шуми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 Oct 2023 08:36:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png шуми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Спасовски: Врвен приоритет на МВР е спречување на нелегална сеча на шуми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-vrven-prioritet-na-mvr-e-sprechuvane-na-nelegalna-secha-na-shumi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-vrven-prioritet-na-mvr-e-sprechuvane-na-nelegalna-secha-na-shumi/#respond Sun, 22 Oct 2023 08:36:07 +0000 https://kurir.mk/?p=891833

Во телевизиски прилог на МТВ на тема спречување на нелегална сеча на дрва и пустошење на шуми со помош на хеликоптерите од Одделот за воздухопловни единици при МВР, министерот Спасовски информираше дека покрај превентивни мерки, сериозно се работи и на репресивни мерки на откривање нелегална сеча на шуми. -Сега започнавме и со надзор практично на шумските предели со Одделот за воздухопловни единици. Заедно со специјалните полициски единици тие се движат на потенцијални места каде имаме дојави дека има опустошување шума и директно ги затекнуваме и фаќаме на лице место. Имавме неколку акции во Скопје, Струга... Тоа е еден модус операнди на којшто работат полициските службеници, да можеме на моменти каде што тие се наоѓаат, на местата каде вршат нелегална сеча - на лице место се затекнуваат и тука практично ги обезбедуваме сите докази за ова кривично дело. Ова е врвен приоритет на МВР. Секако дека ваквите летови се добри и за набљудување на државната граница, за процесот на миграција, работењето на граничните служби - сето тоа е во функција на подобрување на безбедносната состојба, истакна министерот Спасовски. Според статистиката на МВР, од 2017 година до првото полугодие од 2023 година во рамките на оперативните активности, поднесени се 919 кривични пријави за вкупно 1.150 кривични дела поврзани со бесправна сеча на шуми, пријавени 1.439 сторители, запленети 97.000 м3 дрва. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-vrven-prioritet-na-mvr-e-sprechuvane-na-nelegalna-secha-na-shumi/feed/ 0
Од денеска укината делумната забрана за движење во шуми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-ukinata-delumnata-zabrana-za-dvizhene-vo-shumi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-ukinata-delumnata-zabrana-za-dvizhene-vo-shumi/#respond Fri, 29 Sep 2023 12:10:48 +0000 https://kurir.mk/?p=883235

„Национални шуми“ информира дека согласно нивното барање од 27 септември, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство издаде согласност за укинување на делумната забрана за движење во шума, заради проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари. Укинувањето на делумната забрана за движење во шума стапува на сила од денеска. Како што наведуваат од претпријатието, со допис се известени Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, медиумите, како и подружниците во состав на јавното претпријатие. Делумната забрана за движење во шума и шумско земјиште стапи на сила на 17 јули годинава согласно барањето од „Национални шуми“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-ukinata-delumnata-zabrana-za-dvizhene-vo-shumi/feed/ 0
Трипуновски: Фирми блиски до власта неконтролирано ги сечат и уништуваат македонските шуми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-firmi-bliski-do-vlasta-nekontrolirano-gi-sechat-i-unishtuvaat-makedonskite-shumi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-firmi-bliski-do-vlasta-nekontrolirano-gi-sechat-i-unishtuvaat-makedonskite-shumi/#respond Sat, 08 Jul 2023 17:20:13 +0000 https://kurir.mk/?p=854416

Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ, денеска беше во посета на делчевско и малешевијата на локацијата каде речиси пред две години зафатија големи шумски пожари и се нанесе голема штета на шумскиот фонт. -Целта на посетата, како што кажав, е да го презентираме масакрот кој што се случува на шумата од Делчево од страна на фирма која што е блиска до власта која што практично има склучено договор за минимални 300 денари по метар кубен дрвна маса на опожарено дрво. Она што можете да го видите од кадрите позади мене е дека фирмата која што треба да го исчисти теренот од опожарено дрво го зима она што е квалитетно, а она што значи остаток од дрвна маса е оставено на лице место и теренот во иднина не може да биде пошумен, а е обврска на фирмата која што го има склучено овој договор, рече тој. Трипуновски  алармира дека фирми блиски до власта неконтролирано ги сечат и уништуваат македонските шуми. -Она што сакам дополнително да алармирам е тоа што посочената фирма која што е блиска до власта покрај тоа што сече опожарено дрво, сече и квалитетно здраво дрво кое што се зима за минимални 300 денари по метар кубен колку што е договорот. Замислете во ситуација кога локалното население го гледа овој масакар кој што се случува во делчевско и малешевијата, а дрвната маса за загревање на своите домови ги плаќа по над 4000 денари за метар кубен, оваа фирма практично го зима за 300 денари. Овој апел, оваа изјава, е да и укажам на власта, и на министерството и на Владата, дека уште веднаш треба да излезат надлежните институции да го стопираат ова злодело кое што се случува на овој еколошки рај од делот на Република Македонија и воедно да им се дозволи на мештаните од овој регион да можат да ја искористат оваа дрвна маса за да ги обезбедат своите семејства со огревно дрво за претстојната зима, истакна тој. Понатаму во изјавата порача: „Морам да потенцирам дека ова злодело кое што се случува под поткритие на Љупчо Николовски, Ковачевски и фирмата која што е блиска до нив дека во иднина ќе биде сериозно санкционирано, односно ќе се проверат сите неправилности кои што се направени на штета на локалното население, на природата, на нашето најголемо богатство - шумите“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-firmi-bliski-do-vlasta-nekontrolirano-gi-sechat-i-unishtuvaat-makedonskite-shumi/feed/ 0
Значително намалено уништувањето на шумите во Амазонија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/znachitelno-namaleno-unishtuvaneto-na-shumite-vo-amazonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/znachitelno-namaleno-unishtuvaneto-na-shumite-vo-amazonija/#respond Fri, 07 Jul 2023 07:27:14 +0000 https://kurir.mk/?p=853907

Сечењето шуми во бразилска Амазонија падна за 34 отсто во првата половина на 2023 година, покажаа синоќешните прелиминарни владини податоци, достигнувајќи го најниското ниво во последните четири години, бидејќи претседателот Луис Инасио Лула да Силва започна построги еколошки политики. Податоците од бразилската национална вселенска агенција ИНПЕ покажуваат дека во регионот за половина година се „исчистиле“ 2.649 квадратни километри, најмалку од 2019-та. -Тоа е многу позитивно, но сепак имаме многу високо ниво на уништување на шумите, рече Даниел Силва, аналитичар во непрофитната организација ВВФ Бразил (WWF Brasil). Министерката за животна средина Марина Силва нагласи дека се прават напори да се осигураат оти планот против уништувањето на шумите веќе е во полн замав. -Ова е резултат на нашите итни напори, изјави Силва. Лула ја презеде функцијата во јануари, ветувајќи дека ќе стави крај на сечата на шумите до 2030 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/znachitelno-namaleno-unishtuvaneto-na-shumite-vo-amazonija/feed/ 0
Приведени повеќе лица од Арачиново и Чучер Сандево поради пустошење на шуми во атарот на село Брест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-povekje-lica-od-arachinovo-i-chucher-sandevo-poradi-pustoshenje-na-shumi-vo-atarot-na-selo-brest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-povekje-lica-od-arachinovo-i-chucher-sandevo-poradi-pustoshenje-na-shumi-vo-atarot-na-selo-brest/#respond Thu, 03 Nov 2022 11:03:52 +0000 https://kurir.mk/?p=755126

На 02.11.2022 околу 09.00 часот во атарот на с.Брест, скопско, полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал и миграции Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север и Единицата за брзо распоредување при МВР ги лишиле од слобода А.Ј.(20) од с.Арачиново, А.А.(21) од с. Арачиново, С.А.(52) од с.Чучер Сандево, Р.Ј.(23) од Скопје, Н.А.(23) од с.Чучер Сандево, С.С.(28) од с.Арачиново, Ј.А.(20) од с.Чучер Сандево, Х.А.(29) од с.Арачиново и Г.С.(28) од с.Арачиново. Тие биле затекнати при вршење на кривично дело „пустошење на шума“, при што од нив биле одземени трактор без регистарски таблички, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.А., натоварено со околу 11 кубни метри огревни дрва, неколку моторни пили и секири. Исто така, во истото време на место викано „Раштански бачила“, по преземени мерки, полициски службеници пронашле три товарни моторни возила, два трактори и др., натоварени со околу 43 кубни метри огревни дрва. Одземените предмети биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. За настанот бил известен Јавен обвинител, а лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-povekje-lica-od-arachinovo-i-chucher-sandevo-poradi-pustoshenje-na-shumi-vo-atarot-na-selo-brest/feed/ 0
КАЗНА ДО 2.000 ЕВРА: Од утре забрана за движење во шуми од 6 до 20 часот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kazna-do-2-000-evra-od-utre-zabrana-za-dvizenje-vo-shumi-od-6-do-20-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kazna-do-2-000-evra-od-utre-zabrana-za-dvizenje-vo-shumi-od-6-do-20-chasot/#respond Thu, 23 Jun 2022 10:04:01 +0000 https://kurir.mk/?p=694576

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“ – Скопје, согласно член 57 став 2 од Законот за шумите, даде согласност за воведување делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 6:00 до 20:00 часот. Забраната стапува во сила од утре и се воведува со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор. – Делумната забрана за движење во шума ќе стапи на сила од 24.06.2022 година и ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од појавана шумски пожари, односно до нејзиното отповикување, се наведува во соопштението на „Национални шуми“. Од таму посочуваат дела оваа делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште не важи за Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, ЈП „Национални шуми“, субјектите што вршат шумскостопански активности, сеча, дотур и транспорт на дрво и дрвни сортименти, стручните служби на концесионерите на дивечот во ловиштата и лица коишто имаат писмено одобрени за движење во шумите. – Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП „Национални шуми“ – Скопје за подрачјето со кое стопанисуваат/управуваат, се наведува во соопштението, при што се додава дека за спроведување на забраната одговорни се вработените од ЈП „Национални шуми“ кои вршат дејност заштита, Шумската полиција и МВР. За непочитување на оваа забрана на физичките лица кои ќе бидат затекнати дека се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им биде изречена парична казна од 1500 до 2000 евра во денарска противвредност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kazna-do-2-000-evra-od-utre-zabrana-za-dvizenje-vo-shumi-od-6-do-20-chasot/feed/ 0
Кампања за заштита на шумите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kampanja-za-zashtita-na-shumite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kampanja-za-zashtita-na-shumite/#respond Wed, 15 Jun 2022 05:42:18 +0000 https://kurir.mk/?p=691021

Противпожарниот сојуз на Македонија, во соработка со Градскиот противпожарен сојуз на Скопје и Општинските противпожарни сојузи на општините од Град Скопје и годинава организираат јавна кампања за разбудување на свеста кај граѓаните за потребата од заштита на шумското богатство од пожари во текот на летниот период. Како дел од кампањата, денеска на плоштадот „Македонија“ активисти и доброволни пожарникари ќе делат флаери со информативна содржина на минувачите низ централното градско подрачје на кои се претставени начините на превенција и заштита од пожари на нашето национално богатство – шумите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kampanja-za-zashtita-na-shumite/feed/ 0
Бразил планира да го запре нелегалното уништување на шумите до 2028 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-planira-da-go-zapre-nelegalnoto-unishtuvanje-na-shumite-do-2028-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-planira-da-go-zapre-nelegalnoto-unishtuvanje-na-shumite-do-2028-godina/#respond Tue, 02 Nov 2021 06:44:49 +0000 https://kurir.mk/?p=589527

Бразилската делегација на климатскиот самит COP 26 во Глазгов претстави план за запирање на нелегалното уништување на шумите до 2028 година. Во презентацијата што следеше по говорот на бразилскиот министер за животна средина Хоаким Леита се наведува дека планот е да се намали нелегалната дефорестација за 15 отсто до 2022 година секоја година до 2024 година, потоа за 40 отсто во текот на 2025 и 2026 година, за 50 отсто во 2027 година, за да целосно да се искорени во 2028 година, јави Си-Ен-Ен. Планот предвидува и цел за обновување и пошумување на 18 милиони хектари шума за различни намени до 2030 година. Кога станува збор за енергијата, се предвидува зголемување на употребата на биогорива, како што се етанол и обновливи извори на енергија, како и намалување на емисијата на штетни гасови. Се планира и интензивирање и подобрување на производството на хибридни и електрични возила, имплементација на посебни програми за намалување на штетните гасови во земјоделскиот сектор, инвестиции во нова железничка мрежа и намалување на патниот сообраќај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-planira-da-go-zapre-nelegalnoto-unishtuvanje-na-shumite-do-2028-godina/feed/ 0
Намалување на шумските производи за 1,4 проценти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namaluvanje-na-shumskite-proizvodi-za-1-4-procenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namaluvanje-na-shumskite-proizvodi-za-1-4-procenti/#respond Tue, 10 Aug 2021 10:55:21 +0000 https://kurir.mk/?p=548730

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од 2021 година, во однос на второто тримесечје од 2020 година, е намалено за 1,4 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од листопадни видови, рудничкото дрво од иглолисни и листопадни видови и огревното дрво од иглолисни видови. Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови, другото обло дрво од иглолисни видови, просторното дрво од иглолисни видови и огревното дрво од листопадни видови. Во истиот период продажбата на шумски сортименти изнесува 129 832 метри кубни и бележи зголемување за 0,8 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namaluvanje-na-shumskite-proizvodi-za-1-4-procenti/feed/ 0
Приведени четири лица во Крушево за непочитување на забраната за движење во шуми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-chetiri-lica-vo-krushevo-za-nepochituvanje-na-zabranata-za-dvizenje-vo-shumi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-chetiri-lica-vo-krushevo-za-nepochituvanje-na-zabranata-za-dvizenje-vo-shumi/#respond Sat, 07 Aug 2021 09:56:03 +0000 https://kurir.mk/?p=547581

На 06.08.2021 во 21.00 часот, на место викано „Орлов Камен“, на патот за с.Бирино, крушевско, полициски службеници од Полициската станица Крушево ги лишиле од слобода М.К.(20), Ф.М.(24), Б.К.(26) и А.М.(19), сите од село Врбоец, крушевско, затоа што биле затекнати со патничко возило во шумски предел, односно затоа што не ја почитувале целосната забрана на движење во шуми.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени записници за констатиран прекршок согласно одребите на Законот за шуми по член 57 став 3, спротивно на член 106 став 4 „Движење во шума за време на целосна забрана“.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-chetiri-lica-vo-krushevo-za-nepochituvanje-na-zabranata-za-dvizenje-vo-shumi/feed/ 0