Штипско Инфективно одделение – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 02 Nov 2020 14:21:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Штипско Инфективно одделение – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НЕ ГО ДОЧЕКАА ТЕСТОТ ЗА КОРОНА- во штипската болница починаа четворица пациенти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-go-dochekaa-testot-za-korona-vo-shtipskata-bolnica-pochinaa-chetvorica-pacienti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-go-dochekaa-testot-za-korona-vo-shtipskata-bolnica-pochinaa-chetvorica-pacienti/#respond Mon, 02 Nov 2020 14:21:38 +0000 https://kurir.mk/?p=423817

Починаа четворица пациенти на штипското Инфективно одделение за едно деноноќие. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека само 62 годишниот пациент од Штип бил позитивен на коронавирусот, а остантите пациенти од Светиниколско, Кратовско и Виница биле сомнителни и ги чекале резултатите од тестовите. Остануваат уште четири слободни кревети на штипското Инфективно одделение. На ова одделение се лекуваат вкупно 51 пациент од целиот источен регион,а се хоспитализираат оние со потешка клиничка слика. Притисокот за прием на пациент ќе се намали од утре, кога треба да се стави во функција и Кожното одделение. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека во тек е техничко доопремување на оваа одделение, за да може да се примаат пациенти со полесна клиничка слика. -На ова одделение ќе добиеме дополнителни десет болнички кревети за ковид инфицираните пациенти. Во моментов пациенти од целиот исток се препраќаат и во кочанската болница, вели Ѓеорѓијев. Што се однесува за состојбата со здравствениот кадар, таа се менаџира со лекари, медицински сестри и болничари од другите оддели, со цел пациентите да добијат соодветна здравствена грижа. Директорката на штипскиот Центар за јавно здравје е позитивна на корона вирус. Според епидемиологот Светлана Живкова, нејзиниот контакт со вработените секогаш бил со заштитна маска и друга заштитна опрема, па затоа никој од вработените не е испратен во изолација туку е издадена само препорака за следење на нивната здравствена состојба. Живкова вели ако има потреба вработените ќе се тестираат, но тврди дека при работењето се почитувале сите здравствени протоколи. Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на 14 општини, кои ги покрива СВР Штип од Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 163 лица им биле издадени решенија за изолација, а контрола им била извршена на 1.171 лица со вакви решенија притоа не било констатирано непочитување на решенијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-go-dochekaa-testot-za-korona-vo-shtipskata-bolnica-pochinaa-chetvorica-pacienti/feed/ 0
Починаа две жени од Виница и Берово на штипското Инфективно одделение https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pochinaa-dve-zeni-od-vinica-i-berovo-na-shtipskoto-infektivno-oddelenie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pochinaa-dve-zeni-od-vinica-i-berovo-na-shtipskoto-infektivno-oddelenie/#respond Sat, 24 Oct 2020 15:48:22 +0000 https://kurir.mk/?p=420211

Две пациентки на возраст од 67 години починале на Инфективното одделение во штипската Клиничка болница, информираше за МИА портпаролот Марина Шуманска. Двете пациентки, кои починале од компликации од коронавирусот се од Виница и Берово. На ова одделение има хоспитализирано 50 пациенти, од кои 48 се позитивни, а двајца се сомнителни случаи и за нив се чекаат резултатите од тестирањето. Во моментов на ова одделение има пет слободни болнички кревети, а притисокот врз ова одделение се намали откако пред седум дена кочанската болница почна да прима пациенти, на кои им треба болничко лекување од целиот источен регион. Оваа болница е со капацитет за 25 пациенти. /МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pochinaa-dve-zeni-od-vinica-i-berovo-na-shtipskoto-infektivno-oddelenie/feed/ 0
Штипското Инфективно одделение се прошири и на одделот за Неврологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskoto-infektivno-oddelenie-se-proshiri-i-na-oddelot-za-nevrologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskoto-infektivno-oddelenie-se-proshiri-i-na-oddelot-za-nevrologija/#respond Sat, 04 Jul 2020 17:31:24 +0000 https://kurir.mk/?p=369033

Штипското Инфективно одделение од попладнево и официјално се прошири на Одделот за неврологија, кое се наоѓаше во истата зграда. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека четворица пациенти заразени со коронавирусот веќе се сместени во болничките соби на овој оддел, откако вчера беше испразнет, а пациентите и здравствениот кадар на Наврологија се преселија на одделението за Урологија. На медицинскиот персонал на Инфективно веќе им помагаат медицински сестри од други одделенија, во прва смена работат пет сестри, а во попладневната се ангажирани три. Ѓеорѓијев најави дека од утре почнуваат со работа на ова одделение и лекарите од интерно, кардиологија и анестезиологија, кои ќе им помагаат на инфективнолозите. Со проширувањето на инфективното одделение се добиваат дополнителни 15 болнички кревети. Во моментов на ова одделение се лекуваат околу 40 пациенти од општините од источниот регион. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskoto-infektivno-oddelenie-se-proshiri-i-na-oddelot-za-nevrologija/feed/ 0