шверц на цигари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 07 Jan 2023 20:58:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png шверц на цигари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МАКЕДОНЕЦ ШВЕРЦУВАЛ 10 ИЛЈАДИ КУТИИ ЦИГАРИ И 9 ЛИТРИ РАКИЈА – еве во која европска држава „паднал“ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/makedonec-shvercuval-10-iljadi-kutii-cigari-i-9-litri-rakija-eve-vo-koja-evropska-drzava-padnal-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/makedonec-shvercuval-10-iljadi-kutii-cigari-i-9-litri-rakija-eve-vo-koja-evropska-drzava-padnal-foto/#respond Sat, 07 Jan 2023 20:56:38 +0000 https://kurir.mk/?p=784490

Државјанин на Македонија е фатен на граничниот премин „Товарник“ од хрватските цариници при обид за криумчарење на цигари и алкохол. Стоката била скриена во возило со швајцарски регистарски таблички. -На граничниот премин „Товарник“, при влез во царинското подрачје на Унијата, подрачните единици на Службата за мобилни единици Осиек, издвоија за контрола приватен автомобил со швајцарски регистарски таблички со кој управувал државјанин на Северна Македонија. При деталниот преглед на возилото, во просторот за резервна гума се пронајдени 6.000 парчиња цигари „Вест Силвер“, 4.000 парчиња цигари „Жаде Ла Розе“ и 9,7 литри ракија за кои се пропишани забрани и ограничувања при увоз, а кои возачот се обидел на скришен начин да ги внесе на подрачјето на Унијата, се наведува во соопштението на хрватската царина. Пронајдената стока е одземена, додаваат од царината, а на возачот му е изречена казна од 13.272 евра, а пресметана и наплатена му е трошарина за цигари во износ од 1.419 евра.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/makedonec-shvercuval-10-iljadi-kutii-cigari-i-9-litri-rakija-eve-vo-koja-evropska-drzava-padnal-foto/feed/ 0
Екс градоначалникот на Ново Село осуден за шверц на цигари излезе порано од затвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eks-gradonachalnikot-na-novo-selo-osuden-za-shverc-na-cigari-izleze-porano-od-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eks-gradonachalnikot-na-novo-selo-osuden-za-shverc-na-cigari-izleze-porano-od-zatvor/#respond Wed, 12 Dec 2018 16:12:45 +0000 https://kurir.mk/?p=139350

Поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев, наместо шест, издржа затворска казна од пет месеци. Тој денеска излезе од затворот во Струмица, каде ја извршуваше казната поради обид за шверц на цигари. Веста ја потврди директорот на струмичкиот затвор, Борче Цветков. Тој информираше дека Стојчев од затвор излегол еден месец порано, бидејќи имал примерно однесување и според член 206 од Законот за извршување санкции директорот на затворот може да му одобри 30 денови скратување на казната. Стојчев беше осуден на шест месеци затвор на 12 јули оваа година и требаше на слобода да излезе на 12 идниот месец. Владата на вчерашната седница ја констатираше неотповикливата оставка на поранешниот градоначалник на Ново Село и во најскоро време со одлука на Собранието и ДИК ќе бидат распишани избори во оваа општина за градоначалник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eks-gradonachalnikot-na-novo-selo-osuden-za-shverc-na-cigari-izleze-porano-od-zatvor/feed/ 0
Се појави адвокатот на Заев, градоначалникот шверцер на цигари пуштен на слобода https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-pojavi-advokatot-na-zaev-gradonachalnikot-shvercer-na-cigari-pushten-na-sloboda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-pojavi-advokatot-na-zaev-gradonachalnikot-shvercer-na-cigari-pushten-na-sloboda/#respond Wed, 25 Jul 2018 13:44:02 +0000 https://kurir.mk/?p=80962

Наместо „се занимавале“ со пренесување  на непријавена стока во „се обиделе“ да извршат пренесување на непријавена стока. Иако беа живи фатени од страна на полицијата при нивниот обид за шверц на 35 илјади кутии цигари во вредност од 5.5 милиони денари, петмината обвинети на чело со градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев добија преквалификација на делото за кое првично беа обвинети. Тоа, всушност, на целото дело му даде друга насока во извршувањето. Невидена фарса се одвиваше денес во просториите на струмичкиот суд.  Како адвокат на обвинетиот градоначалник од редовите на СДСМ се појави личниот адвокат на премиерот Зоран Заев. Потоа беше донесена одлуката, градоначалникот шверцер на цигари да биде пуштен на слобода. Тој излезе од притвор и до правосилност на пресудата ќе остане дома. Пред воопшто да започне судењето, уште пред изведувањето на обвинителниот акт, обвинителката задолжена за овој случај го преквалификува делото- наместо да бидат гонети за криумчарење на непријавена стока, тие се обвинети за обид за криумчарење. Вакво нешто се случи и при судењето на неговиот партиски шеф Зоран Заев во врска со неговото судење за случајот „Поткуп“ и на очиглед на целокупната македонска јавност делото му беше прекфалифкувано. Судењето на Стојчев како почна експресно така и заврши експресно. Пресудите изречени од страна на судот покажаа дека речиси целото потесно семејство на Стојчев било вклучено во „фамилијарниот бизнис“. Градоначалникот Стојчев доби 1.5 години затвор, неговата сопруга Јулијана Стојчева која исто така била вклучена во криумчарењето добила „само“ условна казна. Неговиот син, Виктор Стојчев 1 година, а исто толку доби и неговиот внук Горан Стојанов, додека неговиот пријател Митко Тодошевски доби 10 месеци. Познавачите посочуваат дека овие изречени казни се срам за судството и за добрите познавачи на законите со оглед ако се знае дека градоначалникот Стојчев и неговата сопруга и претходно се осудувани за други дела. Стојчев и во 2015 година е осуден со 2 правосилни судски пресуди. Едната е со условна затворска казна доколку делото не го стори во наредните 4 години, а втората е парична казна додека неговата сопруга е правосилно осудена во 2013-та година со парична казна.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-pojavi-advokatot-na-zaev-gradonachalnikot-shvercer-na-cigari-pushten-na-sloboda/feed/ 0