штрајкови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Mar 2023 08:38:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png штрајкови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Германија застана во времето – се одржува масовниот штрајк на синдикатите, никој не работи! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-zastana-vo-vremeto-se-odrzhuva-masovniot-shtrajk-na-sindikatite-nikoj-ne-raboti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-zastana-vo-vremeto-se-odrzhuva-masovniot-shtrajk-na-sindikatite-nikoj-ne-raboti/#respond Mon, 27 Mar 2023 08:38:47 +0000 https://kurir.mk/?p=816813

Во Германија денеска ќе се одржи најмасовниот штрајк во последните три децении, а лидерот на германскиот синдикат за услужни дејности „Верди“, Франк Вернеке, изјави дека штрајкот е прашање на опстанок на илјадници луѓе кои се борат за повисоки плати додека расте инфлацијата. Според најавите на синдикатите, во Германија речиси се ќе запре, пренесува „Дојче Веле“. Возовите нема да сообраќаат речиси воопшто, а од аеродромите ќе работи само Берлинскиот. Градскиот превоз треба да запре во седум од 16-те провинции. Штрајкот ќе остави милиони луѓе без редовен превоз, а патиштата најверојатно ќе бидат заглавени со автомобили. Ваков предупредувачки штрајк свикаа двата главни синдикати, Синдикатот на железничарите и транспортни работници (ЕВГ) и Синдикатот на услужни дејности „Верди“. Синдикатите бараат повисоки плати поради поскапувањата, како и подобри услови за работа за речиси 2,7 милиони вработени во јавниот сектор и транспортните дејности. Од утре почнува новата рунда преговори. „Верди“ бара зголемување од 10,5 отсто за јавните службеници, чии плати се еднакви на примањата на многу вработени на аеродромите или во јавниот превоз, но минималното зголемување да биде 500 евра месечно бруто. Синдикатот ја одби понудата на работодавачот поскапувањето да биде пет проценти и да се изведе во два чекори, како и да се исплати еднократен износ од 2.500 евра. На синдикатот ЕВГ слично му понудија и Германските железници и педесетина други железнички компании. ЕВГ го одбива ова, барајќи 12,5 отсто поголеми плати и најмалку 650 евра месечно. Анкетата на агенцијата за истражување на јавното мислење YouGov покажува дека 55 отсто од граѓаните го поддржуваат штрајкот. Синдикатите најавија дека штрајкот ќе трае еден ден и дека состојбата ќе се нормализира веќе утре.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-zastana-vo-vremeto-se-odrzhuva-masovniot-shtrajk-na-sindikatite-nikoj-ne-raboti/feed/ 0
Во Франција закажани нови штрајкови против реформите на пензискиот систем https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-frantsija-zakazhani-novi-shtrajkovi-protiv-reformite-na-penziskiot-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-frantsija-zakazhani-novi-shtrajkovi-protiv-reformite-na-penziskiot-sistem/#respond Wed, 08 Feb 2023 19:33:01 +0000 https://kurir.mk/?p=798056

Француските синдикати за 16 февруари планираат нови штрајкови и демонстрации против планираните реформи на пензискиот систем, јавија француски медиуми повикувајќи се на синдикални извори. Во Франција штрајкови се одржуваат од средината на јануари, со кои синдикатите протестираат против плановите на Владата да го продолжи работниот век за две години, од 62 на 64. Извори од синдикатите CGT, CFTC и Unsa изјавија дека осумте главни синдикати во Франција се согласиле на нови протести на 16 февруари и разгледуваат опции за протести и на 7 и 8 март, кога во Сенатот ќе се разгледува предлог-законот на владата за пензиските реформи.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-frantsija-zakazhani-novi-shtrajkovi-protiv-reformite-na-penziskiot-sistem/feed/ 0
Се шират работничките штрајкови низ Франција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-shirat-rabotnichkite-shtrajkovi-niz-francija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-shirat-rabotnichkite-shtrajkovi-niz-francija/#respond Tue, 18 Oct 2022 10:07:37 +0000 https://kurir.mk/?p=746960

Француските синдикати денеска почнаа штрајкови низ целата земја, со барања за повисоки плати бидејќи инфлацијата достигна највисоко ниво во последните неколку децении. Штрајковите што најмногу ќе го засегнат јавниот сектор пред се образованието и транспортот, е продолжение на веќе отпочнатите активности и прекинот на работењето во големите француски рафинерии што доведе до потешкотии во снабдувањето со гориво и редици на бензинските пумпи. Лидерите на синдикатот се надеваат дека одлуката на француската Влада за принудно враќање на работниците во складишта за горива ќе го засили револтот на работниците, посочувајќи дека со таквите потези „се загрозува правото на штрајк“.
Портпаролот на француската Влада Оливие Веран изјави дека денеска може да бидат издадени дополнителни наредби за принудно враќање на вработените на работа, бидејќи се уште има редици на бензинските пумпи низ земјата. „Ќе има принудно враќање на работа до степен до кој ќе се оцени дека е неопходно… Блокирањето на рафинериите во услови на постигнат договор за платите, не е нормална ситуација“, рече Веран. Синдикатот „CGT“ повика продолжување на тринеделниот штрајк во „ТоталЕнерџи“, независно постигнатиот договор од петокот на нафтената компанија со умерените синдикати за седумпроцентно зголемување на платите и исплата на бонуси на работниците. Синдикатот „CGT“ бара зголемување на платите за десет насто, наведувајќи ги како причина инфлацијата и огромниот дополнителен профит на фирмата. Поради штрајкот во Франција компанијата „Еуростар“ соопшти дека откажува некои од возовите на линијата Лондон – Париз. Францускиот јавен железнички оператор „SNCF“ соопшти з а намалување на локалните линии за 50 проценти, но и дека нема поголеми прекини на националните линии.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-shirat-rabotnichkite-shtrajkovi-niz-francija/feed/ 0
Франција ја одлага реформата за пензискиот систем што предизвика штрајкови и протести https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-ja-odlaga-reformata-za-penziskiot-sistem-shto-predizvika-shtrajkovi-i-protesti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-ja-odlaga-reformata-za-penziskiot-sistem-shto-predizvika-shtrajkovi-i-protesti/#respond Fri, 17 Jul 2020 14:32:26 +0000 https://kurir.mk/?p=377812

Француската Влада донесе одлука да ја одложи контроверзната реформа на пензискиот систем барем до крајот на годината, поради економската криза предизвикана од пандемијата на новиот коронавирус. Новиот француски премиер Жан Кастекс објави по денешната средба со претставниците на синдикатот дека ќе се продолжи со реформата на пензискиот систем, но дека владата ќе ги продолжи преговорите за деталите на тој план во наредните месеци наместо да ја заврши во текот на летото, како што беше планирано. Реформата предвидува укинување на некои права, на пример, железничките работници веќе нема да можат да се пензионираат порано, а адвокатите нема да можат да плаќаат пониски даноци. Владата разговара со синдикатите дали да ја подигне возраста за пензија на 62 години, или да зголеми даноци за да го направи пензискиот систем финансиски одржлив. Намерата на Владата да го реформира пензискиот систем доведе до штрајкови и протести на синдикатите, кои стравуваат дека промените ќе ги принудат луѓето да работат подолго за помалку пари. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-ja-odlaga-reformata-za-penziskiot-sistem-shto-predizvika-shtrajkovi-i-protesti/feed/ 0
Германците дури сега ќе полудат: Ништо од повисоките плати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germancite-duri-sega-kje-poludat-nishto-od-povisokite-plati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germancite-duri-sega-kje-poludat-nishto-od-povisokite-plati/#respond Sun, 15 Apr 2018 13:24:38 +0000 https://kurir.mk/?p=40946

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофеер вели дека ќе изврши притисок да се постигнат разумни резултати во наредната рунда разговори за зголемување на платата. Во Германија повеќе од два милиони вработени во јавниот сектор бараат поголеми плати, но Зехофер го одби барањето на Синдикатот „Верди“ за зголемување од шест отсто. Разговорите треба да се продолжат утре откако 150.000 работници во јавниот сектор во текот на минатата недела стапија во штрајк поради што на аеродромите останаа блокирани повеќе илјадници патници. Штрајкови беа организирани и во болниците, центрите за грижа за деца и депониите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germancite-duri-sega-kje-poludat-nishto-od-povisokite-plati/feed/ 0
Бран штрајкови во Франција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bran-shtrajkovi-vo-francija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bran-shtrajkovi-vo-francija/#respond Tue, 03 Apr 2018 09:21:27 +0000 https://kurir.mk/?p=35640

Вработените во француската железница денеска почнаа тримесечен штрајк, што ќе се одрази на 4,5 милиони граѓани кои користат возови. Планирано е штрајкот да трае до 28 јуни, доколку францускиот претседател Емануел Макрон не се откаже од плановите за реформа во државното железничко претпријатие СНЦФ. За време на штрајкот ќе сообраќа само еден од осумте брзи возови Те-Же-Ве, како и еден од пет регионални возови. Персоналот на авиокомпанијата „Ер Франс“, комуналните работници и одделни вработени во енергетскиот сектор, исто така, денеска ќе одржат одделни штрајкови. Раководството на „Ер Франс“ соопшти дека 75 отсто од летовите нема да бидат погодени од петтиот штрајк во изминатиов месец. Штрајкови, кои се организираат поради платите, вработените во „Ер Франс“ закажаа и за 7,10 и 11 април. Во текот на изминатите недели, во Франција штрајкуваа и пензионерите, студентите и вработените во јавниот сектор, поради реформите кои ги најави Макрон. Аналитичарите сметаат дека бранот штрајкови е тест за Макрон, но и за синдикатите, кои повикувајќи на штрајк можат да поттикнат уште поголемо незадоволство во општеството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bran-shtrajkovi-vo-francija/feed/ 0