силна бура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 25 Mar 2023 14:30:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png силна бура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најмалку 23 загинати во торнадo и силна бура во Мисисипи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-23-zaginati-vo-tornado-i-silna-bura-vo-misisipi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-23-zaginati-vo-tornado-i-silna-bura-vo-misisipi/#respond Sat, 25 Mar 2023 14:30:32 +0000 https://kurir.mk/?p=816355

Најмалку 23 лица загинаа, а неколку десетици се повредени во торнадото и силната бура со грмотевици што синоќа зафати дел од американската сојузна држава Мисисипи, соопшти државната агенција за вонредни состојби и извести дека торнадото предизвикало материјална штета во област подолга од 160 км. Четири лица се водат како исчезнати, а тимовите за пребарување и спасување трагаат по преживеани откако невремето ја погоди областа Сивер Сити во западен Мисисипи, соопшти државната Агенција за вонредни состојби. - За жал, очекуваме овие бројки да се променат, најавија тие, мислејќи на бројот на загинати. Си-Ен-Ен јавува дека тимови за пребарување и спасување биле и во Ролинг Форк, градот најтешко погоден од торнадото. -Никогаш досега не сум видела вакво нешто, изјави Бренди Шооа за Си-Ен-Ен. „Ова беше убав мал град, а сега го нема“. Ловците на бури испратиле најмалку 24 извештаи за торнада до Националната метеоролошка служба во текот на ноќта. На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледаат урнати згради и автомобили превртени на страните, како и групи луѓе кои се обидуваат да излезат од урнатините.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-23-zaginati-vo-tornado-i-silna-bura-vo-misisipi/feed/ 0
Силни бури во Бангладеш и во Индија, најмалку 59 жртви https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silni-buri-vo-bangladesh-i-vo-indija-najmalku-59-zrtvi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silni-buri-vo-bangladesh-i-vo-indija-najmalku-59-zrtvi/#respond Mon, 20 Jun 2022 06:53:53 +0000 https://kurir.mk/?p=692964

Најмалку 59 лица загинаа при лизгање на земјиште и од удар на гром за време на силните бури во Бангладеш и во Индија. Милиони лица се блокирани, а здравстевните работници се борат за да дојдат до најзагрозените. Метеоролози предупредуваат на влошување на временските услови во наредните неколку дена. Владини лица во Бангладеш ја опишуваат состојбата како најлоша во земјата од 2004 година, јави Би-би-си. Постојаните дождови минатата недела поплавија огромни делови од североисточните региони на Бангладеш. Ситуацијата ја влошува истекувањето на дождовницата од планините во соседна Индија. Училиштата се претворени во импровизирани засолништа, а војници евакуираат лица отсечени од соседните заедници. По пет дена непрекинат дожд, во Асам во Индија над 1.8 милиони лица се соочени со поплави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silni-buri-vo-bangladesh-i-vo-indija-najmalku-59-zrtvi/feed/ 0
Бројот на жртвите во силните бури во Онтарио и Квебек, во Канада, се зголеми на осум https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zrtvite-vo-silnite-buri-vo-ontario-i-kvebek-vo-kanada-se-zgolemi-na-osum/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zrtvite-vo-silnite-buri-vo-ontario-i-kvebek-vo-kanada-se-zgolemi-na-osum/#respond Mon, 23 May 2022 06:39:16 +0000 https://kurir.mk/?p=680308

Бројот на жртвите на силните бури во двете најнаселени канадски провинции, Онтарио и Квебек, се зголеми на најмалку осум, соопштија локалните власти. Службите за итни случаи продолжуваат со обнова на уништените столбови за да може да се обнови снабдувањето со струја во домовите на половина милион жители на двете провиници, објави „Гардијан“. Невремето, што во саботата попладне траеше повеќе од два часа и беше со јачина на торнадо, остави траги на уништување во делови од провинциите Онтарио и Квебек. Ветровите со брзина од 132 километри на час соборија дрвја, урнаа електрични столбови и уништија бројни далноводи. Компаниите за производство и дистрибуција на електрична енергија се обидоа вчера да го повратат снабдувањето со електрична енергија, а најголем број смртни случаи имаше од паднати дрвја, соопштија владини претставници. Премиерот Џастин Трудо изјави дека федералната влада е подготвена да им помогне на луѓето на кои тоа им е потребно. „Размислуваме за сите што беа погодени и благодарни сме на тимовите кои работат на враќање на електричната енергија“, напиша Трудо на Твитер. Најголемата дистрибутивна мрежа за електрична енергија во Онтарио, Хидро 1, соопшти дека ја вратила електричната енергија во повеќе од 360.000 домови, но до рано утринава 226.000 домаќинства сè уште беа без струја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zrtvite-vo-silnite-buri-vo-ontario-i-kvebek-vo-kanada-se-zgolemi-na-osum/feed/ 0
Силната бура и ветрот во Дубровник буквално носеа човек- тој со голема брзина се мавна со главата во ѕид (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/silnata-bura-i-vetrot-vo-dubrovnik-bukvalno-nosea-chovek-toj-so-golema-brzina-se-mavna-so-glavata-vo-dzid-voznemiruvachko-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/silnata-bura-i-vetrot-vo-dubrovnik-bukvalno-nosea-chovek-toj-so-golema-brzina-se-mavna-so-glavata-vo-dzid-voznemiruvachko-video/#respond Sun, 24 Feb 2019 09:27:05 +0000 https://kurir.mk/?p=167613

Силните до сега незапаметени ветришта носеа дрвја, покриви, фасади, киосци, превртуваа јахти, а во силната бура во БиХ се повредени шест лица, од кои еден тешко. Во Дубровник, пак се случуваше вистинска драма во центарот на градот. Ветрот буквално го збриша и со голема сила човекот кој удри со главата во ѕид. Минувач му помогна да се подигне и го внесе во ресторанот, чии безбедносни камери го снимија страшниот инцидент. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/silnata-bura-i-vetrot-vo-dubrovnik-bukvalno-nosea-chovek-toj-so-golema-brzina-se-mavna-so-glavata-vo-dzid-voznemiruvachko-video/feed/ 0
Силната бура Медикејн викендов ќе ја погоди Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silnata-bura-medikejn-vikendov-kje-ja-pogodi-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silnata-bura-medikejn-vikendov-kje-ja-pogodi-evropa/#respond Fri, 28 Sep 2018 11:23:36 +0000 https://kurir.mk/?p=107402

Силна и ретка бура, налик на ураган и тајфун, претстојниов викенд ќе го погоди источниот дел на Средоземното Море, јави Си-Ен-Ен. Според телевизијата, станува збор за хибридна бура, која се нарекува Медикејн. Податоците од едно истражување спроведено во 2011 година укажуваат дека во текот на една година се случуваат една или две бури Медикејн и дека тие најчесто се јавуваат во септември или октомври кога водата на површината на Средозменто Море и натаму е релативно топло. Сепак, покрај во септември или во октомври, Медикејн бура може да се појави и во кој било друг период од годината. Особено силна Медикејн бура го погоди подрачјето во близина на италијанскиот остров Сицилија во 2014 година. Сегашната бура последниве денови предизвика поплави во делови на Тунис и Либија, а сега преку Медитеранот се движи на север кон Европа. Си-Ен-Ен наведува дека минувајќи преку Средоземното Море бурата најверојатно ќе поприми карактеристики на ураган и утре ќе ги погоди грчкиот остров Крит и јужните делови на Грција, по што ќе се упати на исток кон Турција. Грција бура Сања Се очекува деловите низ кои ќе мине бурата да бидат погодени од обилни врнежи и силни ветришта. Како што претходно јави МИА, Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција соопшти дека државните институции се во состојба на готовност во очекување на бурата и апелираше до граѓаните да бидат внимателни. Поради приближувањето на циклонот училиштата и градинките денеска се затворени во голем дел од Грција. Генералниот секретаријат за цивилна заштита објави и видео на социјалните мрежи со кое ги советува граѓаните како да се заштитат од невремето. Грција бура Сања - Кога дува силен ветер, не поминувајте под големи дрва, под закачени табли и места од кои може да паднат предмети. Избегнувајте активности на море и плажа. Ако фати силна бура додека возите, застанете на безбедно место покрај патот, далеку од дрва и вклучи трепкачи. Не поминувајте низ поплавени места и речни корита за време на врнежите од дожд. Избегнувајте области каде што имало поплави, лизгање или одрон на земјиште. Пред да тргнете информирајте се за временската прогноза и одбери безбедна рута, ги советуваат граѓаните од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција, преку кусото видео. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silnata-bura-medikejn-vikendov-kje-ja-pogodi-evropa/feed/ 0