сибир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Jan 2023 06:58:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сибир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во ова село измерени -61 Целзиусов степен https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-ova-selo-izmereni-61-tselziusov-stepen/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-ova-selo-izmereni-61-tselziusov-stepen/#respond Tue, 10 Jan 2023 06:58:55 +0000 https://kurir.mk/?p=785319

Температурата на воздухот во селото Жилинда во Јакутија денеска се спушти на минус 61 Целзиусов степен, објавено е на веб-страницата на хидрометеоролошкиот оддел во таа руска република во источен Сибир. Според метеоролозите, температурата во девет области на Јакутија е минус 45 степени. Во главниот град Јакутск е минус 42 степени.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-ova-selo-izmereni-61-tselziusov-stepen/feed/ 0
Најмалку две лица загинаа при пожар во рафинерија во Сибир https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dve-lica-zaginaa-pri-pozar-vo-rafinerija-vo-sibir/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dve-lica-zaginaa-pri-pozar-vo-rafinerija-vo-sibir/#respond Thu, 15 Dec 2022 08:22:49 +0000 https://kurir.mk/?p=775841

Две лица загинаа, а петмина се повредени откако изби пожар во рафинеријата во сибирскиот град Ангарск. Гувернерот на рускиот регион Иркутск, Игор Кобзев изјави дека пожарот е предизвикан од истекување на гас. Тој додаде дека е отворена истрага за евентуално кршење на безбедносните стандарди. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-dve-lica-zaginaa-pri-pozar-vo-rafinerija-vo-sibir/feed/ 0
Разорни пожари во Сибир, има загинати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razorni-pozari-vo-sibir-ima-zaginati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razorni-pozari-vo-sibir-ima-zaginati/#respond Sat, 07 May 2022 11:12:08 +0000 https://kurir.mk/?p=673322

Неколку пожари избувнаа во јужен Сибир, при што беа оштетени околу 200 згради, а има и загинати, соопштија денеска локалните власти. Пожарите во Краснојарската територија се проширија на повеќе од 16 области, зафаќајќи околу 200 згради, неколку погони за преработка на дрво и игралиште, при што загинаа засега неутврден број луѓе, објави регионалното Министерство за вонредни ситуации на Телеграм.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razorni-pozari-vo-sibir-ima-zaginati/feed/ 0
НА -50 СТЕПЕНИ: Конвој камиони заглавен во Сибир, им снемува храна и гориво https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-50-stepeni-konvoj-kamioni-zaglaven-vo-sibir-im-snemuva-hrana-i-gorivo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-50-stepeni-konvoj-kamioni-zaglaven-vo-sibir-im-snemuva-hrana-i-gorivo/#respond Sat, 25 Dec 2021 10:10:11 +0000 https://kurir.mk/?p=612934

Група падобранци од спасувачка служба полетала денеска за да достави гориво на конвој од 12 камиони на истокот на Сибир. Конвојот е заглавен во снег и голем мраз, возачите немаат телефонски сигнал, а им се снемува храна и гориво. Камионите се наоѓаат на околу 30 километри од селото кон кое се упатиле. Во оваа област измерените температури се до -50 степени Целзиусови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-50-stepeni-konvoj-kamioni-zaglaven-vo-sibir-im-snemuva-hrana-i-gorivo/feed/ 0
Расте бројот на загинати во несреќа во рудникот во Сибир https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zaginati-vo-nesrekja-vo-rudnikot-vo-sibir/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zaginati-vo-nesrekja-vo-rudnikot-vo-sibir/#respond Fri, 26 Nov 2021 06:39:32 +0000 https://kurir.mk/?p=599999

Бројот на загинати во несреќата во сибирскиот рудник денеска се зголеми на 52, пренесоа руските новински агенции, повикувајќи се на итните служби. – Според прелиминарните информации, никој во рудникот не преживеа. Загинаа 52 лица, изјави извор цитиран од новинската агенција ТАСС. Изјавата ја пренесоа и агенциите РИА Новости и Интерфакс, прецизирајќи дека меѓу загинатите има 46 рудари и 6 спасувачи. Локално истражно тело отвори истрага за „прекршување на безбедносните стандарди“ и синоќа соопшти дека се уапсени директорот на рудникот, неговиот заменик и одговорните за областа каде што се случила несреќата. – Тоа е огромна трагедија, изјави рускиот претседател Владимир Путин оддавајќи им почит на службите за итни случаи, кои „дадоа се од себе“. Властите соопштија дека околу 8 часот добиле пријава за чад во рудникот Листвиајнаја во градот Грамотејно, во сибирскиот регион Кемерово, каде што се наоѓаат бројни рудници за јаглен. Според локалните медиуми, во моментот на несреќата во рудникот имало 285 лица. Засега не се познати причините за инцидентот. Рудникот е во сопственост на компанијата СДС-Угол, една од најголемите руски производители на јаглен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zaginati-vo-nesrekja-vo-rudnikot-vo-sibir/feed/ 0
Чадот од пожарите во Сибир стигна до Северниот пол https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chadot-od-pozarite-vo-sibir-stigna-do-severniot-pol/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chadot-od-pozarite-vo-sibir-stigna-do-severniot-pol/#respond Tue, 10 Aug 2021 13:50:44 +0000 https://kurir.mk/?p=548800

Чадот од пожарите во Сибир, за првпат во историјата, стигна до Северниот пол. Пожарите во Сибир зачестија во последниве години, а екологистите го поврзуваат со климатските промени и недоволно финансираната шумарска служба, јави Би -Би -Си. Климатските експерти на ОН вчера објавија извештај кој покажува дека глобалното затоплување се случува побрзо од очекуваното и дека човештвото е речиси целосно виновно за тоа. Еден од најтешко погодените региони на Сибир оваа година е Јакутија, најголемиот и најстудениот регион во Русија, што се соочи со рекордно високи температури и суша. Руската хидрометеоролошка служба, Росгидромет, вчера соопшти дека ситуацијата во регионот „продолжува да се влошува“ и дека околу 3,4 милиони хектари горат во регионот, при што се опфатени области што се оддалечени и тешко пристапни. НАСА објави дека нејзините сателитски снимки покажуваат чад од огнот, што патува „повеќе од 3.000 километри, од Јакутија до Северниот Пол“. Според податоците на руските власти, годинашните пожари опустошиле повеќе од 14 милиони хектари. Шефот на руската програма за шумарство на Гринпис, Алексеј Јарошенко, го поврза ширењето на огнот со последиците од климатските промени и „континуираното влошување на управувањето со државните шуми“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chadot-od-pozarite-vo-sibir-stigna-do-severniot-pol/feed/ 0
Во Сибир беснеат повеќе од 220 шумски пожари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sibir-besneat-povekje-od-220-shumski-pozari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sibir-besneat-povekje-od-220-shumski-pozari/#respond Sat, 24 Jul 2021 12:47:31 +0000 https://kurir.mk/?p=541293

Низ целиот руски регион Јакутија, на далечниот Сибир, беснеат повеќе од 220 шумски пожари на површина од 2.400 хектари, соопшти денеска руското Министерство за вонредни ситуации. Во текот на изминатиот ден изгаснати се 15 од вкупно 222 пожари, се додава во соопштението на министерството, пренесено од Тасс. Два авиона од типот „Бе-200“ учествуваат во гаснење на пожарите, испуштајќи досега околу 30 тони вода. Во акција за извидување и гаснење беа вклучени и хеликоптерите „ Ми-8“ на Министерството за вонредни ситуации, како и повеќе од 2.000 лица. Во Јакутија од 1 јули на сила е вонредна состојба, како регион во кој пожарите се исклучително чести, потсетува руската агенција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sibir-besneat-povekje-od-220-shumski-pozari/feed/ 0
ВИДЕО: Додека мечка брка еден човек во Сибир, налетува автобус – погледнете што се случи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-dodeka-mechka-brka-eden-chovek-vo-sibir-naletuva-avtobus-poglednete-shto-se-sluchi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-dodeka-mechka-brka-eden-chovek-vo-sibir-naletuva-avtobus-poglednete-shto-se-sluchi/#respond Thu, 18 Mar 2021 12:29:05 +0000 https://kurir.mk/?p=484212

На улиците на сибирскиот град Нижњевартовск е снимено видео на кое се гледа како мечка брка човек кој се обидува да избега од неа. Настанот се случил вчера наутро додека неименуваниот маж разговарал на телефон. Мечката го нападна мажот и тој почнува да бега. Тој притоа успева да го пресече патот, а мечката го следи и е удрена од автобус. За среќа, животното не е сериозно повредено. Тоа веднаш стана и продолжи да се движи по улицата. Одговорните потоа ја успале мечката и таа била згрижена од ветеринарските служби. Полицијата открила дека мечката избегала од кафез во блискиот хотел, каде што била пронајдена и друга мечка. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-dodeka-mechka-brka-eden-chovek-vo-sibir-naletuva-avtobus-poglednete-shto-se-sluchi/feed/ 0
Откриена најстарата ДНК во светот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkriena-najstarata-dnk-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkriena-najstarata-dnk-vo-svetot/#respond Thu, 18 Feb 2021 10:09:18 +0000 https://kurir.mk/?p=470424

Руски научници ја открија најстарата ДНК во светот. Ја издвоија од забите на мамути коишто живееле на Сибир пред 1,2 милиони години. Научниците проучувале остатоци од три мамута што биле закопани илјадници години на постојана температура под нула Целзиусови степени и имаат добро сочуван генетски материјал. Досега најстарата ДНК беше онаа пронајдена кај коњ кој живеел во подрачјето на Канада пред околу 700.000 години. Научниците веруваат дека ДНК-анализата на новите наоди ќе ги расветли генетските одлики и врските меѓу предисториските жители на планетава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkriena-najstarata-dnk-vo-svetot/feed/ 0
Температурата на воздухот во Сибир зголемена за 10 степени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/temperaturata-na-vozduhot-vo-sibir-zgolemena-za-10-stepeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/temperaturata-na-vozduhot-vo-sibir-zgolemena-za-10-stepeni/#respond Tue, 07 Jul 2020 10:51:25 +0000 https://kurir.mk/?p=370775

Температурите на воздухот во поголемиот дел од Сибир во јуни се зголемени за 10 Целзиусови степени во споредба со минатите години, соопшти Мрежата за набљудување на климата на Европска Унија. Тоа е најтопол јуни до сега во Сибир, каде почвата е под мраз. На 21 јуни во близина на Верхојанск, североисточна Русија измерени се рекордни 37 степени. Високи температури во Сибир се регистрирани уште од јануари и во комбинација со малата влажност предизвикаа шумски пожари. И бројот и интензитетот на пожари во Сибир и во делови од Алкаска во јуни се над просекот, што доведе од највисоки емисии на јаглерод диоксид – 59 милиони тони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/temperaturata-na-vozduhot-vo-sibir-zgolemena-za-10-stepeni/feed/ 0