силен ветер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 05 Aug 2023 09:31:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png силен ветер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Црвено предупредување за Риека и Госпиќ, најавен град и силен ветер https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsrveno-predupreduvane-za-rieka-i-gospik-najaven-grad-i-silen-veter/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsrveno-predupreduvane-za-rieka-i-gospik-najaven-grad-i-silen-veter/#respond Sat, 05 Aug 2023 09:31:39 +0000 https://kurir.mk/?p=863611

Хрватскиот хидрометеоролошки завод доцна синоќа издаде црвено предупредување за Риека и Госпиќ. Портокалово е за Карловац, Загреб и Сплит, а жолто за Осиек, Кварнер и Далмација. Најавен е град и силен ветер. Сите оперативни сили и учесници во системот за цивилна заштита се во состојба на готовност. Силно невреме со обилни врнежи од дожд веќе ја зафати областа Кварнер, јавија хрватските медиуми. На подрачјето на Кварнер, според првите информации, има паднати дрвја и оштетен имот. Во Мали Лошињ 25 пожарникари засега се распоредени на 36 интервенции. Граѓаните пријавија уништување електрични столбови, делови од куќи, оџаци, а потопен е и брод. Ситуацијата не се смирува ниту во загребската област. Дождот не престанува да врне, што дополнително влијае на водостојот на Сава, кој на секој час се зголемува за шест сантиметри. Сава почна да се излева во западниот дел на Загреб, поточно кај Јанкомир, а загрозени се и најниските делови на општина Брдовец, чии жители ноќеска први добија порака од Системот за рано предупредување и управување со кризи. Министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ изјави дека состојбата со водостоите е сериозна. -Според сите сателитски и радарски снимки, бранот што следи ќе го зафати поголемиот дел од Хрватска, веројатно не секаде со ист интензитет, но в сабота се очекуваат грмежи и најверојатно ќе врне пороен дожд во текот на ноќта. Ваквото покачување на нивото на реката го имаме како последица на она што се случува во Словенија, така што е сериозна ситуација, изјави синоќа Божиновиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsrveno-predupreduvane-za-rieka-i-gospik-najaven-grad-i-silen-veter/feed/ 0
ВИДЕО: Фудбалски „балон“ одлетува како да е хартија во Ниш, децата избегале https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-fudbalski-balon-odletuva-kako-da-e-hartija-vo-nish-detsata-izbegale/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-fudbalski-balon-odletuva-kako-da-e-hartija-vo-nish-detsata-izbegale/#respond Thu, 20 Jul 2023 09:15:41 +0000 https://kurir.mk/?p=858369

За само 3 часа силна супер бура ги зафати речиси сите делови на Србија. По разорните налети на ветрот што прво ја погодија Сремска Митровица и западниот дел на земјата, налетите на силниот ветер стигнаа до Ниш. Неверојатна снимка од вториот по големина српски град прикажува фудбалски „балон“ како се распарчува како хартија од ветровите. За среќа, децата кои биле внатре навреме избегале и се засолниле.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by 192.RS (@192_rs)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-fudbalski-balon-odletuva-kako-da-e-hartija-vo-nish-detsata-izbegale/feed/ 0
Во Славонија забележани удари на ветер од 180 км/ч! https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slavonija-zabelezhani-udari-na-veter-od-180-km-ch/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slavonija-zabelezhani-udari-na-veter-od-180-km-ch/#respond Thu, 20 Jul 2023 06:10:50 +0000 https://kurir.mk/?p=858258

Државниот хидрометеоролошки завод  на Хрватска (ДХМЗ) соопшти дека, според податоците за брзината на ветерот од автоматската станица ДХМЗ во Градиште кај Жупања, во средата во периодот од 18 до 19 часот на тоа подрачје биле забележани удари на ветрови до 180 километри на час, додека најголем налет во загребската област е регистриран во Горица. ДХМЗ ги собра првите податоци за брзината на ветрот, кој за време на големото невреме во Загреб и неговата околина, а потоа и во областа Славонија, урна дрвја и однесе покриви. Невремето однесе три животи, а повеќе од сто луѓе беа повредени, од кои некои потешко. Исто така, од ДХМЗ, според моментално достапните податоци велат дека најсилен налет во областа на Загреб е забележан во Велика Горица, каде на аеродромот е измерен удар на ветер од 115 километри на час. Во Максимир е забележан налет од 92 километри на час, а во Сљемен кај Пунтијарка дувал ветер со брзина од 88 километри на час.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slavonija-zabelezhani-udari-na-veter-od-180-km-ch/feed/ 0
Силниот ветер оштети покрив на зграда во Куманово https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/silniot-veter-oshteti-pokriv-na-zgrada-vo-kumanovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/silniot-veter-oshteti-pokriv-na-zgrada-vo-kumanovo/#respond Mon, 27 Feb 2023 10:05:46 +0000 https://kurir.mk/?p=805532

Силниот ветер оштети покрив на зграда во центарот на Куманово. Општинскиот инспектор за домување, денеска врши увид на оштетен покрив кој е надвиснат над зграда во центарот на Куманово. Просторот е ограден со полициска лента која укажува на опасност. Вчера интервенираше и кумановската противпожарна единица. Покривот е подигнат и преклопен. - Наша екипа интервенираше вчера. Во текот на денот ќе мора да се санира овој покрив, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски. Од општинскиот инспекторат за домување на Куманово велат дека ќе се изврши увид на местото на настанот и ќе се констатира дали зградата е управувана согласно Законот за домување, дали има управител или заедница на сопственици. - Ако има управител, тогаш ќе се задолжи да се донесе нужна одлука за санирање на покривот, ако не, тогаш, сопствениците на посебните делови сами треба да го реализираат тоа, сами да одлучат и веднаш да го санираат покривот, изјавија од општинскиот инспекторат за домување. Просторот сè уште е означен со полициска лента.

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/silniot-veter-oshteti-pokriv-na-zgrada-vo-kumanovo/feed/ 0
Силниот ветер во Велес урна дрва и гранки на повеќе локации https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/silniot-veter-vo-veles-urna-drva-i-granki-na-povekje-lokacii/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/silniot-veter-vo-veles-urna-drva-i-granki-na-povekje-lokacii/#respond Tue, 08 Feb 2022 18:20:33 +0000 https://kurir.mk/?p=628791

Поради силниот ветар во текот на денешниот ден, имаше откорнати и паднати гранки и дрвја на повеќе локации во Велес – кај касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ на ул. „Благој Ѓорев“ ,во дворот на ООУ „Блаже Конески“ и кај затворот во Превалец. На сите локации собрани се паднатите гранки и дрвја, информираат од ЈКП„Дервен“. -Наши екипи по дојавата веднаш се упатија на терен и за кратко време ги отстранија паднатите дрвја и гранки, велат од ЈКП„Дервен“. Од Брза помош информираа дека кај нив до 17 часот никој не пријавил повредени лица од пад на дрвја и гранки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/silniot-veter-vo-veles-urna-drva-i-granki-na-povekje-lokacii/feed/ 0
Половина Словенија во „портокалова фаза” поради опасност од силен ветер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polovina-slovenija-vo-portokalova-faza-poradi-opasnost-od-silen-veter/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polovina-slovenija-vo-portokalova-faza-poradi-opasnost-od-silen-veter/#respond Fri, 28 Feb 2020 11:07:18 +0000 https://kurir.mk/?p=309931

Поради опасност од силен ветер словенечките метеоролози прогласија „портокалова фаза” во централниот и источниот дел на државата јави дописникот на МИА. Според метеоролозите во областа Штаерска на некои места ветерот ќе достигне брзина и до 100 километри на час. Во текот на изминатота ноќ, поради силен јужен ветер во областа Приморска, некои објекти во Пиран кои се во близина на морето беа поплавени. Управата за заштита и спасување информираше дека имале неколку интервенции во овој регион.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polovina-slovenija-vo-portokalova-faza-poradi-opasnost-od-silen-veter/feed/ 0
ВО ВЧЕРАШНОТО НЕВРЕМЕ: Ветерот во Скопје бил со брзина од над 100 км/ч https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-vcherashnoto-nevreme-veterot-vo-skopje-bil-so-brzina-od-nad-100-km-ch/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-vcherashnoto-nevreme-veterot-vo-skopje-bil-so-brzina-od-nad-100-km-ch/#respond Thu, 27 Feb 2020 08:52:58 +0000 https://kurir.mk/?p=309398

Во Скопје ветерот што синоќа дуваше бил со брзина од над 100 километри на час, информира утринава Управата за хидрометеоролошки работи. Силниот ветер откорна дрвја, покриви од згради и оштети фасади на објекти. Во западните и северните делови од државата ветерот бил со брзина над 70 километри. Во текот на ноќта и изутринава претежно во западните делови имало врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег каде се формирала снежна покривка и имало појава на снежни наноси. За денеска синоптичарите најавуваат променливо облачно време со повремен дожд особено во западните делови од државата. На планините ќе има врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен западен ветер во западните делови, а долж Повардарието северен и со умерен интензитет. Максималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 14 степени. Во Скопје слично време со максимална температура до 10  степени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-vcherashnoto-nevreme-veterot-vo-skopje-bil-so-brzina-od-nad-100-km-ch/feed/ 0
ВИДЕО: Ветер дувал толку силно што подигнал во воздух продавач и чадор за сонце- никој не успеал да го задржи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-veter-duval-tolku-silno-shto-podignal-vo-vozduh-prodavach-i-chador-za-sonce-nikoj-ne-uspeal-da-go-zadrzi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-veter-duval-tolku-silno-shto-podignal-vo-vozduh-prodavach-i-chador-za-sonce-nikoj-ne-uspeal-da-go-zadrzi/#respond Thu, 28 Mar 2019 14:20:24 +0000 https://kurir.mk/?p=179883

За време на силниот удар на ветерот во турската област Кадрили, сигурносните камери на еден пазар снимиле човек кој летнал заедно со чадорот за сонце. При невремето на во понеделникот почнало се да лета од тезгата, вклучувајќи ги и касите со пари, зеленчукот и останатите работи, но никој не очекувал дека ќе летне и продавачот. Како што забележале камерите, Мехмет Али Ланак и уште две лица кои биле во близина, се обиделе да го задржат чадорот за сонце да не падна од ветерот. Ветерот дувнал толку силно, што Мехмет летнал заедно со чадорот. Како што објасниле надлежните, бурата траела 10-ина минути, а Мехмет не е сериозно повреден. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-veter-duval-tolku-silno-shto-podignal-vo-vozduh-prodavach-i-chador-za-sonce-nikoj-ne-uspeal-da-go-zadrzi/feed/ 0
Силниот ветер буквално си поигруваше со авионот и со судбината на патниците при слетувањето на аеродромот во Тиват (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/silniot-veter-bukvalno-si-poigruvashe-so-avionot-i-so-sudbinata-na-patnicite-pri-sletuvanjeto-na-aerodromot-vo-tivat-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/silniot-veter-bukvalno-si-poigruvashe-so-avionot-i-so-sudbinata-na-patnicite-pri-sletuvanjeto-na-aerodromot-vo-tivat-video/#respond Fri, 04 Jan 2019 14:09:38 +0000 https://kurir.mk/?p=148432

На социјалните мрежи се појави снимка од авион во близина на аеродромот во Тиват, Црна Гора, со кој како што пренесуваат медиумите од регионот, силниот ветер буквално си поигрувал. „Го снимив ова кај местото Радановиќ, во близина на Тиват. Ризичен обид за слетување на ATR. Летот беше пренасочен кон Подгорица“, се вели во описот на видеото. Дека на патниците не им било лесно додека ветерот силно го занесувал авионот, се само некои од коментарите на социјалните мрежи, а од Аеродромот на Црна Гора за медиумите соопштија дека вчера дури четири авиони биле пренасочени од Тиват кон Подгорица, што е редовна процедура кога дува силен ветер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/silniot-veter-bukvalno-si-poigruvashe-so-avionot-i-so-sudbinata-na-patnicite-pri-sletuvanjeto-na-aerodromot-vo-tivat-video/feed/ 0
Силен ветар однесе пет жртви во Италија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-vetar-odnese-pet-zrtvi-vo-italija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-vetar-odnese-pet-zrtvi-vo-italija/#respond Mon, 29 Oct 2018 19:44:34 +0000 https://kurir.mk/?p=121074

Пет лица ги загубија животите денеска во Италија, при инциденти предизвикани од налетите на силен ветер. Две млади лица загинале недалеку од Рим, кога дрво паднало врз автомобилот со кој патувале. Во сличен инцидент, едно лице загина во град Терачина, на сто километри југоисточно од Рим. Четвртата жртва на невремето е 21-годишен човек во Неапол, врз кој паднало дрво додека одел по улица. Жена загинала во Савона во регионот Лигурија, кога била погодена од предмет носен од силниот ветар. Италијански медиуми јавија за десетици дрвја искорнати од корен насекаде низ Рим, поради што многу паркови се затворени. Во училиштата беше прекината наставата, а локалните власти ги повикаа граѓаните да не ги напуштаат своите домови ако немаат голема потреба. Во поголемиот дел од Италија во сила беше предупредувањето за поројни дождови и силни ветрови. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-vetar-odnese-pet-zrtvi-vo-italija/feed/ 0