шведска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Nov 2023 10:36:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.5 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png шведска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Диаверум клучен учесник во прва ренална експертска академија во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/diaverum-kluchen-uchesnik-vo-prva-renalna-ekspertska-akademija-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/diaverum-kluchen-uchesnik-vo-prva-renalna-ekspertska-akademija-vo-makedonija/#respond Fri, 03 Nov 2023 10:36:42 +0000 https://kurir.mk/?p=896129

Повеќе од педесетина експерти од Шведска и Македонија учествуваа на првата ренална експерстка академија во организација на Министерството за здравство, Шведската амабасада и мултинационалната организација за здравствена заштита Диаверум. На Академијата, тие споделија нови сознанија и добри практики за подобрување на реналната нега на пациентите во двете земји. Експертската академија ја отвори министерот за здравство, Фатмир Меџити, според кој хроничната бубрежна болест е ургентен здравствен предизвик во Европа кој погодува милиони луѓе и ги оптоварува здравствените системи.
„Според регистарот на Европската Ренална Асоцијација, инциденцата на нови пациенти на хемодијализа е околу 160 - 180 на милион жители за нашата држава. Во време на Ковид кризата, смртноста на пациентите на хемодијализа, хоспитализирани на одделите за ковид пациенти, се движеше околу 20 - 25%. Тоа укажува дека овие пациенти се со висок ризик за морталитет, со многу придружни заболувања и со особена потреба да се стават во приоритетните групи на третман во здравствениот систем“, посочи Меџити.
Министерот Меџити објасни дека Академијата е можност преку разговори, дебати и размена на искуства, експертите придонесуваат да се подобри квалитетот на здравствена грижа на пациентите. „Шведска со години наназад дава поддршка на нашата земја во размена на знаења и искуства, со што Северна Македонија е активен партнер за натамошно осовременување на здравствените услуги. Нашите две држави во сферата на здравството имаат исти приоритети. Посветено работиме на тоа здравствените услуги да бидат достапни за сите, инсистирајќи да се запазат најсовремените медицински протоколи“. Хроничната бубрежна болест (ХББ) е глобален и ескалирачки предизвик, кој влијае на околу 10% од возрасната популација во светот. Првенствено е предизвикана од болести на животниот стил, како што е дијабетесот и распространетоста се зголемува, особено во земјите во развој и меѓу поединците со ниски приходи. Во Северна Македонија, околу 10% од населението се погодени од ХББ. Фернандо Макарио, извршен медицински директор за Диаверум групацијата, во своето обраќање на Академијата, вели дека иако Диаверум се присутни во 24 различни земји, Северна Македонија е една од врвните земји каде се врши многу квалитетен третман за хронични бубрежни пациенти на дијализа.  „Сепак, се разбира дека има работи што може да се подобрат. Една од работите што можат да се унапредат е пред-дијализното следење на пациентите. Со зголемување на капацитет во предијализно следење може да ја одложиме прогресијата на болеста и да ја подобриме состојбата на пациентите доколку треба да започнат со дијализа и со зголемување на капацитетите за васкуларен пристап и поставување соодветен васкуларен пристап пациентите ќе имаат подобар квалитет на живот и помалку хоспитализации. Тоа се двата клучни критични аспекти за подобрување на грижата за бубрезите во Северна Македонија во овој момент“. Димитар Клисаровски, извршен директор за Диаверум во Северна Македонија, истакна дека Академијата е  доказ дека за краткиот период колку што Диаверум е активен во земјата, нашата култура на вистинска нега и холистички пристап кон бубрежната нега веќе имаат значително влијание. „Со нетрпение очекувам да бидеме силен и стабилен партнер кој помага во обликувањето на идната ренална грижа во Северна Македонија", вели Клисаровски. Н.Е. Ами Ларсон Џејн, амбасадорка на Шведска во земјава, рече дека одржувањето на реналната академија е првиот чекор во долгорочната здравствена партнерска програма за борба против хроничната бубрежна болест. „За да создадеме промени, треба да имаме холистички пристап, каде што Владата, болниците, индустријата и академијата работат партнерски. Со веќе воспоставени деловни интереси и реномирани експерти во областа, Шведска со задоволство има улога во собирање на претставници од сите овие четири полиња. Академијата е резултат на одличната соработка помеѓу Шведска во форма на Бизнис Свиден и Амбасадата и нашите партнери во Министерството за здравство“, рече Ларсон Џејн. Од влегувањето на македонскиот пазар на крајот од 2018 година, Диаверум стана еден од водечките провајдери на бубрежна нега во Северна Македонија, со вкупно 9 клиники и повеќе од 250 вработени кои се грижат за над 700 пациенти низ целата земја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/diaverum-kluchen-uchesnik-vo-prva-renalna-ekspertska-akademija-vo-makedonija/feed/ 0
Октај: Турскиот парламент нема да брза со приемот на Шведска во НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oktaj-turskiot-parlament-nema-da-brza-so-priemot-na-shvedska-vo-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oktaj-turskiot-parlament-nema-da-brza-so-priemot-na-shvedska-vo-nato/#respond Wed, 01 Nov 2023 14:16:44 +0000 https://kurir.mk/?p=895444

Комитетот за надворешни работи на турскиот Парламент ќе расправа за ратификацијата на шведското членство во НАТО кога тоа прашање по нормална процедура ќе дојде на дневен ред, изјави денеска претседателот на комисијата, Фуат Октај, додавајќи дека ова прашање не е толку итно за Анкара како што е за некои други земји. -За предлог-законот Шведска-НАТО ќе се дискутира кога за него ќе дојде време, согласно дневниот ред на Комисијата за надворешни работи. Се што е итно за другите земји не мора да биде итно и за нас, им изјави Октај на пратениците на средба во парламентот. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пред десет дена официјално го проследи барањето за прием на Шведска во НАТО до турскиот Парламент, по 17 месеци блокада, соопштија од неговиот кабинет. Ердоган во јули го укина ветото за прием на Шведска во НАТО, додавајќи дека ратификацијата ќе зависи од турскиот Парламент, што по летната пауза продолжи со работа на 1 октомври. Од летото турскиот претседател продолжи да врши притисок врз Шведска да преземе мерки против навредите на Куранот. Анкара ги прекорува шведските власти за нивната попустливост кон курдските милитанти кои живеат на нејзина територија и бара да бидат екстрадирани десетици од нив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oktaj-turskiot-parlament-nema-da-brza-so-priemot-na-shvedska-vo-nato/feed/ 0
Шведска нема да го депортира лицето што го запали Куранот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-nema-da-go-deportira-litseto-shto-go-zapali-kuranot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-nema-da-go-deportira-litseto-shto-go-zapali-kuranot/#respond Fri, 27 Oct 2023 06:09:50 +0000 https://kurir.mk/?p=893614

Шведската миграциска служба соопшти дека одлучила да депортира Ирачанец кој запали копии од Куранот, муслиманската света книга, но оти наредбата нема да биде спроведена бидејќи човекот може да биде подложен на тортура во неговата татковина. Шведска го подигна нивото на закана од тероризам на второто највисоко ниво во август и предупреди на зголемување на заканите за Швеѓаните дома и во странство, откако палењето на Куранот ги налути муслиманите и предизвика закани од џихадистите. Неколку демонстрации беа предводени од Салван Момика, ирачки бегалец кој тврди дека сака да протестира против целата институција на исламот и да ја забрани нејзината света книга. - Службата за миграција одлучи да му го одземе статусот и дозволата за престој и одлучи дека треба да биде депортиран, изјави портпаролот на службата. Според него, причината е тоа што мажот дал лажни податоци во пријавата за престој. Сепак, портпаролот рече дека Шведска не може да ја спроведе наредбата за депортација бидејќи мажот би ризикувал мачење и нехумано постапување доколку биде испратен во Ирак. Доколку ситуацијата се промени, човекот ќе биде депортиран, додаде тој. Службата за миграција во јули соопшти дека спроведува ревизија на дозволите за престој на Ирачаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-nema-da-go-deportira-litseto-shto-go-zapali-kuranot/feed/ 0
Шведската крајбрежна стража се обидува да спречи истекување на дизел од заринкан траект https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedskata-krajbrezhna-strazha-se-obiduva-da-sprechi-istekuvane-na-dizel-od-zarinkan-traekt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedskata-krajbrezhna-strazha-se-obiduva-da-sprechi-istekuvane-na-dizel-od-zarinkan-traekt/#respond Mon, 23 Oct 2023 18:09:14 +0000 https://kurir.mk/?p=892280

Шведската крајбрежна стража денеска работи на спречување на истекување на дизел од траект што вчера заринка крај јужниот брег на Шведска. - Знаеме дека дамката во моментов се протега на повеќе од пет километри од брегот. Спасувањето на животната средина е приоритет, а тоа вклучува отстранување што е можно повеќе дизел од водата за да се зачуваат плажите што е можно повеќе, изјави координаторот на операциите за чистење. Покрај операциите за чистење, крајбрежната стража ги истражува причините за заринкувањето и последователното излевање на горивото. Фериботот Марко Поло на компанијата TT-Line вчера изутрина се заринка во јужна Шведска со 75 патници, кои брзо беа евакуирани. Отворена е прелиминарна истрага бидејќи горивото се излеало до брегот. - Бродот се заринка, а потоа го продолжи својот пат неколку километри испуштајќи гориво додека повторно не се заринка, каде што е сега, соопштија властите и додадоа дека се обидуваат да откријат колку гориво истекло. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedskata-krajbrezhna-strazha-se-obiduva-da-sprechi-istekuvane-na-dizel-od-zarinkan-traekt/feed/ 0
Белгија и Шведска можно е воопшто да не го доиграат мечот? https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/belgija-i-shvedska-mozhno-e-voopshto-da-ne-go-doigraat-mechot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/belgija-i-shvedska-mozhno-e-voopshto-da-ne-go-doigraat-mechot/#respond Wed, 18 Oct 2023 04:05:29 +0000 https://kurir.mk/?p=890023

Прекинатиот квалификациски натпревар помеѓу Белгија и Шведска можно е воопшто и да не се доигра, јаввуваат повеќе европски медиуми. Мечот беше прекинат на паузата меѓу двете полувремиња, кога стигнаа информациите за терористичкиот напад во Брисел, во кој беа убиени двајца шведски државјани. Според правилата на Европската фудбалска унија (УЕФА), прекинат натпревар треба да се доигра во најбрз можен термин, а тоа најчесто се случува веќе следниот ден. Со оглед на безбедносната ситуација, тоа е невозможно, па сега неколку опции се во игра за конечниот епилог. Белгија е веќе пласирана на Европското првенство, но победа против Шведска ќе значи дека ќе бидат први во групата, а тоа е за нив важно за да бидат носители во квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Од друга страна, пак, Шведска нема никакви шанси за пласман на континенталниот собир, па дури можно е да нема ни слободен термин за доигрување на дуелот со Белгија. Следниот слободен термин е на 19 ноември, а Шведска тогаш има квалификациски меч со Естонија, а ждрепката за Европскиот шампионат е закажана за 2 декември. Доколку Швеѓаните додадат уште еден термин во распоредот, тоа ќе значи дека ќе мора да одиграат дури три натпревари во само седум дена, што се коси со правилата на УЕФА. Дел од медиумите објавија дека Шведската фудбалска федерација ја информирала УЕФА дека може воопшто и да не го доигра мечот со Белгија, што би значело дека „ѓаволите“ би запишале три бода по службен пат, но за ова уште нема официјална потврда од никого. Едно е јасно, ситуацијата е комплицирана, но Белгија е таа што може во случајов повеќе да загуби, особено ако натпреварот официјално се регистрира со резултатот од моментот на прекинот, 1-1.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/belgija-i-shvedska-mozhno-e-voopshto-da-ne-go-doigraat-mechot/feed/ 0
ЕМОТИВНА СЦЕНА ВЧЕРА НА СТАДИОНОТ: Еве што скандираа белгиските навивачи како гест за поддршка на шведските навивачи по терористичкиот напад (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/emotivna-stsena-vchera-na-stadionot-eve-shto-skandiraa-belgiskite-navivachi-kako-gest-za-poddrshka-na-shvedskite-navivachi-po-teroristichkiot-napad-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/emotivna-stsena-vchera-na-stadionot-eve-shto-skandiraa-belgiskite-navivachi-kako-gest-za-poddrshka-na-shvedskite-navivachi-po-teroristichkiot-napad-video/#respond Tue, 17 Oct 2023 07:41:25 +0000 https://kurir.mk/?p=889647

Напаѓач уби двајца Швеѓани во Брисел пред натпреварот на пет километри од стадионот „Крал Бодуен“, но играта сепак започна. Пред почетокот на натпреварот, шведските фудбалери не знаеја што се случило. Кога дознале за трагедијата во соблекувалната, одбиле да го доиграат натпреварот. Натпреварот официјално беше прекинат, а навивачите од безбедносни причини беа задржани речиси три часа на стадионот, а белгиските навивачи со овации ги поддржаа Швеѓаните и го скандираа името на нивната земја. Осомничениот за терористичкиот напад во Брисел неофицијално е убиен утрово при полициска интервенција во главниот град, јавуваат белгиските медиуми. Осомничениот бил застрелан во кафуле во Шаербек, било потврдено за nieuwsblad.be.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/emotivna-stsena-vchera-na-stadionot-eve-shto-skandiraa-belgiskite-navivachi-kako-gest-za-poddrshka-na-shvedskite-navivachi-po-teroristichkiot-napad-video/feed/ 0
Терорист уби двајца шведски навивачи во Брисел https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/terorist-ubi-dvajtsa-shvedski-navivachi-vo-brisel/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/terorist-ubi-dvajtsa-shvedski-navivachi-vo-brisel/#respond Tue, 17 Oct 2023 04:45:42 +0000 https://kurir.mk/?p=889549

Брисел и Шведска се сретнаа во натпревар од квалификациите за Европското првенство. Иако дуелот нема резултатско значење освен престиж, на улиците во Брисел се случувала голема драма поради која на стартот на второто полувреме, натпреварот беше прекинат. Имено, двајца шведски навивачи се убиени од страна на оружен напаѓач. Убиецот самиот се идентификувал како член на терористичката група ИСИС, извикувал дека е тука за да ги „одмазди муслиманите“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/terorist-ubi-dvajtsa-shvedski-navivachi-vo-brisel/feed/ 0
Шведска со нова помош од околу 190 милиони евра за Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-so-nova-pomosh-od-okolu-190-milioni-evra-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-so-nova-pomosh-od-okolu-190-milioni-evra-za-ukraina/#respond Fri, 06 Oct 2023 08:52:08 +0000 https://kurir.mk/?p=885957

Шведска ќе и испрати на Украина нов пакет воена помош во вредност од 2,2 милијарди круни (приближно 190 милиони евра), што главно ќе вклучува муниција и резервни делови за претходно донирани системи, објави шведскиот министер за одбрана Пол Јонсон. Тоа е 14-та помош испратена од Стокхолм во Украина од почетокот на војната. Со него, вкупната вредност на воената поддршка од скандинавската земја за Киев ќе достигне нешто повеќе од 22 милијарди круни приближно (1,8 милијарди евра). Јонсон на прес-конференција изјави дека Владата и формално им наредила на вооружените сили да истражат дали Шведска може да испрати борбени авиони Грипен во Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-so-nova-pomosh-od-okolu-190-milioni-evra-za-ukraina/feed/ 0
Шведската ракометна легенда се повлекува од репрезентацијата https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/shvedskata-rakometna-legenda-se-povlekuva-od-reprezentatsijata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/shvedskata-rakometna-legenda-se-povlekuva-od-reprezentatsijata/#respond Fri, 06 Oct 2023 04:15:44 +0000 https://kurir.mk/?p=885789

Ракометната репрезентација на Шведска во иднина ќе биде ослабена поради неиграњето на Никлас Екберг, легендарниот крилен ракометар кој објави дека ја завршува кариерата во националниот тим. Овој 34-годишен ракометар има зад себе 210 натпревари за А-селекцијата, 841 постигнат гол за Шведска и настапи на 13 големи натпреварувања, па Екберг одлучи дека е време за репрезентативна пензија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/shvedskata-rakometna-legenda-se-povlekuva-od-reprezentatsijata/feed/ 0
Можно е одложување на ратификацијата на влезот на Шведска во НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mozhno-e-odlozhuvane-na-ratifikatsijata-na-vlezot-na-shvedska-vo-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mozhno-e-odlozhuvane-na-ratifikatsijata-na-vlezot-na-shvedska-vo-nato/#respond Mon, 18 Sep 2023 07:10:56 +0000 https://kurir.mk/?p=878970

„Не е сигурно“ дека Унгарија треба да го одобри ратификацијата на приемот на Шведска во НАТО, изјави претседателот на унгарскиот Парламент за локалната телевизија HirTV доцна синоќа, сигнализирајќи за можно дополнително одложување на процесот. Унгарскиот процес на ратификација е закочен во Парламентот од јули 2022 година, а Будимпешта изрази загриженост за членството на Шведска во НАТО поради критиките на шведските политичари за демократско назадување на Унгарија. Турција и Унгарија се уште не ја ратификувале кандидатурата на Шведска за членство во НАТО. „Не ни треба сојузник кој така размислува за нас“, изјави Ласло Ковер. „Не е сигурно дека ќе гласаме за Шведска во НАТО“, нагласи тој. Тој мислеше на краткиот шведски едукативен филм за студенти кој ја критикува состојбата на демократијата во Унгарија. Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто веќе испрати отворено писмо до својот шведски колега во кое нагласува дека барањето унгарскиот Парламент да го ратификува членството на Шведска во НАТО и нападот врз унгарската демократија се меѓусебно контрадикторни. Шведска и Финска аплицираа за НАТО минатата година по руската инвазија на Украина. Финска доби зелено светло во април, но Шведска ја кочат Турција и Унгарија.   (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mozhno-e-odlozhuvane-na-ratifikatsijata-na-vlezot-na-shvedska-vo-nato/feed/ 0