штипски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Nov 2020 12:13:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png штипски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Над половина од хоспитализираните пациенти на штипското Инфективно одделение се борат за живот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-polovina-od-hospitaliziranite-pacienti-na-shtipskoto-infektivno-oddelenie-se-borat-za-zivot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-polovina-od-hospitaliziranite-pacienti-na-shtipskoto-infektivno-oddelenie-se-borat-za-zivot/#respond Thu, 26 Nov 2020 12:13:21 +0000 https://kurir.mk/?p=434772

Над половина од хоспитализираните пациенти на штипското Инфективно одделение се борат за живот. Постојано се на кислородна поддршка поради ниската сатурација, односно кислород во крвта, од што зависи и функционирањето на органите. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека на 28 пациенти им е потребна кислородна поддршка.Трет ден во регионалниот Ковид-центар бројот на хоспитализирани е 56. Тој потенцира дека за разлика од минатата недела намален е бројот на пациенти кои се лекуваат во болнички услови, но расте бројот на тешките пациенти. Од друга страна голем е притисокот на пациенти во дневната Ковид-амбуланта, каде што дневно лекарска помош бараат и по сто заразени пациенти од целиот источен регион. -За пациентите кои чекаат на преглед пред Ковид-амбулантата, во текот на утрешниот ден ќе биде поставен шатор, донација од Црвениот крст. Во него ќе ставиме и клупи и ќе обзебедиме греалки, за да им биде топло на пациентите, кои чекаат надвор во кругот на одделението, вели Ѓеорѓијев. Во источниот регион активни случаи на коронавирус има 1738. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-polovina-od-hospitaliziranite-pacienti-na-shtipskoto-infektivno-oddelenie-se-borat-za-zivot/feed/ 0