шверцување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Jul 2023 11:40:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png шверцување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 БИЛ БЕЗ ДОКУМЕНТИ, ПА САКАЛЕ ДА ГО ШВЕРЦУВААТ И ГО СОКРИЛЕ ВО БАГАЖНИКОТ – драма на граничниот премин „Богородица“, еве ги деталите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/bil-bez-dokumenti-pa-sakale-da-go-shvertsuvaat-i-go-sokrile-vo-bagazhnikot-drama-na-granichniot-premin-bogoroditsa-eve-gi-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/bil-bez-dokumenti-pa-sakale-da-go-shvertsuvaat-i-go-sokrile-vo-bagazhnikot-drama-na-granichniot-premin-bogoroditsa-eve-gi-detalite/#respond Thu, 20 Jul 2023 11:40:11 +0000 https://kurir.mk/?p=858450

Вчера вечер во 21.30 часот на Граничниот премин Богородица, полициски службеници ги лишиле од слобода 19-годишниот И.Д. и 21-годишниот Н.А., двајцата од Република Грција, извести МВР. – При извршени гранични проверки, односно проверка во багажникот на патничко моторно возило „дачиа дастер“, во кое се превезувале, било пронајдено уште едно лице-грчки државјанин без документи. И.Д. и Н.А. биле задржани во полициска станица, а лицето без документи било предадено во Прифатно-транзитен центар за странци, соопшти МВР. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/bil-bez-dokumenti-pa-sakale-da-go-shvertsuvaat-i-go-sokrile-vo-bagazhnikot-drama-na-granichniot-premin-bogoroditsa-eve-gi-detalite/feed/ 0
Шверцувал суво овошје од Македонија, уапсен жител на Лин, Поградец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/shvercuval-suvo-ovoshje-od-makedonija-uapsen-zitel-na-lin-pogradec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/shvercuval-suvo-ovoshje-od-makedonija-uapsen-zitel-na-lin-pogradec/#respond Sat, 23 Jul 2022 13:15:44 +0000 https://kurir.mk/?p=709304

Албанската гранична полиција открила случај на шверц на стока од Северна Македонија во Албанија, при што уапсен е возачот на комби возило, со кое се превезувала осомничената шверцувана стока, а по едно лице се трага. -Службите на граничната полициска станица Поградец запреа комбе „форд“ во село Лин, Поградец, управувано од албанскиот државјанин Љ.Б. во кое при проверка се пронајдени и како материјални докази одземени десетици кутии сушено овошје, прошверцувани од Северна Македонија, стои во полициското соопштение. Се додава дека по процедурални дејствија, специјалците за истражување кривични дела при Полициската станица Поградец, го привеле Љ.Б.(34) жител на село Лин, а по неговиот соучесник И.Г. (37), жител на село Бучимас, Поградец, се трага. Пред судските органи во Подградец тие ќе одговараат за сторено кривично дело „криумчарење друга стока“, извршено во соработка. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/shvercuval-suvo-ovoshje-od-makedonija-uapsen-zitel-na-lin-pogradec/feed/ 0
ФОТО: Сузбиена криминална група за шверц на хероин и кокаин, запленета дрога вредна милион евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-suzbiena-kriminalna-grupa-za-shverc-na-heroin-i-kokain-zapleneta-droga-vredna-milion-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-suzbiena-kriminalna-grupa-za-shverc-na-heroin-i-kokain-zapleneta-droga-vredna-milion-evra/#respond Fri, 27 Dec 2019 09:07:20 +0000 https://kurir.mk/?p=282858

Во рамки на активностите за борба против недозволената трговија со дрога, во месеците ноември и декември 2019 година спроведена е меѓународна истрага со австриската и српската полиција во која се пресечени повеќе меѓународни канали и запленети се седумнаесеет килограми наркотична дрога хероин и пет килограми наркотична дрога кокаин, кои на нелегалниот пазар достигнуваат вредност од околу 1 000.000 евра. Притоа приведени се 12 лица, информира Министерството за внатрешни работи Во ноември 2019 година од страна на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија во координација на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Србија и австриската полиција започната е меѓународна истрага за откривање на организирана криминална група составена од македонски државјани кои вршеле продажба и транспорт на наркотична дрога хероин во регионот и во земјите од Западна Европа. На 20.11.2019 во Долна Австрија – Р Австрија, од страна на австриската полиција лишени од слобода се двајца македонски државјани, С.Р. (27) и К.Џ. (58) при што во возило со македонски регистерски ознаки, во специјално направен бункер, пронајдени се пет килограми наркотична дрога хероин со многу висок квалитет. Во рамките на меѓународната истрага на 03.12.2019 година во Унгарија на излез на граничниот премин Хоргош биле лишени од слобода македонските државјани Е.А. (48) од Скопје , нејзината керќа Ш. А. (21) од Скопје и Ш.И . (27) од Скопје , поради тоа што при претрес во џип мерцедес биле пронајдени пет килограми наркотична дрога кокаин во специјално направен бункер . По преземени мерки и активности на австриската полиција исто така, на 06.12.2019 година во Виена-Р Австрија лишени од слобода се албанскиот државјанин Б.Т. (30) и македонскиот државјанин Б. Џ. (47) од Битола, кој привремено престојувал во Виена, при што е пронајдена пет килограми наркотична дрога хероин. Меѓународната истрага продолжи со преземање на мерки и активности, при што на 26.12.2019, во Република Србија, во градовите Врање и Нови Сад, во заедничката и координирана акција на српската и македонската полиција, лишени се од слобода тројца македонски државјани и тоа Р. Ф. (48)од Тетово , А. С. (45) од Скопје и С. С. (47) од Куманово во обид да извршат продажба на наркотична дрога хероин на српски државјанин, која била сокриена во патнички автомобил во резервно тркало. Хероинот бил пакуван во 13 пакувања со вкупна тежина од седум килограми со многу висок квалитет. Веднаш, по лишувањето од слобода и заплената на наркотичната дрога, од страна на Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за специјални полициски операции во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција започнати се претреси на две локации во Тетово, две во Скопје и една во Куманово, кај лица кои се дел од оваа криминална група. При претресите, лишени од слобода се двајца македонски државјани Х.Ф. (45) од Тетово и Ј.А. (48) од населба Синѓелиќ, кои се дел од организираната криминална група и пронајдени се парични средства кои потекнувааат од продажба на наркотична дрога, помала количина на наркотична дрога кокаин и една вага, како и многу докази со кои се потврдува нивната инволвираност во вршењето на кривичното дело недозволена трговија со наркотични дроги По целосно комплетирање на доказите против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-suzbiena-kriminalna-grupa-za-shverc-na-heroin-i-kokain-zapleneta-droga-vredna-milion-evra/feed/ 0
ФОТО: Македонка сакала да прошверцува цигари и 62 литри ракија за Шведска, ја фатиле на скопски аеродром https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-makedonka-sakala-da-proshvercuva-cigari-i-62-litri-rakija-za-shvedska-ja-fatile-na-skopski-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-makedonka-sakala-da-proshvercuva-cigari-i-62-litri-rakija-za-shvedska-ja-fatile-na-skopski-aerodrom/#respond Wed, 28 Nov 2018 09:57:57 +0000 https://kurir.mk/?p=132997

Македонските цариници спречиле шверц на ракија и цигари за Шведска, во два одделни случаи минатата недела на Аеродромот Скопје, информираше Царинската управа. Во првиот случај, во три патни торби сопственост на македонска државјанка, биле пронајдени 13 штеки цигари со македонски акцизни маркички и 62 литри домашна ракија. Во вториот случај, при контрола на патна торба на шведска државјанка со потекло од Косово, биле пронајдени 33 штеки цигари со македонски акцизни маркички. Во двата случаи непријавените производи се привремено задржани а против патниците ќе бидат поведени прекршочни постапки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-makedonka-sakala-da-proshvercuva-cigari-i-62-litri-rakija-za-shvedska-ja-fatile-na-skopski-aerodrom/feed/ 0
ВИДЕО: Кога ќе видите како Колумбијците шверцуваа алкохол на стадионот ќе останете во неверување https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-koga-kje-vidite-kako-kolumbijcite-shvercuvaa-alkohol-na-stadionot-kje-ostanete-vo-neveruvanje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-koga-kje-vidite-kako-kolumbijcite-shvercuvaa-alkohol-na-stadionot-kje-ostanete-vo-neveruvanje/#respond Thu, 21 Jun 2018 07:26:07 +0000 https://kurir.mk/?p=68071

Група навивачи на репрезентацијата на Колумбија успеа да внесе помала количина алкохол на мечот против Јапонија во рамки на Мундијалот, верувале или не, во двоглед. Оваа мала доза на алкохол во необичната амбалажа им помогна на веселите Колумбијци да го преболат поразот од 2:1 од Јапонија. Колумбиското министерство за надворешни работи веднаш ги потсети своите граѓани да внимаваат на своето однесување. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-koga-kje-vidite-kako-kolumbijcite-shvercuvaa-alkohol-na-stadionot-kje-ostanete-vo-neveruvanje/feed/ 0