штрајк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 Oct 2023 07:42:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png штрајк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Штрајкот на М-НАВ одложен, авионскиот сообраќај се одвива редовно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtrajkot-na-m-nav-odlozhen-avionskiot-soobrakaj-se-odviva-redovno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtrajkot-na-m-nav-odlozhen-avionskiot-soobrakaj-se-odviva-redovno/#respond Thu, 12 Oct 2023 07:40:38 +0000 https://kurir.mk/?p=887947

Постигната е согласност да се работи на отворените прашања од страна на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ), на состанокот одржан во Министерството за транспорт и врски, со претставници од Синдикатот на М-НАВ (ССКЛ) и менаџментот на претпријатието за вршење на дејноста давање на услуги на воздухопловната навигација, М-НАВ АД Скопје, информираат од Владата. Со тоа е овозможено авионскиот сообраќај да се одвива редовно. Во меѓувреме се продолжува со координациите во ресорното министерство, со цел целосно реализирање на преземените обврски од двете страни. -Владата на Република Северна Македонија смета дека потпишаниот колективен договор, одлуката за ангажирање консултантска фирма којашто професионално ќе изврши функционална анализа за подобрување на функционирањето на претпријатието, како и согласноста за подигнување на нивото на транспарентноста за сите прашања и изработка на студија којашто ќе ги даде идните правци за развој на претпријатието покажува дека низ функционален дијалог се можни решенија, се вели во соопштението на Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtrajkot-na-m-nav-odlozhen-avionskiot-soobrakaj-se-odviva-redovno/feed/ 0
Синдикатот на контролори на летање попладне на средба во Министерството за транспорт пред утрешниот штрајк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-kontrolori-na-letane-popladne-na-sredba-vo-ministerstvoto-za-transport-pred-utreshniot-shtrajk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-kontrolori-na-letane-popladne-na-sredba-vo-ministerstvoto-za-transport-pred-utreshniot-shtrajk/#respond Wed, 11 Oct 2023 13:20:42 +0000 https://kurir.mk/?p=887747

Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) е повикан на средба во Министерството за транспорт и врски попладне во 17 часот, заедно со директорите на Македонска навигација М-НАВ, потврди за МИА претседателот на ССКЛ Александар Тасевски. Средбата е во пресрет на штрајкот што Синдикатот го најави за утре од 11 до 17 часот, а во тек на кој нема да ги опслужува полетувањата и слетувањата на Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, додека услугите за прелетите над македонското небо ќе бидат намалени за половина од редовните. -Од страна на двајцата нови директори има потполна поддршка и разбирање со желба да се надминат проблемите во насока на прифаќање на нашите барања, но претседателот на УО на М-НАВ Фахрудин Хамиди кој е единствен останат од претходната раководна структура, ги „поматува“ и нашите и желбите на другите двајца директори, изјави Тасевски за МИА. Откако Синдикатот го најави штрајкот поради, како што информираше, „непрофесионално однесување од директорите во однос на вработувањата и внатрешните прераспоредувања, несоодветните услови за работа и опрема“, од М-НАВ ги отфрлија тврдењата, но завчера се одржа средба, но без позитивен исход. Според Тасевски, и покрај ветувањата од директорите за нивните барања по средбата добиле текст кој не соодвестувал со договореното, а според М-НАВ, како што кажаа од Службата за односи со медиуми, останува Синдикатот да го потпише записникот од средбата, бидејќи раководството ги исполнило поставените барања. Клучните барања на Синдикатот се во однос на постапките за вработување, бараат да нема вработувања на друг кадар освен контролори на летање и инженери и техничари, се додека не се направи нова систематизација што ќе биде базирана врз резултатите од студијата што ќе ја подготви консултантска фирма за што се потребни пет до шест месеци. Струковиот синдикат на контролори на летање доби поддршка за штрајкот и од Здружението на контролори на летање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-kontrolori-na-letane-popladne-na-sredba-vo-ministerstvoto-za-transport-pred-utreshniot-shtrajk/feed/ 0
Тасевски: Засега останува одлуката за штрајк на контролорите на летање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tasevski-zasega-ostanuva-odlukata-za-shtrajk-na-kontrolorite-na-letane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tasevski-zasega-ostanuva-odlukata-za-shtrajk-na-kontrolorite-na-letane/#respond Tue, 10 Oct 2023 15:57:07 +0000 https://kurir.mk/?p=887553

Од Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) велат дека засега останува одлуката за штрајк што треба да се реализира задутре од 11 до 17 часот, без опслужување на воздушниот сообраќај на Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. -Засега нема промена. Имаше некакви ветувања од директорите кои, за жал, на крај резултираа со текст кој не соодвестуваше со договореното. Доколку не го променат истиот како договорни обврски кои ги преземаат и се согласуваат да ги реализираат, остануваме на одлуката за штрајк во четврток, изјави попладнево за МИА Александар Тасевски, претседател на Струковиот синдикат на контролори на летање. Од М-НАВ, пак, велат дека останува Синдикатот да ја каже дефинитивната одлука и да го потпише записникот од средбата што ја одржале вчера со Управниот одбор, бидејќи, како што потенцираат, раководството ги исполнило поставените барања. - Договорено е роковите за пријавување кандидати за вработување да траат миниум 10 работни дена и соодветно да бидат информирани и членовите на синдикалните претставници, како и дека ќе се даде приоритет на неопходни вработувања на оперативниот персонал, како контролири на летање, инженери и техничари. Исто така, договорено е да се зголеми сумата за јавната набавка за консултантски услуги за анализа на систематизација на работните места, а рокот за пријавување да биде 15 работни дена. Исполнети се и барањата за реновирање на просториите на М-НАВ, односно да бидат активно вклучени во активностите, како и да се забрза целиот процес за отпочнување на тендерската постапка за што е издаден налог на вработените од секторот за воздухопловна навигација и Секторот за воздухопловна техника да изготват техничка спецификација. Проблемот со водоснабдувањето веќе е саниран, а преземени се дополнителни мерки за конечно решавање, изјавија за МИА од Секторот за односи со јавност во М-НАВ. Најавениот штрајк, како што изјави претходно претседателот на ССКЛ, „е поради непрофесионалното однесување од директорите во однос на вработувањата и внатрешните прераспоредувања, несоодветните услови за работа и опрема“. -Да престане хаотичното однесување и да се однесуваат професионално, а контролата на летање да си го добие своето место и во рамки на балканските контроли на летање и во Европа. Во служби што се превработени се зголемува бројот, се распишуваат конкурси што траат по три дена, а лицата што ги ангажираат на тие работни позиции не можат да одговорат на потребите на работниот процес, што потоа се користи како изговор за дополнителни вработувања – на почетокот на месецов, рече Тасевски во најавата за штрајкот за кој добија поддршка и од Здружението на контролори на летање. Контролорите за летање реагираат и за застарената опрема која, како што велат, откако е инсталирана во 1999 година, досега само се одржува, иако треба да се менува на секои седум години. Во реакција за најавениот штрајк, раководството на М-НАВ тогаш ги отфрли тврдењата на Синдикатот, наведувајќи дека ги презема сите активности за инвестирање, реализација и имплементација на навигациска опрема, како и дека сите вработувања за контролори на летање, се спроведувале според строгите критериуми на Еуроконтрол и интерните акти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tasevski-zasega-ostanuva-odlukata-za-shtrajk-na-kontrolorite-na-letane/feed/ 0
Вработените во јавните обвинителства во земјава од денеска стапуваат во штрајк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-javnite-obvinitelstva-vo-zemjava-od-deneska-stapuvaat-vo-shtrajk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-javnite-obvinitelstva-vo-zemjava-od-deneska-stapuvaat-vo-shtrajk/#respond Wed, 27 Sep 2023 11:40:59 +0000 https://kurir.mk/?p=882260

Вработените во јавните обвинителства од денеска стапуваат во штрајк, соопшти генералниот секретар на Синдикатот на УПОЗ, Бојан Трипуноски, од пред Основното јавно обвинителство - Скопје. Барањата на вработените во обвинителствата се зголемување на платите за 78 отсто и враќање на додатоците на плата во висина од 35 отсто. Штрајкот ќе се одвива пред зградите на сите 28 јавни обвинителства на територијата на државата, нивните холови или сали за состаноци, а како што рече Трипуноски, ќе трае сѐ до исполнувањето на нивните барања. Согласно законските прописи вработените во јавните обвинителства ќе работат само предмети во кои има притвор, претрес или неодложни жалби. - Нема да дозволиме никакви притисоци врз вработените да извршуваат работни задачи, освен оние кои се итни и неодложни. За почетокот на штрајкот е информиран министерот за правда, кој не најде време да не прими и да ги слушне нашите барања. До сите политички партии во Собранието е испратен амандман со кој се бара во ребалансот на буџетот да се предвидат средства за повисоки плати за вработените во обвинителствата. Спремни сме да ги издржиме сите притисоци, рече генералниот секретар на Синдикатот на УПОЗ, Бојан Трипуноски од пред Основното јавно обвинителство - Скопје. Револтот кај вработените во јавните обвинителства се јавува откако Уставниот суд донесе одлука за покачување на платата на функционерите, притоа за вработените во јавните обвинителства ги скрати додатоците на плата кои изнесуваа 35 отсто, за вработените во одделот за организиран криминал, и додатоците од 5 отсто за сите останати. Просечната плата на вработените во јавните обвинителства изнесува 22.000 денари. Изабела Илиева од синдикалната организација при Јавните обвинителства на Република Северна Македонија, рече дека зголемувањето на платата според општиот колективен договор не е доволна и апелираше до министерот за финансии и до министерот за правда што поскоро да остварат средба, бидејќи како што рече штрајкот ќе се радикализира. - Проблемите се трупаат со години, но сега сите сме како еден. Штрајкот започна секаде во 7:30 часот. Апелирам до министерот за финансии и до министерот за правда, да нѐ викне што поскоро и да не губиме време, односно да седнеме и да почнеме да се договараме, бидејќи навистина имаме за решавање многу работи. Ако Законот за судска служба е готов, тогаш Законот за јавно обвинителска служба не е ни почнат, ние не сме викнати да разговараме за тој закон и да ги кажеме нашите специфичности. Обично прават „копи-пејст“ на Законот за административна служба, рече Илиева од пред Основното јавно обвинителство - Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-javnite-obvinitelstva-vo-zemjava-od-deneska-stapuvaat-vo-shtrajk/feed/ 0
„Владата должи објаснување на 550 фамилии“: Вработените во АД Водостопанство најавија штрајк, останале без плати и здравствено осигурување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-dolzhi-objasnuvane-na-550-familii-vrabotenite-vo-ad-vodostopanstvo-najavija-shtrajk-ostanale-bez-plati-i-zdravstveno-osiguruvane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-dolzhi-objasnuvane-na-550-familii-vrabotenite-vo-ad-vodostopanstvo-najavija-shtrajk-ostanale-bez-plati-i-zdravstveno-osiguruvane/#respond Tue, 19 Sep 2023 12:16:43 +0000 https://kurir.mk/?p=879536

АГРО Синдикатот при ССМ, заедно со вработените во АД Водостопанство во државна сопственост – Скопје, денеска пред Влада одржаа протест, каде најавија штрајк од следната недела, доколку не бидат исплатени нивните две плати. Сојузот на синдикатите на Македонија и АГРО Синдикатот се загрижени за состојбата во Водостопанство, особено поради тоа што вработените редовно ги извршуваат своите работни задачи, а за возврат веќе неколку месеци не ја добиваат одработената плата. -Владата должи објаснување на 550 фамилии кои се останати без здравствено осигурување, дали воопшто се грижи за овие вработени и за водоснабдувањето во државава. Овие работници денес дојдоа тука да си ги остварат правата од работниот однос и доколку во најбрз можен рок не добиеме одговор, ние сме спремни да прогласиме штрајк, изјави претседателот на Агро синдикатот, Игор Китаноски на протестот пред Владата. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов рече дека е се понеизвесно дека работниците ќе одлучат да не ги извршуваат нивните работни задачи и упати порака до менаџерскиот тим на АД Водостопанство и Владата да изнајдат решение и да се исплатат платите на работниците, бидејќи како што рече, доколку не се исплатат двете заостанати плати, следните чекори ќе бидат далеку подрастични. -Луѓето редовно ги извершувале нивните работни задачи изминатите два месеци, можете да замислите што ќе се случи доколку овие луѓе одлучат да ги затворат вентилите и одлучат да не доаѓаат на работа, поради тоа што не добиваат плата, како што тоа го очекуваат од менаџерскиот тим, раководството и Владата. Денес Владата има седница, барам претставниците на Владата и министрите едногласно да донесат одлука и платите на овие работници да бидат исплатени, доколку не, во текот на наредната недела ќе донесеме одлука за следни чекори кои нема да бидат како овој денес. Зборуваме за зголемени функционерски плати од 80 отсто, а овие луѓе два месеци немаат земено плата и тоа е жално за Македонија, рече Трендафилов. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-dolzhi-objasnuvane-na-550-familii-vrabotenite-vo-ad-vodostopanstvo-najavija-shtrajk-ostanale-bez-plati-i-zdravstveno-osiguruvane/feed/ 0
Уругвајските фудбалери стапија во штрајк https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/urugvajskite-fudbaleri-stapija-vo-shtrajk/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/urugvajskite-fudbaleri-stapija-vo-shtrajk/#respond Sat, 09 Sep 2023 15:32:28 +0000 https://kurir.mk/?p=876366

Фудбалерите од уругвајските прволигашки и второлигашки екипи едногласно одлучија да ги бојкотираат натпреварите кои требаше да се играат овој викенд незадоволни од условите предвидени во колективниот договор. Колективниот договор меѓу сопствениците на клубовите и фудбалерите во Уругвај е непроменет од 2007 година што практично резултираше со замрзнување на платите на играчите. - Принудени бевме на овој чекор за да го свртиме вниманието на постојниот проблем и да издејствуваме постигнување конечен договор, изјави генералниот секретар на Синдикатот на уругвајските професионални фудбалери Мичел Дуарте, напоменувајќи дека платите на играчите, особено во втората лига, се многу ниски. Дуарте најави дека штрајкот ќе трае сè до постигнување нов колективен договор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/urugvajskite-fudbaleri-stapija-vo-shtrajk/feed/ 0
Гиевски: Постојат огромни шанси учебната година да започне со штрајк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gievski-postojat-ogromni-shansi-uchebnata-godina-da-zapochne-so-shtrajk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gievski-postojat-ogromni-shansi-uchebnata-godina-da-zapochne-so-shtrajk/#respond Sun, 27 Aug 2023 12:20:29 +0000 https://kurir.mk/?p=871499

Во образованието се незадоволни од тоа што не им се почитува колективниот договор, од ниските плати, од најавените промени кои се против законот, па постои можност учебната година да почне со штрајк, вели за Слободна Европа Томислав Гиевски, претседател на Независниот синдикат на образование и наука. -Апсолутно станува збор за огромно незадоволство коешто преовладува во основните и средни училишта, како резултат на понудените ниски 10 проценти од страна на владата преку општиот колективен договор. Постојат огромни шанси учебната година да започне со штрајк, ние како Независен синдикат за образование и наука активно работиме на окрупнување на силата со цел да можеме да го реализираме тој процес. Се разбира, доколку и побројниот синдикат го искористи тоа право, ние сме тука да се солидаризираме и да ги окрупниме силите за да ја оствариме таа цел. Револтот потекнува од најавените промени во секторот образование коишто не се совпаѓаат со законите. Револтот исто така е поради ниската потпросечна плата, а најголем е револтот на просветните работници поради непочитувањето на колективните договори, вели Гиевски во интервјуто. Тие бараат целосно почитување на колективните договори. -Кај нас во секторот образование се користи најниска плата којашто е за висок процент пониска од минималната плата на државно ниво. На тој начин грубо се крши законот, незаконски се намалува платата на просветните работници и се создава ситуација просветните работници да бидат потпросечно платени, односно живееме во држава којашто е единствената во Европа каде што просветните работници се платени со почетна плата којашто е пониска од републичкиот просек, објаснува Гиевски. Целото интервју може да го погледнете тука.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gievski-postojat-ogromni-shansi-uchebnata-godina-da-zapochne-so-shtrajk/feed/ 0
Штрајк на лекарите во Велика Британија за платите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtrajk-na-lekarite-vo-velika-britanija-za-platite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtrajk-na-lekarite-vo-velika-britanija-za-platite/#respond Thu, 24 Aug 2023 14:56:06 +0000 https://kurir.mk/?p=870551

Државните болници ширум Англија денеска ќе престанат со работа поради уште еден 48-часовен штрајк на постарите по стаж и позиции болнички лекари поради спорот околу платите со Владата. Илјадници болнички лекари велат дека ќе пружат само итна помош. Денешната акција е најновата во серијата штрајкови на лекарите, медицинските сестри и другиот клинички персонал во последните месеци, кои бараат подобри плати во услови на криза во Велика Британија. Конзервативната влада инсистираше дека разговорите за платите се завршени откако посочи дека тие лекари ќе добијат зголемување на платите за шест отсто. Министерот за здравство Стив Баркли рече дека просечната годишна плата за постарите лекари изнесува 134.000 фунти. Британското медицинско здружение, синдикатот на лекарите, го оцени зголемувањето како „навредливо“ и соопшти дека лекарите доживеале намалување на платите од 35 проценти во реален износ во изминатите 14 години. Во меѓувреме, десетици илјади помлади лекари и друг персонал се уште имаат спор со Владата за платите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtrajk-na-lekarite-vo-velika-britanija-za-platite/feed/ 0
Нов штрајк на пилотите во Rayanair приземји скоро 90 летови во Белгија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-shtrajk-na-pilotite-vo-rayanair-prizemji-skoro-90-letovi-vo-belgija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-shtrajk-na-pilotite-vo-rayanair-prizemji-skoro-90-letovi-vo-belgija/#respond Tue, 15 Aug 2023 07:26:50 +0000 https://kurir.mk/?p=866827

Вкупно 88 летови на аеродромот Шарлероа во Белгија беа откажани денес и утре поради штрајкот на пилотите на Rayanair незадоволни од работните услови, што е нивниот трет штрајк за еден месец. Околу 15.000 патници кои треба да полетуваат и да слетаат во Шарлероа се погодени од ова социјално движење, соопшти управата на аеродромот за AFP. Пилотите на Rayanair со седиште во Белгија веќе штрајкуваа за време на викендот на 15 и 16 јуни (откажани 120 летови) и за време на викендот на 29 и 30 јули (96 откажани летови). На ирската авиокомпанија ѝ се замерува дека не го почитува колективниот договор според кој пилотите имаат право на одреден број на денови одмор во замена за намалувањето на платите на кое се согласија во 2020 година поради пандемијата на коронавирус. Синдикатот на пилотите ја обвинува компанијата дека не го почитува белгискиот закон и дека работи на начин што создава нелојална конкуренција во однос на другите компании. „Вработените се огорчени. Нашиот работодавец отворено вели дека нема да ги почитува законите и ни вели: Повлечете ги сите тужби, во спротивно ќе ви го продолжам работното време и нема да ги ускладам вашите плати со инфлацијата“, рече Дидје Леб, претставник на Синдикатот на вработените. Компанијата, сепак, посочува дека повеќе од половина од сообраќајот на Rayanair во Шарлероа го обезбедуваат авионите на кои работат небелгиски персонал. Синдикатите на белгиските пилоти треба да преговараат, а не да штрајкуваат, одговори Rayanair во јули, изразувајќи задоволство од договорот со нивните италијански, шпански и француски колеги за работни услови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-shtrajk-na-pilotite-vo-rayanair-prizemji-skoro-90-letovi-vo-belgija/feed/ 0
Суданските лекари штрајкуваат поради платите и лошите услови за работа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudanskite-lekari-shtrajkuvaat-poradi-platite-i-loshite-uslovi-za-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudanskite-lekari-shtrajkuvaat-poradi-platite-i-loshite-uslovi-za-rabota/#respond Wed, 09 Aug 2023 20:35:18 +0000 https://kurir.mk/?p=865172

Суданските лекари штрајкуваат поради платите и лошите услови за работа додека продолжуваат борбите меѓу армијата и ривалските сили за брза поддршка (РСФ), јави Би-Би-Си. Лекарите велат дека штрајкуваат поради недостиг на соодветен медицински транспорт за пациентите, малиот број медицински персонал, доцнење на платите повеќе од 10 месеци, како и ужасните услови за работа во земјата зафатена од војна. Медицинските работници во покраината Северен Кордофан веќе петти ден штрајкуваат барајќи исплата на паричен надомест. Штрајкот во болницата Ел-Обајед ги опфати сите центри за итни случаи и траума, додека центрите за дијализа, гинеколошките и акушерските установи сè уште делумно функционираат. Во исто време, борбите продолжуваат во главниот град на Судан, Картум, како и во соседните градови Омдурман и Бахра, и покрај меѓународното посредување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudanskite-lekari-shtrajkuvaat-poradi-platite-i-loshite-uslovi-za-rabota/feed/ 0