силјан штркот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 21 Apr 2023 16:18:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png силјан штркот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Изведена првата куклена претстава при МНТ, „Силјан Штркот“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-deneshen-den-izvedena-prvata-kuklena-pretstava-pri-mnt-siljan-shtrkot-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-deneshen-den-izvedena-prvata-kuklena-pretstava-pri-mnt-siljan-shtrkot-2/#respond Fri, 21 Apr 2023 17:37:12 +0000 https://kurir.mk/?p=826207

Првата премиера на куклена претстава при Македонскиот народен театар била изведена на денешен ден во 1946 година. Станува збор претставата „Силјан Штркот“, работена според истоимената народна приказна. Имено, Македонски народен театар прв ја согледува потребата од негување најмлада публика – децата, со што создава услови за формирање куклен театар. Поради тоа во 1946 година, само една година по неговото формирање МНТ, формира и Куклена сцена иницирана и остварена од режисерот Светлана Малахова и актерот Петре Прличко, која на плакатот за првата претстава е назначена како Куклен театар за деца. Во 1949 година и официјално прераснал во Градски куклен театар, чиј директор бил Лазар Балабанов. Во сезоната 1957/58, под раководство на Ристо Стефановски, театарот се реорганизирал во Младинско- детски театар. Веројатно токму и поради авантурата и перипетиите во кои се преплетува светот на реалноста и фантастичноста, не случајно е одбрано таа магија на театарот да се отвори/разоткрие со Силјан Штркот. Премиерно прикажана на 21 април 1946 година, Силјан Штркот живее 76 години на сцената на МНТ, најпрво во драматизација на Петре Прличко, според избор од македонското народно творештво, објавено во трудовите на Марко Цепенков, а сега во драматизација на Дејан Дуковски, потпирајќи се и продолжувајќи ја таа традиција. Силјан Штркот започнала преку изработката на куклите и режијата на Светлана Малахова, и продолжува да живее денес преку маските и живата игра на актерите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-deneshen-den-izvedena-prvata-kuklena-pretstava-pri-mnt-siljan-shtrkot-2/feed/ 0
Театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“ викендов во Прилеп – погледнете ја програмата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/teatarskiot-festival-za-deca-siljan-shtrkot-vikendov-vo-prilep-poglednete-ja-programata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/teatarskiot-festival-za-deca-siljan-shtrkot-vikendov-vo-prilep-poglednete-ja-programata/#respond Mon, 09 May 2022 19:06:05 +0000 https://kurir.mk/?p=674206

Театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“ е првиот детски театарски фестивал на професионални театри во државата, којшто се одржува во Прилеп од 2019 година. Идејата за фестивалот ја покренаа актерките Марија Спиркоска Илијеска и Ангела Наумовска, едни од основачките на Здружението на граѓани „Мал Театар” Прилеп. Главната цела на организаторите е промовирање на театарската уметност, културните вредности и естетиката преку интерактивни содржини со најмладата публика, јакнење и одржување на пријателство, хуманост, толеранција и љубов помеѓу децата, како и градење на нова театарска публика. Штркот Силјан (Илија Волчески), фестивалската маскота е идејно решение на Александар Џинго. Маскотата ја симболизира преобразбата на Силјан од штрк во човек и обратно. Во овогодинешното издание на Силјан со свои претстави ќе се претстават три национални театри (Велес, Куманово, Штип), а придружната програма вклучува промоции на илустрирани авторски изданија за деца и краток филм, изложба и концерт на познати детски рефрени. Фестивалот свечено ќе биде отворен со поздравен говор и со новата фестивалска химна „Рашири крилја“ на авторот Томе Темелкоски. Изведувачка на химната е Александра Трајческа и хорот при Гимназијата „Мирче Ацев“, а на сцената ќе настапат учениците од 6 одделение при ОУ „Кире Гаврилоски-Јане“. Во рамките на фестивалот ќе се одржи тематска изложба на децата од градинките „Наша Иднина“ и првоодделенците на ОУ „Кире Гаврилоски-Јане“ на претходно зададена тема „Штрк“. Отворањето на изложбата ќе биде пред почетокот на фестивалот, и ќе биде достапна за посетителите во текот на целиот фестивал. Исто така, ќе биде промовирана авторката приказна за деца „Сонцето и кралицата на темнината“ на авторката Оливера Андоновска, со илустрации од Александар Џинго. При интерактивното фестивалско затворање ќе се одржи концерт на детски песни со бендот The Four и премиерно ќе биде прикажан детскиот филм „Снежана и седумте џуџиња“ во стоп-анимација, во продукција на  Мал Театар Прилеп и Mr.T LAb. Следно, ќе биде промовираната илустрирана приказна за деца „Ана и нејзиниот велосипед го спасуваат градот“, во рамки на проектот „Детски вело-приказни“, поддржан од Делегацијата на ЕУ во РСМ.  Со комбинирани активности, со поврзување на уметнички форми и физички активности, блиски до детската фантазија и логика, приказната има за цел да влијае врз здравјето на децата, заштедата на енергија, намалувањето на CO2 во атмосферата, и секако врз на животната средина. Во сите планирани придружни активности децата ќе бидат поканети активно да учествуваат, притоа развивајќи ги своите кинетички, мисловни и естетски способности. Фестивалска програма: 13.05.2022 (петок),  19 часот, Голема сала НУЦК „Марко Цепенков“ Свечено отворање на Фестивалот Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Велес „ШУМСКА БОЛНИЦА“,  за деца од 3-10 години   14.05.2022 (сабота), 11 часот, Фоаје на НУЦК „Марко Цепенков“ Промоција на илустрирана детска приказна „Сонцето и кралицата на темнината“ авторка Оливера Андоноска,  илустрации Александар Џинго Книгата ќе биде достапна за продажба во текот на целиот фестивал. 12 часот, Голема сала НУЦК „Марко Цепенков“ Театар „Трајко Прокопиев“ Куманово „ТРНОРУШКА“ за деца од 6-12 години 15 часот, Голема сала НУЦК „Марко Цепенков“ Театар „Ацо Шопов“ Штип „ЧУНГАЛУНГОВСКИ, ПЕПЕЛАШКА И ПРИНЦОТ ТОРТИЧКА“, за деца од 3-10 години 18 часот, Саат-Кула Промоција на проектот „Детски вело-приказни“ и илустрираната приказна за деца „Ана и нејзиниот велосипед го спасуваат градот“. Проектот е поддржан од Европската Унија. 19 часот, Саат-Кула Концерт на детска музика со бендот The Four. 20:30 часот, Саат-Кула Промоција на краток филм за деца во стоп-анимација „Снежана и седумте џуџиња“, во продукција на Мал Театар Прилеп и Mr.T LAb  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/teatarskiot-festival-za-deca-siljan-shtrkot-vikendov-vo-prilep-poglednete-ja-programata/feed/ 0
НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Изведена првата куклена претстава при МНТ, „Силјан Штркот“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-deneshen-den-izvedena-prvata-kuklena-pretstava-pri-mnt-siljan-shtrkot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-deneshen-den-izvedena-prvata-kuklena-pretstava-pri-mnt-siljan-shtrkot/#respond Thu, 21 Apr 2022 05:19:26 +0000 https://kurir.mk/?p=666277

Првата премиера на куклена претстава при Македонскиот народен театар била изведена на денешен ден во 1946 година. Станува збор претставата „Силјан Штркот“, работена според истоимената народна приказна. Имено, Македонски народен театар прв ја согледува потребата од негување најмлада публика – децата, со што создава услови за формирање куклен театар. Поради тоа во 1946 година, само една година по неговото формирање МНТ, формира и Куклена сцена иницирана и остварена од режисерот Светлана Малахова и актерот Петре Прличко, која на плакатот за првата претстава е назначена како Куклен театар за деца. Во 1949 година и официјално прераснал во Градски куклен театар, чиј директор бил Лазар Балабанов. Во сезоната 1957/58, под раководство на Ристо Стефановски, театарот се реорганизирал во Младинско- детски театар. Веројатно токму и поради авантурата и перипетиите во кои се преплетува светот на реалноста и фантастичноста, не случајно е одбрано таа магија на театарот да се отвори/разоткрие со Силјан Штркот. Премиерно прикажана на 21 април 1946 година, Силјан Штркот живее 76 години на сцената на МНТ, најпрво во драматизација на Петре Прличко, според избор од македонското народно творештво, објавено во трудовите на Марко Цепенков, а сега во драматизација на Дејан Дуковски, потпирајќи се и продолжувајќи ја таа традиција. Силјан Штркот започнала преку изработката на куклите и режијата на Светлана Малахова, и продолжува да живее денес преку маските и живата игра на актерите.]]>

Првата премиера на куклена претстава при Македонскиот народен театар била изведена на денешен ден во 1946 година. Станува збор претставата „Силјан Штркот“, работена според истоимената народна приказна. Имено, Македонски народен театар прв ја согледува потребата од негување најмлада публика – децата, со што создава услови за формирање куклен театар. Поради тоа во 1946 година, само една година по неговото формирање МНТ, формира и Куклена сцена иницирана и остварена од режисерот Светлана Малахова и актерот Петре Прличко, која на плакатот за првата претстава е назначена како Куклен театар за деца. Во 1949 година и официјално прераснал во Градски куклен театар, чиј директор бил Лазар Балабанов. Во сезоната 1957/58, под раководство на Ристо Стефановски, театарот се реорганизирал во Младинско- детски театар. Веројатно токму и поради авантурата и перипетиите во кои се преплетува светот на реалноста и фантастичноста, не случајно е одбрано таа магија на театарот да се отвори/разоткрие со Силјан Штркот. Премиерно прикажана на 21 април 1946 година, Силјан Штркот живее 76 години на сцената на МНТ, најпрво во драматизација на Петре Прличко, според избор од македонското народно творештво, објавено во трудовите на Марко Цепенков, а сега во драматизација на Дејан Дуковски, потпирајќи се и продолжувајќи ја таа традиција. Силјан Штркот започнала преку изработката на куклите и режијата на Светлана Малахова, и продолжува да живее денес преку маските и живата игра на актерите.]]>
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-deneshen-den-izvedena-prvata-kuklena-pretstava-pri-mnt-siljan-shtrkot/feed/ 0
Да ги научиме децата наместо технологијата, да го сакаат театарот: Македонски актерки го пронајдоа вистинскиот начин-ова е програмата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/da-gi-nauchime-decata-namesto-tehnologijata-da-go-sakaat-teatarot-makedonski-akterki-go-pronajdoa-vistinskiot-nachin-ova-e-programata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/da-gi-nauchime-decata-namesto-tehnologijata-da-go-sakaat-teatarot-makedonski-akterki-go-pronajdoa-vistinskiot-nachin-ova-e-programata/#respond Thu, 16 May 2019 14:39:03 +0000 https://kurir.mk/?p=198716

Да ги тргнеме децата од мобилните телефони, таблетите и компјутерите. Ова е главната цел за организација на настаните кои ќе се одржат следниот викенд. Нема подобар начин на воспитување од тоа да ги научите децата да ја сакаат културата, традицијата, уметноста. Наместо да ги оставите со модерната технологија во својата соба, однесете ги на театар, Од 31-ви мај почнува Театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот.“ Еве ја програмата: Петок (31-ви мај 2019-та) 18:00 Театар Војдан Чернодрински - Забава со Lotus Lounge Chair 19:00 Свечено отворање на фестивалот 19:10 Театарска претстава Црвенкапа Театар Велес Сабота (01-ви јуни 2019-та) 12:00 Кино Мис Стон, театарска претстава Малиот Принц, Театар на сенки и облаци Скопје 13:00. Работилница театар на сенки 20:00 Центарот на градот Саат Кула, театарска претстава Заборавените кукли Театар Битола 21:00 Забава со Тhe Four Недела (02-ри јуни 2019-та) 18:00 Театар Војдан Чернодрински, пречек на гости 19:00 Театат Војдан Чернодрински, театарска претстава, Грдото пајче, Театар за деца и младинци Скопје. Иницијатор за овие случувања е актерката Марија Спиркоска Илијеска. Таа е ќерка на еден од најпознатите македонски актери, покојниот Благоја Спиркоски-Џумерко. Растена е на штиците кои живот значат, во гримиорните, во театар. Од таму е и идејата да направи сè што е во нејзина можност, да им ја доближи оваа уметност на децата. -Во програмата за култура на општина Прилеп за 2019-та година предвидено е да се втемели љубовта кон театарот и театарската уметност меѓу најмладата публика. Во децата треба да се вложува, да се едуцираат и да се заразат со театарската магија. Тие се најискрената публика, за нив треба да се направи најдобро. Само така ќе успееме во наредните години да добиеме генерации кои ќе знаат како треба да се однесуваат во театар, што значи уметноста и како треба да ја надградуваме и развиваме уметноста воопшто, вели Спиркоска Илијеска во изјава за КУРИР. Освен таа, зад оваа организација застанува и актерката Ангела Наумоска. Минатата година таа освои две награди, една на Меѓународен фестивал и друга на „Војдан Чернодрински“. -Да ги натераме да заборават на виртуелниот свет кој го живеат, да ги остават мобилните телефони и компјутерите, да им ја разбудиме креативноста и да им овозможиме незаборавен детски театарски викенд, истакна Наумоска за КУРИР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/da-gi-nauchime-decata-namesto-tehnologijata-da-go-sakaat-teatarot-makedonski-akterki-go-pronajdoa-vistinskiot-nachin-ova-e-programata/feed/ 0