сида – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 01 Dec 2022 07:18:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сида – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бугарија: Два до трипати повеќе заразени со ХИВ од официјално регистрираните https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-dva-do-tripati-povekje-zarazeni-so-hiv-od-oficijalno-registriranite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-dva-do-tripati-povekje-zarazeni-so-hiv-od-oficijalno-registriranite/#respond Thu, 01 Dec 2022 07:22:51 +0000 https://kurir.mk/?p=769240

Од почетокот на 2022 година досега во Бугарија има 299 новорегистрирани носители на ХИВ инфекцијата, од кои 25-30 отсто се странски државјани, а голем дел се лица од Украина. Тоа го изјави за БТА Тонка Варлева, член на Комитетот за стратешко планирање на Одборот на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија. Според неа, сите заразени во Бугарија примаат антиретровирусна терапија. Во Бугарија се регистрирани вкупно 4.020 лица со ХИВ инфекција. Во Бугарија има два до три пати повеќе луѓе заразени со ХИВ отколку што се официјално регистрирани, вели Варлева во интервјуто. Таа додава дека е забележително дека во последните години во државата 80-90 отсто се заразени по сексуален пат , а од нив речиси половина се мажи кои имале сексуален контакт со мажи. Речиси 5 проценти од заразените биле заразени при користење инекција со наркотици, главно хероин. Секоја година Министерството за здравство на Бугарија организира тендер за централно снабдување со тестови за СИДА. Годишно се организираат четири кампањи за промовирање на истражувањето за ХИВ и околу 250 – 300 илјади луѓе се тестираат секоја година. Според неа, за време на бранот со Ковид-19, нивниот број се намалил поради отежнатиот пристап до истражување, јави БТА.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-dva-do-tripati-povekje-zarazeni-so-hiv-od-oficijalno-registriranite/feed/ 0
Светски ден за борба против СИДА, во земјава од ХИВ/СИДА починале 123 лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-za-borba-protiv-sida-vo-zemjava-od-hiv-sida-pochinale-123-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-za-borba-protiv-sida-vo-zemjava-od-hiv-sida-pochinale-123-lica/#respond Thu, 01 Dec 2022 06:59:22 +0000 https://kurir.mk/?p=769221

Според Светската здравствена организација (СЗО), ХИВ и понатаму останува глобален проблем за јавното здравје. Повеќе од два милиони луѓе во Европскиот регион на СЗО се погодени од ХИВ. Оценката на СЗО е дека во последните неколку години нема напредок кон постигнување на целите за ХИВ. Намалени се ресурсите, а како резултат на тоа, голем број животи се загрозени. Во земјава, до 2022 година од ХИВ/СИДА починале 123 лица, а 451 лице живее со ХИВ/СИДА. Во текот на октомври, согласно податоците објавени од Институтот за јавно здравје, регистрирани се пет нови случаи . Сите пријавени се со ХИВ. Регистриран е и еден смртен случај од ХИВ/СИДА. За ХИВ/СИДА не постои лек, но постојат лекови што ја успоруваат болеста. Со цел да се заштитите од ХИВ/СИДА потребно е да се практикуваат сигурни сексуални односи со користење на кондом. За да дознаете дали сте позитивни на ХИВ потребно е да се направи тест. Тестот за ХИВ се препорачува да се направи најмалку три месеци, а во некои ситуации и до шест месеци од ризичното однесување. Од СЗО ги повикуваат глобалните лидери и граѓаните да ги препознаат и да ги решат нееднаквостите што го кочат напредокот во ставањето крај на СИДА-та и да се изедначи пристапот до основните услуги за ХИВ, особено за клучните популации – мажи кои имаат секс со мажи, трансродови лица, луѓе кои користат дроги, сексуални работници, затвореници и мигранти – и нивните партнери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetski-den-za-borba-protiv-sida-vo-zemjava-od-hiv-sida-pochinale-123-lica/feed/ 0
Пендаровски се сретна со генералната директорка на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка Сида https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-se-sretna-so-generalnata-direktorka-na-shvedskata-agencija-za-megjunarodna-razvojna-sorabotka-sida/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-se-sretna-so-generalnata-direktorka-na-shvedskata-agencija-za-megjunarodna-razvojna-sorabotka-sida/#respond Fri, 04 Nov 2022 11:20:24 +0000 https://kurir.mk/?p=755702

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Карин Јемтим, генерална директорка на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка - Сида. Од Кабинетот на претседателот информираат дека на средбата се разговараше за севкупните активности на агенцијата во Република Северна Македонија, реализираните и тековните проекти, како и плановите во рамки на регионалната стратегија за соработка со земјите од Западен Балкан во новиот 7-годишен програмски период, што почна во 2021 година. Пендаровски се заблагодари за севкупната поддршка што Кралството Шведска преку Сида ја дава за унапредување на реформските процеси во Северна Македонија, а во функција на напредокот на државата кон интеграцијата во Европската Унија. Претседателот Пендаровски посочи и на важноста на развојната поддршка во сферата на енергетиката, заштитата на животната средина, локалниот економски развој, но и проектите од областа на заштитата на човековите права и демократскиот развој со акцент на родовите прашања, малцинските групи и политиките за антикорупција.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-se-sretna-so-generalnata-direktorka-na-shvedskata-agencija-za-megjunarodna-razvojna-sorabotka-sida/feed/ 0
САД: Излекувана првата жена со СИДА https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-izlekuvana-prvata-zena-so-sida/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-izlekuvana-prvata-zena-so-sida/#respond Wed, 16 Feb 2022 06:54:03 +0000 https://kurir.mk/?p=631935

Американските научници соопштија дека со трансплантација на коскена срцевина на донор кој имал природен имунитет на вирусот што ја предизвикува болеста, успешно ја излекувале првата жена од СИДА во САД, вкупно трето лице. Случајот на средовечната пациентка од мешана раса беше претставен на научна конференција за ретровируси и инфекции во Денвер и таа е првата личност која се лекува со новата метода која вклучува матични клетки од крв од папочна врвца. Откако добила крв од папочна врвца за третман на акутна миелоидна леукемија, форма на рак што се формира во клетките кои формираат крв во коскената срцевина, пациентката сега е во фаза на ремисија и е излекувана од вирусот по 14 месеци. Двата досега случаи на излекувани од СИДА се однесуваа на мажи, еден бел и еден латиноамериканец, а тие се излекувани преку возрасни матични станици, кои вообичаено се користат при трансплантација на коскена срцевина. Овој случај е дел од поголемо истражување кое третира 25 лица заразени со ХИВ, а кои ќе бидат подложени на трансплантација на коскена срцевина. Сите првично ќе подлежат на хемотерапија за да им се отстранат канцерогените клетки. Потоа ќе им биде пресадена коскена срцевина од луѓе со специфична генска мутација, кои немаат рецептори кои вирусот ги користи за инфицирање на клетките. Научниците веруваат дека овие лица потоа ќе развијат имунолошки систем, отпорен на ХИВ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-izlekuvana-prvata-zena-so-sida/feed/ 0
Јунитејд: Децата заразени со сида ќе имаат поевтин лек https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junitejd-decata-zarazeni-so-sida-kje-imaat-poevtin-lek/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junitejd-decata-zarazeni-so-sida-kje-imaat-poevtin-lek/#respond Tue, 01 Dec 2020 15:27:59 +0000 https://kurir.mk/?p=437072

Децата во земјите во развој, позитивни на ХИВ, ќе имаат пристап до лек кој е специјално приспособен за нив и е дури четири пати поевтин, соопшти денеска Јунитејд по повод Светскиот ден на ХИВ / СИДА. „Станува збор за лек што се раствора во устата и има вкус на јагода, а во првата половина на 2021 година најпрво ќе биде дистрибуиран во шест африкански земји: Бенин, Кенија, Малави, Нигерија, Уганда и Зимбабве“, се додава во соопштението на светската организација која е задолжена за набавка на лекови за сиромашните и се стреми за намалување на цената на лековите потребни во процесот на лекување на СИДА, туберкулоза и маларија. Цената на новата верзија на Долутегравир (ДТГ), специјално прилагоден за деца, по договорот со производителите на генерички лекови „Виатрис“ и „Меклеодс“, ќе биде 120 долари годишно, наместо сегашните 480 американски долари, изјави Херве Верхусел, портпарол на организацијата што работи во партнерство со Светската здравствена организација (СЗО). ) Околу 1,7 милиони деца во светот се серопозитивни, но само половина од нив добиваат соодветна терапија. Околу 100.000 деца годишно умираат од ХИВ / СИДА низ светот. Во моментов, 26 милиони луѓе во светот се лекуваат од ХИВ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junitejd-decata-zarazeni-so-sida-kje-imaat-poevtin-lek/feed/ 0
Елтон Џон повикува на масовно тестирање за ХИВ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/elton-dzon-povikuva-na-masovno-testiranje-za-hiv/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/elton-dzon-povikuva-na-masovno-testiranje-za-hiv/#respond Tue, 01 Dec 2020 07:58:54 +0000 https://kurir.mk/?p=436641

Пејачот Елтон Џон им се придружи на водечките британски добротворни организации во борбата против СИДА-та, па повика на масовно тестирање за ХИВ-вирусот со цел да се запре новата епидемија во земјата последнава деценија. Тоа, меѓу другото, и поради загриженоста дека Ковид-19 може да влијае на пристапот до тестови и лекови. – Едно нешто што научивме оваа година, а тоа е важноста на тестирањето. Тестот за ХИВ е во сржта на ставањето крај на нови случаи на ХИВ во Англија, рече Џон, чија добротворна организација досега собра скоро половина милијарда долари за борба против ХИВ-вирусот. По повод утрешното одбележување на Светскиот ден на СИДА-та, првата англиска комисија за ХИВ, чијшто соосновач е познатиот поп-пејач, ќе објави 20 препораки за спречување нови случаи на ХИВ-позтивни до 2030 година. Се препорачува тестирањето за ХИВ да биде стандардна практика за пациенти кои се јавуваат кај нов лекар, минуваат рутински тестови за брисеви или се примени во одделенијата за итни случаи во болница. Повеќе од 38 милиони луѓе ширум светот денес се заразени со ХИВ, а болеста СИДА уби околу 33 милиони луѓе од почетокот на 1980-тите до овој миг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/elton-dzon-povikuva-na-masovno-testiranje-za-hiv/feed/ 0
УНИЦЕФ: Во 2019 година 100.000 деца починаа од СИДА https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unicef-vo-2019-godina-100-000-deca-pochinaa-od-sida/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unicef-vo-2019-godina-100-000-deca-pochinaa-od-sida/#respond Wed, 25 Nov 2020 18:50:33 +0000 https://kurir.mk/?p=434408

Фондот за деца на Обединети нации (УНИЦЕФ) во најновиот извештај наведува дека 100.000 деца починале од СИДА во 2019 година, а речиси 320.000 деца и адолесценти се новоинфицирани. Според податоците, приближно на секоја минута и 40 секунди едно дете или младо лице на возраст под 20 години било заразено со ХИВ минатата година, се наведува во соопштението на УНИЦЕФ. Извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Форе предупреди дека пандемијата со Ковид-19, ја отежнуваат бората против СИДА-та. Според УНИЦЕФ, поради новиот коронавирус децата, адолесцентите и бремените жени во голем број земји немаат еднаков пристап до медицинските услуги и третмани. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unicef-vo-2019-godina-100-000-deca-pochinaa-od-sida/feed/ 0
Бразилец со експериментална терапија се излекувал од ХИВ вирус https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/brazilec-so-eksperimentalna-terapija-se-izlekuval-od-hiv-virus/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/brazilec-so-eksperimentalna-terapija-se-izlekuval-od-hiv-virus/#respond Tue, 07 Jul 2020 16:39:08 +0000 https://kurir.mk/?p=371111

Повеќе од една година по употребата на интензивна експериментална медицинска терапија против ХИВ вирусот, откако претходно престанал да користи какви било лекови против СИДА, еден Бразилец во организмот веќе немал никакви траги на тој вирус, соопштија учесници на една стручна конференција. Иако ова на милиони луѓе во светот им дава надеж во лекувањето, претстои независна проверка на резултатите од експерименталното лекување, па затоа е рано да се шпекулира за евентуален лек, предупредуваат научниците. Како што изјави една специјалистка од Универзитетот Калифорнија во Сан Франциско, досега таков исход од експерименталната терапија е забележан кај само едно лице, додека кај четири други било спротивно. – Не станува збор за лек, туку само за интересен случај кој бара дополнителни истражувања, изјави друг научник од истата установа. Меѓутоа, доколку се потврди дека 35-годишниот Бразилец е навистина излекуван, тоа ќе биде првпат ХИВ вирусот да се елиминира од организамот на возрасно лице без пресадување на коскена срж или матични клетки. Откако во март 2019 година престанал да зема какви било медикаменти против тој вирус, во голем број примероци од крвта и ткивото, кои се земени од него, не е воочено присуство на ХИВ. Најубедлив доказ за потенцијално излекување е дека во неговиот организам речиси да нема антитела на ХИВ, кои ги произведува имунолошкиот систем борејќи се против вирусот, а исто така во февруари бил негативен на тестирањето на ХИВ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/brazilec-so-eksperimentalna-terapija-se-izlekuval-od-hiv-virus/feed/ 0
Од црна смрт до СИДА: Пандемиите што ја обликуваа човековата историја https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/od-crna-smrt-do-sida-pandemiite-shto-ja-oblikuvaa-chovekovata-istorija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/od-crna-smrt-do-sida-pandemiite-shto-ja-oblikuvaa-chovekovata-istorija/#respond Fri, 17 Apr 2020 09:52:39 +0000 https://kurir.mk/?p=333501

Хернан Кортес во 1520 година по жесток напад побегнал од престолнината на Ацтеките, Теночтитлан, и додека стигнал до брегот загубил голем број од своите војници. Но, шпанскиот освојувач не знаел дека зад себе оставил многу подеструктивно оружје од пушки и мечови… ги оставил големите сипаници. Кога се вратил повторно да се обиде да го освои градот, Теночтитлан се распаѓал во епидемија што го уништувала народот на Ацтеките, структурата на неговата власт и довела до брутален пораз на империјата на Ацтеките. Тоа бил почетокот на вековното распаѓање на домородните општества, од Огнената Земја до Беринговиот Теснец. Од болест до напредок Од чумата на Јустинијан во шестиот век и црната смрт во 14 век до детската парализа и СИДА, пандемиите насилно ги менувале цивилизациите, откако луѓето почнале да живеат во градовите пред илјадници години.Пандемиите зеле многу човечки животи и предизвикале големи промени во областа на медицина, технологија, власт, образование, религија, уметност, социјална хиерархија и санитарни услови. Пред појавата на колерата, во 19 век, во градовите, на пример, се мешале отпадните и водите за пиење. Никој не може да знае како пандемијата Ковид-19, респираторно заболување што го предизвикува новиот коронавирус, ќе го промени светот. Нациите се затвораат. Владетелите се стремат кон поголема авторитарна моќ. Колапсот на американското раководство се забрзува. Економијата очекува рецесија. Луѓето живеат во страв и недоверба, многумина ги загубија своите работни места и можат да доживеат сиромаштија како никогаш досега. Истовремено, научници и технократи и некои компании работат трескавично за да ја запрат оваа пандемија и подобро да нè подготват за новата што ќе дојде. Нема сомениние дека од оваа епска криза ќе се појави нова технологија. Една пандемија е една пандемија Пандемиите се познати по тоа што предизвикуваат хаос, но и по способноста на човекот да се приспособи на променетите околности. Меѓу оние кои ја проучуваат пандемијата постои изрека: „Ако сте виделе една пандемија, сте виделе една пандемија.“ Нема слични. Пандемиите и епидемиите доведоа до голем наредок во јавното здравство, што им овозможи на градовите и цивилизациите да растат и напредуваат. Ова се, на пример, теории дека некои болести се предизвикани од микроорганизми, потоа урбани канализации и системи за водоснабдување, вакцинирање, пеницилин, подобра хигиена, одделенија за изолација на заболените и научен метод што вовел рационалност во современата медицина. Нациите и општествата растеа и паѓаа на брановите од пандемии. Пандемијата на чума во 14 век, што чинела половина од тогашното население, нанела фатални удари врз феудалното движење. Брановите од чума што следеле со векови ја разнишале вербата во Римокатоличката црква и, како што сугерираат некои историчари, овозможиле ренесанса и реформа. Но, и промените што ги предизвикаа помалите епидемии, дури и едвај запишаните во историјата, исто така, имале големи последици. Жолтата треска на Американците им донесе половина држава Сетете се само како САД стекнаа голем дел од територијата, што им овозможи ширење на запад кон Калифорнија и прераснување во најбогата земја во светот. Во 1802 година Наполеон ја испратил најголемата светска војска на Карибите за да го задуши бунтот на робовите и да ја обнови француската колонија во најпрофитабилна француска колонија Санто Доминго. Но, епидемијата на жолта треска усмртила речиси 50.000 војници и ја присилила војската да се повлече. Оставен без богата колонија за финансирање на своите големи планови на американскиот континент, Наполеон се фокусирал на Европа, да се соочи со Англија. Санто Доминго подоцна стана Хаити, прва слободна црна република во светот, а претседателот Томас Џеферсон евтино купил голема француска територија што се протегала од Њу Орлеанс до Карпестите Планини и Канада. Заборавена пандемија Уште поголема биолошка катастрофа е пандемијата на шпанскиот грип во 1918 година што зела околу 20 и 50 милиони човечки животи на крајот на Првата светска војна. Тоа беше речиси незначително во однос на големите социјални промени. Некои историчари ја нарекоа „заборавена пандемија“, па дури и големи американски писатели кои живееле во тоа време, како што се Хемингвеј, Фокнер и Фицџералд или ја игнорираа или едвај ја споменуваа во своите дела. „Ништо друго, никаква инфекција, војна или глад не убиле толку многу луѓе за толку кратко време. А, сепак, никогаш не предизвика стравопочит, ниту во 1918 година, ниту потоа“, истакна Крозби во книгата „Заборавена американска пандемија“. Како овој нов вирус, САРС-Ков-2, ќе влијае на човечкото општество, не може да се знае. Пандемијата е на почеток. Но, благодарение на модерната медицина и сè што досега знаеме за вирусот, никој не очекува нов шпански грип или црна смрт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/od-crna-smrt-do-sida-pandemiite-shto-ja-oblikuvaa-chovekovata-istorija/feed/ 0
Рекорден број на заболени од ХИВ/СИДА во Македонија, само лани нови 57 случаи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rekorden-broj-na-zaboleni-od-hiv-sida-vo-makedonija-samo-lani-novi-57-sluchai/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rekorden-broj-na-zaboleni-od-hiv-sida-vo-makedonija-samo-lani-novi-57-sluchai/#respond Mon, 02 Dec 2019 16:54:20 +0000 https://kurir.mk/?p=272321

Годинава во земјава се регистрирани најмногу случаи со Хив/Сида. Според податоците од Институтот за јавно здравје во 2019-та има 57 новооткриени, 16 повеќе од лани. Меѓу новозаразените само 2 се жени, а повеќето мажи вирусот го добиле по хомосексуален пат. Просечната возраст е 34, а има и 19 годишни и лица над 50 години. Речиси половина од новите случаи се од Скопје, а инфицирани има и во други 12 градови. -Во Битола годинава има 5 нови случаи, изјави д-р Лилјана Милевска, Центар за јавно здравје Битола. Годинава во државата 700 лица бесплатно се тестирале за Хив. Само кај една третина вирусот бил навреме дијагностициран што е клучно за понатамошниот третманот. За 32 години од првиот случај во државата регистрирани се 460 лица со Хив/Сида, 104 починале. Оваа година за прв пат на Mеѓународниот ден за борба против Хив изостана официјална прес конференција од здравствените власти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rekorden-broj-na-zaboleni-od-hiv-sida-vo-makedonija-samo-lani-novi-57-sluchai/feed/ 0