штетни гасови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 12 Mar 2021 10:27:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png штетни гасови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Производството на канабис емитува повеќе штетни гасови од индустријата на рудници за јаглен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proizvodstvoto-na-kanabis-emituva-povekje-shtetni-gasovi-od-industrijata-na-rudnici-za-jaglen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proizvodstvoto-na-kanabis-emituva-povekje-shtetni-gasovi-od-industrijata-na-rudnici-za-jaglen/#respond Fri, 12 Mar 2021 10:27:24 +0000 https://kurir.mk/?p=481231

Легалното производство на канабис во Колорадо емитува повеќе штетни гасови од државната индустрија на рудниците за јаглен, покажува најновото истражување. Производството и употребата на канабис од медицински или рекреативни причини моментно е легално во неколку американски сојузни држави, што доведе до значителен напредок на индустријата. Биоекологистката Хејли Самерс и нејзините колеги од Универзитетот во Колорадо ги анализирале нивоата на емисиите на штетни гасови кои доаѓаат од фармите со канабис. Тие откриле дека емисиите варираат од држава до држава, но приближно еден килограм произведен сув цвет емитува од 2,3 до 5,2 тони еквивалент на јаглерод диоксид (CO2e). Во Колорадо емисиите од фармите со канабис изнесуваат околу 2,6 мегатони CO2e, што е повеќе од оние во рудниците за јаглен со 1,8 мегатони CO2e, пишува Њу сајентист. – Емисиите кои се создаваат од производството на 28 грама сушено цвеќе се еднакви на оние по согорувањето на 26 до 50 литри бензин, истакна Самерс. Поголемиот дел американски канабис се одгледува во затворени простории од две причини. Првата е дека некои земји не дозволуваат одгледување на отворено, а втората е дека производителите се плашат од кражба на растенијата. Ова значи дека најголемиот дел од емисиите при производството на канабис всушност доаѓаат од системот за осветлување и контрола на климата. Експертите затоа советуваат да се премине на одгледување на отворено, бидејќи тоа би ги намалило енергетските потреби и штетните емисии. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proizvodstvoto-na-kanabis-emituva-povekje-shtetni-gasovi-od-industrijata-na-rudnici-za-jaglen/feed/ 0
Рекорден пад на емисиите на штетни гасови во ЕУ во последните 30 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekorden-pad-na-emisiite-na-shtetni-gasovi-vo-eu-vo-poslednite-30-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekorden-pad-na-emisiite-na-shtetni-gasovi-vo-eu-vo-poslednite-30-godini/#respond Mon, 30 Nov 2020 14:29:58 +0000 https://kurir.mk/?p=436367

Стапката на стакленички емисии бележи рекорден пад во 2019 година, и е на најниско ниво во последните триесет години, објави денеска Европската Комисија. Како што јавува дописничката на МИА од Брисел, ова претставува намалување од 27 отсто на штетните емисии на гас во споредба со 1990, референтната година за климатските стратегии во светот, стои во годишниот извештај за климатска акција на Европската Унија кој го мери прогресот на климатските цели на 27-те земји членки на Унијата. Потпретседателот на Европската Комисија задолжен за климатските прашања, Франс Тимерманс, по овој повод изјави дека ЕУ докажа дека е возможно да се намалат стакленичките гасови ако се вложи напор во тоа. -Меѓутоа, додава тој, денешниот извештај повторно покажува дека треба да ги зголемиме напорите во сите области на економијата за да ја постигнеме нашата цел на климатска неутралност до 2050 година. Транзицијата е изводлива доколку ги почитуваме заложбите и ги зграпчиме можностите за закрепнување на економијата на позелен начин создавајќи здрава иднина за сите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekorden-pad-na-emisiite-na-shtetni-gasovi-vo-eu-vo-poslednite-30-godini/feed/ 0
Суга: До 2050 во Јапонија нема да има штетни гасови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/suga-do-2050-vo-japonija-nema-da-ima-shtetni-gasovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/suga-do-2050-vo-japonija-nema-da-ima-shtetni-gasovi/#respond Mon, 26 Oct 2020 20:42:03 +0000 https://kurir.mk/?p=420954

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга денеска претстави план според кој земјата до 2050 година треба да ја постигне целта за нула емисии на штетни гасови кои се одговорни за глобалното затоплување. Претходната јапонска Влада постави цел да ги намали емисиите на штетни гасови за 80 проценти до 2050 година. – Треба да го смениме нашиот пристап, рече новиот јапонски премиер, презентирајќи го планот во својот прв говор пред Парламентот. Суга тврди дека структурните промени во индустријата и бизнисот ќе овозможат силен економски раст на Јапонија. Тој истакна дека Јапонија ќе се стреми да развие свои обновливи извори на енергија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/suga-do-2050-vo-japonija-nema-da-ima-shtetni-gasovi/feed/ 0
Извештај на ЕК: Повеќето земји од ЕУ треба да ги намалат емисите на штетни гасови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izveshtaj-na-ek-povekjeto-zemji-od-eu-treba-da-gi-namalat-emisite-na-shtetni-gasovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izveshtaj-na-ek-povekjeto-zemji-od-eu-treba-da-gi-namalat-emisite-na-shtetni-gasovi/#respond Fri, 26 Jun 2020 18:45:36 +0000 https://kurir.mk/?p=363738

На повеќето земји од ЕУ им се заканува неисполнување на обврските за намалување на емисиите на штетни гасови до 2030 година, предупреди денеска Европската комисија во својот извештај. – Пораката во извештајот е јасна. Секаде во Европа на многу граѓани им се заканува дишење лош воздух. Неопходни се ефикасни мерки за намалување на загадувањето на воздухот во повеќето држави на ЕУ и тоа во секторите на земјоделството, енергетиката и сообраќајот, се наведува во текстот. ЕК денеска го објави првиот извештај околу проценката за примена на директивите за квалитетот на воздухот од 2020 до 2030 година. Извештајот е подготвен врз основа на анализи на националните програми за контрола на загадувањето, кои ги доставиле земјите членки. Комисијата, по разгледување на тие анализи, дошла до заклучок дека половина земји од ЕУ не можат да ги исполнат своите обврски за намалување на емисиите на штетни гасови, како на пример издувните гасови и ситните честици ПМ2,5. Посебна загриженост предизвикува емисијата на амонијакот, кој се користи во земјоделството, пишува во извештајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izveshtaj-na-ek-povekjeto-zemji-od-eu-treba-da-gi-namalat-emisite-na-shtetni-gasovi/feed/ 0