штрајк со глад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 17 Mar 2023 18:32:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png штрајк со глад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ПОСТАПКА КОЈА ГО ШОКИРАШЕ СВЕТОТ – вчера сопруга на фудбалерот побара развод додека е во затвор, а денес тој со тешка одлука за која ќе се кае https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/postapka-koja-go-shokirashe-svetot-vchera-sopruga-na-fudbalerot-pobara-razvod-dodeka-e-vo-zatvor-a-denes-toj-so-teshka-odluka-za-koja-ke-se-kae/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/postapka-koja-go-shokirashe-svetot-vchera-sopruga-na-fudbalerot-pobara-razvod-dodeka-e-vo-zatvor-a-denes-toj-so-teshka-odluka-za-koja-ke-se-kae/#respond Fri, 17 Mar 2023 18:32:26 +0000 https://kurir.mk/?p=813307

Тешки денови за најтрофејниот фудбалер во историјата, Даниел Алвес, кој веќе втор месец е во притвор, каде што го чека судењето за силување. Почнал штрајк со глад и се наоѓа во лоша емотивна и психичка состојба. Бразилецот веќе три дена не јадел ништо, престанал да комуницира со останатите затвореници, седел заклучен сам во ќелија, а сето тоа почнало откако неговата сопруга Хоана Санс му кажа дека ќе побара развод. Шпанската манекенка и на социјалните мрежи објави писмо во кое ја потврдува својата одлука да го прекине бракот.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Joana Sanz (@joanasanz)

Повеќе детали за разводот прочитајте ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/postapka-koja-go-shokirashe-svetot-vchera-sopruga-na-fudbalerot-pobara-razvod-dodeka-e-vo-zatvor-a-denes-toj-so-teshka-odluka-za-koja-ke-se-kae/feed/ 0
Најпознатиот затвореник во Египет од утре го заострува штрајкот со глад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najpoznatiot-zatvorenik-vo-egipet-od-utre-go-zaostruva-shtrajkot-so-glad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najpoznatiot-zatvorenik-vo-egipet-od-utre-go-zaostruva-shtrajkot-so-glad/#respond Mon, 31 Oct 2022 19:32:09 +0000 https://kurir.mk/?p=753440

Најпознатиот затвореник во Египет, Ала Абдел Фатах, кој штрајкува со глад веќе шест месеци, утре ќе престане да внесува калории, а од 6 ноември, кога во Шарм ел – шеик почнува Конференцијата на ОН за климата (COP27) нема да пие ни вода, изјави денеска сестрата на затвореникот, кој беше една од централните фигури на револуцијата во Египет во 2011 година. „Ала од утре ќе престане да јаде калории, а од 6 ноември, кога ќе се отвори COP27, ќе престане да пие вода, и ако ништо не се преземе, тој ќе умре“, напиша на Твитер неговата сестра Мона Сеиф, активист за човекови права во Египет. Абдел Фатах, осуден на крајот на 2021 година на пет години затвор за „ширење дезинформации“, беше централна фигура во народниот бунт што го собори тогашниот претседател Хосни Мубарак во 2011 година. Затвореникот, омразена личност на актуелниот претседател Абдел Фатах ел Сиси, шест месеци внесува по само 100 калории дневно, односно лажица мед и малку млеко со чај, велат неговите роднини. Неговата сестра изјави дека е многу слаб и изгледа како скелет. Египет е редовно критикуван за непочитување на човековите права. Абдел Фатах е египетско-британски блогер, софтвер девелопер и политички активист. Тој беше активен во развојот на верзии на софтвер и платформи на арапски јазик. Абдел Фатах беше затворен во Египет за наводно организирање политички протест без добиено одобрение, но беше ослободен со кауција на 23 март 2014 година. Потоа беше повторно уапсен и беше наредено повторно да биде ослободен со кауција на 15 септември 2014 година, а потоа во отсуство беше осуден на еден месец затвор, а доби петгодишна затворска казна во февруари 2015 година, од која беше ослободен кон крајот на март 2019 година. Абдел Фатах беше условно ослободен со барање во текот на пет години да минува во полициска станица 12 часа дневно, од вечер до утро. На 29 септември, за време на египетските протести во 2019 година, тој беше уапсен од Агенцијата за национална безбедност и одведен во Обвинителството за државна безбедност под обвиненија кои беа непознати до 29 септември 2019 година. Тој потоа беше осуден за „ширење лажни вести“ и осуден на пет годин затвор. Во април 2022 година почна штрајк со глад.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najpoznatiot-zatvorenik-vo-egipet-od-utre-go-zaostruva-shtrajkot-so-glad/feed/ 0
Четворица затвореници во штипскиот Затвор штрајкуваат со глад https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvorica-zatvorenici-vo-shtipskiot-zatvor-shtrajkuvaat-so-glad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvorica-zatvorenici-vo-shtipskiot-zatvor-shtrajkuvaat-so-glad/#respond Tue, 21 Jun 2022 11:08:18 +0000 https://kurir.mk/?p=693618

Четири осудени лица во КПУ Затвор Штип втор ден штрајкуваат со глад. Роднини на затворениците велат дека до ваквата ситуација дошло бидејќи прaвата во затворот не важеле за сите исто. Револтот е заради тоа што едно осудено лице било префрлено од затворениот во полуотворениот дел, иако таму бил пократок временски период од нив. Директорот на Затворот Штип, Мики Тодоров иако е на годишен одмор за МИА потврдува дека осудените лица штрајкуваат, лекарот утринава им извршил преглед и нивната здравствена состојба е добра. Одговорно тврди дека ниту едно право на осудентите лица не им е нарушено. -Во главната тетратка во затворот од вчера е евидентирано дека четири осудени лица штрајкуваат со глад. Од нивна страна нема наведено која е причината поради која штрајкуваат, односно пишува дека истата ќе биде образложена пред институциите. Лицата кои штрајкуваат се прегледани од затворскиот доктор и медицинска сестра од Здравствениот дом и е констатирано дека се во добра здравствена состојба, вели Тодоров. Посочи дека осуденото лице, кое било во затворениот дел, а сега е префрлено во полузатворениот е заради неговата здравствена состојба и е на препорака од лекарот. -Осуденото лице е префрлено од затворено во полузатворениот дел од затворот бидејќи така налагаше неговата здравствена ситуација. Истото треба да поминува повеќе време на воздух. Што се однесува на заканите, јас од петокот сум на годишен одмор и немав никаквов контакт со затворените лица. До сега во затворот на ниту едно осудено лице не му се скратени правата кои ги заслужува, вели Тодоров. Роднините за МИА изјавија дека доколку институциите не реагираат до четврток, во петок ќе го блокираат патот кај Затвор Штип.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvorica-zatvorenici-vo-shtipskiot-zatvor-shtrajkuvaat-so-glad/feed/ 0
Саакашвили штрајкува со глад во притвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saakashvili-shtrajkuva-so-glad-vo-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saakashvili-shtrajkuva-so-glad-vo-pritvor/#respond Sat, 02 Oct 2021 08:18:07 +0000 https://kurir.mk/?p=571707

Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили, кој беше уапсен вчера попладне при влегуивање во земјата, почна штрајк со глад и побара да се сретне со украинскиот конзул, јави грузискиот правобранител Нино Ломџарија. -Кога го посетив, тој беше на лекар и на медицински прегледи. Подоцна ни беше дозволено да разговараме во затворската ќелија. Тој ни кажа дека најавува штрајк со глад, рече Ломџарија по средбата со Саакашвили, пренесе Тасс. Правобранителот додаде дека поранешниот грузиски претседател ги негира обвинувањата и себе се смета за политички затвореник. Грузиската претседателка Саломе Зурабишвили вчера изјави дека нема да го помилува поранешниот претседател, а сега опозицискиот политичар Саакашвили, откако тој вчера беше уапсен на враќање во земјата, по осум години минати во бегство во Украина. Веста за апсаењето ја објави премиерот Иракли Гарибашвили, откако Саакашвили, кој беше осуден во отсуство под обвинение за злоупотреба на службената положба, објави на својот профил на Фејсбук дека се вратил во земјата и се наоѓа во градот Батуми, што грузиските власти првично го негираа. Грузиските власти постојано повторуваат дека Саакашвили, кој беше претседател на земјата од јануари 2004 до ноември 2013 година, ќе биде уапсен веднаш по неговото пристигнување во земјата. Саакашвили е обвинет за злоупотреба на службената положба и прикривање на докази за кои во 2018 година беше осуден во отсуство на затворска казна, а тој тврди дека сите обвиненија против него се политички мотивирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saakashvili-shtrajkuva-so-glad-vo-pritvor/feed/ 0
БОРБА ЗА ПРАВДА И ПРАВДИНА: Организаторот на протестите во Тетово Блерим Ахмеди започна штрајк со глад https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/borba-za-pravda-i-pravdina-organizatorot-na-protestite-vo-tetovo-blerim-ahmedi-zapochna-shtrajk-so-glad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/borba-za-pravda-i-pravdina-organizatorot-na-protestite-vo-tetovo-blerim-ahmedi-zapochna-shtrajk-so-glad/#respond Sun, 19 Sep 2021 20:14:26 +0000 https://kurir.mk/?p=565561

Осумдневен притвор му е определен на организаторот на протестите од петокот во Тетово, Блерим Ахмеди, на кој се бараше правда и одговорност за 14-те жртви кои што живи изгореа во тетовската ковид модуларна болница. Ахмеди од Кичево, познат како организатор на многу протести за правда, тој преку ноеговиот адвокат информираше дека започна штрајк. Во конкретниот случај со настаните од протестот во Тетово беа уапсени пет лица, а Блерим ахмеди беше спроведен во моментот додека даваше интервју за косовска телевизија од страна на дваесетина полицајци. На протестот кој што пред некој деен беше одржан во Тетово, а во врска со 14-те жртви кои што живи изгореа во модуларната болница, се бараше одговорност и правда да за истите. Инаку, Блерим Ахмеди беше уапсен во петокот додека даваше интервју за косовската телевизија Клан Косово. Додека го даваше интервјуто, интервенирала македонската полиција и беше уапсен како организатор на протестот кој што се случи истиот ден претходно во Тетово, на кој се бараше правда и одговорност за жртвите кои што настрадаа во пожарот во тетовската модуларна болница. Неговиот адвокат информираше дека тој се товари според членот 384 од КЗ од кој се предвидува од 1 до 5 години затвор. Во петокот дваесетина полицајци во кафуле го Тетово упаднаа и го уапсија организаторот на протести во Тетово Блерим Ахмеди. Како што може да се види на самото видео Ахмеди седи во кафуле, а во еден момент упаѓаат повеќе полицајци и како што може да се слушне од истото му велат „мораш да дојдеш со нас, бидејќи си уапсен“, во еден момент тој му се обраќа на полицаецот со кого разговара, „ова го разбирам како диктатура“, на што тој му возвраќа „не, не, нема тука диктатура“. По краток разговор со полицијата Блерим Ахмеди со лисици на рацете беше спроведен во полициската станица во Тетово. Инаку, граѓаните кои во петокот мирно протестираа во Тетово, како поддршка за починатите кои загинаа при пожарот во модуларната болница во Тетово, притоа барајќи правда за нивните најблиски влегоа во конфликт со полицијата. Тие се упатиле кон седиштето на ДУИ во Мала Речица, но таму им е забранет пристапот. Групата граѓани почнала да фрла со јајца и со камења кон општинската зграда и притоа дојде до судир и со припадниците на МВР. Епилогот од истите е, петмина уапсени, меѓу кои и Блерим Ахмеди. Во пожарот кој се случи вечерта на 8. септември во модуларната болница во Тетово загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти со Ковид 19 кои биле на лекување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/borba-za-pravda-i-pravdina-organizatorot-na-protestite-vo-tetovo-blerim-ahmedi-zapochna-shtrajk-so-glad/feed/ 0
Обрадовиќ и Костиќ од Двери го прекинаа штрајкот со глад пред српското собрание https://arhiva.kurir.mk/svet/region/obradovikj-i-kostikj-od-dveri-go-prekinaa-shtrajkot-so-glad-pred-srpskoto-sobranie/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/obradovikj-i-kostikj-od-dveri-go-prekinaa-shtrajkot-so-glad-pred-srpskoto-sobranie/#respond Wed, 20 May 2020 11:33:56 +0000 https://kurir.mk/?p=348289

Пратениците од српското опозициско движење Двери, Бошко Обрадовиќ и Иван Костиќ, го прекинаа штрајкот со глад по консултациите со лекарите и со партиските колеги. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Обрадовиќ обраќајќи се пред новинарите пред српското собрание, изјави дека со Костиќ решиле да го прекинат штрајкот на „достоинствен начин, како и што го започнале“ и оти сметаат дека ја исполниле својата цел затоа што „укажале на недемократската состојба во Србија “. Лидерот на Двери истакна дека испраќа јасна порака дека тој и Крстиќ направиле се што е во нивна моќ за да го привлечат вниманието на домашната и на светската јавност за проблемите во кои се наоѓа Србија, пред сè на недемократскиот карактер на власта. -Без лична жртва, нема победа. Потребен е личен пример за граѓаните вистински да веруваат во она што го зборувате, истакна тој. Обрадовиќ потсети дека мандатот како пратеник пред четири години го започнал со протест, кога четири дена беа пред седиштето на Републичката изборна комисија, заради обид за кражба, а сега штрајкуваат со глад бранејќи го Уставот, демократијата и некои основни демократски вредности во општеството. Тој оцени дека тие вредности во Србија постојано се загрозувани во последните осум години. Ова беше 11-ти ден на штрајкот со глад за Обрадовиќ, а деветти за Костиќ. Коментирајќи ја одлуката на лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ за прекинување на штрајкот со глад и наводната изјава дека „го растурил системот“, српскиот претседател Александар Вучиќ му посака на Обрадовиќ и на другите од опозицијата кои се залагаат за бојкот на изборите „да продолжат толку успешно во тоа растурање“. -Јас сум мал човек за да ги разбирам сите нивни победи. Им честитам на сите нивни победи, кажа Вучиќ, додавајќи дека „кој сака на избори-нека излезе, кој неќе-нека не излезе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/obradovikj-i-kostikj-od-dveri-go-prekinaa-shtrajkot-so-glad-pred-srpskoto-sobranie/feed/ 0
Трет ден гладуваат Митко Чавков и останатите приведени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tret-den-gladuvaat-mitko-chavkov-i-ostanatite-privedeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tret-den-gladuvaat-mitko-chavkov-i-ostanatite-privedeni/#respond Fri, 30 Mar 2018 08:24:09 +0000 https://kurir.mk/?p=34391

Веќе трет ден, поранешниот Министер за внатрешни работи и поранешен директор на БЈБ, Митко Чавков, штрајкува со глад во истражниот затвор во Шутка. Чавков по неполни 24 часа, поминати во домашен притвор со уште четворица поранешни началници во МВР, во вторникот половина час после полноќ, беа уапсени и вратени во притвор по барање на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал. Иако највисокиот Врховен суд, мерката им ја замени со куќен притвор, сепак, Кривичниот совет на скопска единица, како што велат адвокатите на притворените, направи правен преседан и петтемина поранешни припадници на МВР ги врати во затворот во Шутка. По жалбата за притворите сега треба да одлучува апелациониот суд, но барем досегашната пракса, за овој случај, покажува дека второстепениот суд, одлуки по жалба за мерката притвор донесува на два-три дена пред истата да истече, бидејќи Вишото јавно обвинителство тогаш ги известува дали ја прифаќаат мерката што ја бара обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tret-den-gladuvaat-mitko-chavkov-i-ostanatite-privedeni/feed/ 0
Тројца затвореници од штипскиот затвор штрајкуваат со глад https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trojca-zatvorenici-od-shtipskiot-zatvor-shtrajkuvaat-so-glad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trojca-zatvorenici-od-shtipskiot-zatvor-shtrajkuvaat-so-glad/#respond Thu, 08 Feb 2018 14:24:40 +0000 http://kurir.mk/?p=19632

Тројца затвореници од штипскиот затвор од денеска започнаа штрајк со глад. В.д. директорот на Затворот Штип, Мики Тодоров вели дека информацијата која одредени медиуми ја објавија дека во затворот штрајкуваат триесетина осуденици  е шпекулација. Тој за МИА потврдува дека од денеска во овој затвор со глад штрајкуваат вкупно тројца осуденици и тоа од првиот затвореник е од охридско-струшкиот регион, вториот од Скопје, а третиот од Струмица. Тодоров вели дека осудениот од охридско-струшкиот регион штрајкува за да  биде преместен во струшкиот затвор, бидејќи со Законот за амнестија неговата казна е намалена на три години, со што го исполнува условот да биде префрлен во овој затвор. Директорот на затворот вели дека барањето се уште не е доставено до Управата за санкции, бидејќи во моментот приоритетно е спроведувањето на Законот за амнестија. - Откако ќе биде доставено барањето на осуденикот и се добие одговор од Управата, овој осуденик ќе биде префрлен во струшкиот затвор, додека останатите двајца осуденици штрајкуваат заради здравствени услуги коишто неможат да бидат извршени во штипскиот затвор, рече Тодоров. Во изминатите денови од Затвор Штип, како што додаде Тодоров, со Законот за амнестија пуштени се над дваесет осуденици. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trojca-zatvorenici-od-shtipskiot-zatvor-shtrajkuvaat-so-glad/feed/ 0