, информира МЗШВ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/4-5-milioni-evra-kje-se-isplatat-za-shteti-od-vremenski-nepogodi-informira-mzshv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/4-5-milioni-evra-kje-se-isplatat-za-shteti-od-vremenski-nepogodi-informira-mzshv/#respond Tue, 08 Mar 2022 17:51:54 +0000 https://kurir.mk/?p=643535

Владата на денешната седница донесе одлука за исплата на штетите од елементарни непогоди што ги претрпеа земјоделците во 2016, 2017 и 2018 година. Висината на обештетувањето ќе биде 10 отсто од вкупно проценетата вредност. Со одлуката се опфатени 35 елаборати поднесени од 29 општини, ќе бидат обештетни над 9.100 граѓани и правни субјекти, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Владата дополнително донесе одлука и за исплата на обештетување за штети од елементарни непогоди врз земјоделските посеви во 2021 година во општините Росоман, Демир Капија, Ранковце, Карбинци и Богаданци. Вкупниот процент за обештетување за сите 5 општини е 10 отсто од проценетата штета. Со одлуката ќе бидат исплатени 1.072 физички лица и правни субјекти. За оваа намена, вкупно за сите општини каде што имало временски и елементарни непогоди од Буџетот ќе се исплатат околу 4,5 милиони евра. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство посочуваат дека земјоделците никогаш нема да бидат оставени сами во состојби кога поради временски непогоди претрпуваат штети врз производството. Дополнително, имајќи предвид дека осигурувањето претставува гарантирање на производството, одржување на земјоделските насади и правилно планирање на земјоделскиот развој, МЗШВ веќе работи на воспоставување на „Земјоделски осигурителен пул“ како нов модел на земјоделско осигурување. Овој пул преставува систем кој што ќе има за цел да ги заштити земјоделците од штети од елементарни непогоди од една страна, и од друга страна да го забрза процесот на обештетување на самите земјоделци што би преставувало една позитивна промена земајќи го сегашниот процес на обештетување на земјоделците кој од настанувањето на штетата до обештетувањето трае и до година и повеќе, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/4-5-milioni-evra-kje-se-isplatat-za-shteti-od-vremenski-nepogodi-informira-mzshv/feed/ 0
ОПШТИНА БИТОЛА СО ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА: Граѓаните кои претрпеле штета од земјотресот да поднесат барање за проценка https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-bitola-so-vazna-informacija-gragjanite-koi-pretrpele-shteta-od-zemjotresot-da-podnesat-baranje-za-procenka/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-bitola-so-vazna-informacija-gragjanite-koi-pretrpele-shteta-od-zemjotresot-da-podnesat-baranje-za-procenka/#respond Mon, 10 Jan 2022 15:09:45 +0000 https://kurir.mk/?p=617635

После серијата земјотреси кои ја зафатија Општина Битола на ден 09.01 и 10.01.2022 година, се повикуваат жителите на општината кои претрпеле штета, да поднесат барање за проценка на штета на шалтерите во Општина Битола. Во прилог на барањето потребно е да се достави: имотен лист/доказ за сопственост, фотографии од оштетениот објект, копија од лична карта и копија од трансакциска сметка. Врз основа на доставените барања, комисијата од Општина Битола, ќе изврши проценка на штетите на терен, по што ќе биде соодветно постапено. Барањата можат да се доставуваат од вторник 11.01.2022 до среда 26.01.2022 од 07.30 до 15.30 часот. Барањето може да се преземе од следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/izvestuvanje-na-opstina-bitola/]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-bitola-so-vazna-informacija-gragjanite-koi-pretrpele-shteta-od-zemjotresot-da-podnesat-baranje-za-procenka/feed/ 0