силно невреме – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 28 Aug 2023 17:14:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png силно невреме – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Силно невреме ги зафати Италија и Словенија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silno-nevreme-gi-zafati-italija-i-slovenija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silno-nevreme-gi-zafati-italija-i-slovenija/#respond Mon, 28 Aug 2023 17:14:02 +0000 https://kurir.mk/?p=871789

Центарот на Трст денеска беше поплавен откако силен дожд и невреме го погодија овој североисточен италијански пристанишен град, а невремето потоа се префрли во соседна Словенија, каде поради поплавите во неколку области мораа да интервенираат пожарникарски екипи. Евидентирани се и прекини во електричната енергија, јавува „24сата“. Многу граѓани и туристи во Трст се засолниле во угостителските објекти на и околу крајбрежниот плоштад „Италијанско единство“. Ветровите однесоа многу маси и друг мебел од кафулињата на отворено. Невремето во рок од само 20 минути исфрли огромно количество вода врз центарот на градот, по што небото се расчисти. Северна Италија и денеска се соочува со многу силно невреме, што почна за време на викендот, со многу провинции погодени од дождови, грмотевици, силни ветрови и лизгање на земјиштето, меѓу другите екстремни случаи. Висок водостој е забележан и во Венеција, која се наоѓа појужно. Од другата страна од земјата, во северозападната провинција Пиемонт, пожарникарите и полицијата мораа да интервенираат со плуг за да ослободат неколку автомобили заробени во снегот во планинскиот премин Коле Дел Анџело, во близина на градот Кунео, на границата меѓу Италија. и Франција. Повредени нема, возилата подоцна се спуштиле во долината, а патот се уште е затворен. Критична е ситуацијата и во Ломбардија на северот, каде поради делумни поплави се евакуирани десетина лица. Екстремните временски услови го нарушија и националниот сообраќај, а државниот патен оператор Анас најави затворање на три главни патишта во северните провинции Ломбардија и Пиемонт. Управата за заштита и спасување на Република Словенија извести дека пожарникарите морале да интервенираат околу пладне поради поплави во областите на Толмин, Нова Горица, Загорје об Сава, Лашко, Велење и Целје, пишува словенечката агенција СТА. Прекини на струја се забележани во словенечкото приморје, а невреме со град е регистриран во градот Ајдовшчина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silno-nevreme-gi-zafati-italija-i-slovenija/feed/ 0
СИЛНО НЕВРЕМЕ ГО ЗАФАТИ СКОПЈЕ – во овие моменти во главниот град силен дожд, грмежи и ветер! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/silno-nevreme-go-zafati-skopje-vo-ovie-momenti-vo-glavniot-grad-silen-dozhd-grmezhi-i-veter/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/silno-nevreme-go-zafati-skopje-vo-ovie-momenti-vo-glavniot-grad-silen-dozhd-grmezhi-i-veter/#respond Sat, 01 Jul 2023 13:47:08 +0000 https://kurir.mk/?p=851548

Силно невреме во воие моменти го зафати главниот град Скопје. Се исполни очекувањето на метеоролозите кои најавуваат невреме во текот на попладневните часови и ноќта. Невремето е проследено со силен ветер, електрични празнења и дожд. Повеќе детали наскоро...]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/silno-nevreme-go-zafati-skopje-vo-ovie-momenti-vo-glavniot-grad-silen-dozhd-grmezhi-i-veter/feed/ 0
Силно невреме во Словенија предизвика поплави и пожари https://arhiva.kurir.mk/svet/region/silno-nevreme-vo-slovenija-predizvika-poplavi-i-pozari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/silno-nevreme-vo-slovenija-predizvika-poplavi-i-pozari/#respond Wed, 08 Jun 2022 08:46:43 +0000 https://kurir.mk/?p=688178

Студениот фронт со силен дожд и ветер, кој во текот на ноќта ги зафати речиси сите делови на Словенија, уништи дрвја и покриви, а пожарникарите мораа да испумпуваат вода од поплавените згради и да изгаснат пожар предизвикан од молња. Словенечката управа за цивилна заштита и помош при катастрофи соопшти дека невремето е низ целата земја, со исклучок на Приморска, а пријавени се вкупно 135 инциденти, со интервенција на 66 доброволни територијални противпожарни бригади и три професионални противпожарни бригади. Тимовите за интервенција имаа најмногу работа во источниот дел на земјата, каде што удари на гром оштетија неколку станбени и деловни објекти, пренесува СТА. Пожарникарите интервенирале и на живинарска фарма во Словенска Битрица за да спасат 3.000 кокошки од давење. Поплавени се десетици патишта, а реката Пака се излеа од коритото и го урна мостот на локалниот пат Горњи Долиќ-Козјак. Словенија неодамна доживеа многу вакви дождови, некои од нив проследени со силен град, во кој беа уништени сезонските култури, а беа оштетени и згради.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/silno-nevreme-vo-slovenija-predizvika-poplavi-i-pozari/feed/ 0
Силно невреме и снег во Калифорнија, затворени планински патишта и дел од аеродромот во Лос Анџелес https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silno-nevreme-i-sneg-vo-kalifornija-zatvoreni-planinski-patishta-i-del-od-aerodromot-vo-los-andzeles/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silno-nevreme-i-sneg-vo-kalifornija-zatvoreni-planinski-patishta-i-del-od-aerodromot-vo-los-andzeles/#respond Mon, 27 Dec 2021 10:30:08 +0000 https://kurir.mk/?p=613570

За време на божиќниот викенд, силно невреме предизвика виулици и ги затвори автопатите во планините во Северна Калифорнија и Невада. Метеоролозите предупредија дека патувањето во планините Сиера Невада може да биде тешко неколку дена. Затворени се 112 километри од меѓународниот автопат 80 од Колфакс, Калифорнија, до областа на езерото Тахо на границата со Невада. Министерството за транспорт во Калифорнија соопшти дека се затворени и други планински патишта, истовремено предупредувајќи ги возачите за опасноста од намалена видливост и лизгави патишта. „Денес е еден од оние денови кога можете само да останете дома. Се очекува уште снег“, напиша на Твитер Метеоролошката служба во Рено, Невада. Поради очекуваните виулици и налетите на ветар до 72 километри на час, таа издаде предупредување за зимско невреме во областа на езерото Тахо. Ова е уште едно невреме што ја погоди Јужна Калифорнија со обилни врнежи што ги поплавија улиците во саботата навечер, но и ветар кој остави многу луѓе без струја. Во округот Санта Барбара силниот ветар собори дрвја и предизвика материјална штета. Нема информации за жртви. Меѓународниот аеродром во Лос Анџелес соопшти дека делумно го затворил Терминалот 5 поради невреме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silno-nevreme-i-sneg-vo-kalifornija-zatvoreni-planinski-patishta-i-del-od-aerodromot-vo-los-andzeles/feed/ 0
Десетина француски департмани во очекување на силно невреме https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetina-francuski-departmani-vo-ochekuvanje-na-silno-nevreme/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetina-francuski-departmani-vo-ochekuvanje-na-silno-nevreme/#respond Fri, 26 Jun 2020 10:29:49 +0000 https://kurir.mk/?p=363350

Десетина француски департмани се ставени во метеоролошка претпазливост поради ризик од силно невреме во текот на целиот денешен ден, јави дописникот на МИА. Покрај силниот дожд, пропратен со силен ветер и на места град, се очекува и силно електрично празнење на атмосферата. Слична беше ситуацијата и во текот на вчерашниот ден, што според регистрираните електрични празнења се најде на третото место од почетокот на годината. со вкупно 8.864 громови. Претходно на 3 јуни беа забележани 9.930 удари од грим, а на 9 мај дури 12.304 удари од гром. Франција во текот на изминатите неколку дена, како и денеска е зафатена од топлотен бран и на многу места максималната температура надмина 30 целзиусови степени. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/desetina-francuski-departmani-vo-ochekuvanje-na-silno-nevreme/feed/ 0
По силниот ветер во Скопје улица во Ѓорче Петров стана хит: „Издуван“ монтажен тоалет го блокира коловозот (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-silniot-veter-vo-skopje-ulica-vo-gjorche-petrov-stana-hit-izduvan-montazen-toalet-go-blokira-kolovozot-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-silniot-veter-vo-skopje-ulica-vo-gjorche-petrov-stana-hit-izduvan-montazen-toalet-go-blokira-kolovozot-foto/#respond Thu, 27 Feb 2020 08:30:29 +0000 https://kurir.mk/?p=309383

Силно невреме го погоди главниот град синоќа, по што низ улиците може да се видат откорнати дрва и фасади од згради. На социјалните мрежи се споделуваат и фотографии и снимки од хаосот кој го предизвикал силниот ветер. На Фејсбук групата „Приказни од булеварот“ е споделена фотографија од улица во Ѓорче Петров, на која се гледа монтажен тоалет среде улица. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-silniot-veter-vo-skopje-ulica-vo-gjorche-petrov-stana-hit-izduvan-montazen-toalet-go-blokira-kolovozot-foto/feed/ 0
ФОТО: Силно невреме во САД, најмалку 11 жртви https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-silno-nevreme-vo-sad-najmalku-11-zrtvi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-silno-nevreme-vo-sad-najmalku-11-zrtvi/#respond Mon, 13 Jan 2020 06:32:06 +0000 https://kurir.mk/?p=288709

Најмалку 11 лица, меѓу кои и двајца работници во службите за итни случаи, загинаа во силното невреме што ги погоди јужните делови на САД и области на Средниот Запад. Смртни случаи поради невремето се пријавени во Тексас, каде што беа замрзнати патишта, Алабама – погодена од смртоносно торнадо и Луизијана, каде силниот ветер разнесе куќа. Стотици илјади луѓе се без струја од Тексас до Охајо, а автопати се затворени во Оклахома и Арканзас поради поплави. Стотина летови се откажани од меѓународниот аеродром во Чикаго. Гувернерот на Арканзас Ејса Хачинсон прогласи вонредна состојба за да им помогне на екипите што работат за повторно воспоставување на доставата на електрична енергија низ целата држава. Торнадото во Луизијана удри со ветрови од 217 километри на час. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-silno-nevreme-vo-sad-najmalku-11-zrtvi/feed/ 0
Силно невреме во северна Италија, едно лица загина, стотина евакуирани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silno-nevreme-vo-severna-italija-edno-lica-zagina-stotina-evakuirani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silno-nevreme-vo-severna-italija-edno-lica-zagina-stotina-evakuirani/#respond Tue, 22 Oct 2019 13:50:13 +0000 https://kurir.mk/?p=254889

Силно невреме го погоди северниот дел на Италија, при што едно лице загина, соопшти противпожарната служба. Во невремето настрада возач на такси додека преминувал преку мост во градот Капријата д’Орба. Пожарникарите соопштија дека околу 100 лица се евакуирани од подрачјето Лигурија. Исто така, имало околу 900 повици меѓу Џенова и Милано, каде патиштата и пругите беа поплавени, а сообраќајот отежнат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silno-nevreme-vo-severna-italija-edno-lica-zagina-stotina-evakuirani/feed/ 0
Големи поплави во Италија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golemi-poplavi-vo-italija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golemi-poplavi-vo-italija/#respond Tue, 22 Oct 2019 07:45:25 +0000 https://kurir.mk/?p=254695

Силно невреме, проследено со поројни дождови предизвика поплави во повеќе области во северозападниот дел на Италија. Врнежите во последните 24 часа поплавија големи површини во централниот дел на Милано, а локалните власти предупредија дека би можело да дојде до излевање на реката Севесо. Повеќето патишта се затворени за сообраќај поради поплави или откорнати дрвја. Невремето ја зафати и Џенова со брзина на ветрот од околу 120 километри на час.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golemi-poplavi-vo-italija/feed/ 0
Уште една природна непогода по силниот земјотрес: Силно невреме во Албанија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ushte-edna-prirodna-nepogoda-po-silniot-zemjotres-silno-nevreme-vo-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ushte-edna-prirodna-nepogoda-po-silniot-zemjotres-silno-nevreme-vo-albanija/#respond Tue, 24 Sep 2019 07:32:35 +0000 https://kurir.mk/?p=244113

Силно невреме проследено со обилен дожд, силен ветер и  грмежи синоќа ја зафати Тирана и повеќе градови во централниот и северниот дел на Албанија. Врнежите биле проследени со молњи и силни ветрови. Според мерењата на ВМС, за 10 минути имало 290 молњи. Според оваа Служба, ситуацијата ќе биде ваква најмалку до денеска попладне. ВМС соопшти дека повеќе врнежи од дожд имало во Тирана, Елбасан и Лежа,Круја, Драч, каде улиците наликувале на реки, а во Тирана имало и паднати дрва. Градоначалникот Ерион Велиај упати апел до граѓаните на Тирана да не излегуваат без некоја поголема потреба за да може побрзо да го расчистат градот. Поради одрони од камен и дрва во прекин е сообраќајот на патниот правец Решен-Букмир. Делови од Драч останаа неколку часа без електрична енергија. Дефектот е саниран околу 23 часот. Ова е уште една природна непогода во Албанија по силниот земјотрес што ја погоди во саботата. Невремето дополнително ја отежнува состојбата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ushte-edna-prirodna-nepogoda-po-silniot-zemjotres-silno-nevreme-vo-albanija/feed/ 0