шверцери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 29 Jul 2023 14:50:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png шверцери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бугарите им се закануваат на “Шверцери“: Немојте да доаѓате во Софија, посебно не по инцидентите во Скопје! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bugarite-im-se-zakanuvaat-na-shvertseri-nemojte-da-doagate-vo-sofija-posebno-ne-po-intsidentite-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bugarite-im-se-zakanuvaat-na-shvertseri-nemojte-da-doagate-vo-sofija-posebno-ne-po-intsidentite-vo-skopje/#respond Sat, 29 Jul 2023 14:50:27 +0000 https://kurir.mk/?p=861503

Во четврток во Софија ќе се одигра реванш средбата меѓу Левски и Шкупи, во рамките на 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Секако дека тој меч со нетрпение се очекува ако се знае што се се случуваше во Скопје, дека имаше бројни инциденти за кои секако дека беа виновни фановите на Левски. Во пресрет на дуелот во Софија, фановите на Левски преку социјалните мрежи, а истите ги пренесоа тамошните медиуми, бројни закани до “Шверцери“, до фановите на Шкупи да не помислуваат да доаѓаат во Софија: „Ние како навивачи на Левски имаме дефинитивен став за претстојниот реванш во Софија. Навивачите на Шкупи да не доаѓаат. Софија не е место за шетање, посебно не по инцидентите во Скопје. Сепак ако се решат да дојдат, тие нема убаво да си поминат“ се вели во дел од соопштението на фановите на Левски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bugarite-im-se-zakanuvaat-na-shvertseri-nemojte-da-doagate-vo-sofija-posebno-ne-po-intsidentite-vo-skopje/feed/ 0
Разбиена една од најопасните групи на шверцери на мигранти низ ЕУ, информираше Европол https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razbiena-edna-od-najopasnite-grupi-na-shverceri-na-migranti-niz-eu-informirashe-evropol/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razbiena-edna-od-najopasnite-grupi-na-shverceri-na-migranti-niz-eu-informirashe-evropol/#respond Fri, 03 Jun 2022 11:40:08 +0000 https://kurir.mk/?p=686165

Работната група (ОТФ), предводена од германската федерална полиција и координирана од Европол, разби една од најопасните групи на шверцери на мигранти низ ЕУ. - Откриени се 916 случаи на шверц и претресени се 151 куќа, а запленети се разновидни средства со вкупна вредност од приближно 900.000 евра, соопшти Европол. Според Европол, во акцијата биле вклучени и полициите на Австрија, Германија, Унгарија, Романија, Србија и Холандија, што довело до отворање 39 нови истраги. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razbiena-edna-od-najopasnite-grupi-na-shverceri-na-migranti-niz-eu-informirashe-evropol/feed/ 0
Шверцери фрлиле деца преку ѕидот на американско-мексиканската граница https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shverceri-frlile-deca-preku-dzidot-na-amerikansko-meksikanskata-granica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shverceri-frlile-deca-preku-dzidot-na-amerikansko-meksikanskata-granica/#respond Thu, 01 Apr 2021 13:47:21 +0000 https://kurir.mk/?p=490879

Шверцери фрлиле две деца од Еквадор преку ѕидот висок 4,2 метри на границата меѓу САД и Мексико, објавија американските власти. Службени лица за гранична патрола ги однеле браќата од Еквадор во болница, кои биле повредени, а сега за нив се грижат американските власти, пишува Би-Би-Си.
Шефицата на патролната агенција на секторот Ел Пасо, Глорија И. Чавез изјави дека е „зачудена од начинот на кој овие шверцери минатата ноќ злобно фрлиле невини деца од 14-метарската гранична бариера“.
Американските власти сега работат со полицијата во Мексико за да ги идентификуваат луѓето кои биле видени како ги фрлаат децата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shverceri-frlile-deca-preku-dzidot-na-amerikansko-meksikanskata-granica/feed/ 0
Поради дивеењето на „Шверцерите“, казнета директорката на МНТ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-diveenjeto-na-shvercerite-kazneta-direktorkata-na-mnt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-diveenjeto-na-shvercerite-kazneta-direktorkata-na-mnt/#respond Tue, 24 Dec 2019 20:27:38 +0000 https://kurir.mk/?p=281869

На денешната седница на Владата е усвоена информацијата за настанот од 23 ноември оваа година, кога во Македонскиот народен театар беше организирана прослава по повод јубилеј на навивачката група „Шверцери“. Како што соопшти владината прес-служба, Владата го задолжи Министерството за култура во соодветна постапка да ѝ наложи на директорката на МНТ од организаторите на настанот да побара надомест на штетата направена за време на настанот, а на директорката да и биде изречена казна со намалување на платата за 15 проценти во траење од три месеци затоа што направила пропуст и дала согласност за отстапување на МНТ без писмен договор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-diveenjeto-na-shvercerite-kazneta-direktorkata-na-mnt/feed/ 0
„Шверцери“: Штетата може ја направил и Заев на претходниот настан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shverceri-shtetata-moze-ja-napravil-i-zaev-na-prethodniot-nastan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shverceri-shtetata-moze-ja-napravil-i-zaev-na-prethodniot-nastan/#respond Sat, 30 Nov 2019 09:20:00 +0000 https://kurir.mk/?p=271340

Навивачката група „Шверцери“  најостро ја демантира постојаната тенденциозна пропаганда против нашата прослава на 30 години од нашето постоење. Сите снимки, а посебно нашата снимка половина час по настанот во празната сала, ги демантираа тенденциозните известување за наводното демолирање, вандализам и дивеење, реагираат тие преку социјалните мрежи. -Се констатира дека немало вандализам и дивеење, ниту намерно предизвикана штета, туку само пеење и скандирање како начин на изразување во навивачката култура насекаде низ свет. Да ги разјасниме дилемите, Организатор на настанот сме ние, навивачката група „Шверцери“, и на тој настан беше прикажан краток документарен филм како и беа доделени признаници на еминентни личности од фудбалскиот живот кои го дале својот допринос за нашиот клуб. На настанот како гости ги поканивме сите играчи и тренери, сегашни и поранешни, на нашиот клуб, поранешното и сегашното раководство на клубот, градоначалници и пратеници, и др, кои што не удостојија со нивното присуство, порачуваат од навивачката група. „Шверцерите“ порачуваат дека штетата може да ја направил било кој на претходните настани. -Чудни се заклучоците без записник на состојбата на салата пред и по настанот, и со намерна пропаганда три дена по настанот, на кој што нема забележано ниту еден инцидент во ниту еден билтен. Сомнително е исто така пријавувањето на наводна штета три дена по настанот што остава простор за размислување дека “штетата” можела да биде предизвикана и пред, и по нашиот настан, слично како на сериозните оштетувања од негрижа на објектот надвор и внатре. Ние бевме во театарот да прославиме јубилеј, а не да рушиме, дивееме, вандализираме, порачуваат тие. Пред овој настан, во МНТ се одржа настан на кој присуствуваше премиерот Зоран Заев. На настанот на кој тој присуствувал, заедно со министри и други јавни личности, Владата со МНТ потпишала Договор за одбележување на Денот на албанската азбука. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shverceri-shtetata-moze-ja-napravil-i-zaev-na-prethodniot-nastan/feed/ 0
Двојните аршини на Заев: За скршен прозорец во Центар пред суд одговараат луѓе, а за дивеењето во МНТ само ќе се надомести штетата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvojnite-arshini-na-zaev-za-skrshen-prozorec-vo-centar-pred-sud-odgovaraat-lugje-a-za-diveenjeto-vo-mnt-samo-kje-se-nadomesti-shtetata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvojnite-arshini-na-zaev-za-skrshen-prozorec-vo-centar-pred-sud-odgovaraat-lugje-a-za-diveenjeto-vo-mnt-samo-kje-se-nadomesti-shtetata/#respond Thu, 28 Nov 2019 13:47:53 +0000 https://kurir.mk/?p=270634

Јавноста со денови е згрозена од одлуката на властите да не преземе ништо во врска со дивеењето во Македонскиот народен театар во петокот вечерта кога навивачката група „Шверцери“ прославуваше 30 годишнина од своето постоење. Имено како што денеска премиерот Заев потврди навивачката група на фудбалскиот клуб Шкупи направила штета од речиси 4 илјади евра во театарот каде наместо културни настани се случуваше буквално хулиганство. Штетата според записникот била направена врз столчињата, бордурите, подните светилки и теписоните поради отпушоци во овој грандиозен објект. Власта дека не мрднува со прст во врска со сносување на одговорноста и барање на причинителите на оваа штета е фактот што безбедносните власти кои иако ги имаат снимките и видео материјалите наместо многу лесно да ги идентификуваат и казнат сторителите кои го прекршуваат законот, тие ја заташкуваат темата надевајќи се дека јавноста набрзо ќе заборави. Од друга страна пак како пример за „Насилството во Центар“ за скршен прозорец судот со години малтретира обвинети луѓе, а дел од нив дури и имаат здравствени проблеми. Па така неодамна на едно од рочиштата за случајот на обвинетиот Даниел Трипуновски кој има дијагноза со висок притисок, шеќер во крвта, проблем со бубрезите и прима терапија за анкциозност му се слоши и започна да повраќа во судот, додека истиот не го одложи или паузираше рочиштето. Иако лекарите констатираа дека Даниел Трипуновски е видно вознемирен и добил инјекција за смирување, тие оставија судот да оцени дали ќе продолжи со судењето. Судијата Душан Јосифовски не го прекина рочиштето иако повеќе од обвинетите побарале пауза. Инаку на тогашното рочиште за предметот „Насилство во Центар“ одбраната го испитуваше и вештакот Мирослав Котевски, доктор по технички науки. Тој истакна дека снимката доставена до судот како доказ од страна на СЈО, согласно со записот од системот кога бил создаден разговорот меѓу, како што наведува СЈО поранешниот премиер Никола Груевски и тогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, бил остварен на 1 јуни 2013 година, но потоа бил модификуван на 14 август истата година во 12 часот. На прашање на одбраната што значи модификуван, Котевски истакна дека можело да биде скратен, копиран, променет. Исто така, истакна дека постојат многу едноставни алатки достапни на пазарот кои овозможуваат модификација на снимките. Ова е само уште еден доказ за двојните аршини кои владеат во земјава предводени од власта на СДСМ. Инаку во одбрана на „Шверцерите“ денеска се впушти и Ахмети кој вели дека не видел вандализам во МНТ, а претходно истото го направи и Артан Груби и изјави дека ќе слават каде што сакаат. Првиот човек на ДУИ Али Ахмети смета дека прославата на навивачката група Шверцери во МНТ бил настан за одбележување на годишнина, а не вандализам. Како што истакна тој, не видел ништо спорно во прославата на навивачката група во тој објект. Сепак, по прославата, телевизиските камери снимија нешто сосема друго – уништен инвентар, како резултат на дивеење на навивачи.

Груби: Ќе славиме каде што сакаме

МНТ е граден е со наши пари, со парите на граѓаните, а не со парите на ВМРО, ниту на фелата, и им припаѓа на граганите, вели за „Фокус“, Артан Груби, после дивеењето на навивачката група „шверцери“ во МНТ. -Театарот му припаѓа на народот, не е вмровски, сдсмовски, па ниту ни на фелата, граден е со наши пари, со парите на граѓаните, а не со парите на ВМРО, ниту на фелата, и им припаѓа на граѓаните. 20-годишнината беше одбележена во албанскиот театар пред 10 години со прикажување на документарец, исто како и 30-годишнината во МНТ каде што присуствуваа фудбалски ветерани, тренери, Албанци, Македонци и други, на кои им беа доделени благодарници од страна на организаторите, спонзори, градоначалници… Секоја чест за професионалноста на вработените во театарот каде што се одржуваат безброј различни настани – вели Груби.
Во врска со овој вандалски чин реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ.
Зошто во овие пет дена никој не е приведен, ниту пријавен во врска со дивеењето на навивачката група „Шверцери“ во МНТ, запраша Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција. Како што рече тој, МВР ги има снимките од дивеењето во театарот и го знае и идентитетот на хулиганите, но сè уште нема вистинска реакција. „Каде е одговорноста на Оливер Спасовски? Кој им даде наредба на специјалците да ги пуштат вандалите да си одат дома? Зоран Заев да не си поигрува со граѓаните и нивната интелигенција. Наместо да чека извештаи, кои, еве, петти ден по настанот, сè уште ги нема, да понесе одговорност за вандалскиот чин на настанот на ‘шверцерите’ за кој знаел“, порача претставникот на опозициската партија и побара од премиерот и министерот за внатрешни работи да одговорат кој досега ги крие тие што дивеле во МНТ. Како што наведе Ѓорѓиевски, уште во петокот вечерта одговорните можеле да дадат команда специјалните единици во близина на театарот да направат обрач и да ги приведат сите инволвирани во настанот. „Самиот факт што немаше акција на специјалците од МВР и што настанот се криеше од јавноста три дена кажува дека власта сакала свесно да го скрие овој вандализам. Исто како што ги крие и тие што го одобрија ова вандалско дело“, порача тој и побара директна одговорност од директорот на МНТ, па до Спасовски и Заев.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvojnite-arshini-na-zaev-za-skrshen-prozorec-vo-centar-pred-sud-odgovaraat-lugje-a-za-diveenjeto-vo-mnt-samo-kje-se-nadomesti-shtetata/feed/ 0
Министерот за култура не чувствува одговорност за инцидентот во МНТ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-za-kultura-ne-chuvstvuva-odgovornost-za-incidentot-vo-mnt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-za-kultura-ne-chuvstvuva-odgovornost-za-incidentot-vo-mnt/#respond Tue, 26 Nov 2019 11:31:33 +0000 https://kurir.mk/?p=269342

Министерот за култура Хусни Исмаили изјави дека не чувствува одговорност за настанот од петокот вечерта во Македонскиот народен театар кога во продолжение на одбележувањето на Денот на албанската азбука се одржал настан на кој прославувале навивачите на ФК „Шкупи“ – „Шверцери“ по што е оштетен инвентарот во гледалиштето на театарот. Рече дека Министерството за култура не било организатор на настанот, туку е поддржувач на настан што се одржал во простор на Министерството и дека не може да ги контролира сите настани и однесувањето на луѓето што присуствуваат. Тој ден, рече, имало два настана, бил поканет, но не можел да присуствува поради обврски со министерскиот форум за култура. -Министерството за култура или јас лично не чувствувам бидејќи за ова е одговорен организаторот, директорот на таа институција. Во најмала рака ни тие не се многу одговорни зашто не можеме сѐ да контролираме, како ќе се однесува секој поединец во некоја јавна институција на некој настан.  Добив известување дека нешто се случило, но овие неколку дена цело време сум со министерот од Кина, изјави Исмаили прашан дали ќе понесе одговорност за демолирањето на МНТ. Како што рече, „вакви настани имало и порано и во иднина ќе има“ и дека министерот или Министерството не може да ги контролира сите настани и сите гости што ќе дојдат и што ќе направат. Рече дека штетата треба ја надоместат тие што ја направиле. – Најпрво да се утврди штетата и кој ја направил штетата и да си ја  надомести. Спротивставени се изјавите дека имало штета, дека немало штета, кој бил организатор.  Работите се многу испреплетени и нејасни, барем за мене. Има закони и институции и ако има прекршување на законот, сите да си понесат одговорност без разлика кој и да е. Министерството за култура и конкретно јас не сум организатор на тој настан, рече Исмаили по заедничката изјава со кинескиот министер за култура Луо Шуганг. Прашан дали разговарал со директорката на МНТ и со државниот секретар во Министерството за култура Валмир Азири и пратеникот Артан Груби, двајцата од ДУИ, министерот Исмаили, кој е кадар на партијата „Алтернатива“, рече дека имал површни разговори поради зафатеноста околу министерскиот форум и присуството на министерот од Кина. Рече дека по неговото заминување денес, од утре ќе види, како што рече, поконкретно за што се работи. Додаде и дека наместо да се интересираат за убав настан каков што е министерскиот форум, новинарите поставуваат прашања како за јавен обивинител кој треба да најде виновници и да пресудува за нешто за кое, како што рече, тој има најмалку вина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-za-kultura-ne-chuvstvuva-odgovornost-za-incidentot-vo-mnt/feed/ 0
Настанот најавен пред една недела, полицијата на готовс: Заев не можел да не знае за вандализмот и инцидентот на „Шверцерите“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nastanot-najaven-pred-edna-nedela-policijata-na-gotovs-zaev-ne-mozel-da-ne-znae-za-vandalizmot-i-incidentot-na-shvercerite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nastanot-najaven-pred-edna-nedela-policijata-na-gotovs-zaev-ne-mozel-da-ne-znae-za-vandalizmot-i-incidentot-na-shvercerite/#respond Mon, 25 Nov 2019 13:46:02 +0000 https://kurir.mk/?p=268857

Премиерот Зоран Заев денеска коментирајќи го вандалското однесување и оштетување на инвентарот на Македонскиот народен театар, што се случило во петокот по прославата на Денот на албанската азбука, изјави дека мора да има одговорност од организаторите и надомест на штета. Сепак, Заев се правда дека не добил официјални информации за настанот.
-Секој вандалски чин е за осудување и тука нема дилеми. Иако СДСМ често бил и против таквите градби, но тоа е веќе државна сопственост, тоа е на сите граѓани, никој нема право да го крши инвентарот. Секако треба да си понесат одговорност одговорните луѓе за таа работа, да се надоместат штетите, да се поправи целиот тој инвентар, рече Заев.
Тој појасни дека многу често за вакви настани се донесува одлука на Влада за да се дадат термините за организација на одредена државна прослава.
-Ова беше државна прослава за 111 години од Денот на албанската азбука, поделена во два дела. Едниот беше културна манифестација, вториот дел испадна дека не била баш културна манифестација, вели Заев, посочувајќи дека тој присуствувал на првиот дел од прославата и се огради дека се уште не добил официјална информација за наводниот инцидент. Но, дека Заев не бил информиран за настанот, е голема лага. Имено, навивачката група „Шверцери“ настанот го има најавено цела недела порано.
  Самиот ден, според извори од МВР, специјалците се кренати на готовс токму поради настанот со „Шверцерите“. Дознаваме дека најмалку 150 лица од ЕБР со полна опрема се испратени уште во 16:30 часот и стационирани таму до полноќ. Дека најавата јасно зборувала за можен инцидент и хаос, говорат и информациите  дека таа ноќ на готовс биле и 30 припадници на единицата „Алфа“. Дополнително, информациите до кои дојдовме говорат дека биле ангажирани и две оклопни возила, а специјалците задолжиле и хемиски средства.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nastanot-najaven-pred-edna-nedela-policijata-na-gotovs-zaev-ne-mozel-da-ne-znae-za-vandalizmot-i-incidentot-na-shvercerite/feed/ 0
Директорката на МНТ по дивеењето на „Шверцерите“ побарала помош од Груби, тој рекол дека навивачите само си пеат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorkata-na-mnt-po-diveenjeto-na-shvercerite-pobarala-pomosh-od-grubi-toj-rekol-deka-navivachite-samo-si-peat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorkata-na-mnt-po-diveenjeto-na-shvercerite-pobarala-pomosh-od-grubi-toj-rekol-deka-navivachite-samo-si-peat/#respond Mon, 25 Nov 2019 11:14:15 +0000 https://kurir.mk/?p=268758

Сѐ уште ја немаме конечната пресметка на направената штета во МНТ, но факт е дека штета има. Полицијата направи увид, станува збор за исечен тапацир на столиците, откоранти орнаменти и шипки, расклатени столици… Сепак, тоа беше маса на народ, над 700 луѓе- за ФОКУС појаснува Симона Угриновска, директорка на МНТ, по настанот во петокот, кога навивачката група Шверцери присуствувала на настан, проекција на документарен филм за 30 години постоење на „Шверцери“. Видео снимки од настанот се појавија на социјалните мрежи, на кои се гледа дека навивачите скандираат, удираат по столиците, пеат и се однесуваат како на спортски натпревар, а не на културен настан во установа за чија изградба беа потрошени околу 40 милиони евра. -Се работеше за два настана во организација на Владата и никој не очекуваше вакво нешто. Првиот дел помина во најдобар ред, свечена академија и одбележување на Денот на албанската азбука, а потоа започна вториот, за кој пратеникот Артан Груби беше координатор и ме извести дека се работи за проекција на документарен филм за Шверцери. Посетителите си влегоа културно во театарот, а тоа што се случи потоа беше голем шок. -Полицијата влезе внатре, но не интервенираше. Значи, тоа беше маса на народ, слично како на спортски натпревар. Ќе се утврдува колку е точниот износ на направената штета. Околу објавите во одредени портали во кои се бара моја оставка, можам да кажам само дека јас не бегам од одговорност. Ако одговорноста е моја, ќе се соочам со неа, изјави директорката за ФОКУС. -Кога започна дивеењето, јас му се јавив на Груби и го замолив тој, како авторитет, да апелира посетителите да се смират и да не прават штета. Неговиот одговор беше дека тие само си пеат навивачки песни, вели Угриновска. Додава дека поради многубројниот народ, обезбедувањето и полицијата биле немоќни. -Полицијата влезе внатре, но не интервенираше. Значи, тоа беше маса на народ, слично како на спортски натпревар. Ќе се утврдува колку е точниот износ на направената штета. Околу објавите во одредени портали во кои се бара моја оставка, можам да кажам само дека јас не бегам од одговорност. Ако одговорноста е моја, ќе се соочам со неа, изјави директорката. Извор: ФОКУС]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorkata-na-mnt-po-diveenjeto-na-shvercerite-pobarala-pomosh-od-grubi-toj-rekol-deka-navivachite-samo-si-peat/feed/ 0
Министерство за култура се правда дека навивачите не биле најавени, „Шверцерите“ информирале за настанот (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-kultura-se-pravda-deka-navivachite-ne-bile-najaveni-shvercerite-informirale-za-nastanot-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-kultura-se-pravda-deka-navivachite-ne-bile-najaveni-shvercerite-informirale-za-nastanot-foto/#respond Mon, 25 Nov 2019 10:23:13 +0000 https://kurir.mk/?p=268695

Најголем дел од јавноста го осуди однесувањето на навивачката група во Македонскиот народен театар откако се појави видео на кое, како што многумина оценија, навивачите дивеат во институцијата од областа на културата. Непочитување, некултура, дивјаштво и низа други осуди за ваквото однесување ги преправија и социјалните мрежи. Се бараат оставки од директорот на МНТ за издавање на просторот, од премиерот Зоран Заев и од министерот за култура. По низата прозивки денес се огласија од Министерството за култура од каде се обидоа да се оправдаат за оваа скандалозна ситуација. Во соопштението од Министерството однесувањето на навичката група која одбележуваше во петокот 30 години од формирањето, не беше осудено. -Сметаме дека во институциите треба да има однесување како што налагаат кодексите за однесување во една институција од областа на културата. Во МНТ во петокот било најавено одржување на два настани, свеченото одбележување на Денот на албанската азбука и проекција на документарен филм, но до Дирекцијата на МНТ воопшто не било најавено присуството на навивачката група, се наведува во соопштението од Министерството за култура. За волја на вистината, навивачката група „Шверцери“ уште во текот на минатата недела преку социјалните медиуми најавуваше дека ќе организира и одржи настан по повод 30 години од нивното формирање во 21:30 часот во МНТ. Како дел од прославата, наведена е токму и проекцијата на документарниот филм, за која информираат од Култура. Проекција на документарец кој говори за 30 години од формирањето на навивачката група „Шверцери“. Дополнително и фудбалскиот клуб Шкупи преку соопштение објавено на нивната интернет страна во петокот, меѓу другото наведуваат дека нивната навивачката група ќе промовира документарен филм во МНТ, а ќе присуствуваат фудбалери и членови на клубот. Дали навистина од Министерството за култура не знаеле и не биле информирани дека на проекција на документарен филм посветен на навивачи, нема да има присутни навивачи?]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerstvo-za-kultura-se-pravda-deka-navivachite-ne-bile-najaveni-shvercerite-informirale-za-nastanot-foto/feed/ 0