Си Џипинг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Jul 2023 09:51:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Си Џипинг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Си Џинпинг во Пекинг се сретна со Кисинџер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-dhinping-vo-peking-se-sretna-so-kisindher/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-dhinping-vo-peking-se-sretna-so-kisindher/#respond Thu, 20 Jul 2023 09:51:18 +0000 https://kurir.mk/?p=858397

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска во Пекинг го прими поранешниот државен секретар на САД, 100-годишниот Хенри Кисинџер, иницијатор на историското зближување меѓу Кина и САД во 1970-тите. Средбата, како што јави кинеската државна телевизија, доаѓа во момент кога односите меѓу двете земји се на најниско ниво, и покрај неодамнешната серија дипломатски посети на САД. Кисинџер тајно отпатува во Пекинг во јули 1971 година за да изгради врски со комунистичка Кина, отворајќи го патот за историската посета на американскиот претседател Ричард Никсон на Пекинг во 1972 година. Јавната телевизија ЦЦТВ не даде детали од разговорот, но информира дека поранешниот американски државен секретар бил примен во истата просторија каде што работел на зближување со Кина пред 50 години, во Диаојутаи, државниот замок на кинеската влада во Пекинг. Кисинџер вчера се сретна со кинескиот функционер Ванг Ји. - Политиката на САД за Кина има потреба од дипломатска мудрост како онаа на Кисинџер и политичка храброст како онаа на Никсон, му рече Ванг на својот гостин. Поранешниот државен секретар завчера се сретна со кинескиот министер за одбрана Ли Шангфу, кој е под американски санкции. Кисинџер, кој наполни 100 години на крајот на мај, ја доби Нобеловата награда за мир. Откако ја напушти политиката, тој беше вклучен во советување на компании кои инвестираат во Кина. Тогаш тој предупреди на заострување на американската политика кон Пекинг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-dhinping-vo-peking-se-sretna-so-kisindher/feed/ 0
Макрон-Си: Франција и Кина имаат способност да ги надминат разликите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-si-frantsija-i-kina-imaat-sposobnost-da-gi-nadminat-razlikite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-si-frantsija-i-kina-imaat-sposobnost-da-gi-nadminat-razlikite/#respond Thu, 06 Apr 2023 10:41:30 +0000 https://kurir.mk/?p=820999

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Пекинг се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг при што му порача дека „знае дека може да смета дека ќе ја вразуми Русија“, пренесува Гардијан. Макрон, кој вчера пристигна во Кина во тридневна државна посета, беше пречекан со највисоки државни почести. „Руската агресија во Украина и нанесе удар на стабилноста. Знам дека можам да сметам на вас да ја вратите Русија на страната на разумот и сите страни на преговарачката маса“, му рекол Макрон на Си. За време на посетата на Пекинг, францускиот претседател рече дека Кина може да „игра важна улога“ на патот кон мирот во Украина и ја поздрави „кинеската подготвеност и посветеност за решавање на конфликтот“. Макрон во Пекинг е придружуван од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Тој рече дека „сака да биде гласот што ја обединува Европа“ по прашањето за Украина, а неговото патување во Кина со шефицата на ЕК „дополнително ја нагласува конзистентноста на таквиот пристап“. Кинескиот претседател Си Џинпинг, пак, изјави дека „Кина и Франција имаат способност и одговорност да ги надминат разликите и ограничувањата во време кога светот минува низ длабоки историски промени“, пренесуваат државните медиуми во Пекинг. „Кинеско-француските односи задржаа позитивен и стабилен моментум“, рече Си на средбата со францускиот претседател Емануел Макрон во Пекинг. Како што пренесува кинеската новинска агенција Синхуа, двајцата лидери се сретнале во Големата сала на народот, во центарот на Пекинг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-si-frantsija-i-kina-imaat-sposobnost-da-gi-nadminat-razlikite/feed/ 0
Бајден и Си разговараа телефонски час и половина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-i-si-razgovaraa-telefonski-chas-i-polovina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-i-si-razgovaraa-telefonski-chas-i-polovina/#respond Sat, 11 Sep 2021 07:02:54 +0000 https://kurir.mk/?p=562256

Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот кинески колега Си Џинпинг имаа телефонски разговор кој траеше 90 минути. „Вчерашниот разговор беше исполнет со почитување и искреност, без предавања и надменост, рече портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки. „Двајцата државници разговараа за можностите како конкуренцијата меѓу двете најразвиени светски економии да не се претвори во конфликт“, објави Белата куќа. Како што пренесе Гласот на Америка, САД соопштија дека делата ќе покажат дали може да се прекине застојот во односите меѓу двете суперсили, кои се на најниско ниво во последните неколку години. Белата куќа посочи дека Бајден и Си имале обемна и стратешка дискусија, вклучувајќи области каде што интересите на двете земји се совпаѓаат и се разминуваат. Разговорот се фокусирал на економските прашања, климатските промени и глобалната пандемија на Ковид-19. Кинеските државни медиуми објавија дека Си му рекол на Бајден дека американската политика кон Кина предизвикува, како што е наведено, сериозни тешкотии во односите меѓу двете земји. Беше наведено дека двете страни се согласиле да одржуваат чести контакти, како и да ја зајакнат комуникацијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-i-si-razgovaraa-telefonski-chas-i-polovina/feed/ 0
Јапонската владеачка партија од премиерот Абе побара откажување на посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskata-vladeachka-partija-od-premierot-abe-pobara-otkazuvanje-na-posetata-na-kineskiot-pretsedatel-si-dzinping/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskata-vladeachka-partija-od-premierot-abe-pobara-otkazuvanje-na-posetata-na-kineskiot-pretsedatel-si-dzinping/#respond Tue, 07 Jul 2020 18:00:30 +0000 https://kurir.mk/?p=371203

Јапонската владејачка Либерелано-демократска партија, на премиерот Шинзо Абе, денеска побара од владата да ја откаже посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Јапонија. Таа тоа го побара поради наметнувањето на новиот Закон за национална безбедност на Хонг Конг. „Додека меѓународната заедница изрази сериозна загриженост за заканата по принципите на слобода, човекови права, демократија …, ние немаме друг избор освен да се повикаме (владата) да ја откажеме државната посета на претседателот Си Џинпинг на Јапонија“, наведува Либерално-демократската партија во одлуката за откажување на посетата. Резолуцијата го осудува фактот дека Пекинг го наметна Законот за безбедност на полуавтономниот Хонг Конг и се наведува дека Кина треба да одговори на загриженоста на меѓународната заедница, а Владата на Јапонија „поубедливо“ да ја повика Кина да работи на градење пријателски односи. Според новиот кинески закон, политичките активности во Хонг Конг можат да бидат забранети како субверзивни, сецесионистички и терористички, како и странско мешање. Критичарите велат дека законот го поништува принципот за „една земја, два система“, според кој Кина му дала на Хонг Конг висок степен на автономија и слобода. Кина веќе ја критикуваше Јапонија за неодамнешните изрази на  жалење околу третманот на Пекинг со Хонг Конг. Посетата на кинескиот претседател на Јапонија требаше да пролетва, но истата беше одложена поради пандемијата на коронавирусот. Посетата требаше да го потврди подобрувањето на односите меѓу двете земји по неколкугодишните непријателства поради територијалниот спор во Источното Кинеско Море и другите меѓусебни проблеми кои датираат од Втората светска војна. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskata-vladeachka-partija-od-premierot-abe-pobara-otkazuvanje-na-posetata-na-kineskiot-pretsedatel-si-dzinping/feed/ 0
Пратениците на ЛДП со резолуција ќе бараат од премиерот Абе да ја откаже посетата на Џинпинг во Јапонија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pratenicite-na-ldp-so-rezolucija-kje-baraat-od-premierot-abe-da-ja-otkaze-posetata-na-dzinping-vo-japonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pratenicite-na-ldp-so-rezolucija-kje-baraat-od-premierot-abe-da-ja-otkaze-posetata-na-dzinping-vo-japonija/#respond Fri, 03 Jul 2020 07:11:40 +0000 https://kurir.mk/?p=367964

Владеачката Либерално-демократската партија во Јапонија треба од владата на премиерот Шинѕо Абе да побара да ја откаже планираната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг, откако Кина го одобри контроверзниот Закон за национална безбедност на Хонг Конг, објавија локалните медиуми во петокот . Либерално-демокартската партија се очекува следната недела до кабинетот на Абе да испрати резолуција со осуда на Кина. „Кјодо њуз“ наведува дека ЛДП во резолуцијата „изразува силна осуда“, бидејќи повеќе од 300 демонстранти се уапсени во демонстрациите во Хонг Конг, предизвикани поради  носењето на законот. „Не можеме да стоиме на страна“, се наведува во резолуцијата. „Невозможно е претседателот Си Џинпинг да ја посети Јапонија“, напиша пратеничката на ЛДП Масахиса Сато на Твитер. Си на почетокот на годината требаше да биде првиот кинески претседател што ја посетува Јапонија, откако Ху Џинтао тоа го стори во 2008 година. Појавата на коронавирусот во март го присили Си да го одложи патувањето. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pratenicite-na-ldp-so-rezolucija-kje-baraat-od-premierot-abe-da-ja-otkaze-posetata-na-dzinping-vo-japonija/feed/ 0
Кинескиот претседател во прва посета на Вухан од почетокот на еппидемијата со Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-pretsedatel-vo-prva-poseta-na-vuhan-od-pochetokot-na-eppidemijata-so-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-pretsedatel-vo-prva-poseta-na-vuhan-od-pochetokot-na-eppidemijata-so-kovid-19/#respond Tue, 10 Mar 2020 07:09:19 +0000 https://kurir.mk/?p=314318

Кинескиот преетсеател Си Џинпинг денеска е во  посета на Вухан, епицентар на епидемијата со новиот коронавирус. Тоа е негова прва посета на тој град од почетокот на епидемијата во крајот на минатата година. За време на посетата во Вухан Си „ќе посети и ќе упати поздрави до медицински персонал, војници, работници во заедницата, полициски службеници, локални власти и волонтери кои се борат против епидемијата, како и со пациенти и жители на градот“, јави Синхуа. Си воглавно беше отсутен од кинеските државни медиуми од почетокот на кризата, но од минатиот месец е поприсутен откако ситуацијата се влоши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-pretsedatel-vo-prva-poseta-na-vuhan-od-pochetokot-na-eppidemijata-so-kovid-19/feed/ 0
Си Џинпинг: Кина сака трговски договор, но може да возврати во случај на нови санкции https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-dzinping-kina-saka-trgovski-dogovor-no-moze-da-vozvrati-vo-sluchaj-na-novi-sankcii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-dzinping-kina-saka-trgovski-dogovor-no-moze-da-vozvrati-vo-sluchaj-na-novi-sankcii/#respond Fri, 22 Nov 2019 07:42:43 +0000 https://kurir.mk/?p=267400

Кинескиот претседател Си Џипинг изјави денеска дека Пекинг сака да работи на трговски договор со САД, но не стравуваат да возвратат во случај на нови санкции на САД. Истакнувајќи го позитивниот тон што го има Кина во последните неколку дена, Си во разговори со американска бизнис делегација во Пекинг рече дека неговата земја ги поддржува трговските преговори. -Како што секогаш зборуваме, не сакаме да почнеме трговска војна, но не се плашиме. Кога е потребно, возвраќаме, но активно работиме за да немаме трговска војна, нагласи Си. Тој додаде дека Кина сака да работи во првата фаза од договорот заснована на „взаемно почитување и еднаквост“. Во делегацијата што учествуваше на новиот економски форум, што се одржа во Пекинг оваа недела, беа и поранешниот државен секретар на САД, Хенри Кисинџер, поранешниот министер за финансии, Ханк Полсон, поранешниот претставник за трговија на САД, Мајк Фроман и други официјални претставници. За време на состанокот во Пекинг, Си повтори пред групата дека ставот на Кина е дека договорот бара „взаемно почитување и еднаквост“. Волстрит Џурнал вчера објави дека главниот преговарач на Кина, вицепремиерот Лиу Хе, ги повикал своите американски колеги во Пекинг на понатамошни разговори, навестувајќи дека има надежи за напредок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-dzinping-kina-saka-trgovski-dogovor-no-moze-da-vozvrati-vo-sluchaj-na-novi-sankcii/feed/ 0
Кина е загришена поради Сирија, но е против употреба на сила https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-e-zagrishena-poradi-sirija-no-e-protiv-upotreba-na-sila/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-e-zagrishena-poradi-sirija-no-e-protiv-upotreba-na-sila/#respond Thu, 19 Apr 2018 13:55:15 +0000 https://kurir.mk/?p=43198

Кинескиот претседател Си Џипинг изјави дека Кина е многу загрижена заради Сирија и оти традиционално е против употреба на сила во меѓународните односи. Тој во разговор со британската премиерка, Тереза Меј рекол дека тој е за почитување на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на сите земји, но и почитување на правилата кои ги признава меѓународната заедница. -Сега е непходно да се смири ситуацијата што посокоро и да се избегне ескалација на судири. Сеопфатна, фер и објективна истрага за нападот во Сирија е неопходна за да се дојде до кредибилен заклучок кој ќе помогне што побрзо да се дојде до политичко решение на сириското прашање, се наведува во соопштението. Кина е подготвена да соработува со сите страни во напорите да се дојде до правилно решение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-e-zagrishena-poradi-sirija-no-e-protiv-upotreba-na-sila/feed/ 0