шума – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Jul 2023 11:20:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png шума – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Делумна забрана за движење во шума од 06:00 до 20:00 часот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/delumna-zabrana-za-dvizhene-vo-shuma-od-06-00-do-20-00-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/delumna-zabrana-za-dvizhene-vo-shuma-od-06-00-do-20-00-chasot/#respond Tue, 18 Jul 2023 11:20:34 +0000 https://kurir.mk/?p=857702

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) по барање на ЈП „Национални шуми“ даде согласност за воведување делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Ваквата согласност се дава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор. Како што информира МЗШВ, делумната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“, за временски период од 17.07.2023 година, во терминот од 06.00 до 20.00 часот. -Делумната забрана за движење во шумите ќе трае се до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“, за подрачјето со кое управуваат. За непочитување на оваа делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1 500 до 2 000 евра во денарска противредност, наведува Министерството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/delumna-zabrana-za-dvizhene-vo-shuma-od-06-00-do-20-00-chasot/feed/ 0
ТЕСТ: Она што прво ќе ви падне во очи кажува кава личност сте! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/test-ona-shto-prvo-kje-vi-padne-vo-ochi-kazuva-kava-lichnost-ste/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/test-ona-shto-prvo-kje-vi-padne-vo-ochi-kazuva-kava-lichnost-ste/#respond Mon, 07 Nov 2022 13:46:32 +0000 https://kurir.mk/?p=756936

Ако прво ја забележавте Земјата, тогаш вие сте тивка личност во очите на другите. Оптичка илузија која открива дали во друштво сте странец кој сака припадност или ве опишуваат како лојална личност, пишува „The Sun“. Оптичката илузија покажува жена како се релаксира во езеро, опкружено со шума и небо, но некои забележале дека небото личи на Земјата. Сликата ја сподели корисничка на Тик Ток која напиша: – Ако прво ја видовте Земјата, тогаш вие сте тивка личност во очите на другите. Креативни сте кога сте во вашата комфорна зона, сакате да ги насмеете другите луѓе. Сепак, често се чувствувате како аутсајдер бидејќи сте исклучени од друштвото. Не им верувате на луѓето, но кога некој ќе ја стекне вашата доверба тогаш односот станува многу близок. Ако сте една од оние личности кои веднаш ја забележаа жената во езерото, вие сте опуштена и лојална личност. Не ви се допаѓа кога луѓето се лутат поради најмали работи. Имате високи стандарди околу себе и често се чувствувате неисполнето од материјалните работи. Како многу лојална личност, со животот би ги бранеле оние што ги сакате.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/test-ona-shto-prvo-kje-vi-padne-vo-ochi-kazuva-kava-lichnost-ste/feed/ 0
Пожарите во Шпанија за една недела уништија најмалку 60.000 хектари шума https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozarite-vo-shpanija-za-edna-nedela-unishtija-najmalku-60-000-hektari-shuma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozarite-vo-shpanija-za-edna-nedela-unishtija-najmalku-60-000-hektari-shuma/#respond Tue, 19 Jul 2022 14:05:59 +0000 https://kurir.mk/?p=707452

Мадрид, 19 јули 2022 (МИА) – Пожарите што беснеат во Шпанија од минатата среда уништија најмалку 60.000 хектари шума, јави телевизијата RTVE, цитирајќи власти во различни региони. – Ова е најлошата огнена катастрофа откако се води евиденција, изјави директорот за цивилна одбрана Леонардо Маркос за радио станицата „Кадена Сер“. Еден од факторите кои придонесуваат е силниот топлотен бран предизвикан од климатските промени предизвикани од човекот, рече тој. Како што пренесе ДПА, ситуацијата е особено лоша во Замора, во близина на границата со Португалија, и во Авиља, северозападно од Мадрид. Во овие две провинции, од неделата околу 10.000 луѓе од околу 50 села мораа да бидат евакуирани. Во Замора две лица загинаа, а најмалку 15 се повредени, додека 30.000 хектари шума се изгорени до темел. „Замора се претвора во пекол“, гласи насловот на онлајн весникот Замора њуз. Од почетокот на годината, пламените јазици веќе уништија повеќе од 100.000 хектари во Шпанија, што е за речиси 13.000 хектари повеќе отколку во целата 2021 година, информира RTVE.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozarite-vo-shpanija-za-edna-nedela-unishtija-najmalku-60-000-hektari-shuma/feed/ 0
Приведени две лица во ресенско, затекнати при пустошење на шума https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-dve-lica-vo-resensko-zateknati-pri-pustoshenje-na-shuma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-dve-lica-vo-resensko-zateknati-pri-pustoshenje-na-shuma/#respond Thu, 07 Jul 2022 10:15:25 +0000 https://kurir.mk/?p=701619

На 06.07.2022 во 19:40 часот во Ресен на место викано „Бакојца“, помеѓу с.Златари и с.Сопотски, полициски службеници од Полициска станица Ресен во содејство со вработени од Македонски шуми-Ресен, ги лишиле од слобода Р.О.(60) и С.В.(39), двајцата од Ресен. Тие се затекнати како вршат сеча на дабови дрва, со што сториле кривично дело „пустошење на шума“, казниво по чл.226 од Кривичниот законик. На лице место биле пронајдени и одземени повеќе кубни метри исечена дрвна маса, две патнички моторни возила и моторна пила. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-dve-lica-vo-resensko-zateknati-pri-pustoshenje-na-shuma/feed/ 0
Од денеска се воведува делумна забрана за движење во шуми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-se-voveduva-delumna-zabrana-za-dvizenje-vo-shumi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-se-voveduva-delumna-zabrana-za-dvizenje-vo-shumi/#respond Fri, 24 Jun 2022 05:32:36 +0000 https://kurir.mk/?p=694922

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“ – Скопје, согласно член 57 став 2 од Законот за шумите, даде согласност за воведување делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 6:00 до 20:00 часот. Забраната стапува во сила од денеска и се воведува со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор. – Делумната забрана за движење во шума ќе стапи на сила од 24.06.2022 година и ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од појавана шумски пожари, односно до нејзиното отповикување, се наведува во соопштението на „Национални шуми“. Од таму посочуваат дела оваа делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште не важи за Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, ЈП „Национални шуми“, субјектите што вршат шумскостопански активности, сеча, дотур и транспорт на дрво и дрвни сортименти, стручните служби на концесионерите на дивечот во ловиштата и лица коишто имаат писмено одобрени за движење во шумите. – Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП „Национални шуми“ – Скопје за подрачјето со кое стопанисуваат/управуваат, се наведува во соопштението, при што се додава дека за спроведување на забраната одговорни се вработените од ЈП „Национални шуми“ кои вршат дејност заштита, Шумската полиција и МВР. За непочитување на оваа забрана на физичките лица кои ќе бидат затекнати дека се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им биде изречена парична казна од 1500 до 2000 евра во денарска противвредност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-se-voveduva-delumna-zabrana-za-dvizenje-vo-shumi/feed/ 0
Гори борова шума и сува трева над карбинското село Радање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/gori-borova-shuma-i-suva-treva-nad-karbinskoto-selo-radanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/gori-borova-shuma-i-suva-treva-nad-karbinskoto-selo-radanje/#respond Fri, 25 Mar 2022 14:44:19 +0000 https://kurir.mk/?p=653370

Гори борова шума и сува трева на пет километри од карбинското село Радање. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека на терен се десет пожарникари со две противпожарни возила. -Станува збор за поголема површина која е зафатена, во тек е гаснењето на пожарот од страна на пожарникарите, вели Коцев. Пожарот е пријавен од страна на месното население пред еден час и е над селото Радање под планината Плачковица. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/gori-borova-shuma-i-suva-treva-nad-karbinskoto-selo-radanje/feed/ 0
ВИДЕО: Насмеана шума, огромно „смајли“ се појавува секоја есен https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-nasmeana-shuma-ogromno-smajli-se-pojavuva-sekoja-esen/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-nasmeana-shuma-ogromno-smajli-se-pojavuva-sekoja-esen/#respond Thu, 27 Jan 2022 10:19:01 +0000 https://kurir.mk/?p=623483

Пред десетина години во американската драва Орегон посадени се неколку стебла ариш во шумата со елки и борови наречена Даглас. Сега секоја есен се појавува огромно „смајли“ формирано од дрвата. -„Смајлито“ е речиси невидливо во пролет и лето, но одлично се гледа во есен, пренесуваат локалните медиуми. Земјишето на кое се засадени дрвата е на една команија од каде истакнале дека до идејата во 2011 година дошле косопственикот и менаџерот. Истата година двајцара организирале садење на стеблата. Пречникот на „смајлито“ е 90 метри. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-nasmeana-shuma-ogromno-smajli-se-pojavuva-sekoja-esen/feed/ 0
ПОЖАР ВО ОХРИД: Изгореа 100 квадрати борова шума https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pozar-vo-ohrid-izgorea-100-kvadrati-borova-shuma/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pozar-vo-ohrid-izgorea-100-kvadrati-borova-shuma/#respond Sat, 25 Dec 2021 17:21:30 +0000 https://kurir.mk/?p=613103

Пожар на рид над хотел во Охрид, изгореа 100 квадрати борова шума. - На 24.12.2021 во 16.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во близина на хотел во Охрид на рид над хотелот настанал пожар при што горела борова шума на површина од околу 100 квадрати, информира МВР. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Охрид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pozar-vo-ohrid-izgorea-100-kvadrati-borova-shuma/feed/ 0
Уништување шуми во бразилската амазонска прашума е зголемено за 22 отсто за една година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unishtuvanje-shumi-vo-brazilskata-amazonska-prashuma-e-zgolemeno-za-22-otsto-za-edna-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unishtuvanje-shumi-vo-brazilskata-amazonska-prashuma-e-zgolemeno-za-22-otsto-za-edna-godina/#respond Fri, 19 Nov 2021 06:42:24 +0000 https://kurir.mk/?p=597176

Уништување шуми во бразилската амазонска прашума е зголемено за 22 отсто за една година и го достигна највисокото ниво од 2006 година, се вели во годишниот извештај на бразилската влада. Бразилската агенција за вселенски истражувања ИНПЕ регистрирала 13.235 квадратни километри уништени шуми во најголемата прашума во светот во своите сателитски податоци за време на официјалниот годишен период од август 2020 година до јули 2021 година. Зголемувањето беше забележано и покрај напорите на бразилскиот претседател Жаир Болсонар да покаже дека неговата влада сериозно ја сфаќа заштитата на животната средина, додека продолжува да повикува на проширување на рударството и земјоделството во заштитени делови на Амазон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unishtuvanje-shumi-vo-brazilskata-amazonska-prashuma-e-zgolemeno-za-22-otsto-za-edna-godina/feed/ 0
Галичани реагираат: Се сече шумата која за Велигден изгоре над Галичник https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/galichani-reagiraat-se-seche-shumata-koja-za-veligden-izgore-nad-galichnik/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/galichani-reagiraat-se-seche-shumata-koja-za-veligden-izgore-nad-galichnik/#respond Sun, 22 Aug 2021 07:34:12 +0000 https://kurir.mk/?p=553565

Месната заедница Галичник на социјалните мрежи информира дека вчера утрото галичани биле разбудени од звукот на моторни пили. -Се сечеше шумата која за Велигден изгоре над Галичник, пред години садена и вардена од галичани. Месна заедница Галичник не беше ниту официјално ниту неофицијално известена дека било кој надлежен орган издал налог за сечење на опожарената шума. Воедно, МЗГ нема информација за било каков став во однос на понатамошното постапување со дрвната маса собрана од галичкиот орман. По пријава од загрижени граѓани, увид на лице место изврши полиција, но не ги затекна дрвосечачите кои пред да пристигне полицијата го напуштиле местото, се вели во објавата. Оттаму известуваа дека ставот на МЗГ во однос на нерегулираната и нетранспарентна сеча е бескомпромисен. Велат ќе ги преземат сите мерки за да утврдат кој, зошто, по чиј налог сече шума во атарот на Галичник. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/galichani-reagiraat-se-seche-shumata-koja-za-veligden-izgore-nad-galichnik/feed/ 0