си ен ен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Sep 2023 10:17:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png си ен ен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Си-Ен-Ен: Русија, САД и Кина изградија нови објекти на полигони за нуклеарни тестирања https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-rusija-sad-i-kina-izgradija-novi-objekti-na-poligoni-za-nuklearni-testirana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-rusija-sad-i-kina-izgradija-novi-objekti-na-poligoni-za-nuklearni-testirana/#respond Fri, 22 Sep 2023 10:17:53 +0000 https://kurir.mk/?p=880674

Русија, САД и Кина во последниве години изградија нови објекти и ископаа нови тунели на нивните полигони за нуклеарни тестирања, покажуваат сателитски снимки кои ги добил Си-Ен-Ен. Иако нема докази кои би укажувале дека Русија, САД или Кина се подготвуваат за непосредна нуклеарна проба, фотографиите кои ги добил и обезбедил на  американската телевизија истакнатиот воен аналитичар покажуваат неодамнешни проширувања на три локации за нуклеарни тестирања. Едната локација се наоѓа во Кина, во крајниот западен регион Ксинџијанг, втората е во Русија, во архипелагот на Арктичкиот Океан, а третата припаѓа на САД и се наоѓа во пустината Невада. „Сателитските снимки направени во изминатите три до пет години покажуваат нови тунели под планините, нови патишта и магацини, како и зголемен сообраќај на возила на местата“, рече Џефри Луис, вонреден професор во Центарот за непролиферација Џејмс Мартин и на Институтот за меѓународни студии Мидлбури. Тој додаде дека има многу индиции дека Русија, Кина и САД може да продолжат со нуклеарните тестирања, нешто што ниту една од тие земји не го направила откако подземните нуклеарни тестирања беа забранети според договорот од 1996 година. Кина и САД го потпишаа тој договор, но не го ратификуваа, за разлика од Москва, меѓутоа рускиот претседател Владимир Путин во февруари рече дека ќе нареди тестирање ако САД тргнат први, потсетува Си-Ен-Ен. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-rusija-sad-i-kina-izgradija-novi-objekti-na-poligoni-za-nuklearni-testirana/feed/ 0
Извршниот директор на Си-ен-ен најави заминување од функцијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izvrshniot-direktor-na-si-en-en-najavi-zaminuvane-od-funktsijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izvrshniot-direktor-na-si-en-en-najavi-zaminuvane-od-funktsijata/#respond Wed, 07 Jun 2023 14:47:23 +0000 https://kurir.mk/?p=843273

Извршниот директор на Си-Ен-Ен, Крис Лихт денеска соопшти дека по една година на функцијата, ќе ја напушти компанијата, објави американската телевизија. - Имав состанок со Крис.Тој ќе го напушти Си-Ен-Ен изјави Дејвид Заслав извршен директор на компанијата Ворнер Брос Дискавери, кои се сопственици на Си-Ен-Ен. Заслав додаде дека работата на Лихт не е лесна и посочи на неговата „неверојатна кариера“, посакувајќи му се најдобро во иднина. „Заминувањето на Лихт, кое дојде неколку дена откако во Атлантик беше објавен негов катастрофален профил од 15.000 зборови, ја затвори бурната година за Си-Ен-Ен, обележана со отпуштања, историски ниски рејтинзи и најнизок можен морал на вработените“, наведува Си-Ен-Ен во веста за оставката на нивниот директор. По написот за него во Атлантик, Лихт во понеделникот им се извини на вработените, велејќи дека не се препознава себеси кога чита делови од приказната и дека му е жал што го одвлекол вниманието од работата на редакцијата. Во написот на Атлантик, објавен во петокот, сериозно се довеува во прашање проценката на Лихт, неговата способност да го води персоналот на мрежата и неговите севкупни професионални способности како извршен директор на Си-Ен-Ен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izvrshniot-direktor-na-si-en-en-najavi-zaminuvane-od-funktsijata/feed/ 0
Зеленски: Не сум добил претходни информации од Белата куќа за протекувањето американски доверливи документи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-ne-sum-dobil-prethodni-informatsii-od-belata-kuka-za-protekuvaneto-amerikanski-doverlivi-dokumenti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-ne-sum-dobil-prethodni-informatsii-od-belata-kuka-za-protekuvaneto-amerikanski-doverlivi-dokumenti/#respond Wed, 03 May 2023 06:26:26 +0000 https://kurir.mk/?p=829971

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „Вашингтон пост“ изјави дека Белата куќа не го информирала за истекувањето на информации од тајни американски документи, кои го привлекоа вниманието на целиот свет минатиот месец. „Не сум добил претходни информации од Белата куќа или од Пентагон“, ја цитира публикацијата изјавата на Зеленски. „Ова е неисплатливо за нас. Тоа не е добро за угледот на Белата куќа и мислам дека не е добро за угледот на САД“, додаде Зеленски. Министерот за одбрана на Украина, Олексеј Резников, на 12 април изјави дека протечените американски доверливи документи содржат мешавина од вистинити и лажни информации за војската на неговата земја и го минимизираат нивното негативно влијание. Како одговор на коментарите на Зеленски, портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, рече: „Ние сме во постојана комуникација со нашите украински колеги за голем број прашања, вклучително и во однос на отворените обелоденувања, но нема да навлегуваме во детали за тие доверливи дискусии“. Портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Патрик Рајдер рече дека американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговарал со голем број сојузници, вклучувајќи го и Резников, за ова прашање. „Остин имаше голем број телефонски и лични разговори со нашите сојузници и партнери ширум светот за да разговара за ова прашање, за да нагласи колку сериозно го сфаќаме ова прашање, вклучително и неколку разговори со неговиот украински колега, министерот Резников“ изјави Рајдер за Си-Ен-Ен. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-ne-sum-dobil-prethodni-informatsii-od-belata-kuka-za-protekuvaneto-amerikanski-doverlivi-dokumenti/feed/ 0
„Си-Ен-Ен“ се сели од своето долгогодишно седиште во Атланта https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-se-seli-od-svoeto-dolgogodishno-sedishte-vo-atlanta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-se-seli-od-svoeto-dolgogodishno-sedishte-vo-atlanta/#respond Fri, 13 Jan 2023 06:49:49 +0000 https://kurir.mk/?p=786696

Американската компанија „Си-Ен-Ен“ до крајот на годината ќе се исели од „Центарот Си-Ен-Ен“, нејзиното долгогодишно седиште во центарот на Атланта. Водителките на таа кабелска телевизија кои работат во работните денови, веќе се преселиле во Њујорк или Вашингтон, но дигиталните и меѓународните сервиси на „Си-Ен-Ен“ се уште се во Атланта. Портпаролката Бриџит Ланингер потврди дека остатокот од персоналот и операциите на компанијата во Атланта етапно до крајот на годината ќе се преселат во кампусот на „Техвуд Тарнер“, исто така во центарот на градот. Во 2021 година, претходната матична компанија на „CNN – AT&T“ го продаде „Центарот Си-Ен-Ен“ за речиси 164 милиони долари на две компании за недвижнини со седиште во Флорида. Засега не се знае што ќе биде со другите субјекти што имаат изнајмен простор во објектот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-se-seli-od-svoeto-dolgogodishno-sedishte-vo-atlanta/feed/ 0
Си-Ен-Ен најави отпуштања на вработените https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-najavi-otpushtanja-na-vrabotenite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-najavi-otpushtanja-na-vrabotenite/#respond Wed, 30 Nov 2022 18:10:13 +0000 https://kurir.mk/?p=769027

Крист Лихт, шефот на Си-Ен-Ен, кој е во сопственост на Ворнер Брос, денеска преку допис ги информирал вработените дека во тек се отпуштања. Лихт рече дека Си-Ен-Ен за тоа денеска ќе извести мал број луѓе, главно некои од своите платени соработници. За други детали вработените ќе ги информира утре попладне. „Знам дека овие промени влијаат и на нашите колеги кои заминуваат и на оние што остануваат. Ние имаме ресурси да ве поддржиме“, напиша Лихт. Намалувањето на работните места беше очекувано и дојде бидејќи некои компании се обидуваат да ги скратат ​​трошоците и да го намалат персоналот. Во октомври, Лихт предупреди дека Си-Ен-Ен ќе претрпи промени, наведувајќи ја „широката загриженост за состојбата на глобалната економија“. Промените ќе влијаат на „луѓето, буџетите и проектите“, истакна Лихт. Кабелскиот оператор AMC Networks во вторникот соопшти дека ќе отпушти 20 отсто од својот персонал во САД бидејќи се соочува со притисоци од индустријата и предизвикувачка економија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-najavi-otpushtanja-na-vrabotenite/feed/ 0
Си-ен-ен: Иранските власти испраќаат илјадници лажни навивачи на натпреварот со САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-iranskite-vlasti-isprakjaat-iljadnici-lazni-navivachi-na-natprevarot-so-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-iranskite-vlasti-isprakjaat-iljadnici-lazni-navivachi-na-natprevarot-so-sad/#respond Tue, 29 Nov 2022 11:49:33 +0000 https://kurir.mk/?p=768184

Иранските власти испратија лажни навивачи на мечот со Велс, а на натпреварот со САД ќе ги има илјадници. За ова пишува „Си-ен-ен“, повикувајќи се на извори од теренот. -За последниот натпревар против Велс, режимот испрати преку стотина лажни навивачи за да создаде лажно чувство на поддршка и наклонетост кај навивачите. Пред да игра со САД, режимот планира значително да го зголеми бројот на овие актери. Ќе ги има илјадници, стои во написот на Си-ен-ен. Исто така, беше објавено дека иранските репрезентативци биле повикани во Исламската револуционерна гарда откако одбиле да ја пеат националната химна. -На репрезентацијата и беа ветени подароци и автомобили пред натпреварот со Англија, но подоцна властите се свртеа кон закани. Тие напишаа и дека семејствата на играчите добиваат закани. Револуционерната гарда се грижи играчите да не се сретнат со странци. Репрезентацијата на Иран денеска ќе игра со САД во натпреварот од последното коло од групната фаза на Светското првенство во 2022 година. Почетокот е во 20 часот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-iranskite-vlasti-isprakjaat-iljadnici-lazni-navivachi-na-natprevarot-so-sad/feed/ 0
Си-ен-ен побара од водителите да не пијат алкохол при преносите на новогодишната ноќ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/si-en-en-pobara-od-voditelite-da-ne-pijat-alkohol-pri-prenosite-na-novogodishnata-nokj/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/si-en-en-pobara-od-voditelite-da-ne-pijat-alkohol-pri-prenosite-na-novogodishnata-nokj/#respond Fri, 18 Nov 2022 08:14:21 +0000 https://kurir.mk/?p=762781

Американската телевизиска мрежа Си-ен-ен побара од водителите „да го намалат консумирањето алкохол“ за време на преносот во живо на новогодишната ноќ, објави американскотo списание „Варајети“. Последниве години, Американците се навикнаа да го гледаат водителот Андерсон Купер, на пр., и неговите колеги како пијат алкохолни пијалаци на „Тајмс сквер“ во Њујорк, додека новогодишната прослава е во полн ек. Вакви снимки го поплавија интернет-просторот, во коишто Купер е „пресреќен“, а неговиот колега Енди Коен „се налева“ со текила. А пак, еден од водителите, Дон Лемон, пред неколку години во живо си направи дупче на едното уво изјавувајќи дека може „да му го бакнат з**никот и не му е гајле“. Потоа појасни дека има право да си го каже своето мислење. Новиот претседател на мрежата, Крис Лихт, на неодамнешниот состанок на редакцијата нагласи дека претерувањето со алкохол во преносите во живо му штети на угледот на Си-ен-ен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/si-en-en-pobara-od-voditelite-da-ne-pijat-alkohol-pri-prenosite-na-novogodishnata-nokj/feed/ 0
Трамп го тужи Си-Ен-Ен за клевета и бара 475 милиони долари отштета https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-go-tuzi-si-en-en-za-kleveta-i-bara-475-milioni-dolari-otshteta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-go-tuzi-si-en-en-za-kleveta-i-bara-475-milioni-dolari-otshteta/#respond Tue, 04 Oct 2022 05:38:01 +0000 https://kurir.mk/?p=740674

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го тужи Си-Ен-Ен за клевета и бара отштета од 475 милиони долари. Во својата тужба поднесена до судот во Форт Лодердејл, Флорида, Трамп тврди дека Си-Ен-Ен го искористил своето значително влијание за да го порази политички. Од медиумската куќа се уште не се изјасниле за тужбата. Поранешниот републикански претседател на 29 страници од тужбата пишува дека Си-Ен-Ен долго време го критикува, но дека интензивирале во последните месеци бидејќи планира повторно да се кандидира на изборите во 2024 година. Во документот се наведуваат примери во кои Си-Ен-Ен го споредува Трамп со Хитлер, вклучително и прилог од јануари 2022 година на Фарид Закарија, кој вклучува снимки од поранешниот диктатор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-go-tuzi-si-en-en-za-kleveta-i-bara-475-milioni-dolari-otshteta/feed/ 0
Си-Ен-Ен: САД веруваат дека војната во Украина ќе трае до крајот на 2022 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-sad-veruvaat-deka-vojnata-vo-ukraina-kje-trae-do-krajot-na-2022-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-sad-veruvaat-deka-vojnata-vo-ukraina-kje-trae-do-krajot-na-2022-godina/#respond Fri, 15 Apr 2022 18:15:14 +0000 https://kurir.mk/?p=663800

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен им порачал на европските сојузници дека, според проценките на САД, руската војна во Украина би можела да трае до крајот на оваа година, објави Си-Ен-Ен. Според американската ТВ мрежа, повикувајќи се на изјавите на двајца неименувани европски функционери, Блинкен рекол дека со своите колеги разговарал за американската загриженост дека војната може да трае подолго. -Но, целиот негов ангажман се однесува на тоа што е најдобро за војната да заврши што е можно поскоро, рече неименуван претставник на Стејт департментот. Многу официјални лица претходно истакнаа дека е тешко да се предвиди колку долго би можела да трае војната во Украина, но неколкумина од нив рекоа дека ништо не укажува на тоа дека рускиот претседател Владимир Путин ги променил крајните цели на операцијата.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-sad-veruvaat-deka-vojnata-vo-ukraina-kje-trae-do-krajot-na-2022-godina/feed/ 0
Си-Ен-Ен: САД испорачуваат потешко и пософистицирано оружје за запирање на руската инвазија на истокот од Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-sad-isporachuvaat-poteshko-i-posofisticirano-oruzje-za-zapiranje-na-ruskata-invazija-na-istokot-od-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-sad-isporachuvaat-poteshko-i-posofisticirano-oruzje-za-zapiranje-na-ruskata-invazija-na-istokot-od-ukraina/#respond Thu, 14 Apr 2022 07:59:48 +0000 https://kurir.mk/?p=662814

САД првпат од почетокот на руската инвазија врз Украина на Киев ќе му испорачаат пософистицирано и потешко вооружување на Киев, потег што некои од претставниците н администрацијата на Џо Бајден претходно го сметаа за преголем ризик што би можел да доведе до ескалација на судирите. Списокот со помошта во вредност од 800 милиони долари што САД ќе ја испорача за Украина не е составен само според барањата на Киев, туку и во рамки на подготовките за поинаков начин на војување во пространите рамници на источна Украина, терен што дава воена предност на руските оружени сили, објави Си-Ен-Ен. Администрацијата на Бајден соопшти дека новиот пакет оружје за Украина вклучува 11 хеликоптери „Ми-17“, 18 хаубици од 155 милиметри, 300 дронови „Свичблејд“ и радарски системи оспособени да лоцираат позиции од каде доаѓаат нападите. „Тоа претставува пософистицирано и потешко вооружување од претходните испораки“, пренесува „Си-Ен-Ен“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-sad-isporachuvaat-poteshko-i-posofisticirano-oruzje-za-zapiranje-na-ruskata-invazija-na-istokot-od-ukraina/feed/ 0