швајцарци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 23 Apr 2023 07:33:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png швајцарци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонците преферираат да живеат во сопствени домови, Германците и Швајцарците во изнајмени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makedontsite-preferiraat-da-zhiveat-vo-sopstveni-domovi-germantsite-i-shvajtsartsite-vo-iznajmeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makedontsite-preferiraat-da-zhiveat-vo-sopstveni-domovi-germantsite-i-shvajtsartsite-vo-iznajmeni/#respond Sun, 23 Apr 2023 07:33:47 +0000 https://kurir.mk/?p=826540

Луѓето на Балканот и во Источна Европа преферираат да имаат и да живеат во сопствени домови за ралика од населението во Западна Европа кое почесто се решава за изнајмени живелишта. Според податоците на „Евростат“ што ги анализира порталот „Лангеист“, 85,9 отсто од жителите на Северна Македонија живеат во сопствени домови. Рекордери се Косово и Албанија каде што околу 97 проценти од луѓето имаат свои, а не изнајмени живеалишта. Во Романија тој процент е 95,7, во Србија, Црна Гора и Хрватска околу 90, во Бугарија 85 и во Грција 73,3 отсто. Германија (49,1%) и Швајцарија (42,2%) имаат далеку најниска стапка на сопственост на домови во Европа. Тие се единствените земји каде што сопствениците на куќи се помалубројни од оние кои живеат во изнајмени домови. Стапките на сопственост на домови во Европа значително се разликуваат помеѓу земјите и се под влијание на различни фактори, вклучувајќи ја достапноста на станови со пристапни цени, распространетоста на социјалните станови и демографската структура на населението. Еден од можните фактори кои влијаат на стапките на сопственост на домови во Европа, е достапноста на прифатливи станови. Во некои земји, како што се Германија и Швајцарија, трошоците за сместување се релативно високи, што им отежнува на многу луѓе да купат дом. Спротивно на тоа, во други земји, како што се Бугарија и Романија, домувањето е многу поевтино, па затоа поседувањето дом е подостапно за поголем број луѓе. Друг фактор што може да влијае на стапките на сопственост на домови е распространетоста на социјалните станови. Во земјите каде што социјалното домување е вообичаено, како што се Холандија и Австрија, закупувачите се со поголема веројатност да бидат сместени во имоти во јавна сопственост, и затоа стапките на сопственост на домови се пониски. И покрај овие варијации, поседувањето дом останува важна аспирација за многу Европејци, обезбедувајќи чувство на припадност, стабилност и безбедност што потешко може да се добие преку изнајмување, заклучува „Лангеист“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makedontsite-preferiraat-da-zhiveat-vo-sopstveni-domovi-germantsite-i-shvajtsartsite-vo-iznajmeni/feed/ 0
Швајцарците на референдум одлучуваат за донирање на органи, за ФРОНТЕКС и за „Лекс Нетфликс“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajcarcite-na-referendum-odluchuvaat-za-doniranje-na-organi-za-fronteks-i-za-leks-netfliks/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajcarcite-na-referendum-odluchuvaat-za-doniranje-na-organi-za-fronteks-i-za-leks-netfliks/#respond Sun, 15 May 2022 08:56:29 +0000 https://kurir.mk/?p=676875

Швајцарските гласачи денеска на референдум одлучуваат за донирање на органи, за финансирање на ФРОНТЕКС и за Нетфликс. Граѓаните на Швајцарија треба да одлучат дали донирањето органи ќе се одвива автоматски, освен во случаите кога потенцијалниот донатор експлицитно се изјаснил против тоа пред неговата смрт. Промената на законот би значела дека пациентите кои имаат потреба ќе ги добијат потребните органи многу побрзо бидејќи сите луѓе ќе се сметаат за донатори на органи, освен ако не се спротивставиле за време на животот. Швајцарската Влада води кампања за промена на постоечкиот Закон, со што ќе им овозможи на сериозно болните пациенти да добиваат донирани органи без долго чекање. Друго референдумско прашање е дали Швајцарија ќе го зголеми финансирањето на Агенцијата за заштита на границите на Европската унија. Швајцарија е членка на шенген зоната, каде што се укинати граничните контроли, но Владата предупредува дека членството на Швајцарија може да биде загрозено без поголеми придонеси. Третото прашање се однесува на амандманот на Законот за филм колоквијално наречен „Лекс Нетфликс“. Со него се бара од радиодифузерите и давателите на стриминг да инвестираат четири отсто од својот приход во швајцарската филмска продукција. Стриминг компаниите треба да понудат и најмалку 30 проценти од европските филмови или серии, како што е случај во Европска Унија. Повеќе од 90 отсто од швајцарските гласачи главно гласаат по пошта.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajcarcite-na-referendum-odluchuvaat-za-doniranje-na-organi-za-fronteks-i-za-leks-netfliks/feed/ 0