шверцувани цигари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Apr 2023 17:16:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png шверцувани цигари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Франција запленети 600.000 кутии шверцувани цигари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-frantsija-zapleneti-600-000-kutii-shvertsuvani-tsigari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-frantsija-zapleneti-600-000-kutii-shvertsuvani-tsigari/#respond Fri, 07 Apr 2023 17:16:59 +0000 https://kurir.mk/?p=821622

Француската царина заплени 12 тони шверцуван тутун, односно 600.000 кутии цигари во вредност од шест милиони евра, во камион кој пристигнал од Белгија, соопштија денеска локалните власти. Шверцот со тутун стана индустријализиран во последниве години, со зголемено количество цигари што се произведуваат во Европа, особено во Полска и од неодамна во Белгија, за европскиот пазар. Камионот, регистриран во Романија, бил пресретнат во вторникот при рутинска контрола на автопат кон Париз, соопшти обвинителството. Возачот од молдавска националност е приведен. - Начинот на кој бил организиран превозот сугерира дека возачот знаел дека се занимава со превоз на нелегална стока, додаваат од обвинителството. Во камионот биле пронајдени 30 палети кутии цигари Марлборо и Винстон, кои биле подготвени за продажба. Француската Влада оваа недела објави дека сака да ги зголеми кривичните казни против шверцерите на тутун. Лани биле запленети 645 тони тутун.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-frantsija-zapleneti-600-000-kutii-shvertsuvani-tsigari/feed/ 0
При преглед кај грчки државјанин, пронајдени 1250 кутии шверцувани цигари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pri-pregled-kaj-grchki-drzavjanin-pronajdeni-1250-kutii-shvercuvani-cigari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pri-pregled-kaj-grchki-drzavjanin-pronajdeni-1250-kutii-shvercuvani-cigari/#respond Wed, 07 Dec 2022 08:31:00 +0000 https://kurir.mk/?p=772094

Денеска (07.12.2022) во 00.15 часот на граничен премин Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран, во координација со царински службеници откриле кривично дело „криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик. При преглед во патничко возило „ауди А8“ со црногорски национални ознаки, управувано од С.П.(66) од Република Грција, во посебни прегради во багажникот биле пронајдени 1250 кутии цигари за кои не поседувал документација. Возилото и цигарите биле преземени од Царинската управа за понатамошна постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pri-pregled-kaj-grchki-drzavjanin-pronajdeni-1250-kutii-shvercuvani-cigari/feed/ 0