штип – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Nov 2023 14:39:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png штип – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Штипските пензионери протестираа со празни паричници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskite-penzioneri-protestiraa-so-prazni-parichnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskite-penzioneri-protestiraa-so-prazni-parichnitsi/#respond Wed, 01 Nov 2023 14:39:02 +0000 https://kurir.mk/?p=895427

Штипските пензионери симболично покажувајќи ги празните паричници на денешниот протест порачаа дека уште на првиот ден од земената пензија не им останало ништо за живот. Тие од Градскиот плоштад ,,Слобода" порачаа дека пензиите им се ниски, а сметките многу високи. -Само рецепти и сметки од лекови имам во новчаникот. Ништо не ми остана! Само 4,500денари за јадење. Јас ја плаќам сметката за вода на син ми, тој е невработен. Неговата сметка, апчињата и од 15.000 кажете ми што ми останува“, велат пензионерите кои денеска протестираа. Соња Арсова од Иницијативниот одбор на пензионерите во Штип вели дека не отстапуваат од барањата. Линеарно зголемување од 5. 000 денари и минимална пензија 18.000 денари. Таа повика на масовност на протестот кој ќе се одржи на 7 ноември пред неколку странски амбасади. - Странските амбасадори нека ја видат нашата слика и нашиот живот. Нека раскажат дека пензионерите во Македонија своите права си ги бараат на улица, Арсова. Во знак на револт, пензионерите маршираа и до подрачната единица на ПИОМ во Штип.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskite-penzioneri-protestiraa-so-prazni-parichnitsi/feed/ 0
Мицкоски: Штип ќе добие обиколница, проектот е изготвен од страна на општината https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-shtip-ke-dobie-obikolnitsa-proektot-e-izgotven-od-strana-na-opshtinata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-shtip-ke-dobie-obikolnitsa-proektot-e-izgotven-od-strana-na-opshtinata/#respond Sat, 14 Oct 2023 13:55:55 +0000 https://kurir.mk/?p=888814

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук пишува дека Штип ќе добие обиколница. „Штип ќе добие обиколница. Целта на овој проект е да се спои влезот од Скопје со влезот од Струмица, урбанизирање на целиот потег како и можност за нова населба за домување. Изготвен е од страна на општина Штип основниот проект и проектната документација. Со овој проект ќе се олесни сообраќајот во градот, а товарните возила нема да влегуваат во самиот град. Исто така со изградбата на обиколницата и со изградба на нов резервоар за вода, градот Штип ќе добие и нова населба за живеење. Важно е Штип да се развива. Важно е да имаме квалитетни сообраќајни решенија“, стои во неговиот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-shtip-ke-dobie-obikolnitsa-proektot-e-izgotven-od-strana-na-opshtinata/feed/ 0
Слепите лица од Штип сметките за вода ќе ги добиваат на Брајово писмо https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/slepite-litsa-od-shtip-smetkite-za-voda-ke-gi-dobivaat-na-brajovo-pismo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/slepite-litsa-od-shtip-smetkite-za-voda-ke-gi-dobivaat-na-brajovo-pismo/#respond Fri, 13 Oct 2023 18:17:29 +0000 https://kurir.mk/?p=888655

Слепите лица од Штип кои го користат Брајовото писмо од понеделникн сметката за вода и комунален отпад од ЈП „Исар" ќе ја добиваат на Брајово писмо. Оваа одлука произлезе од денешниот настан по повод одбележување на Денот на белиот стап. Претседателот на Здружение на слепи лица- Штип рече дека првпат во државата во Штип ќе се вовоеде ваква пракса слепите лица сами да може да прочитаат колку вода потрошиле и колку треба да платат. - Со денешната средба по повод 15 октомври со Кирил Зајков се договоривме за лицата кои го познаваат Брајовото писмо и кои можат да се служат со него да ги изготвуваме месечните сметки за потрошена вода или комунални услуги на Брајово писмо за да може они самите да видат колку потрошиле, колку треба да платат и слично, вели Витанов. Директорот на ЈП „Исар"- Штип, Кирил Зајков посочи дека ова е од големо значење и за нив. - Ова за нас значи многу бидејќи ние сме како Јавно претпријатие насочени кон граѓаните и реализирање на сите нивни барања и ова што денеска е договорено веќе од понеделник ќе го практикуваме. Сите лица кои ќе бидат доставени од здружението до претпријатието сметките ќе бидат издвоени и ќе бидат напишани на Брајово писмо, вели Зајков. Во однос на користењето на Брајовото писмо на документи во јавните институции, Витанов вели дека нема потреба оти многу е мал бројот на лица кои го знаат истото. Училиштетото во Скопје каде што се изучува Брајово писмо има се помал број ученици односно лица со оштетен вид, дециден е Витанов. Со доделување на плакети и благодарници, дружење и презентирање на проблемите, придобивките и недостатоците со кои се соочуваат слепите лица се одбележа Денот на белиот стап 15 октомври. Витанов посочи дека поголем дел од недостатоците се веќе надминати со што може полесно да функционираат и овие лица. Дециден е дека треба да се поработи дополнително на инфрастуктурата. - Градскиот превоз слепите лица да го корситат бесплатно, со своите придружници. Друга една работа е продолжување на дислоцирање на вертикалните знаци кои се поставени на тротоарите и ни прави проблем на сите, вели Витанов. Поголем дел од слепите лица имаат и лични асистени со што им се олеснува начинот на живот. Од ОО Црвен крст Штип посочија дека нареднииот период ќе се објави нов конкурс за обука на лични асистенти за лицата со попречености. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов додели ваучер од 15 илјади денари на Здружението на слепи лица Штип. Забележа дека се работи на прилагодување на инфрастуктурата во градот за потребите на овие лица. Во оваа прилика Јорданов додаде дека соработката на Општина со здружението продолжува и во иднина со цел да се олесни начинот на живот на лицата со оштетен вид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/slepite-litsa-od-shtip-smetkite-za-voda-ke-gi-dobivaat-na-brajovo-pismo/feed/ 0
Дел од домаќинствата на штипската улица „Кежовица“ по три децении имаат канализациона и водоводна мрежа https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/del-od-domakinstvata-na-shtipskata-ulitsa-kezhovitsa-po-tri-detsenii-imaat-kanalizatsiona-i-vodovodna-mrezha/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/del-od-domakinstvata-na-shtipskata-ulitsa-kezhovitsa-po-tri-detsenii-imaat-kanalizatsiona-i-vodovodna-mrezha/#respond Tue, 10 Oct 2023 14:03:19 +0000 https://kurir.mk/?p=887523

Жителите на дел од штипската улица „Кежовица“ во населбата Ново Село по неколку децении имаат и вода и канализација. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека деценискиот проблем на дел од домаќинствата на оваа улица е решен со експропријација на земјиште, на коешто требало да поминува водоводна и канализациона мрежа. -Општината одлучи да направи експропријација на земјиштето, да инсталираме водоводна и канализациона мрежа, коишто се прилагодени да ги задоволи потребите на овдешните семејства, во прашање се повеќе од 15 домаќинства кои веќе се поврзани со фекална канализација и со водоводната мрежа, вели Јорданов. Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Кирил Зајков вели дека по 30 години е решен проблемот на жителите на улица „Кежовица“. Посочи дека изградбата на водоводната и канализациона мрежа е почната минатата недела, а извршени се и нови приклучоци на водоводната мрежа на домаќинствата. Станува збор за инвестиција од околу половина милион денари. По завршување на градежните работи ќе се изврши и асфлатирање на улицата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/del-od-domakinstvata-na-shtipskata-ulitsa-kezhovitsa-po-tri-detsenii-imaat-kanalizatsiona-i-vodovodna-mrezha/feed/ 0
Во Штип „Текстилијадата“ почнува од утре со низа дебати и уметнички настани за работниците https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtip-tekstilijadata-pochnuva-od-utre-so-niza-debati-i-umetnichki-nastani-za-rabotnitsite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtip-tekstilijadata-pochnuva-od-utre-so-niza-debati-i-umetnichki-nastani-za-rabotnitsite/#respond Wed, 04 Oct 2023 11:27:58 +0000 https://kurir.mk/?p=885070

Деведест проценти од судски процеси кои ги водииме за текстилните, но и за останатите работници ги имаме добиено, а за првпат на Балканот, па и пошироко ја добивме битката за 30 текстилни работнички, кои паричен надомест добија од странските брендови, бидејќи беа избркани од работа, истакна на денешната прес-конференција, Кристина Ампева од Здружението „Гласен Текстилец“, која ја најави седмата по ред „Текстилијада“. Гости од Швајцарија, Германија и Шведска ќе бидат дел „Текстилијада“ во Штип, што ќе  започне утре со откривање на уметничка инсталација, а во текот на истата до сабота ќе бидат одржани низа дебати, дијалози, ќе се доделат наградите од литературниот конкурс на кој учествувале четириесетина основци и средношколци. Нема да изостане и работничкиот пикник, со акцент на синдикалното организирање, на кој ќе се подели и весникот „Текстилец“. -Утре започнуваме токму со пречекување на нашите гости од еден текстилен град наречен Борос, што е пандан на Штип. Можам да кажам дека утрешниот ден ќе им биде посветен ним. Ја отвораме „Текстилијадата“ в петок, во центарот на Штип, со уметничкото дело на тема „Корени на традицијата“, направено од склупторот Андреј Миневски. Продолжуваме со интернационалниот форум, што, меѓу другите, ќе го отвори и Амбасадорката на Шведска во Македонија. Предвидено е присуство на повеќе фактори од земјава и странство, вели Ампева. Благојче Дишоски од „Гласен Текстилец“ вели дека „Текстилијадата“ ќе вклучува и повеќе уметнички настани, меѓу кои ќе биде и откривањето на муралот кој ја отсликува текстилната работничка во минатото и иднината. Целта на ваквите настани е да се унапреди улогата на работниците и работничките во текстилната индустрија, но и да се подобрат условите преку споделување мислења и идеи на институции, работници и работодавачи, како и останати засегнати страни во овој сектор, а сето тоа преку добри примери од странство. -Работничка ќе ни ја раскаже нејзината приказна, која, за среќа, заврши позитивно, но е една на 100 или 1000, така што и таа ќе биде говорничка. Ќе ја раскаже својата позитивна приказна и да ги охрабри останатите да се борат, бидејќи родово-базираната дискриминација, најчесто, не ја препознаваат работничките, иако е толку многу присутна на пазарот на трудот, рече Дишоски. Ампева додава дека „Текстилијадата“ ќе биде добар настан со цел да се презентира она што е направено во периодот помеѓу две Текстилијади, но и да се мапира она на што понатаму треба да се работи. Седмата „Текстилијада“ во Штип ќе се одржи од 5 до 7 октомври.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtip-tekstilijadata-pochnuva-od-utre-so-niza-debati-i-umetnichki-nastani-za-rabotnitsite/feed/ 0
Во штипската населба Дузлачки рид се асфалтира улицата „8 Април“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtipskata-naselba-duzlachki-rid-se-asfaltira-ulitsata-8-april/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtipskata-naselba-duzlachki-rid-se-asfaltira-ulitsata-8-april/#respond Fri, 22 Sep 2023 15:46:18 +0000 https://kurir.mk/?p=880826

Нов асфалт ќе добие улицата „8 Април“ во населбата Дузлачки рид во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешниот увид истакна дека претходно на оваа улица се менуваше водоводната мрежа. -Овде претходно констатиравме дека жителите имале проблем со водоводната мрежа, честите дефекти и оштетениот коловоз на постоечката сообраќајница, затоа одлучивме најпрво да направиме промена на водоводната инсталација за нормализирање на водоснабдувањето, рече Јорданов. Како и на останатите улици, и овде по промената на водоводната мрежа, улицата ќе добие и нов асфалт, а градежните активности започнаа денеска. -Денеска започнуваме со асфалтирање на истата, затоа што, како што напоменав, коловозот беше оштетен, асфалтот претходно беше оштетен заради честите дефекти, така што нанесуваме нова асфалтна маса во вредност од нешто повеќе од еден милион денари, додава Јорданов. Инвестицијата за промена на водоводната мрежа е 1,5 милиони денари, а заедно со асфалтирањето целиот проект е вреден околу 2,5 милиони денари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtipskata-naselba-duzlachki-rid-se-asfaltira-ulitsata-8-april/feed/ 0
Во Штип се реализира проект со младите, во фокусот спречување на корупција и организиран криминал https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtip-se-realizira-proekt-so-mladite-vo-fokusot-sprechuvane-na-koruptsija-i-organiziran-kriminal/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtip-se-realizira-proekt-so-mladite-vo-fokusot-sprechuvane-na-koruptsija-i-organiziran-kriminal/#respond Fri, 22 Sep 2023 12:40:14 +0000 https://kurir.mk/?p=880759

Штипското средно училиште „Коле Нехтенин“ беше домаќин на работилница во чиј фокус беа корупцијата и организираниот криминал. Целта е да се подигне свесноста кај младите за опасностите кои ги носат овие две зла на општеството и како тие влијаат во понатамошниот развој, управувањето и целокупноста на општественото живеење. Еден од предавачите на оваа работилница е универзитетскиот професор, Методи Хаџи-Јанев, кој вели дека за почеток вакви работилници ќе има во Штип и Кочани. -Како актери или главниот фокус на работилницата се пред сѐ младите, но и сите причинители коишто работат на градењето на младите и изградувањето на истите како здрави личности коишто ќе функционираат во општеството. ОБСЕ има и дополнителна активност, којашто ќе следи по завршувањето на овој проект, а тоа е да опфати други општини во кои ќе се фокусира не само на кревање на свеста, туку и на градење на капацитетите за да се развијат соодветни алатки со кои, всушност, училиштата, родителските совети, а и младите ќе бидат директно ставени на првата линија за спречување против овие две зла, вели Хаџи-Јанев. Тој истакна дека кај младите постои интерес, со што заклучокот е дека се потребни вакви активности со кои ќе се даде придонес во однос на овој проблем. Констатацијата е дека младите се свесни дека имаме проблем на кој треба да се работи. -Беше продискутирано и за тоа кои методи ќе се користат и на кој начин ќе се работи проектот со цел да се покрене свеста кај младите, делумно се разговараше за тоа каде започнува корупцијата и организираниот криминал, односно за зачетоците и формите од фаќањето протекции, па до учество во организирани криминални дејствија, злоупотреба на младите, дали тоа ќе биде во однос на психотропните супстанции, насилство, учество во сексуално злоставување итн. Тоа се теми кои ги обременуваат младите во секојдневното живеење, додаде Хаџи-Јанев. Проектот е насловен „Спречување на младите од ангажирање во организиран криминал и коруптивно однесување преку зголемување на општествената резилиентност“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtip-se-realizira-proekt-so-mladite-vo-fokusot-sprechuvane-na-koruptsija-i-organiziran-kriminal/feed/ 0
Тешко повреден штипјанец, возел мотоцикл и направил сообраќајка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/teshko-povreden-shtipjanets-vozel-mototsikl-i-napravil-soobrakajka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/teshko-povreden-shtipjanets-vozel-mototsikl-i-napravil-soobrakajka/#respond Wed, 20 Sep 2023 10:23:04 +0000 https://kurir.mk/?p=879824

На 19.09.2023 во 19:28 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Черења“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.З.(46) од Штип и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Е.О.(24) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/teshko-povreden-shtipjanets-vozel-mototsikl-i-napravil-soobrakajka/feed/ 0
Штипските пензионери протестираа за линерано покачување на пензиите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskite-penzioneri-protestiraa-za-linerano-pokachuvane-na-penziite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskite-penzioneri-protestiraa-za-linerano-pokachuvane-na-penziite/#respond Wed, 13 Sep 2023 11:07:31 +0000 https://kurir.mk/?p=877664

„Ако има за вас треба да има и за нас“, „Линеарно покачување на пензиите, од 3500 денари нема отстапување“, „Навредливо, во 21 век пензионерите да протестираат за своите права“ - со транспаренти штипските пензионери и денеска излегоа на мирен протест не откажувајќи се од своите барања. Соња Арсовска член на организациониот одбор за протести, вели линеарно покачување на пензиите за 3.500 денари бараат за подостоинствен живот. -Иако во години, ниту сме слепи, ниту сме глуви за да ги видиме сите криминали, сите тендери кои се прават во четири очи. Не треба да бидеме навредени, понижени и сиромашни во оваа трета доба од нашиот живот. За достоен живот на сите пензионери, изјави Арсовска. Денеска уште еднаш побараа поголема масововност на протестите со цел да може да успеат во своите барања. Наредниот протест е закажан за во петок во 10 часот со повик да се вклучат што е можно повеќе пензионери. -Ние треба да бидеме масовни и да излеваме, сакаме да добиеме, а друг да ни трча. Една птица пролет не прави, илјада птици прават пролет, додадоа пензионерите. Достоинствено како што започнаа штипските пензионери го завршија денешниот мирен протест за линеарно покачување на пензите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskite-penzioneri-protestiraa-za-linerano-pokachuvane-na-penziite/feed/ 0
Заврши уредувањето на влезовите во штипската населба Сењак https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zavrshi-ureduvaneto-na-vlezovite-vo-shtipskata-naselba-senak/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zavrshi-ureduvaneto-na-vlezovite-vo-shtipskata-naselba-senak/#respond Tue, 12 Sep 2023 13:15:15 +0000 https://kurir.mk/?p=877294

Заврши уредувањето на влезовите од станбените згради и изградбата на паркинг-простор во штипската населба Сењак. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, на денешната прес-конференција посочи дека на барање на жителите, а во рамки на Програмата за уредување на градежно земјиште, се поставени канделабри, урбана опрема и павер-елементи. -Ова е барање на жителите од оваа населба. Просторот којшто го уредивме со павер-елементи и со поставување урбана опрема и осветлување беше претходно запоставен долги години, жителите поднесуваа петиција, барање за да биде уреден. Во изминатите неколку недели се работеше на поставување урбана опрема, целосно осветлување, хортикултурно уредување од страна на јавното претпријатие „Исар“ и поставување павер-елементи, рече Јорданов. Задоволни од направеното се и тамошните жители, посочуваат оти единствено останува местото хортикултурно да се уреди. Јорданов истакна дека направеното останува да го чуваат тамошните жители, пред сѐ за да им биде ним во корист. -Јас верувам дека жителите ќе се грижат за сето тоа коешто е направено, дека хортикултурно садниците, на есен кога ќе бидат засадени, ќе бидат одржувани, дека урбаната опрема, клупите, канделабрите исто така ќе бидат одржувани за да подолг временски период се користат и им служат ним, додаде Јорданов. Финансиската вредност на овој проект е нешто помалку од еден милион денари, пари обезбедени од општинскиот буџет и буџетот на ЈП „Исар“. Јорданов најави дека во рамки на Програмата сите расположливи ресурси ќе се насочат кон уредување на запоставените влезови во текот на оваа година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zavrshi-ureduvaneto-na-vlezovite-vo-shtipskata-naselba-senak/feed/ 0