штркови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Apr 2023 13:09:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png штркови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Штркови се вратија во македонско село да свијат гнезда и создадат семејства, еве како е решен нивниот проблем https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-shtrkovi-se-vratija-vo-makedonsko-selo-da-svijat-gnezda-i-sozdadat-semejstva-eve-kako-e-reshen-nivniot-problem/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-shtrkovi-se-vratija-vo-makedonsko-selo-da-svijat-gnezda-i-sozdadat-semejstva-eve-kako-e-reshen-nivniot-problem/#respond Wed, 05 Apr 2023 13:09:36 +0000 https://kurir.mk/?p=820559

Минатата недела жители на Ржаничино побарале помош од Анима Мунди. Ги известија дека штрковите кои од топлите краишта се вратиле во селото се оневозможени да свијат гнезда и создадат семејства, поради замена на старите бандери во селото со нови бетонски столбови од страна на ЕВН. „Стануваше збор за неколку пара од овие птици преселници, кои се вратија во родниот крај за да создадат подмладок, но на новите бандери немаа како да свијат гнезда. Се обративме во ЕВН и побаравме нивна интервенција за да се заштитат, да се избегне нарушување на нивната биолошката динамика и избегнат низа опасности по птиците, особено малите штркови. Сакаме да информираме дека на барањето ни беше одговорено веднаш, а веќе по неколку дена проблемот беше решен. Во период од неколку дена екипи на ЕВН дојдоа во селото и поставија метални гнезда на сите посочени локации, а птиците веднаш слетаа на своите стари локации за да прават нови гнезда. Оваа вест е важна за да ја охрабриме хуманоста секогаш и секаде, кон секое живо суштество, а воедно и да ја поттикнеме и засилиме општествената одговорност кон животните“ - велат од здружението за заштита на животните. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-shtrkovi-se-vratija-vo-makedonsko-selo-da-svijat-gnezda-i-sozdadat-semejstva-eve-kako-e-reshen-nivniot-problem/feed/ 0
ФОТО: Во скопско Орешани убиени два штрка и фрлени блиску до нивното гнездо https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-vo-skopsko-oreshani-ubieni-dva-shtrka-i-frleni-blisku-do-nivnoto-gnezdo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-vo-skopsko-oreshani-ubieni-dva-shtrka-i-frleni-blisku-do-nivnoto-gnezdo/#respond Sat, 24 Jul 2021 14:40:18 +0000 https://kurir.mk/?p=541335

Во скопското село Орешани во Општина Зелениково, убиени се два штрка, а нивните тела лежат во близина на нивното гнездо. Штрковите, како што објави порталот Скопје инфо, се препознатлив знак за ова село, а нивните гнезда може да се видат кога се патува со воз од Скопје кон Велес, Битола или Гевгелија. На некого му пречеле овие прекрасни птици, кои не прават ни врева ниту штета на луѓето, се хранат со жаби, змии и риби и се чистачи на човековата околина. Жителите од Орешани се згрозени од овој злочест чин на непознатиот сторител. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-vo-skopsko-oreshani-ubieni-dva-shtrka-i-frleni-blisku-do-nivnoto-gnezdo/feed/ 0
Стојково преброја: Има 47 гнезда на штркови, 94 возрасни и 163 млади штркови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojkovo-prebroja-ima-47-gnezda-na-shtrkovi-94-vozrasni-i-163-mladi-shtrkovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojkovo-prebroja-ima-47-gnezda-na-shtrkovi-94-vozrasni-i-163-mladi-shtrkovi/#respond Sun, 18 Jul 2021 12:25:40 +0000 https://kurir.mk/?p=538292

Месната заедница од Стојаково во Богданци неодамна ги преброја активните гнезда на штркови, при што установи дека има 47 гнезда, 94 возрасни и 163 млади штркови. – Штрковите населуваат еколошки чисти средини, што значи дека Стојаково максимално ги исполнува нивните услови за живеење. Селото Стојаково е рамничарско село и има две големи предности: прво, има доволно безбедни места за гнездење, речиси повеќето од гнездата се на далноводи, на кои често има платформи за штркови поставени од „ЕВН Македонија“, и второ, околните обработливи површини, близината на Вардар и влажните ливади околу локалитетот Ѓол и Ѓиренот нудат доволно храна за штрковите, информираат на својот фејсбук-профил од Месната заедница. Во 2018 година во Стојаково се избројани 37 гнезда, со 74 возрасни и 134 млади штркови.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojkovo-prebroja-ima-47-gnezda-na-shtrkovi-94-vozrasni-i-163-mladi-shtrkovi/feed/ 0
Пресврт во најпознатата љубовна приказна: Клепетан е жив и се врати кај Малена https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/presvrt-vo-najpoznatata-ljubovna-prikazna-klepetan-e-ziv-i-se-vrati-kaj-malena/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/presvrt-vo-najpoznatata-ljubovna-prikazna-klepetan-e-ziv-i-se-vrati-kaj-malena/#respond Thu, 04 Jun 2020 10:49:13 +0000 https://kurir.mk/?p=353726

Една од најдолговечните љубовни приказни во Хрватска, онаа на штрковите Клепетан и Мален сепак ќе има среќен крај. Иако сите, вклучително и Стјепан Вокиќ кој се грижи за Малена мислеа дека Клепетан минатата година угина, тој се вратил годинава повторно кај неа. -Иако не бев сигурен на почетокот дека станува збор за Клепетан, сега знам дека е тој. Се врати во април, засега имаат три јајца, едно се скрши, студот лошо влијаеше за нив. Баш сега тој беше со мене во двор додека таа лежи на јајцата, вели за Индекс.хр Стјепан кој вели дека е шокиран од враќањето на Клепетан. Тој додава дека мислел дека Клепетан угинал бидејќи цела година не се враќал. -Сега повторно се врати. Само игра околу мене, како да се извинува, не знам како поинаку да го наречам тоа, вели Стјепан. Тој 27 години се грижи за Малена, а нејзината љубовна приказна со Клепетан го обиколи светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/presvrt-vo-najpoznatata-ljubovna-prikazna-klepetan-e-ziv-i-se-vrati-kaj-malena/feed/ 0
Тажен крај на најубавата љубовна приказна: Умре Клепетан, претходно дојде да се поздрави со Малена https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tazen-kraj-na-najubavata-ljubovna-prikazna-umre-klepetan-prethodno-dojde-da-se-pozdravi-so-malena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tazen-kraj-na-najubavata-ljubovna-prikazna-umre-klepetan-prethodno-dojde-da-se-pozdravi-so-malena/#respond Thu, 29 Aug 2019 19:43:37 +0000 https://kurir.mk/?p=234836

Приказната за штрковите од Хрватска, Малена и Клепетан ги воодушевуваше луѓето ширум светот. Клепетан во Бродски Варош се вратил на 18 март, што било порано од вообичаено, но не за да остане во својата Малена преку летото, туку да се поздрави со неа. Пензионираниот домар, Стјепан Вокиќ кој веќе 30 години се грижи за Малена, објаснува дека неговиот Клепо дошол во гнездото стар и болен. -Четири штркови дојдоа кај мајката на даската и три-четири часа тажно штракаа со клуновите. Тогаш знаев дека Клепо замина да умре. Знаете како велат, птиците умираат пеејќи. Малена порасна 66 млади, тоа е многу за една мајка. Многу сум поврзан за неа. Не одам ни на море, ниту со пријателите, секогаш се грижам за неа. Се обидувам да најдам риба за да ја прехранам, но многу е тешко, вели Вокиќ. Стјепан ја поминал цела околина во потрага во Клепетан откако тој се поздравил во Малена, но не успеал да го најде. Тогаш му било јасно дека тој угинал. – Клепетан го дочекувам 17 години. Лани со Малена имаа 7 јајца, а оваа година нешто лошо се случи или во прашање е старост на птицата. Имаа само три јајца. Во сите овие 17 години од нивната љубов се испилија 66 штркови. Тоа е раритет во светски размери, кога се во прашање штркови, вели Вокиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tazen-kraj-na-najubavata-ljubovna-prikazna-umre-klepetan-prethodno-dojde-da-se-pozdravi-so-malena/feed/ 0
Скоро 20 години штркови прават гнездо на иста џамија во Анкара https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/skoro-20-godini-shtrkovi-pravat-gnezdo-na-ista-dzamija-vo-ankara/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/skoro-20-godini-shtrkovi-pravat-gnezdo-na-ista-dzamija-vo-ankara/#respond Thu, 23 May 2019 07:03:03 +0000 https://kurir.mk/?p=200990

Куполата на џамијата „Нурјагди“, изградена пред 19 години во областа Пурсаклар во Анкара, исто толку време е дом на штрковите коишто внимателно си го чуваат, заедно со одговорните лица за оваа џамија, објави агенцијата Анадолија. Претседателот на здружението на џамијата „Нурјагди“ за одржување курсеви по Куранот, Али Кемал Бал изјави дека земјиштето на џамијата, чијшто сопственик бил неговиот татко Мустафа Бал, во 1996 година било подарено на Претседателството за верски прашања на Турција. Тој истакна дека непосредно по отворањето на џамијата 2000 година, штрковите веднаш почнале да прават гнездо во куполата на џамијата. -Секоја година доаѓаат и тука снесуваат јајца, па имаат и мали штркови. Некои жители од соседството не го поднесуваат изметот. Затоа велат да го пренесеме гнездото на друго место. Но, татко ми тоа не го дозволи. Рече „нека остане гнездото“. И така, остана. И по изградбата на нашите минариња и поставувањето на разгласот, штрковите останаа во своите гнезда. Тоа не им пречеше. Но, секако, птиците се вознемируваат од звуци. Гнездото се наоѓа помеѓу двете минариња, раскажува Бал. Гнездото е своевидна туристичка атракција. Веќе е симбол на џамијата, оти, како што тој додава, 19 години се наоѓа на исто место, и птиците не го менуваат. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/skoro-20-godini-shtrkovi-pravat-gnezdo-na-ista-dzamija-vo-ankara/feed/ 0
(ВИДЕО) Светска љубовна приказна на штркови во Хрватска: Клепетан вчера по 17 пат се врати кај Малена и веќе водеа љубов https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-svetska-ljubovna-prikazna-na-shtrkovi-vo-hrvatska-klepetan-vchera-po-17-pat-se-vrati-kaj-malena-i-vekje-vodea-ljubov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-svetska-ljubovna-prikazna-na-shtrkovi-vo-hrvatska-klepetan-vchera-po-17-pat-se-vrati-kaj-malena-i-vekje-vodea-ljubov/#respond Tue, 19 Mar 2019 16:37:32 +0000 https://kurir.mk/?p=176499

Неколку дена порано од вообичаено штркот Клепетан се врати кај својата штрчица Малена во гнездото од училишната зграда во Бродска Варош во Хрватска, пишува 24 Сата. Најубавата и ширум светот најпозната птичја љубов доби свое среќно 17-то продолжение. – Во понеделникот (вчера) попладне, околу 15 часот, бев во дворот и гледам на тревникот зад училиштето два штрка. Го повикав: Клепо дојди, ќе ти даде дедо Стипе риба и месо! И му однесов канта со малку месо. И додека другиот штрк одлета, не поминаа ни минути, Клепетан пријде до кантата и набрзо се изеде, весело заштрака со клунот, одлета на покривот кај својата Малена и веднаш се „оддаде на работа“. Се бакнуваа радосно со клуновите, штракаа, а имаа и парење неколкупати. Среќни тие, среќен и јас, раскажува пензионираниот домар во училиштето, Стјепан Вокиќ. По негова заслуга, и безграничната грижа, љубовната приказна меѓу Малена и Клепетан трае толку години. – Откако водеа љубов Клепетан се оддаде на чистење и уредување на своите пердуви, а и на гнездото. Годинава стигна почист од вообичаено, но знае дека покрај својата Малена мора да биде уреден и дотеран. Ако биде среќно како изминатите години, Малена за еден месец ќе снесе јајца, ќе видиме што ќе биде, ама искрено верувам дека традицијата ќе ја продолжат со нивните досегашни 66 потомци, што е светски раритет на љубов и приврзаност на два штрка. Јас ќе морам да одам на риболов, сега е малку проблематично оти е ладно и рибата таму каде што ја има е на дното, а од друга страна и канали има се помалку и Клепетан ќе има доста работа да се нахрани себе, но и Малена, како и малите штркќиња кога ќе се изведат. Малена сега има 32 години. Но, вреден е Клепетан, се ќе биде во ред, вели Вокиќ. Инаку Малена преку зимата останува згрижена во Хрватска, откако е со повредено крило и не може да лета на југ, а Клепетан 17 години со ред заминува на есен и се враќа на пролет кај својата избраничка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-svetska-ljubovna-prikazna-na-shtrkovi-vo-hrvatska-klepetan-vchera-po-17-pat-se-vrati-kaj-malena-i-vekje-vodea-ljubov/feed/ 0
Трагедија во кавадаречко: Гнездо на штркови со пет мали штркчиња изгоре во пожар (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tragedija-vo-kavadarechko-gnezdo-na-shtrkovi-so-pet-mali-shtrkchinja-izgore-vo-pozar-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tragedija-vo-kavadarechko-gnezdo-na-shtrkovi-so-pet-mali-shtrkchinja-izgore-vo-pozar-foto/#respond Wed, 16 May 2018 10:12:02 +0000 https://kurir.mk/?p=54752

Гнездо на штркови во кое имаше пет мали штркчиња изгоре денеска во кавадаречкото село Сопот. Интервенирала и Територијалната противпожарна единица од Кавадарци. Командирот Илчо Богевски рече за МИА дека според првичните информации, можно е поради змија или меѓусебно туркање, штрковите да предизвикале допирање на две жици и спој, по што настанал пожарот. Изгорел и дел од бандерата, но спречено е огнот да се прошири на блискиот објект. Очевидците изразија жалење што не се успеало да се спасат младите штркчиња. -Видно вознемирени, возрасните единки седеа до последен момент во гнездото, како да бараа начин да ја спасат својата рожба. За жал, не можевме да им помогнеме на време, иако се јавивме во противпожарната служба и ЕВН, рекоа очевидци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tragedija-vo-kavadarechko-gnezdo-na-shtrkovi-so-pet-mali-shtrkchinja-izgore-vo-pozar-foto/feed/ 0
ФОТО: Клепетан повторно и се врати на Малена, љубов која трае 16 години https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-klepetan-povtorno-i-se-vrati-na-malena-ljubov-koja-trae-16-godini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-klepetan-povtorno-i-se-vrati-na-malena-ljubov-koja-trae-16-godini/#respond Thu, 29 Mar 2018 13:52:21 +0000 https://kurir.mk/?p=34242

Во последните години доцнењата му беа по една недела или две, па и денес не го очекував, но најважно е дека пристигна, сега е повторно тука и убавата приказна продолжува, вели Стјепан Вокиќ. Во малото место во Хрватска, 16 години по ред продолжува љубовната приказна на познатите штркови Малена и Клепетан. Тој денес околу 10:30 часот слета во гнездото на покривот на училишната зграда, а Малена го дочека со раширени крилја. -Навистина, Клепетан доцни некои 3 или четири дена во годината. Патот му е долг, над 13.000 километри треба да прелета и да избегне бројни замки. Денес иако не го очекував, тој пристигна. Нема посреќен од нив и секако од мене. Среќата и љубовта, по долгата зима повторно е во нашиот двор, вели Стјепан кој бил изненаден од доаѓањето на Клепетан. До сега познатите штркови Клепетан и Малена израснале 54 прици што е вистински раритет и во светски рамки кога станува збор за штрковите и нивните потомци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-klepetan-povtorno-i-se-vrati-na-malena-ljubov-koja-trae-16-godini/feed/ 0
Македонското еколошко друштво препорачува на штрковите да им се остава храна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskoto-ekoloshko-drushtvo-preporachuva-na-shtrkovite-da-im-se-ostava-hrana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskoto-ekoloshko-drushtvo-preporachuva-na-shtrkovite-da-im-se-ostava-hrana/#respond Mon, 26 Mar 2018 10:13:19 +0000 https://kurir.mk/?p=33107

Граѓаните да им оставаат само храна- мали слатководни риби или сирово пилешко месо на штрковите и да не се обидуваат на друг начин да интервенираат поради ниските температури и врнежите од снег, препорачуваат од Македонското еколошко друштво. Во известувањето се наведува дека овие птици имаат свои физиолошки и морфолошки адаптации за преживување на ниски температури и се додека имаат храна, односно ако реките и другите водни тела не се замрзнати, тие ќе го преживеат краткиот период на паѓање на температурите. Исто така се нагласува дека иако штрковите стојат навидум неподвижни на отворен простор или во нивните гнезда, нема потреба од делување, затоа што на тој начин тие си ја зачувуваат телесната топлина. По доаѓањето на преселните птици во кочанскиот регион биле забележани обиди од страна на луѓето да ги заштитат со засолнување во затворени простории и да им даваат храна што не е соодветна за нив. Во препораките од МЕД стои дека  доколку граѓаните сакаат да им помогнат  треба да им оставаат мали слатководни риби или сирово пилешко месо во близина на гнездата и да се оддалечат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskoto-ekoloshko-drushtvo-preporachuva-na-shtrkovite-da-im-se-ostava-hrana/feed/ 0