швеѓани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 03 Nov 2019 15:02:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png швеѓани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нов изум на Швеѓаните – смислија како бесплатно да ја загреете цела куќа https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nov-izum-na-shvegjanite-smislija-kako-besplatno-da-ja-zagreete-cela-kukja/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nov-izum-na-shvegjanite-smislija-kako-besplatno-da-ja-zagreete-cela-kukja/#respond Sun, 03 Nov 2019 16:10:42 +0000 https://kurir.mk/?p=259627

Некои се греат на дрва, некои на плин, а некои на компјутери. Различни се начините на кои се грееме за време на студените месеци, но сепак, Шведска е дефинитивно пред времето. Познато е дека Швеѓаните се еколошки и технички напредна нација. Но, нивниот најнов технолошки проект ги изненади сите и е сигурно голем новитет во еколошките технологии. Имено, во еден дел на Стокхолм, во населбата Скарпнак, се гради голема база на податоци. Сите кои поседуваат компјутери знаат колку тие се загреваат, но сигурно на никого не му паднало на памет дека таа енергија може да се искористи за греење на домаќинствата. Швеѓаните се сетиле на тоа и со топлотната енергија на компјутерите ќе се загреваат околу 30 илјади домаќинства. Целиот проект го води компанијата „Фортум“, а според нивните предвидувања, компјутерите во иднина би можеле да греат повеќе од 10 проценти од куќите и зградите. Од таа причина и од градските власти одлучиле дека во Стокхолм се потребни повеќе компјутерски центри. Главниот град на земјата чиј слоган е „во чекор со времето“, со ова ќе стане уште повеќе еколошки напреден.Тие веќе некое време дел од топлината го добиваа и од отпад.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nov-izum-na-shvegjanite-smislija-kako-besplatno-da-ja-zagreete-cela-kukja/feed/ 0
Швеѓанките сѐ повеќе сакаат аудио-книги со романтично-еротска содржина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvegjankite-s-povekje-sakaat-audio-knigi-so-romantichno-erotska-sodrzina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvegjankite-s-povekje-sakaat-audio-knigi-so-romantichno-erotska-sodrzina/#respond Mon, 04 Feb 2019 09:00:11 +0000 https://kurir.mk/?p=159865

Бројот на Швеѓаните кои купуваат аудио-книги, за само две години се зголемил речиси двапати: во 2016 година тој изнесувал 20 отсто од вкупното население, а изминатата 2018 година – 37 отсто. Истражувањата покажуваат дека тој раст најмногу се должи на новиот тренд – Швеѓанките сѐ повеќе сакаат да ја искусат сензуалната аудио-книжевност. – Меѓу слушателите, расте побарувачката на жанровите романтика, т.н. „лимонади” и еротика. На тоа всушност и се должи зголемениот број слушатели, како и пораст на бројот на издавачи кои објавуваат вакви книги, изјави Ана Риклунд, менаџер во продукцијата за аудио-книги „Букбит”. Поради тоа, некои компании веќе почнаа да се преориентираат само кон тие жанрови. Една од нив е Форлаг. – Поинтимно е. Не мора да седите со корицата која што на сите им покажува што читате. Вака, никој не знае што слушате, рече нивната маркетинг менаџерка, додавајќи дека најпопуларни книги се оние напишани на експлицитен начин и кои содржат многу секс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvegjankite-s-povekje-sakaat-audio-knigi-so-romantichno-erotska-sodrzina/feed/ 0