Сиднеј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 25 May 2023 09:15:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Сиднеј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Голем пожар во зграда во центарот на Сиднеј, евакуирани стотици лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golem-pozhar-vo-zgrada-vo-tsentarot-na-sidnej-evakuirani-stotitsi-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golem-pozhar-vo-zgrada-vo-tsentarot-na-sidnej-evakuirani-stotitsi-litsa/#respond Thu, 25 May 2023 09:15:16 +0000 https://kurir.mk/?p=838496

Во центарот на Сиднеј денеска пожарникарите се борат со големиот пожар кој зафати катна зграда, итната помош ја опколи областа, а засега нема информации за повредени. Според објавените снимки, зградата се наоѓа во близина на централната железничка станица во Сиднеј, пренесува Ројтерс. Стотици луѓе се евакуирани од областа бидејќи пожарот гори низ неколку нивоа на високата зграда. Пожарникарите соопштија дека успеале да спречат пожарот да се прошири, иако зафатил некои станбени згради во близина. Во гаснењето на пожарот учествувале повеќе од 100 пожарникари со 20 противпожарни возила. Делови од зградата се урнале додека луѓето врескале и панично трчале. Железнички сообраќај во близина на пожарот е во прекин до понатамошно известување, соопштија локалните власти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golem-pozhar-vo-zgrada-vo-tsentarot-na-sidnej-evakuirani-stotitsi-litsa/feed/ 0
СПЕКТАКУЛАРНО: Еве со каков огномет Сиднеј ја дочека новата година (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spektakularno-eve-so-kakov-ognomet-sidnej-ja-docheka-novata-godina-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spektakularno-eve-so-kakov-ognomet-sidnej-ja-docheka-novata-godina-video/#respond Sat, 31 Dec 2022 16:49:29 +0000 https://kurir.mk/?p=782833

Државите Самоа, Кирибати и Нов Зеланд први влегоа во календарската 2023 година, а потоа полноќ пристигна во Фиџи и Австралија. Од 184 позиции на најпознатиот мост во светот, Сиднејскиот пристанишен мост, беа испукани вкупно 7.000 огномети, а од операта во Сиднеј 2.000.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spektakularno-eve-so-kakov-ognomet-sidnej-ja-docheka-novata-godina-video/feed/ 0
ПАНИКА ВО СИДНЕЈ: Пет лавови избегале од својот кафез во зоолошка, еве каде се најдени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/panika-vo-sidnej-pet-lavovi-izbegale-od-svojot-kafez-vo-zooloshka-eve-kade-se-najdeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/panika-vo-sidnej-pet-lavovi-izbegale-od-svojot-kafez-vo-zooloshka-eve-kade-se-najdeni/#respond Wed, 02 Nov 2022 08:54:45 +0000 https://kurir.mk/?p=754309

Зоолошката градина „Таронга“ во Сиднеј, Австралија, соопшти дека пет лава – еден возрасен и четири младенчиња, коишто побегнале од својот ограден простор, биле пронајдени близу нивниот кафез со опасност да отидат каде што не треба во самата градина. Зоолошката беше привремено затворена заради безбедност. „Зоолошката градина има строги безбедносни протоколи за ваков инцидент и веднаш беше преземена акција. Редовно спроведуваме вежби за да се осигураме дека сме подготвени. Сите луѓе кои се најдоа на местото беа преместени на безбедно. Инаку, четири од лавовите мирно се вратија во своите живеалишта, а едно младенче беше безбедно успиено. Младенчето сега е будно и добро“, се вели во соопштението на Зоолошката. Се истражува како животните го напуштиле својот ограден простор, но состојбата сега е под контрола.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/panika-vo-sidnej-pet-lavovi-izbegale-od-svojot-kafez-vo-zooloshka-eve-kade-se-najdeni/feed/ 0
Илјадници луѓе евакуирани од Сиднеј, се очекуваат уште интензивни врнежи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iljadnici-lugje-evakuirani-od-sidnej-se-ochekuvaat-ushte-intenzivni-vrnezi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iljadnici-lugje-evakuirani-od-sidnej-se-ochekuvaat-ushte-intenzivni-vrnezi/#respond Mon, 04 Jul 2022 07:51:11 +0000 https://kurir.mk/?p=699464

Десетици илјади жители на Сиднеј беа принудени на евакуација поради обилните врнежи дожд што предизвикаа поплави во најголемиот австралиски град, со прогнози на метеоролозите дека врнежите ќе потраат. Екстремно нискиот воздушен притисок на истичниот брег на Австралија резултираше со обилни врнежи во сојузната држава Нов Јужен Велс, каде во деновите на викендот наврна дожд колку што е месечниот просек. Невремето принуди евакуација на околу 30 илјади жители во австралиската сојузна држава, а врнежите резултираа со поплавени станбени објекти, фарми, подвозници, мостови, некои објекти и по трет пат оваа година. „Не можеме да веруваме. Тоа е поразително. Повеќето од поплавените само што ги санираа штетите од последните поплави, сега за жал се се повторува“, изјави градоначалничката на Камден, Тереза Федели. Локалните медиуми јавуваат дека во тек е операција за спасување 21 член на екипажот од товарен брод што останал без напојување на отворено море јужно од Сиднеј. „Со месеци се справувавме со поплавите, па тоа ги прави сегашните напори уште поголем предизвик, рече премиерот на Нов Јужен Велс, Доминик Перотет. Нема информации за жртви во поплавите, а властите ги повикаа жителите да се евакуираат од домовите кога ќе им биде наложено, како и да избегнуваат возење по поплавените патишта. На одредени места во Нов Јужен Велс наврнаа и 350 милиметри дожд, а прогнозите на метеоролозите се дека врнежите попладнево повторно ќе се интензивираат. Советот за климатски промени смета дека климатските промени се фактор што придонесува за интензивните врнежи, како и дека Австралија е недоволно подготвена за справување со стихијата. Речните сливови во земјата се блиску до максималниот капацитет, последица на интензивни врнежи предизивкани од феноменот „Ла Ниња“ што веќе две години е присатен на источниот австралиски брег. Поради невремето откажано е и предвиденото лансирање ракета на НАСА од вселенскиот центар Арнем во северна Австралија. Федералниот министер за управување со кризи, Мареј Ват, соопшти дека Владата го активирала сателитскиот систем за управување со вонредни состојби, како мерка за да се помогне во справувањето со поплавите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iljadnici-lugje-evakuirani-od-sidnej-se-ochekuvaat-ushte-intenzivni-vrnezi/feed/ 0
АВСТРАЛИСКИОТ ГРАД КАДЕ ШТО ИМА МНОГУ МАКЕДОНЦИ Е ПОД ВОДА: Наредена евакуација на одредени делови од градот (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstraliskiot-grad-kade-shto-ima-mnogu-makedonci-e-pod-voda-naredena-evakuacija-na-odredeni-delovi-od-gradot-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstraliskiot-grad-kade-shto-ima-mnogu-makedonci-e-pod-voda-naredena-evakuacija-na-odredeni-delovi-od-gradot-foto-video/#respond Sun, 03 Jul 2022 08:03:08 +0000 https://kurir.mk/?p=699089

Големи области на Сиднеј, најголемиот град во Австралија, денеска се под вода поради обилните врнежи што предизвикаа сериозни поплави во ниските области, особено во некои предградија каде нивото на водата достигна и до 1,5 метар. Државната служба за итни случаи на Нов Јужен Велс ги препорача евакуација на жителите од неколку области, предупредувајќи дека дождот нема да престане барем до утре. Медиумите јавуваат дека од почетокот на месецот во областа Сиднеј веќе наврнале четири пати повеќе дожд отколку што вообичаено паѓа во текот на целиот јули. Австралиската метеоролошка служба предупреди дека нивото на водата во регионот би можело да се зголеми барем како што беше во март, кога големи делови од истите области на градот доживеаја сериозни поплави. Службата наведува дека водата од браната Варагамба веќе е излеана. Метеорологот Џонатан Хау за Еј-Би-Си изјави дека во селото Менангл, околу 70 километри југозападно од Сиднеј, нивото на реките веќе достигнало 16,5 метри, што е малку помалку од рекордот од 16,8 метри поставен во април 2022 година. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstraliskiot-grad-kade-shto-ima-mnogu-makedonci-e-pod-voda-naredena-evakuacija-na-odredeni-delovi-od-gradot-foto-video/feed/ 0
Демонстрации во Сиднеј поради климатските промени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demonstracii-vo-sidnej-poradi-klimatskite-promeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demonstracii-vo-sidnej-poradi-klimatskite-promeni/#respond Mon, 27 Jun 2022 06:54:34 +0000 https://kurir.mk/?p=696147

Демонстранти против климатските промени денеска почнаа со протести во Сиднеј, принудувајќи ја полицијата да ги затвори главните улици во центарот на градот. Уапсени се 11 лица, меѓу кои и една жена која, според полицијата, на вратот си ставила синџир со катанец за велосипед и се врзала за воланот на возилото, блокирајќи го сообраќајот. Возилото во меѓувреме е отстрането. Активисти од организацијата Блокада на Австралија се движеа по главните сообраќајници, што предизвика хаос. На телевизиските снимки се гледа како луѓето фрлаат корпи за отпадоци и поставуваат градежни барикади. Демонстрантите, тропајќи на тапани и извикувајќи „Овде завршува австралиското климатско уништување“, носеа транспаренти со пораки „Блокирај го Сиднеј“ и „Спротивстави се на климатската неактивност“. Организацијата Блокада на Австралија објави дека протестот е одговор на „континуираното блокирање на климатските акции во Австралија“. Протестите ќе продолжат цела недела, објавија организаторите на Твитер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demonstracii-vo-sidnej-poradi-klimatskite-promeni/feed/ 0
Евакуација во Сиднеј поради нови поплави https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuacija-vo-sidnej-poradi-novi-poplavi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuacija-vo-sidnej-poradi-novi-poplavi/#respond Thu, 07 Apr 2022 10:15:04 +0000 https://kurir.mk/?p=659626

Во Сиднеј во првите три месеци од годинава падна едногодишна количина дожд и поради постојаните дождови кои предизвикуваат порои, загрозуваат куќи и поплавуваат улици, властите денеска наредија евакуација на жителите. Црвен аларм за поплави е вклучен во неколку јужни предградија, а пет милиони жители на градот се предупредени на можноста од ненадејни порои во текот на викендот. Сиднеј, каде што непрекинато врне веќе две и пол недели, во првите три месеци од 2022 година прими доби годишна стапка на врнежи, објави Метеоролошката служба. Ова е најврнежливиот почеток на годината во Сиднеј од рекордот во 1858 година, велат метеоролозите. За време на викендот се очекува мало смирување, но прогнозите најавуваат нови врнежи од вторник. Досега итните служби одговориле на повеќе од 680 повици за помош од жителите погодени од невремето. Локалните власти предупредуваат на потенцијални свлечишта и одрони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuacija-vo-sidnej-poradi-novi-poplavi/feed/ 0
СРЕЌА И СОЛЗИ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА: Земјата по две години ги отвори границите, овие емотивни средби нема да ве остават рамнодушни (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/srekja-i-solzi-na-aerodromite-vo-avstralija-zemjata-po-dve-godini-gi-otvori-granicite-ovie-emotivni-sredbi-nema-da-ve-ostavat-ramnodushni-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/srekja-i-solzi-na-aerodromite-vo-avstralija-zemjata-po-dve-godini-gi-otvori-granicite-ovie-emotivni-sredbi-nema-da-ve-ostavat-ramnodushni-video/#respond Mon, 21 Feb 2022 09:50:23 +0000 https://kurir.mk/?p=634184

Австралија денеска по речиси 2 години ги отвори границите за вакцинирани патници против коронавирусот од странство. Целосно вакцинираните патници не одат во карантин, а оние кои не се вакцинирани прво мора да престојуваат во хотел 14 дена на свој трошок. Патниците можат да влезат во сите земји освен Западна Австралија, која останува затворена до 3 март, а за влез во земјата ќе биде потребен доказ за трите добиени вакцини. - Ова е многу возбудлив ден, кој долго време го посакуваме откако ги затворивме границите, на самиот почеток на пандемијата, им рече на новинарите австралискиот премиер Скот Морисон. Повеќе од 50 авиони денеска од странство ќе летаат за Австралија, јавува Ројтерс. Многу семејства денес во Сиднеј повторно се обединија откако почнаа да пристигнуваат патници со летовите. Авиокомпанијата Квантас очекува да пристигнат повеќе од 14.000 патници оваа недела. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/srekja-i-solzi-na-aerodromite-vo-avstralija-zemjata-po-dve-godini-gi-otvori-granicite-ovie-emotivni-sredbi-nema-da-ve-ostavat-ramnodushni-video/feed/ 0
Ѓоковиќ ќе учествува на АТП купот во Сиднеј https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/gjokovikj-kje-uchestvuva-na-atp-kupot-vo-sidnej/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/gjokovikj-kje-uchestvuva-na-atp-kupot-vo-sidnej/#respond Tue, 07 Dec 2021 17:37:45 +0000 https://kurir.mk/?p=605453

Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ се наоѓа на списокот репрезентативци за настап на претстојниот АТП куп во Сиднеј, закажан од 1. до 9 јануари, објавија денеска австралиските организатори. Освојувачот на 20 гренд-слем титули претходно го доведе во прашање својот настап на првиот календарски Гренд слем турнир Австралија опен, одбивајќи да одговори дали е вакциниран против коронавирус, што е услов за влез во австралиската сојузна држава Викторија. АТП купот не наметна обврска за задолжително вакцинирање, но секој патник за влез во Австралија мора да покаже потврда за вакцинирање или да мине 14 дено ви во карантин. Невакцинираните тенисери во тој случај мораат да пристигнат во Сиднеј најдоцна до 16 декември. Од 20-те најдобро рангирани светски тенисери на АТП купот во Сиднеј ќе недостигаат само двајца – Шпанецот Рафаел Надал и Швајцарецот Роџер Федерер. Титулата ја брани Русија, која во Сиднеј ќе допатува во истиот состав, кој во неделата го освои Дејвис купот со триумфот во финалето над Хрватска.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/gjokovikj-kje-uchestvuva-na-atp-kupot-vo-sidnej/feed/ 0
Аеродромот во Сиднеј се продава за 17,5 милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aerodromot-vo-sidnej-se-prodava-za-17-5-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aerodromot-vo-sidnej-se-prodava-za-17-5-milijardi-dolari/#respond Mon, 08 Nov 2021 08:32:10 +0000 https://kurir.mk/?p=592476

Аеродромот во Сиднеј денеска соопшти дека се согласил на понуда за преземање од 17,5 милијарди долари од австралиски инвестициски конзорциум само неколку дена по повторното воспоставување меѓународни патувања. Одборот на директори на аеродромот едногласно ја одобри продажбата на Сиднеј Авиејшн Алијанс (Sydney Aviation Alliance) – конзорциум од инфраструктурни инвеститори и австралиски пензиски фондови – и препорача акционерите да гласаат „за“. Алијансата понуди 8,75 долари по акција, или 23,6 милијарди австралиски долари (17,5 милијарди американски долари), откако претходните понуди во последните месеци беа одбиени како премногу ниски. – Денешното соопштение е кулминација на повеќемесечниот ангажман меѓу сите страни, се вели во изјавата на претседателот на аеродромот во Сиднеј, Дејвид Гонски. – Управниот одбор на аеродромот во Сиднеј верува дека резултатот ја одразува соодветната долгорочна вредност за аеродромот, додаде тој. Соопштението доаѓа по делумното повторно отворање на меѓународната граница на Австралија, речиси 600 дена по почетокот на едно од најтешките затворања на границите во светот поради пандемијата. Продажбата на аеродромот подлежи на одредени услови, вклучително и независна експертска проценка. Се очекува акционерите да го разгледаат договорот на состанокот во првиот квартал на 2022 година, а за одобрување е потребно мнозинство од 75 процент]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aerodromot-vo-sidnej-se-prodava-za-17-5-milijardi-dolari/feed/ 0