Шунтаро Таникава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 25 Aug 2022 06:57:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Шунтаро Таникава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шунтаро Таникава – почесен член на Друштвото на писателите на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/shuntaro-tanikava-pochesen-chlen-na-drushtvoto-na-pisatelite-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/shuntaro-tanikava-pochesen-chlen-na-drushtvoto-na-pisatelite-na-makedonija/#respond Thu, 25 Aug 2022 06:57:28 +0000 https://kurir.mk/?p=723606

Според досегашната повеќегодишна практика и соработка на Друштвото на писателите на Македонија и Струшките вечери на поезијата, и годинашниот добитник на наградата Златен венец на СВП, јапонскиот поет Шунтаро Таникава ќе биде прогласен за почесен член на ДПМ. Како што соопштуваат од Друштвото на писателите на Македонија, признанието во име на лауреатот ќе го прими неговиот син Кенсаку Таникава. Овој чин ќе се одржи во Струга во рамките на Струшките вечери на поезијата, а признанието за почесен член ќе го врачат претседателот на Друштвото на писателите на Македонијс Христо Петрески и претседателката на Собранието на ДПМ Кристина Николовска. Годинашното 61. издание на Струшките вечери на поезијата ќе биде отворено вечер, во Струга, со читање на Константиновата Т`га за југ и палење на фестивалскиот оган. Поради најавите за дожд наместо на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, свеченоста ќе се одржи на терасата во хотелот „Дрим“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/shuntaro-tanikava-pochesen-chlen-na-drushtvoto-na-pisatelite-na-makedonija/feed/ 0
„Струшките вечери на поезијата“ се враќаат во редовно издание на препознатливите локации https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/strushkite-vecheri-na-poezijata-se-vrakjaat-vo-redovno-izdanie-na-prepoznatlivite-lokacii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/strushkite-vecheri-na-poezijata-se-vrakjaat-vo-redovno-izdanie-na-prepoznatlivite-lokacii/#respond Mon, 08 Aug 2022 06:15:54 +0000 https://kurir.mk/?p=715443

„Струшки вечери на поезијата“ како еден од најстарите и најзначајните светски поетски фестивали ќе се одржи и годинава, во вообичаениот термин, на крајот на август во своето автентично издание на препознатливите локации. Свеченото отворање на фестивалот повторно ќе се одржи на вообичаената локација, платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ каде што ќе биде запален и фестивалскиот оган, а свеченото затворање ќе биде со традиционалното читање на Мостот на поезијата. Годинешниот лауреат на СВП, истакнатиот јапонски поет Шунтаро Таникава поради својата поодмината возраст (91 година) и поради здравствени ризици нема да биде во можност физички да присутвува на фестивалот. Неговиот син, Кенсаку Таникава, истакнат јапонски композитор и пијанист, ќе го прими „Златниот венец“ во име на неговиот татко. Кенсаку Таникава во рамки на портретот на лауретот во „Св. Софија“ во Охрид, ќе има специјален музички настап инспириран од стиховите на Шунтаро Таникава. Специјален гостин на годинешното издание е лауреатот на СВП во 2020 година, израелскиот поет Амир Ор. Програмата на фестивалот ќе се одвива во периодот од 25 до 29 август и ќе ги задржи препознатливите програмски содржини на фестивалот. Повеќе од 25 странски поети, како и домашни поети од постарата, но и од помладата генерација, ќе учествуваат на фестивалот на главните поетски читања. Во состав на програмата е предвидено меморијално чествување на доајенот на македонската поезија, Радован Павловски, вечер на хрватска женска поезија и промоција на специјалниот тематски број на „Книжевно житие“, поетски портрет на Шунтаро Таникава, поетски омаж на лауреатот на СВП во 2020 година, Амир Ор, портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“ за 2022 година, како и повеќе поетски читања на домашни и странски поети. Во рамки на програмата на СВП ќе биде организиран специјален настан поврзан со настапот на избраните поети од платформата „ВЕРСОПОЛИС“, проект поддржан од Европската Комисија. СВП се дел од овој проект од 2014 година. Струшките вечери на поезијата се одржуваат под мотото „РИТАМ НА СТИХОТ, РИТАМ НА ЖИВОТОТ“ со кое се потенцира исконската врска помеѓу ритмичките обрасци во поезијата како одраз на ритмичките обрасци во природата и севкупната стварност, но и врската помеѓу поезијата и музиката. Во рамки на програмата на фестивалот, ќе биде промовирана и Антологијата поезија и музика, тематски избор на песни од истакнати домашни и странски поети чијашто тема е музиката. Свеченото отворање и свеченото затворање на СВП ќе се одвиваат на препознатливите локации, а во останатите денови, претпладневната програма е предвидена да се одвива во Конгресната сала на хотел „Дрим“, а вечерната програма на летната сцена на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. Програмата на фестивалот, почнувајќи од изданието во 2019 година, целосно се пренесува во живо на официјалниот јутјуб-канал на СВП, така што ќе биде овозможено целосно следење од страна на поширокот аудиториум. „Струшките вечери на поезијата“ го задржуваат континуитетот на одржување на фестивалот, кој почнувајќи од 1961 година ја покажува моќта на поезијата да го обедини светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/strushkite-vecheri-na-poezijata-se-vrakjaat-vo-redovno-izdanie-na-prepoznatlivite-lokacii/feed/ 0
Јапонскиот поет Шунтаро Таникава добитник на „Златен венец“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/japonskiot-poet-shuntaro-tanikava-dobitnik-na-zlaten-venec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/japonskiot-poet-shuntaro-tanikava-dobitnik-na-zlaten-venec/#respond Mon, 21 Mar 2022 11:36:56 +0000 https://kurir.mk/?p=650641

Шунтаро Таникава, поет од Јапонија, е добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2022 година, а наградата „Мостови на Струга“ годинава ја освои италијанскиот поет Џерардо Мазучо. -Шунтаро Таникава е најзначајниот жив јапонски поет, чија поезија суверено патува не само низ возбудливите води на јазикот, туку и во нивната креативна преобразба во музика, филм, слика или калиграфско писмо, се наведува во образложението на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата. Како што посочи претседателката на Управниот одбор на манифестацијата, Елизабета Шелева при денешното прогласување на лауреатите во МАНУ, Таникава е најпродуктивниот, најчитаниот, највлијателниот, најпознатиот и најиновативен поет од Јапонија, но не само меѓу живите поети, туку и пошироко, чии што дела се преведени на многу јазици во светот. Таникава е автор е на 80 поетски збирки, за кои има добиено бројни книжевни признанија не само во Јапонија, туку и во странство. Неговите дела се појавуваат не само во угледни книжевни списанија, туку и во школските учебници по медиумите и пошироко. Шунтаро се јавува и како автор исто така на драмски текстови, на филмски сценарија, тој е плоден есеист, самиот е преведувач, но и автор на литература за деца. Добитник е на низа престижни награди. -Како неговите современици, така и Таникава верува дека традиционалната јапонска поезија е заробена во сенката на историската оспеднатост со минаттот, дека традиционалната јапонска култура се разградува од вербата во сопствената моќ, но затоа и се насочил токму кон западната поезија и култура, додаде Шелева. Во своето поздравно обраќање, Шунтаро се заблагодари за почитта кон поезијата, и верува дека таа ќе послужи како „гласник која ги пренесува гласовите скриени во остареното тело“. -Дали само јас чувствувам некаква самотија штом добијам награда или одликување? Невообичаено е чувството да се биде избран од мноштвото поети и заедно со радоста и гордоста кои ги чувствувам, бидејќи сум избран за добитник, се чувствувам и уважено меѓу моите колеги поети. Но, кога се присетувам на покојниот Макото Ока, мојот близок пријател и добитникот на оваа награда во 1996 година, самотијата ми исчезнува и неа ја заменува љубовта кон моите колеги поети и кон оние кои копнеат да постанат поети. Иако живееме во различни времиња, во различни околности и со различни мајчини јазици во ова немирно доба на нашата ранлива земја, оваа љубов постојано расте, се вели во обраќањето на Шунтаро. Наградата „Мостови на Струга“ годинава ја доби италијанскиот поет Џерардо Мазучо. Наградата е востановена во 2004 година, а годинава се доделува по 19-ти пат. Мазучо е роден на југот од Италија, во 1991 година. Откако ги завршил класичните студии, се преселил во Милано во 2010 година, каде што дипломирал авторски права а потоа и издаваштво на Универзитетот во Бокони. Во 2020 ја основал и издавачката куча „Утопија“, која е насочена кон книжевна фикција, поезија и белетристика. -Мазаучо е длабоко упатен во тајните на поетската вокација, а тоа најдобро се гледа токму од неговата поезија, која е спој на несомнена дарба и префинета вештина. Се добива чувтсво дека во неговите песни секој стих е токму на вистинското место. Иако е млад поет, неговата поезија е веќе дел на антологии, списанија, посебни веб страници, некомерцијални памфлети, рече во своето обраќање членот на Управниот одбор на манифестацијата, Владимир Мартиновски. Првата книга на Мазучо, за која ја и добива наградата „Мостови на Струга“ е стихозбирката „Еден човек живеел тука“ и е книга со која тој стекнува критички и комеријцален успех, не само на национално, туку и на меѓународно ниво.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/japonskiot-poet-shuntaro-tanikava-dobitnik-na-zlaten-venec/feed/ 0