сила – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 Sep 2023 15:27:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сила – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Полицајци прекумерно употребиле физичка сила – еве што се случило https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/politsajtsi-prekumerno-upotrebile-fizichka-sila-eve-shto-se-sluchilo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/politsajtsi-prekumerno-upotrebile-fizichka-sila-eve-shto-se-sluchilo/#respond Tue, 12 Sep 2023 15:27:40 +0000 https://kurir.mk/?p=877340

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Специјализираното Одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави кривична пријава против Г.Ф., И. Х. и  Б.Н., полициски службеници во СВР Штип, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 ст.1 од Кривичниот законик. Имено, пријавените во својство на полициски службеници, пречекорувајќи ги границите на своите службени овластувања на 01.09.2023 во 21 часот над оштетениот Б.Н., кој бил лишен од слобода и задржан во просториите на СВР Штип, неосновано и прекумерно употребиле физичка сила. Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе бидат преземени мерки согласно одредбите од Колективниот договор на МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/politsajtsi-prekumerno-upotrebile-fizichka-sila-eve-shto-se-sluchilo/feed/ 0
Неколку совети како да ја зголемите физичката сила https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nekolku-soveti-kako-da-ja-zgolemite-fizichkata-sila/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nekolku-soveti-kako-da-ja-zgolemite-fizichkata-sila/#respond Thu, 16 Mar 2023 09:54:05 +0000 https://kurir.mk/?p=812611

Кофеинот е пријател на вежбањето – за време на кревањето тегови ќе ви ја зголеми силата, прагот на болка и издржливоста на мускулите. Тренингот надвор од теретана е подеднакво важен колку и тежината што ќе ја ставите на шипка. За поголеми тежини и за подобар перформанс потребно е добро да се подготвите, а тоа може да го направите на неколку едноставни начини. Визуелизирајте Секој ден треба да издвоите 15 до 20 минути за опуштање и рамислување за тоа како на следниот тренинг ќе успеете да направите сѐ што сте зацртале. Потрудете се целите да ги визуелизирате детално, вклучете ги емоциите, мирисите и звуците: што појасно ја гледате замислата, толку пореално ќе ви изгледа. Поставете цели Поставувајте си јасни цели. Само да речете „сакам поголема физичка сила“ не е доволно специфично. Но, кревање 50 кг. од прв обид звучи доволно добро и изводливо. Потрудете се вашите цели да бидат реални и не се откажувајте. Одберете ја вистинската музика Одберете енергична музика што ве мотивира, направете плејлиста и пуштете ја на најгласно кога кревате тегови. Внесете доволно кофеин Кофеинот е одличен за тренинг, за време на кревањето тегови ќе ви ја зголеми силата, прагот на болка и издржливоста на мускулите. Идеално е да го внесете во организмот половина до еден час пред да почнете со вежбање. Добро најадете се За голема сила ви треба доволно енергија и протеини за мускулите, па потрудете се час-два пред тренингот да внесете доволно здрави јаглехидрати и протеини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nekolku-soveti-kako-da-ja-zgolemite-fizichkata-sila/feed/ 0
Храна која дава сила за време и по заболување од корона: Придржувајте се до едно правило и ќе бидете како нови! https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/hrana-koja-dava-sila-za-vreme-i-po-zaboluvanje-od-korona-pridrzuvajte-se-do-edno-pravilo-i-kje-bidete-kako-novi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/hrana-koja-dava-sila-za-vreme-i-po-zaboluvanje-od-korona-pridrzuvajte-se-do-edno-pravilo-i-kje-bidete-kako-novi/#respond Wed, 09 Feb 2022 11:29:07 +0000 https://kurir.mk/?p=629066

Болката во грлото е еден од симптомите што им пречи на многумина, особено ако се заразени со сојот омикрон. Редовното пиење чај и други топли напитоци може, во голема мера, да ги ублажи болестите. Хидратацијата е исклучително важна за сите оние кои имаат дијареа, болки во мускулите или треска. Гадење, затнат нос и нагон за повраќање може да се ублажат и со пиење повеќе течности. Со себе треба да имате чај, вода, вода со лимон и мед. Најдобро е пациентот да зема лажица по лажица, на секои неколку минути. Пациентите со Ковид треба да консумираат мека храна и едноставни оброци. Многу луѓе немаат апетит за време на болеста, па дури и не можат да станат и да јадат. Затоа супите и чорбите се одлично решение, кои можете да ги послужите во голема шолја. Се препорачуваат и обезмастено млеко и јогурт, печено пилешко, јајца без многу зачини за да не предизвикаат мачнини. Пациентот никогаш не смее да гладува. Некои денови, кога ситуацијата е навистина лоша, може да се помине само со тост и чај. Меѓутоа, како што се подобрува состојбата на човекот, би било добро да се внесуваат соодветните хранливи материи. Заедно со месото, јајцата и млечните производи, неопходно е да се зема и друга храна богата со протеини како грав и леќа. Природни извори на витамини кои се препорачуваат се мрсна риба и печурки поради витаминот Д, цитрус и кисела зелка поради витаминот Ц, како и пробиотските својства.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/hrana-koja-dava-sila-za-vreme-i-po-zaboluvanje-od-korona-pridrzuvajte-se-do-edno-pravilo-i-kje-bidete-kako-novi/feed/ 0
Наместо одговори и одговорност за сите скандали, СДСМ демонстрира сила и ароганција начинот на избор на Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namesto-odgovori-i-odgovornost-za-site-skandali-sdsm-demonstrira-sila-i-arogancija-nachinot-na-izbor-na-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namesto-odgovori-i-odgovornost-za-site-skandali-sdsm-demonstrira-sila-i-arogancija-nachinot-na-izbor-na-zaev/#respond Mon, 22 Mar 2021 10:41:08 +0000 https://kurir.mk/?p=486031

Хибридниот режим на Зоран Заев на дело. СДСМ нема ниту „Д“ од демократија. Додека во секоја демократска земја после секоја афера и скандал следува оставка и одговорност Драги Рашковски се уште ужива на одмор во Мексико. После афери како „Леонардо“ и „Софтвер“ се уште не дава оставка напротив арогантно бара и повикува на тв дуели. Наместо да глуми СДСМ демократија на внатрепартиски избори со еден кандидат потребно е да превземат одговорност. Во текот на вчерашниот ден видовме како СДСМ организира избори, преку брутална злоупотреба на партиските и државни ресурси за партиски цели. За првите директни внатрепартиски избори СДСМ ги злоупотреби државните ресурси, тие се одвиваа во училишта, градинки, ккао и домови на културата низ цела Македонија. Цела година помина откако излезе аферата „Леонардо“ тешка 7 милиони евра, а нема епилог! Драги Рашковски му заврши секретарувањето во Владата без правен епилог за местење тендер, потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека лани на 4 јули постапка отвори Државната комисија за спречување корупција, а на 19 септември постапка отвори Јавното обвинителство. И додека во фокусот е уште една афера за Рашковски со скандалозната набавка на сообраќајниот софтвер кој што самиот го патентирал тој ужива на одмор во Мексико. Претходната влада на Заев купила софтвер што ќе овозможи автоматско казнување. Ама изминаа повеќе од осум месеци од датумот кога софтверот требало да биде испорачан, а камерите не изрекуваат казни. Потрагата по одговорот зошто, отвора дополнителни дилеми. Софтверот не го купил надлежниот ресор МВР, туку Генералниот секретаријат на Владата – тогаш предводен од Драги Рашковски. Огласот бил распишан во ноември 2019 година, се пријавиле три фирми, а со победникот „Инвока гроуп“ бил потпишан договор вреден околу 81 000 евра во февруари 2020 година. Софтверот, кој треба да одредува брзина, локација, регистарска табличка и да регистрира прекршоци, како на пример, поминување на црвено, требало да биде испорачан најдоцна во јули 2020 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/namesto-odgovori-i-odgovornost-za-site-skandali-sdsm-demonstrira-sila-i-arogancija-nachinot-na-izbor-na-zaev/feed/ 0
САД и ЕУ со осуда за употребата на сила на протестите во Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-i-eu-so-osuda-za-upotrebata-na-sila-na-protestite-vo-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-i-eu-so-osuda-za-upotrebata-na-sila-na-protestite-vo-rusija/#respond Sun, 24 Jan 2021 09:10:23 +0000 https://kurir.mk/?p=459093

САД најостро ја осудија употребата на полициска сила врз демонстрантите и новинарите на вчерашните протести низ Русија, соопшти Стејт департментот. – Постојаните напори за сузбивање на правата на Русите за мирни собири и слобода на говорот, апсењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални и сузбивањето на протестите, загрижувачки укажуваат на натамошните ограничувања на цивилното општество и основните слободи, се наведува во соопштението. Стејт департментот потсетува дека правата на руските граѓани на мирен собир и учеството на слободни и чесни избори е содржано не само во Уставот на земјата, туку и во руските обврски кон ОБСЕ, Универзалната декларација за човекови права и нејзините меѓународни обврски кон Меѓународниот пакт за граѓански и политички права. САД ги повикаа руските власти да ги ослободат сите притворени поради кршење на нивните универзални права, како и моментно ослободување на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални. Исто така, и високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел изрази жалење поради „масовните апсења и употребата на прекумерна сила“. – Во понеделник ќе разговараме со министрите за надворешни работи на ЕУ за идните чекори, напиша Борел на Твитер. ЕУ побара Навални веднаш да биде ослободен. Повеќе земји членки и Европскиот парламент бараат воведување нови санкции против Русија, но за тоа е потребна едногласна одлука од сите 27 членки. И претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин побара ослободување на Навални и „целосно и безусловно почитување на неговите права“, изразувајќи „сериозна загриженост“ на ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-i-eu-so-osuda-za-upotrebata-na-sila-na-protestite-vo-rusija/feed/ 0
Силата на луѓето: Го преместија автомобилот за да помине пожарникарското возило (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/silata-na-lugjeto-go-premestija-avtomobilot-za-da-pomine-pozarnikarskoto-vozilo-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/silata-na-lugjeto-go-premestija-avtomobilot-za-da-pomine-pozarnikarskoto-vozilo-video/#respond Thu, 20 Aug 2020 17:01:33 +0000 https://kurir.mk/?p=393211

Овие херои се здружија за да го тргнат автомобилот со цел да може да помине пожарникарското возило кое брзаше да го изгасне огинот во висококатницата. Погледнете: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/silata-na-lugjeto-go-premestija-avtomobilot-za-da-pomine-pozarnikarskoto-vozilo-video/feed/ 0
Порошенко: Со Путин може да се разговара само од позиција на сила https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poroshenko-so-putin-moze-da-se-razgovara-samo-od-pozicija-na-sila/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poroshenko-so-putin-moze-da-se-razgovara-samo-od-pozicija-na-sila/#respond Sat, 23 Feb 2019 09:38:30 +0000 https://kurir.mk/?p=167242

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека со шефот на руската држава Владимир Путин може да се разговара само од позиција на сила. – Мислам дека човек може да разговара со Путин само од позиција на сили, изјави Порошенко во интервју за американската телевизија Фокс Њуз. Според украинскиот претседател, дијалогот со Путин би можел да даде резултати единствено ако „меѓународната коалиција биде доволно силна“ и ако санкциите кон Моксва бидат „исклучително ефикасни“. Порошенко оцени дека американската Администрациха „врши одлична работа“, на само од аспект на санкциите кон Москва, туку и поради доставувањето на Украина на противтенковските ракетни системи „Џевелин“. – Потребно е зголемување на присуството на НАТО во Црното Море, поради незаконската (руска) анексија на Крим, изјави Порошенко, додавајќи дека присуството на бродови на Алијансата во Црното Море ќе претсавува „фактор на стабилност“ во регионот. Порошнеко последниве недели ја заостри реториката кон Москва, потег што некои аналитичари го оценуваат како дел од неговата предизборна кампања во пресрет на претседателските избори во Украина. Последните анкети на јавното мислење покажуваат дека Порошенко заостанува во популарноста зад неговите двајца главни противкандидати за претседателската функција, Володомир Зелински од популистчката партија Слуга на народот (СН) и поранешната премиерка Јулија Тимошенко од конзервативниот Сеукраински сојуз „Татковина“ (Баткивштина).(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poroshenko-so-putin-moze-da-se-razgovara-samo-od-pozicija-na-sila/feed/ 0
Си Џинпинг: Не е исклучена можноста за употреба на сила кон Тајван https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-dzinping-ne-e-iskluchena-moznosta-za-upotreba-na-sila-kon-tajvan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-dzinping-ne-e-iskluchena-moznosta-za-upotreba-na-sila-kon-tajvan/#respond Wed, 02 Jan 2019 09:19:17 +0000 https://kurir.mk/?p=147361

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска рече дека никој не може да го промени фактот дека Тајван е дел од Кина и дека Пекинг е подготвен, ако е потребно, да употреби сила за да ги порази сепаратистичките сили на Тајван. – Независноста на Тајван може да доведе само до мртва точка – предупреди Си во свечениот говор во Палатата на народите во Пекинг, при тоа додавајќи дека Кина мора да биде обединета и дека тоа ќе се случи. Според Си, независноста на Тајван би довела до катастрофа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-dzinping-ne-e-iskluchena-moznosta-za-upotreba-na-sila-kon-tajvan/feed/ 0