Шумарски факултет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Apr 2022 10:36:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Шумарски факултет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Експерти од Шумарски факултет ќе работат со Град Скопје за зачувување и зголемување на зеленилото https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/eksperti-od-shumarski-fakultet-kje-rabotat-so-grad-skopje-za-zachuvuvanje-i-zgolemuvanje-na-zeleniloto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/eksperti-od-shumarski-fakultet-kje-rabotat-so-grad-skopje-za-zachuvuvanje-i-zgolemuvanje-na-zeleniloto/#respond Mon, 18 Apr 2022 10:36:38 +0000 https://kurir.mk/?p=664707

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и деканот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, проф. др. Кирил Сотировски Скопје, потпишаа Меморандум за соработка за овозможување унапредување и развој во областа на шумарството, заштитата и унапредувањето на животната средина, вклучувајќи ги аспектите кои се однесуваат на урбано зеленило, теренската и научноистражувачката работа, како и обуки за трансфер на знаења во наведените области, информираат од Град Скопје. - Системски пристапуваме кон заштитата на постојното зеленило во градот, кон планирањето и подигањето нови зелени површини, засадувањето нови дрвја и заштита на животната средина. Како резултат на оваа нашата соработка се формираат работни групи во кои учествуваат стручни лица од секторите за комунални работи и заштита на животната средина од Град Скопје, од ЈП Паркови и зеленило и Шумарскиот факултет кои ќе работат на проценка на дрвјата во градот. Со овој пристап нема да дозволиме да се отстрани ниту едно здраво дрво, а дополнително со соодветна поддршка во форма на трансфер на знаења од факултетот, ќе се обозможи новите дрвја да бидат квалитетно и успешно засадени. истакна градоначалничката Арсовска, на потпишувањето на овој значаен документ. Според меморандумот, Градот Скопје и Факултетот ќе соработуваат при спроведување на проекти во областа на зеленилото и заштита и унапредување на животната средина, вклучувајќи ги следните аспекти: -урбано зеленило (урбана дендрофлора, проектирање и подигање на зелени површини, -заштита и одгледување на урбано зеленило и цветни култури, -проценка на здравствена состојба на растенија, фитопатолошка и ентомолошка заштита, педолошки анализи, -производство на декоративни садници, парковски инфрастуктурни објекти и елементи), -вонградско зеленило (планирање, пошумување и одгледување, здравствени аспекти на зеленилото, заштита на шумите и зеленилото, екологија и одржлив развој, заштита на земјиштето од ерозија, уредување на поројни водотеци и рекултивација на копови, депонии и јаловишта со акцент на биолошките аспекти, управување со опасности и ризици од некои природни непогоди, периурбана дендрофлора), -машини и механизација, -датабази за зеленилото, -социоекономски аспекти на зеленилото, -стратегиска оцена и оцена на влијание врз животната средина, -теренска и научноистражувачка работа, како и обуки за трансфер на знаења во наведените области, информираат од градот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/eksperti-od-shumarski-fakultet-kje-rabotat-so-grad-skopje-za-zachuvuvanje-i-zgolemuvanje-na-zeleniloto/feed/ 0