шумска полиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Oct 2023 12:13:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png шумска полиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Притвор за вработен во шумската полиција, осомничен е за примање поткуп https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pritvor-za-vraboten-vo-shumskata-politsija-osomnichen-e-za-primane-potkup/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pritvor-za-vraboten-vo-shumskata-politsija-osomnichen-e-za-primane-potkup/#respond Tue, 31 Oct 2023 12:13:25 +0000 https://kurir.mk/?p=894909

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „Примање поткуп“. Како што информира денеска Јавното обвинителство, осомничениот 58-годишник, вработен во Шумската полиција, директно за себе побарал 18.000 денари за да не изврши службено дејствие што би морал да го изврши, односно за да не му прави контрола на сведокот – референт за сеча и дотур во правно лице.  Откако му ги побарал парите, сведокот го пријавил. Врз основа на наредба од јавен обвинител за примена на посебни истражни мерки, на сведокот му биле дадени обележани банкноти за да ја изврши исплатата. Веднаш по приемот на поткупот, парите биле пронајдени кај осомничениот и тој бил лишен од слобода. - Јавниот обвинител оцени дека постојат законските основи и до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pritvor-za-vraboten-vo-shumskata-politsija-osomnichen-e-za-primane-potkup/feed/ 0
Приведен вработен во Шумска полиција во Демир Хисар поради примање поткуп https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-vraboten-vo-shumska-politsija-vo-demir-hisar-poradi-primane-potkup/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-vraboten-vo-shumska-politsija-vo-demir-hisar-poradi-primane-potkup/#respond Mon, 30 Oct 2023 16:05:16 +0000 https://kurir.mk/?p=894577

Полициски службеници од ОВР Демир Хисар во содејство со криминалистичката полиција на СВР Битола денеска (30.10.2023) на патот меѓу с.Света и с. Единаковци, на подрачје на Демир Хисар, го лишиле од слобода Д.Т.(58) од Демир Хисар, вработен во Шумска полиција во Демир Хисар, поради сомнение за сторено кривично дело по чл.357 од КЗ „примање поткуп". Д.Т. од лице од Демир Хисар побарал пари, а за возврат да не постапи односно да не санкционира незаконско работење. Откако му биле побарани пари, лицето го пријавило случајот во СВР Битола и му биле дадени крим-технички обработени пари, кои тој денеска му ги дал на Д.Т.. Веднаш откако му биле предадени парите, Д.Т. е лишен од слобода и кај него се пронајдени 18.000 денари кои потекнуваат од кривичното дело. Д.Т. е приведен во полициска станица Битола и против него ќе следува кривична пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-vraboten-vo-shumska-politsija-vo-demir-hisar-poradi-primane-potkup/feed/ 0
Тешко повреден шумски полицаец во Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/teshko-povreden-shumski-politsaets-vo-kavadartsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/teshko-povreden-shumski-politsaets-vo-kavadartsi/#respond Fri, 13 Oct 2023 06:56:37 +0000 https://kurir.mk/?p=888313

Кавадарчанец, вработен како шумски полицаец, бил тешко повреден синоќа околу 23 часот на кејот на реката Луда Мара во Кавадарци. Од СВР Велес рекоа за МИА дека имаат регистрирано случај со повреден кавадарчанец, но повеќе детали најавија дополнително во текот на денот. МИА се обрати и до кавадаречката Брза помош. - Лицето се здобило со потешки телесни повреди, со три отворени рани на главата. Од кавадаречката болница, повредениот беше пренесен до Клиниката за неврохирургија во Скопје, заради крварење во главата, изјави доктор Ратко Грков, началник на Итна медицинска помош Кавадарци. Според првичните сознанија, полицаецот не бил на должност и веројатно бил претепан од лица кои претходно биле фатени во кражба на дрва.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/teshko-povreden-shumski-politsaets-vo-kavadartsi/feed/ 0
Кривична пријава за заменик командир на Шумска полиција – еве каква злоупотреба направил https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-zamenik-komandir-na-shumska-politsija-eve-kakva-zloupotreba-napravil/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-zamenik-komandir-na-shumska-politsija-eve-kakva-zloupotreba-napravil/#respond Tue, 13 Jun 2023 13:07:20 +0000 https://kurir.mk/?p=845277

СВР Битола, до Основното јавно обивнителство Битола, поднесе кривична пријава против Д.Т.(58) од Демир Хисар поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување" казниво по член 353 од Кривичниот законик.

Пријавениот Д.Т., во својство на заменик командир на Шумска полиција во Демир Хисар, во два наврати постапил спротивно на неговите овластувања.

Имено, во с.Смилево и с.Прибилци биле затекнати две лица како со возила превезуваат огревно дрво без документација, но пријавениот, иако бил должен, не поднел барања за поведување прекршочна постапка против лицата, а наредниот ден им ги враќал возилата.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-zamenik-komandir-na-shumska-politsija-eve-kakva-zloupotreba-napravil/feed/ 0
Приведени двајца прилепчани, фатени со огревни дрва без документи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-dvajca-prilepchani-fateni-so-ogrevni-drva-bez-dokumenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-dvajca-prilepchani-fateni-so-ogrevni-drva-bez-dokumenti/#respond Tue, 15 Mar 2022 15:00:24 +0000 https://kurir.mk/?p=647663

На 14.03.2022 во 14:00 часот на патот за с.Оревоец, прилепско, од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп пронашле огревни дрва без документи натоварени на две запрежни возила, кои ги управувале С.Ш.(27) и Е.А.(33) од Прилеп. Лицата биле приведени во полициска станица, а дрвата и возилата биле предадени на Шумска полиција Прилеп за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-dvajca-prilepchani-fateni-so-ogrevni-drva-bez-dokumenti/feed/ 0
Шумската полиција без интернет, возила и ИТ опрема – шумочувари биле електричари и текстилци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shumskata-policija-bez-internet-vozila-i-it-oprema-shumochuvari-bile-elektrichari-i-tekstilci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shumskata-policija-bez-internet-vozila-i-it-oprema-shumochuvari-bile-elektrichari-i-tekstilci/#respond Thu, 11 Mar 2021 12:16:29 +0000 https://kurir.mk/?p=480757

Земјава нема системски, интегрален пристап за чување и заштита на шумите. Располагаме со вкупно 14 инспектори на околу еден милион хектари шума, шумочувари се електричари и текстилци, а преку 20 години си играме и шумска полиција – институцијата е се уште без основни средства за работа, возила, гориво, ИТ и интернет, беше речено на денешната панел дискусија што ја организира Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамките на кампањата „Разбистри сè“. Како што истакнаа учесниците на панелот, политиката е длабоко инволвирана во шумарството. Четири слаби, недоволно кадровски и технички опремени институции се грижат за шумите. На дното сме во регионот и во Европа по вложување во научно-истражувачка работа, а 71 отсто од населението директно или индиректно користи дрво како енергенс за греење. Се проценува дека нелегалната сеча е околу 25-30 отсто од вкупно исечената дрвна маса. Лани достигнала 26.000 метри кубни, а биле одземени 3.000 метри кубни дрвна маса (1.500 метри кубни од познати и уште толку од непознати строители). Велешко, Прилепско, Беровско, Струга, Кичево и Скопје се критичните региони во однос на бесправната сеча. -Државниот инспекторат се соочува со многу проблеми. Со само 14 инспектори не можеме да одговориме на сите предизвици ако се земе предвид бројот на површина и субјекти кои се под наш надзор. Згора на тоа, до 2019/2020 година не бевме ни електронски опремени. Имаме само 6-7 возила, но со нив не можеме да го покриеме теренот, рече Трајче Ангелов, виш инспектор за шумарство. Ангелов укажа дека Инспекторатот контролира околу еден милион хектари шумска површина и повеќе субјекти меѓу кои 73 концесионери со 229 ловишта и 55 трговски друштва кои се занимаваат со производство на репродуктивен материјал од дрвни видови. Тука влегуваат, рече, и приватните сопственици на шумите. -Просечната старост на инспекторите е 54-55 години. Ни треба млад, соодветно образован кадар, истакна Ангелов. Според Горан Трајков, командир на Шумската полиција во Штип, и меѓу шумските полицајци има несоодветен кадар. -Проблемот е што четири слаби институции ги чуваат шумите. Тие се недоволно опремени поради што не се во можност да одговорат на своите овластувања. Конкретно, од формирањето на Шумската полиција во 1998 година функционираме како да си играме полиција. Немаме основни средства за работа, возила, гориво, униформи, ИТ опрема, интернет. Веќе 23 години се соочуваме со тоа. Сега малку се размрдува ситуацијата, нагласи Трајков и додаде дека за ефикасно работење е неопходна најсовремена ИТ опрема. Треба да се набават дронови, оцени командирот, за многу лесно да се покријат површините кои се предмет на контрола. Трајков потсети дека е во тек изработка на предлог-закон за шумска полиција кој предвидува подобра контрола и поефикасно справување со бесправната сеча. Се предлага шумската полиција да биде државна управа со зголемени ингеренции и да може да интервенира и во дејностите лов, риболов и животна средина. И ЈП „Национални пуми“, како што рече помошник директорот Маре Басова, се соочува со недостиг на човечки, материјални и технички ресурси. -Мора да се престроиме и да ја подигнеме на повисоко ниво заштитата на шумите. Моментно, бројот на шумочуварите е 227, а вкупно за чување се 347 реони и околу еден милион хектари површина под шума. Ова покажува дека и човечките и материјалните и технички ресурси се недоволни за ние како претпријатие да се справиме со овој проблем. Потребно е да се зајакнат капацитетите на службата за заштита на шумите и соодветно да се казнат сторителите, да се отвори широка дискусија, да се вклучат повеќе релевантни институции, истакна Басова. На панел дискусијата насловена „Како до подобра контрола врз управувањето со шумите?“ се вклучија преку 70 учесници. Се отворија голем број прашања и се испрати пораката дека шумите не се само дрвна маса за остварување економски бенефит, туку ресурс кој мора да се заштити и зачува за следните генерации. Од вкупната територија на државата 938.000 хектари се под шума или 30 отсто. Притоа, 89 проценти од шумите се државни, а 11 проценти се во приватна сопственост. Во однос на составот, 266 хектари се високостеблеста шума, додека 540 хектари нискостеблеста. Вкупно има 7.200 шумски култури. Вкупната дрвна резерва на шумите е 78 милиони метри кубни, а годишниот прираст изнесува 1,6 милиони. Проценките се дека нелегалната сеча е околу 25-30 отсто од вкупно исечената дрвна маса. Надлежностите на шумската полиција и шумочуварите се преклопуваат, Инспекторатот за шумарство и ловство нема доволно инспектори што доведува до намалена ефективност, а учеството на изречени инспекциски мерки во однос на извршените надзори укажува низок степен на казнивост, 13 проценти. Потребна е поголема соработка и координација меѓу повеќе државни органи, како и со судските органи кои треба да ги процесираат казните во најбрз период. Образованието, беше речено, е многу важен фактор за подобра контрола при управување со шумите. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shumskata-policija-bez-internet-vozila-i-it-oprema-shumochuvari-bile-elektrichari-i-tekstilci/feed/ 0
Дрвокрадци нападнале полицајци: Повредена припадничка на Шумската полиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drvokradci-napadnale-policajci-povredena-pripadnichka-na-shumskata-policija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drvokradci-napadnale-policajci-povredena-pripadnichka-na-shumskata-policija/#respond Wed, 20 Mar 2019 15:53:34 +0000 https://kurir.mk/?p=176862

Припадничка на Шумската полиција денеска е повредена и пренесена во болницата во Струмица откако дрвокрадци удриле во два џипа на полицајците. Настанот за МИА го потврди командирот на Шумската полиција во Струмица, Тимо Лачев. Инцидентот се случил на месноста Палазлија, на патот Струмица-Берово, кога шумските полицајци се обиделе да запрат дрвокрадци. Во акцијата учествувале шумски полицајци од Струмица и Берово, а на местото на инцидентот припадници на МВР вршат увид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drvokradci-napadnale-policajci-povredena-pripadnichka-na-shumskata-policija/feed/ 0
Шумската полиција на протест, министерот Николовски не ги прими на средба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shumskata-policija-na-protest-ministerot-nikolovski-ne-gi-primi-na-sredba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shumskata-policija-na-protest-ministerot-nikolovski-ne-gi-primi-na-sredba/#respond Mon, 04 Feb 2019 16:04:06 +0000 https://kurir.mk/?p=160157

Шумските полицајци веќе со часови протестираат во Скопје, најпрво пред Владата, а потоа пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, барајќи средба со министерот Љупчо Николовски. Но, се чини ниту Николовски ниту раководителката на Секторот за шумска полиција, Аница Симонова, како и ниту раководителот на Секторот за човечки ресурси и посебниот советник на министерот, Трајче Ангеловски, немаат време да разговараат со претставниците на шумските полицајци. Шумските полицајци протестираат поради противењето на МЗШВ да им ги потпише ветуваните колективни договори, премалата плата од 16 800 денари со вклучена хранарина и патарина, скратените ноќни смени, скратените прекувремените саатнини и работата во турнуси. Тие бараат унапредување на условите за работа, односно бараат бенефициран стаж, покачување на платата за 30%, права еднакви на оние кои ги имаат сите овластени службени лица, како и нов Закон за шумска полиција, како што имаат АРМ и МВР. Од Шумската полиција велат дека колективниот договор е поднесен уште во 2018 година за потпишување во МЗШВ, но досега не е потпишан поради одлагање од министерството. Од МЗШВ, наводно, бараат повлекување на тужбите кои шумските полицајци ги имаат поднесено против министерството, а за возврат од МЗШВ ќе им биде потпишан колективниот договор. Ланското ветување на министерот Николовски беше дека до крајот на мај 2018 ќе завршат преговорите за потпишување колективен договор со Шумската полиција, дека ќе се евидентираат прекувремените работни часови и дека Шумската полиција ќе има активна улога во измените и дополнувањата на Законот за шуми. Од Шумската полиција велат дека ризикот на нивната работа е еднаков како оној на АРМ и МВР, а спротивно на тоа немаат соодветни услови ниту опрема за работа за нивна заштита на терен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shumskata-policija-na-protest-ministerot-nikolovski-ne-gi-primi-na-sredba/feed/ 0
Протест на шумските полицајци: Оставени сме без опрема и соодветни плати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-shumskite-policajci-ostaveni-sme-bez-oprema-i-soodvetni-plati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-shumskite-policajci-ostaveni-sme-bez-oprema-i-soodvetni-plati/#respond Mon, 04 Feb 2019 13:38:16 +0000 https://kurir.mk/?p=160034

Претставници од 21 станица на шумската полиција од цела Македонија денеска се собраа пред Владата за да го изразат револтот поради донесената и неспроведена владина одлука за нивните барања за потпишување на колективниот договор за остварување на нивните права. Претседателот на Независниот синдикат на полицијата Гоце Делчев Тодев нагласи дека на почетокот на 2018 година на седница на Владата била донесена одлука за потпишување на колективен договор со што би се решиле проблемите со кои досега се соочувала шумската полиција. Наведе дека припадниците на шумската полиција немаат соодветна опрема за терен и, како што рече, ги носат пиштолите во чорапи, во џебови, во чизми… Имено, потенцираше и дека не добиваат по 20 проценти на плата, по основ овластување на шумски полицаец. – Тоа е работа која Владата и министерот за земјоделство мора под итно да ја спроведат, бидејќи Законот за шумарство е дециден, кажува дека шумскиот полицаец е полициски службеник со овластување, истакна Делчев Тодев. Наведе и дека во септември минатата година од нив било побарано одлагање на примената на колективниот договор, го прифатиле тоа, но заклучно со 1 јануари 2019 година. Како што рече, Делчев Тодев, од тогаш е поминат цел месец, а министерот за земјоделство „нема абер“ за потпишување на договорот. Изразија и незадоволство поради пресметките на нивните плати. Делчев Тодев посочи дека „се измислуваат“ правила со кои не им се плаќаат правилно прекувремените часови. – Министерот за земјоделство мора да сфати дека грешката што ја прави веќе две години мора да ја исправи. Ниту опрема, ниту 20 осто на плата по однос на овластување, потенцираше претседателот на Независниот синдикат на полицијата. Тој изјави дека не станува збор за нешто ново, туку за одлука што е донесена, а не е имплементирана. – Бидејќи не е спроведена ние веќе две години сме во судски процес и сите процеси што се поднесени како тужби од страна на Независниот синдикат ги имаме добиено, истакна Делчев Тодев. Никола Гагоски, претседателот на Незвисниот синдикат на шумската полиција – администрација наведе дека шумските полицајци земаат плата во износ од 16.800 денари. – Ако просечната плата во Македонија е 24.000 денари, шумскиот полицаец зема 16.800 денари. Сегашниот министер за земјоделство, во тоа време, не охрабри да си ги бараме правата, ветувајќи дека кога тој ќе биде министер за земјоделство сите проблеми со кои досега сме се соочувале, ќе ни бидат решени. Две години поминаа, ние не само што не ги добивме правата, туку ги изгубивме и прекувремнените часови што ни ги плаќаа, заклучи Гагоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-shumskite-policajci-ostaveni-sme-bez-oprema-i-soodvetni-plati/feed/ 0