штипски пожарникари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 13 Feb 2023 13:30:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png штипски пожарникари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Штипските пожарникари успешно ја завршија мисијата во Турција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskite-pozharnikari-uspeshno-ja-zavrshija-misijata-vo-turtsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskite-pozharnikari-uspeshno-ja-zavrshija-misijata-vo-turtsija/#respond Mon, 13 Feb 2023 13:30:50 +0000 https://kurir.mk/?p=799885

Мисијата на тимот штипски пожарникари во Турција успешно завршена, во разрушените објекти, кои им биле дадени за спасување на луѓе, но и извлекување на починатите станари под урнатините, кои зад себе ги остави катастрофалниот земјотрес во Турција. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев вели дека одлуката за враќање на македонските пожарникари спасувачи треба да ја донесе Дирекцијата за заштита и спасување и официјална Анкара. Во текот на денот ќе знаат дали мисијата продолжува или ќе се вратат. -Разрушениот објект што ни беше даден веќе ги завршивме и сега под водство на Дирекцијата за заштита и спасување и официјална Анкара очекуваме да кажат дали ќе има наше повлекување или ќе одиме на некој друг објект. Можно е утрешниот ден веќе да тргнеме за Македонија, но сепак ќе одлучат Дирекција за заштита и спасување и официјална Анкара, вели Коцев. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов е задоволна од пожарникарите кои заминаа за Турција. По нивното враќање во државата градоначалникот Јорданов најави нивен прием, бидејќи во тешки моменти помогнале на настраданото население во Турција. -Па како граѓани кои недвосмислено веднаш се одзваа на повикот, заминаа за да помогнат на најпогодените подрачја, со целата нивна одлучност, храброст, солидарност и хуманост која ја покажаа ја должиме почитта кон нив и како град сигурно дека јас како градоначалник ќе организирам прием, за да ги достоинствено пречекаме и да им се заблагодариме за се она што го направија и помогнаа во вакви тешки моменти и помогнаа на најпогодените подрачја во Турција, вели Јорданов. Штипскиот тим пожарникари на 9 февруари пристигнаа во градот Адијаман во Турција, каде на терен беа од утро до мрак. Во петокот учествуваа во акција во која се спаси 38-годишна жена која неколку дена била под урнатините. Работеа на објект кој беше разрушен и се извадија голем број мртви тела.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskite-pozharnikari-uspeshno-ja-zavrshija-misijata-vo-turtsija/feed/ 0
Командирот на штипските пожарникари во Турција: Глетката е страшна, во една зграда има околу 150 до 180 затрупани тела https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komandirot-na-shtipskite-pozharnikari-vo-turtsija-gletkata-e-strashna-vo-edna-zgrada-ima-okolu-150-do-180-zatrupani-tela/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komandirot-na-shtipskite-pozharnikari-vo-turtsija-gletkata-e-strashna-vo-edna-zgrada-ima-okolu-150-do-180-zatrupani-tela/#respond Sat, 11 Feb 2023 17:20:04 +0000 https://kurir.mk/?p=799302

Вториот македонски конвој составен од спасувачи пожарникари од неколку општини и тим од Дирекцијата за заштита и спасување, веќе втори ден трагаат по живи луѓе, но и извлекуваат и починати од урнатините во зградите во градот Адијаман во Турција, вели во телефонски разговор за МИА, командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев. -Моментално работиме во три разрушени објекти, акцијата се одвива комплетно со целиот македонски тим, со помош на турските пожарникари. Од раните утрински часови, па се до ноќта сме во акција за извлекување на затрупаните тела од урнатите објекти, изјави Коцев. Прашан дали постои барем мала надеж дека и денеска ќе пронајдат живи луѓе под урнатините, Коцев вели дека македонскиот тим синоќа спасил една жена. -Жената е на 35 или 37 години возраст, а денеска за жал до овој момент извлекуваме мртви тела од рушевините. Глетката е страшна на затрупаните тела, овде се нивни пријатели, роднини, семејства кои oчекуваат да се извади телата на блиските. Градбите во кои работиме се огромни, во една зграда има околу 150 до 180 затрупани тела, какошто кажаа овде властите, вели Коцев. Посочува дека секој пожарникар спасител се надева дека и по толку дена од земјотресот ќе најдат некој живот под урнатите згради и ќе го спасат. -Имаме ние уште надеж, се работи прецизно, полека, за да не се повредат некои и се надеваме дека ќе спасиме уште некој човек, рече Коцев за МИА. Во телефонскиот разговор за МИА посочува дека македонскиот спасувачки тим се сместени во шатори, во еден парк. -На безбедно сме, обезбедени сме со храна и вода и сега за сега е добро, рече Коцев. Тој истакна дека ова е најкастрофалниот земјотрес, градот Адијаман, кој има од 300.000 до 400.000 жители е разрушен, а какошто вели Коцев на сите страни има урнати објекти, домови, патишта.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komandirot-na-shtipskite-pozharnikari-vo-turtsija-gletkata-e-strashna-vo-edna-zgrada-ima-okolu-150-do-180-zatrupani-tela/feed/ 0