швајцарија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 Oct 2023 09:38:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png швајцарија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Парламентарни избори во Швајцарија, според анкетите води популистичката десница https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/parlamentarni-izbori-vo-shvajtsarija-spored-anketite-vodi-populistichkata-desnitsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/parlamentarni-izbori-vo-shvajtsarija-spored-anketite-vodi-populistichkata-desnitsa/#respond Sun, 22 Oct 2023 09:38:12 +0000 https://kurir.mk/?p=891853

Швајцарската популистичка десница, антиимиграциска и анти-ЕУ, води според анкетите пред денешните парламентарни избори, во услови на европската мигрантска криза и растечките стравови поврзани со ризиците од напади во Европа. Избирачките места се отворени само два или три часа во текот на претпладнето, бидејќи огромното мнозинство Швајцарци гласаат по пошта. Првата проекција на резултатите се очекува во 16.00 часот по локално време. Швајцарија, со население од околу 8,8 милиони, ги избира своите 200 членови на Националниот совет (долниот дом на Парламентот) со пропорционален модел, а нејзините 46 сенатори на Советот на државите (Горниот дом) со мнозинство гласови. Во долниот дом, десничарската партија УДЦ (Демократски унија на центарот) треба, според анкетите, да ја зацврсти својата позиција како водечка политичка сила на штета на либералните-радикали (ЛДР), додека Зелените се очекува да го отстапат теренот на социјалистите (ПС). Не се очекува Зелените да го повторат успехот од изборите во 2019 година. Климата е една од главните грижи на Швајцарците, но пандемијата Ковид-19 го запре „зелениот бран“, кој го отвори и прашањето за куповната моќ на граѓаните, под влијание на инфлацијата и особено поради зголемувањето на придонесите за здравствено осигурување.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/parlamentarni-izbori-vo-shvajtsarija-spored-anketite-vodi-populistichkata-desnitsa/feed/ 0
УЕФА го одложи мечот Израел – Швајцарија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-go-odlozhi-mechot-izrael-shvajtsarija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-go-odlozhi-mechot-izrael-shvajtsarija/#respond Mon, 09 Oct 2023 09:18:19 +0000 https://kurir.mk/?p=886841

Европската фудбалска унија (УЕФА) го одложи натпреварот меѓу репрезентациите на Израел и Швајцарија од квалификациите за Европското првенство во 2024 година. Секако, причината е војната во Израел по ненадејната воена офанзива на палестинскиот исламистички Хамас. „Со оглед на актуелните безбедносни услови во Израел, УЕФА одлучи да ги одложи сите натпревари во следните две недели во таа земја. Новите датуми ќе бидат потврдени во догледно време“, се вели во соопштението на УЕФА. Натпреварот меѓу Израел и Швајцарија од седмото коло од групата „И“ требаше да се одигра во четврток во Тел Авив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-go-odlozhi-mechot-izrael-shvajtsarija/feed/ 0
Швајцарија со над 100 милиони франци ќе помогне во деминирање на Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajtsarija-so-nad-100-milioni-frantsi-ke-pomogne-vo-deminirane-na-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajtsarija-so-nad-100-milioni-frantsi-ke-pomogne-vo-deminirane-na-ukraina/#respond Fri, 29 Sep 2023 16:11:29 +0000 https://kurir.mk/?p=883375

Швајцарските власти денеска соопштија дека ќе одвојат 100 милиони швајцарски франци (околу 103 милиони евра) за отстранување на мините во Украина во периодот од 2024 до 2027 година. Помошта ќе овозможи обезбедување опрема и обука на украинските деминери за хуманитарни цели, се наведува во соопштението на швајцарската федерална Влада. Поради својот неутрален статус, Швајцарија не може да помогне во операциите за деминирање за воени цели. - Украина денес се смета за една од земјите со најмногу мини и експлозивни направи во светот, истакна швајцарската министерка за одбрана Виола Амхерд претставувајќи го планот за финансирање. Употребата на мини, противпешадиски или противтенковски, е широко распространета откако Русија окупираше дел од украинската територија во 2014 година и е значително зголемена од 24 февруари 2022 година откако почна руската инвазија врз Украина. Една третина од територијата на Украина е контаминирана со мини и други експлозивни направи, што е околу 174.000 квадратни километри, површина поголема од Англија, Велс и Северна Ирска.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajtsarija-so-nad-100-milioni-frantsi-ke-pomogne-vo-deminirane-na-ukraina/feed/ 0
Швајцарските глечери во последните две години се смалиле за 10 проценти https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shvajtsarskite-glecheri-vo-poslednite-dve-godini-se-smalile-za-10-protsenti/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shvajtsarskite-glecheri-vo-poslednite-dve-godini-se-smalile-za-10-protsenti/#respond Thu, 28 Sep 2023 19:08:18 +0000 https://kurir.mk/?p=882902

Панелот на Швајцарската академија на науки се огласил за драматичното забрзување на топењето на глечерите во таа алпска земја, која изгубила десет проценти од својот мраз во само две години, по големите летни горештини и малите количини на снег во текот на зимата, пренесува „Anadolu“. Во Швајцарија, каде има околу 1.400 глечери, најмногу во однос на било која друга земја во Европа, во текот на 2023-та година исчезнале 4 проценти од вкупниот волумен на ледниците, што е втор најголем пад во една година, покрај намалувањето на капацитетот на ледниците од шест проценти во 2022-ра година, соопштила Академската комисија за набљудување на криосферата. „Забрзувањето на топењето е драматично, со оглед на тоа дека за две години е изгубено исто мраз како и меѓу 1960-та и 1990-та година“, наведуваат од академската комисија. Тимот од експерти тврди дека „огромната загуба на мраз“ е предизвикана од благи зими со многу мали количини на снег, кој паѓа на врвот на глечерите и ги заштитува од изложување на директна сончева светлина. „Топење од неколку метри мраз е измерено во јужен Валаис и долината Енгадин на надморска висина од 3.200 метри, каде глечерите до неодамна ја одржуваа својата рамнотежа“, соопштила комисијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shvajtsarskite-glecheri-vo-poslednite-dve-godini-se-smalile-za-10-protsenti/feed/ 0
Швајцарските глечери изгубија 10 отсто волумен за две години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajtsarskite-glecheri-izgubija-10-otsto-volumen-za-dve-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajtsarskite-glecheri-izgubija-10-otsto-volumen-za-dve-godini/#respond Thu, 28 Sep 2023 10:01:58 +0000 https://kurir.mk/?p=882681

Топењето на глечерите во Швајцарија за време на третото најтопло лето во земјата досега значи дека тие изгубиле мраз за две години колку и во трите децении пред 1990 година, се наведува во извештајот, во кој загубите во обемот на глечерите се опишани како „катастрофални“. „Оваа година беше многу проблематична за глечерите бидејќи имаше многу малку снег во зима, а летото беше многу топло. Комбинацијата на овие два фактори е најлошото што може да им се случи на глечерите“, изјави Матијас Хус, шеф на Глечер Мониторинг Швајцарија (ГЛАМОС). Повеќе од половина од глечерите на Алпите се во Швајцарија, каде температурите двојно се зголемуваат од глобалниот просек поради климатските промени. Годинава ниските нивоа на зимски врнежи од снег во комбинација со раниот почеток и доцниот крај на летната сезона на топење предизвикаа големи загуби, објави ГЛАМОС. Во август, месецот на најголемото топење, Швајцарската метеоролошка служба соопшти дека висината на која врнежите замрзнуваат во текот на ноќта достигнала нов рекорд - 5.289 метри. Ова е надморска височина поголема од Мон Блан, највисокиот врв на Алпите и Европа. Ова го надмина минатогодишниот рекорд од 5184 метри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajtsarskite-glecheri-izgubija-10-otsto-volumen-za-dve-godini/feed/ 0
Маж од Швајцарија приведен во Прилеп https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mazh-od-shvajtsarija-priveden-vo-prilep/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mazh-od-shvajtsarija-priveden-vo-prilep/#respond Mon, 18 Sep 2023 11:31:04 +0000 https://kurir.mk/?p=879118

На 17.09.2023 во 21:45 часот во Прилеп, од полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Прилеп бил приведен С.Ј.(28) од Швајцарија, поради сторен прекршок по чл.218 ст.8 од Закон за странци. Тој бил задржан во полициска станица по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mazh-od-shvajtsarija-priveden-vo-prilep/feed/ 0
Швајцарско село нуди 50.000 евра за доселување – има два услова https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajtsarsko-selo-nudi-50-000-evra-za-doseluvane-ima-dva-uslova/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajtsarsko-selo-nudi-50-000-evra-za-doseluvane-ima-dva-uslova/#respond Fri, 15 Sep 2023 12:54:47 +0000 https://kurir.mk/?p=878406

Швајцарското село Албинен на семејствата им нуди 50.000 евра и повеќе само за да се преселат во ова неверојатно село во планинска долина. Дали се борите со трошоците за живот? Едно швајцарско село може да го има решението за вас. Прекрасната област се наоѓа на планинска падина на 1.300 метри надморска височина. Неговите традиционални планински куќи гледаат надолу кон огромната околина со снежно бели врвови, пишува Daily Mail. На малото село веќе некое време му се заканува изумирање, бидејќи сѐ поголем број жители се иселуваат од руралната живописна заедница во корист на околните градови. На крајот на 2020 година во селото живееле само 243 жители. Сепак, со планот дизајниран во 2018 година, сите се надеваат дека овој тренд ќе биде спречен. И покрај тоа што е атрактивно село на 6,8 километри од бањскиот град Лојкербад и на 35 минути возење од кантоналниот главен град Сион и индустрискиот град Висп, селото се испразнило со текот на годините поради недостаток на работни места. Семејствата ќе добијат 25.000 евра по возрасен и уште 10.000 евра по дете доколку се доселат. Така, доколку сте брачен пар без деца ќе добиете 50.000 евра, а доколку имате едно дете ќе добиете 60.000 евра. Доколку сте со две деца имате на располагање 70.000 евра. Примамлива е понудата од 50.000 евра за преселба на едно од најубавите места во светот, но има два услова. За да го спречи празнењето на селото, Албинен бара луѓе помлади од 45 години за доселување. Од вас се бара и да останете да живеете во селото најмалку 10 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajtsarsko-selo-nudi-50-000-evra-za-doseluvane-ima-dva-uslova/feed/ 0
УЖАС: Идентификувани 1.002 случаи на сексуална злоупотреба во Католичката црква во Швајцарија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhas-identifikuvani-1-002-sluchai-na-seksualna-zloupotreba-vo-katolichkata-tsrkva-vo-shvajtsarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhas-identifikuvani-1-002-sluchai-na-seksualna-zloupotreba-vo-katolichkata-tsrkva-vo-shvajtsarija/#respond Tue, 12 Sep 2023 14:10:03 +0000 https://kurir.mk/?p=877314

Католичката црква во Швајцарија денеска ги претстави резултатите и фактите од пилот студијата за историјата на сексуалната злоупотреба во Католичката црква во Швајцарија од средината на 20 век. Сеопфатната, долгорочна студија ги анализира случаите на сексуална злоупотреба од страна на  претставници на Римокатоличката црква во Швајцарија при што открила 1002 такви случаи од средината на 20 век. Проектот траеше една година и е спроведен од Универзитетот во Цирих. Идентификувани се 510 обвинети и 921 засегнато лице. Студијата е наменета како почетна точка за понатамошно истражување, пренесува Ватикан њуз. Извештајот, нарачан од швајцарската бискупска конференција и предводен од двајца историчари од Универзитетот во Цирих, дава длабински поглед на сексуалната злоупотреба и вознемирување што ја потресува Католичката црква низ светот во последните децении - уништувајќи ги животите на многу жртви и нивните семејства и повредување на угледот на институцијата. Авторите на извештајот во изјавата нагласија дека пронашле 1.002 „случаи на сексуална злоупотреба“, како и обвиненија против 510 лица. Според нив, 921 лице биле жртви на напад. Изворите на информации главно вклучувале тајни архиви, како и архиви на специјалистички комитети за „сексуални напади“ на швајцарската бискупска конференција и на поединечни епархии. Државните и приватните архиви (државни архиви, архиви на училишта и домови итн.) не беа земени предвид или беа само делумно испитани. Според резултатите од истрагата, најголем дел од засегнатите биле мажи или момчиња (56 отсто), а во 39 отсто од случаите засегнати лица биле жени или девојчиња. Според изворите, полот не можел јасно да се утврди во пет проценти од случаите. Со неколку исклучоци, обвинетите се претежно мажи. Речиси три четвртини од случаите (74 проценти) се однесуваат на сексуална злоупотреба на малолетници. Во 12 проценти од случаите возраста не можела јасно да се одреди. Возрасните се погодени во 14 проценти од случаите. Покрај 1.002 случаи, идентификувани се и 30 случаи на сексуална злоупотреба во кои обвинетите имаат или имале врски со швајцарска институција на Католичката црква, но самиот чин се случил во странство. Истражувачкиот тим нагласува дека пилот проектот успеал да забележи само мал дел од случаите. Спектарот се движи од проблематични гранични ситуации до најсериозните, систематски злоупотреби. Студијата исто така нагласува дека „осудените сторители генерално биле казнувани многу благо од Црквата или воопшто не биле казнувани“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzhas-identifikuvani-1-002-sluchai-na-seksualna-zloupotreba-vo-katolichkata-tsrkva-vo-shvajtsarija/feed/ 0
Истражување: Половина од големите фирми во Швајцарија бил цел на кибер напад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazhuvane-polovina-od-golemite-firmi-vo-shvajtsarija-bil-tsel-na-kiber-napad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazhuvane-polovina-od-golemite-firmi-vo-shvajtsarija-bil-tsel-na-kiber-napad/#respond Mon, 04 Sep 2023 09:50:40 +0000 https://kurir.mk/?p=874314

Речиси половина од големите компании во Швајцарија веќе станаа жртви на кибер напади, често со големи последици, се вели во студијата објавена денеска. Во извештајот се посочува дека 45 проценти од компаниите во Швајцарија, кои имаат 250 вработени или повеќе, веќе биле погодени од најмалку еден кибер напад, според најновиот извештај на SwissVR Monitor. Студијата, спроведена од консултантската компанија Deloitte и Универзитетот за применети науки и уметности во Луцерн, помеѓу средината на мај и почетокот на јули, покажа корелација помеѓу големината на компанијата и ризикот од кибер напади. Врз основа на анкета на 400 членови на одбори и од поголеми, котирани компании и од мали и средни претпријатија (МСП), студијата покажа дека само 18 отсто од фирмите со под 50 вработени се соочиле со сериозен напад. Генерално, истражувањето покажа дека компаниите не се доволно добро подготвени да се соочат со сајбер заканите. Само 57 отсто од испитаните членови на одборот рекле дека нивните одбори формулирале јасна кибер-стратегија, а само околу една третина добивале редовни извештаи од раководството за најголемите сајбер ризици. Тоа е загрижувачко, бидејќи кибер нападите можат да имаат сериозни последици за работењето на компанијата, при што цели 42 отсто од дотичните компании претрпеле прекин на работата, покажа студијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazhuvane-polovina-od-golemite-firmi-vo-shvajtsarija-bil-tsel-na-kiber-napad/feed/ 0
По високите температури, во Швајцарија поплави и снег https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-visokite-temperaturi-vo-shvajtsarija-poplavi-i-sneg/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-visokite-temperaturi-vo-shvajtsarija-poplavi-i-sneg/#respond Tue, 29 Aug 2023 06:33:03 +0000 https://kurir.mk/?p=871903

По големите горештини, Швајцарија во последните неколку дена ја зафатија обилни врнежи од дожд кои предизвикаа поплави и одрони од кал, а во понеделникот падна и снег на Алпите. „Температурата драстично се намали за четири дена. Во четвртокот термометарот покажа 31,2 степени Целзиусови. Во 11:15 часот беше 0,5 степени. Границата меѓу дождот и снегот е помеѓу 2.000 и 2.400 метри во остатокот од швајцарските Алпи“, објавено е на платформата X MеtеoSuisse. Неколку премини, вклучително и Готард и Симплон, беа затворени во понеделникот поради обилните врнежи од дожд кои започнаа во петокот вечерта и предизвикаа неколку лизгања од кал. Железничкиот сообраќај на места беше во прекин поради одрони. Рајна се излеа, но населените места не беа погодени. Во Тичин веќе неколку дена врне силен дожд. Во некои населени места водата за пиење е загадена. Врнежи се очекуваат и денеска. Снегот треба да продолжи да паѓа на планините, но тоа нема да биде доволно за да се спасат глечерите. Швајцарските глечери изгубија 6 отсто од својот волумен помеѓу 2021 и 2022 година, во споредба со една третина помеѓу 2001 и 2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-visokite-temperaturi-vo-shvajtsarija-poplavi-i-sneg/feed/ 0