силвана ангелевска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 22 May 2023 12:39:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png силвана ангелевска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ангелевска: Упорно велевте дека секој денар кој што ќе биде потрошен за коридорите ќе биде јавно објавен, за да потоа кажете дека тоа ќе остане тајна, па како граѓаните да ви веруваат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelevska-uporno-velevte-deka-sekoj-denar-koj-shto-ke-bide-potroshen-za-koridorite-ke-bide-javno-objaven-za-da-potoa-kazhete-deka-toa-ke-ostane-tajna-pa-kako-graganite-da-vi-veruvaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelevska-uporno-velevte-deka-sekoj-denar-koj-shto-ke-bide-potroshen-za-koridorite-ke-bide-javno-objaven-za-da-potoa-kazhete-deka-toa-ke-ostane-tajna-pa-kako-graganite-da-vi-veruvaat/#respond Mon, 22 May 2023 12:39:21 +0000 https://kurir.mk/?p=837436

Денес го имаме третиот закон кој што е донесен на Комисија со европско знаменце, законот за градење. Кога зборувавме претходните неколку дена за законот за урбанистичко планирање тука беше и министерот за транспорт и врски. А, што се однесува до мојот говор поставив јас неколку прашања до министерот, меѓутоа во неговата реплика јас не добив одговори, истакна Силвана Ангелевска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница. Ангелевска додаде дека синдикатите најавуваат дека ќе поднесат претставка до Уставен суд за да го обжалат решението за повеќечасовна работна недела. „Сакаме да се гради, тоа е неспорно. Нашиот сомнеж знаете што е? Сета ова нетранспарентност, сакате да се повикувате на транспарентност ама всушност е антитранспарентност. Нити е договорот објавен“, нагласи пратеничката. Таа посочи дека со самото тоа што договорот упорно не се објавува тука се јавуваат најголемиот број на сомнежи. „Јас секогаш сакам да се повикам на одредени изјави кои што ги даваат владините функционери и да видите која е контрадикцијата што ја прават. Еве една изјава од Влада за Канал 5 на 15-ти мај – „Држава која нема коридори и енергија не може да се развива“. Па дали по шест години ви текна дека е ова така“, појасни Ангелевска. Таа дури посочи дека Блок 3 од РЕК Битола се уште не работи, со својата неспособност власта го уништи РЕК Битола. „Излегува министерот и вели секој денар кој што ќе биде потрошен за „Бехтел и Енка“ ќе биде јавно објавен. И сега на „360 степени“ вест објавена на 29.04.2023 година вели трансакциите кон „Бехтел и Енка“ ќе останат тајна“, прочита Ангелевска. „Таа на говорницата ги докажа контрадикторните изјави на власта со цел да укаже дека се што велат лажат, затоа ниту граѓаните веќе не им веруваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelevska-uporno-velevte-deka-sekoj-denar-koj-shto-ke-bide-potroshen-za-koridorite-ke-bide-javno-objaven-za-da-potoa-kazhete-deka-toa-ke-ostane-tajna-pa-kako-graganite-da-vi-veruvaat/feed/ 0
Ангелевска: Гимнастиските кои ги прави СДСМ и ДУИ за проширување на мнозинството ги прават само за заштитување на самите себе си, нивните криминали и непотизми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelevska-gimnastiskite-koi-gi-pravi-sdsm-i-dui-za-proshiruvane-na-mnozinstvoto-gi-pravat-samo-za-zashtituvane-na-samite-sebe-si-nivnite-kriminali-i-nepotizmi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelevska-gimnastiskite-koi-gi-pravi-sdsm-i-dui-za-proshiruvane-na-mnozinstvoto-gi-pravat-samo-za-zashtituvane-na-samite-sebe-si-nivnite-kriminali-i-nepotizmi/#respond Wed, 22 Feb 2023 15:50:31 +0000 https://kurir.mk/?p=803776

„Во предлогот нема никакво образложение зошто овој министер за дијаспора без ресор треба да се разреши, а воедно не се дава предлог за министер од оваа функција без ресор задолжен за дијаспора“, рече пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Ангелевска на денешната собраниска седница. Таа додаде дека ниту пак во експозето премиерот не навел причини за разрешувањето на овие три министри „Сегашниот предлог за разрешување на министрите значи дека овие што денес се дадени за предлог за разрешување се неспособни, нечесни, неработливи и неодговорни и затоа требаше да се каже дека Алтернатива која ја спаси оваа Влада пред една година сега е неработлива и нечесна“, вели Ангелевска. Ангелевска посочи дека ова што го прави СДСМ и ДУИ и овие гимнастики за проширување на мнозинството во Собранието кое дефакто нема да е проширено и повторно ќе е 64 до 65. Тие тоа го прават сето ова само за да се заштитат себе си, своите криминали и непотизмот. „Во врска со министерот без ресор Џемал Чупи за кого никој ништо не кажа ние самите побаравме кој активности ги имал во своето работење, па така во очи ми падна дека во 23 општини низ Република Македонија се отворени канцеларии за дијаспората во Општина Аеродром, Берово, Босилово, Виница, Гостивар, Дебар, Делчево, Карпош, Кисела Вода, Конче, Кочани, Крушево, Маврово и Ростуше, Македонски Брод, Новаци, Ново Село, Ресен, Свети Николе, Теарце, Центар Жупа и Штип. Понатаму се вршело и обука за функционирање на овие канцеларии и како тие ќе работат“, изјави Ангелевска. Ангелевска запраша дали овие канцеларии воопшто сега ќе продолжат со работа или нема да продолжат со работа ако нема друг министер без ресор задолжен за дијаспора?]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelevska-gimnastiskite-koi-gi-pravi-sdsm-i-dui-za-proshiruvane-na-mnozinstvoto-gi-pravat-samo-za-zashtituvane-na-samite-sebe-si-nivnite-kriminali-i-nepotizmi/feed/ 0
Ангелевска: Наместо реформа во администрацијата како што предизборно ветувавте, ја превработивте и исполитизиравте https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelevska-namesto-reforma-vo-administratsijata-kako-shto-predizborno-vetuvavte-ja-prevrabotivte-i-ispolitiziravte/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelevska-namesto-reforma-vo-administratsijata-kako-shto-predizborno-vetuvavte-ja-prevrabotivte-i-ispolitiziravte/#respond Mon, 20 Feb 2023 18:07:30 +0000 https://kurir.mk/?p=802839

За предлозите за разрешување на министрите, од премиерот имавме предлог само едно ливче без никакво образложение. Ниту позитивно, дали ги исполнил очекувањата, ниту нешто негативно, ниту дали нешто згреши во текот на своето работење, буквално, немаме основ по кој што би дискутирале, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Ангелевска од денешната собраниска седница за разрешување на министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити. Ангелевска посочи дека освен што премиерот Димитар Ковачевски не поднел никакво образложение за разрешувањето на министрите, посебно за министерот Алити не може и ништо да се најде во медиумите, најверојатно, затоа што толку и сработил. По медиумите на интернет за минситерот Алити може да се најде само некои работилници на кои учествувал за изготвување на закони, кои никако да стигнат во Собрание, како и извештај за процентуалната застапеност во балансерот во администрацијата. „Неколку мои колеги, еве и јас кажуваме дека не го познаваме овој министер, не беше експониран, за разлика од Беким сали кој што беше многу поекспониран во јавноста. С еобидов јас во неколку медиуми да најдам одредени изјави, одредени прес конференции, најдов само две, три изјави за извештајот за вработените во јавниот сектор за 2022, за некоја работилница за одредени закони кои што оваа владејачко мнозинство ги најавува веќе неколку години, а никако да стигнат во Собрание. Законот за административни службеници, Законот за висока раководна служба и така натаму, она што и моите колеги го споменаа, а тоа е едно толкување на министерот за балансерот и одредени проценти“, рече Ангелевска. Ангелеска за јавноста кажа дека според последниот извештај за вработените во јавниот сектор имаме 1.346 институции и 132.088 вработени и ако направам  со компарација со последната година во која што ВМРО-ДПМНЕ беше на власт со коалицијата, во 2016 година имаме 1.291 институција  со 129.653 вработени. „Постојано, во сите извештаи на Европската комисија ни е наведено дека потребна ни е реформа во администрацијата, а факт е дека шест години се тапка во место, чекор не е направен. Последниот извештај на Европската комисија вели дека реформата во администрацијата, останува умерено подготвена и факт е дека секојдневните реакции на граѓаните покажуваат дека имаме преобемна, исполитизирана администрација“, истакна пратеничката Ангелевска.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelevska-namesto-reforma-vo-administratsijata-kako-shto-predizborno-vetuvavte-ja-prevrabotivte-i-ispolitiziravte/feed/ 0
Ангелевска: Суштината на се што се случува е дека власта нема стабилно мнозинство, ако некој требаше да се разрешува тоа е премиерот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelevska-sushtinata-na-se-shto-se-sluchuva-e-deka-vlasta-nema-stabilno-mnozinstvo-ako-nekoj-trebashe-da-se-razreshuva-toa-e-premierot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelevska-sushtinata-na-se-shto-se-sluchuva-e-deka-vlasta-nema-stabilno-mnozinstvo-ako-nekoj-trebashe-da-se-razreshuva-toa-e-premierot/#respond Thu, 16 Feb 2023 13:16:54 +0000 https://kurir.mk/?p=801289

Суштината на се што се случува овие последни две недели е дека власта нема стабилно мнозинство и затоа се случува оваа драмолетка. Велите не е математика, но е чиста математика, меѓу Ковачевски и Алијанса, факт е дека немате 61 пратеник, немате мнозинство и нема изјава каде не викате ВМРО-ДПМНЕ кочи. Не кочи ВМРО-ДПМНЕ, туку немате мнозинство, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Ангелевска на денешната собраниска седница. - За вас политиката е само математика и дозволивте во овие тешки времиња на енергетска и економска криза да се занимавате која позиција кому ќе припадне, истакна таа. Ангелевска додаде дека предлогот на премиерот е едно ливче со три имиња да бидат разрешени. - Нема образложение како сработиле, дали сработиле, дали ги исполниле очекувањата, ниту пак премиерот во експозето спомена нешто за овие тројца министри. Дел од министрите беа убедени да дадат оставка, едниот убаво си кажа дека е пазар 3 коалиција. Бидејќи сега зборуваме за Беким Сали кој се уште е министер за здравство, сакам да потсетам како премиерот злоупотребуваше ситуацијата со недостигот на лекот трикафта и прераната смрт на еден битолчанец. Викаа за 30 дена ќе биде набавен, а жално е како се користеше ситуацијата за лукративни цели да се натера министерот да прифати вина, нагласи таа. Ангелевска потсети дека министерот реагираше дека не може да премолчи и дека министерството испратило до владата за средства за набавка на лекот, и дека покрај барањето ниту владата ниту премиерот не одличија да се обезбедат средства. - Ако некој требаше овде да се разрешува требаше премиерот сам да си даде оставка, изјави Ангелевска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelevska-sushtinata-na-se-shto-se-sluchuva-e-deka-vlasta-nema-stabilno-mnozinstvo-ako-nekoj-trebashe-da-se-razreshuva-toa-e-premierot/feed/ 0
Ангелевска: Со СДСМ и ДУИ на власт, МЕПСО и Електрани на Македонија станаа тешки загубари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelevska-so-sdsm-i-dui-na-vlast-mepso-i-elektrani-na-makedonija-stanaa-teshki-zagubari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelevska-so-sdsm-i-dui-na-vlast-mepso-i-elektrani-na-makedonija-stanaa-teshki-zagubari/#respond Mon, 30 May 2022 14:41:14 +0000 https://kurir.mk/?p=683734

Сите сме свесни дека со доаѓањето на СДСМ и ДУИ на власт, МЕПСО и Електрани на Македонија ги направивте тешки загубари. Кои не се способни да инвестираат ништо, ниту пак да ги оддржуваат редовно постројките, а камо ли некои нови инвестиции, истакна пратеничката Силвана Ангелевска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната Собраниска седница. „Цело време се повикувате дека тоа е светска криза во енегријата, меѓутоа факт е дека ако ние доборо работевме, ако немаше криминал, рекет и наместо да се насочат менаџерите на ЕЛЕМ и РЕК Битола да ги оддржуваат постројките и да копаат навремено јаглен, тогаш немаше да бидеме во ваква состојба каква што сме денес“, рече Ангелевска. Ангелевска посочи дека ако произведувавме, ги оддржувавме постројките и не правевме криминали тогаш немаше да бидеме во ваква состојба. Ангелевска додаде дека има најмало производство во гигават часови на Електрани на Македонија. Термоенергетските постројки произвеле само 2078,3 гигават часови. Доколку РЕК Битола работеше и се менаџираше како што треба, тогаш немаше да бидеме во ваква состојба каква што сме денес. „Ако произведуваме онака како што е проектирано спрема инсталираниот капацитет на нашите постројки, тогаш ќе бевме земја извоник на електрична енергија, а не да плаќаме за увоз на електрична енергија“, кажа Ангелевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelevska-so-sdsm-i-dui-na-vlast-mepso-i-elektrani-na-makedonija-stanaa-teshki-zagubari/feed/ 0
Ангелевска: За власта не важат Устав и закони, им се брза да назначат уставни судии кои ќе им бидат партиски послушници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelevska-za-vlasta-ne-vazat-ustav-i-zakoni-im-se-brza-da-naznachat-ustavni-sudii-koi-kje-im-bidat-partiski-poslushnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelevska-za-vlasta-ne-vazat-ustav-i-zakoni-im-se-brza-da-naznachat-ustavni-sudii-koi-kje-im-bidat-partiski-poslushnici/#respond Thu, 03 Mar 2022 12:53:09 +0000 https://kurir.mk/?p=640216

Власта сака да разреши пратеник од комисијата за избори и именувања, комисија која е функционална и може да се свика во секое време, а да биде иронијата поголема Талат Џафери кој е прв потпишан на барањето за разрешување викаше дека не смее да се вика пленарна седница за точка која не е помината на комисија, а оваа точка денеска не е помината на комисија, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Ангелевска. Таа истакна дека јасна е целта зошто на власта и се брза, а тоа е за да може во истата комисија да има послушници кои ќе ги слушаат наредбите од СДСМ и ДУИ и кои ќе треба да изгласаат уставни судии кои исто така ќе бидат партиски послушници. -Во оваа комисија треба да се стави послушник кој ќе ги аминува сите кадрови решенија кои ќе доаѓаат од кујната на Бихаќка и на ДУИ. Тоа значи уставни судии, членови на регулаторна комисија, членови на други тела треба да поминаат на оваа комисија. За брзо ќе видиме дека ултимативна цел е да се донесат нови уставни судии, јавноста ќе се увери дека тоа ќе бидат партиски послушници, да чуваат материјали во фиоки со години ако е потребно, и да решаваат уставност кога на власта ќе потреба, рече Ангелевска. Таа нагласи дека тоа се гледа и што кога власта ја стави на дневен ред оваа точка во исто време е закажана седница на Уставен суд, додавајќи дека за оваа власт законите и Уставот не важат. Ова е спротивно на Деловникот за работа и како ќе го потпише Талат Џафери таквото решение ако се изгласа, но за нив не важе ни Устав ни закони. Законите кои сама власта ги гласала за нив не важат, за Деловникот го толкуваат како ќе им текне. Срам за демократијата и македонското Собрание, партијата која одеше по улици да бара и правда, мир, демократија, бараа јавниот обвинител да го предложи опозицијата, станаа власт и ништо од тоа сега не важи, рече Ангелевска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelevska-za-vlasta-ne-vazat-ustav-i-zakoni-im-se-brza-da-naznachat-ustavni-sudii-koi-kje-im-bidat-partiski-poslushnici/feed/ 0
Ангелевска: ЕЛЕМ отпушта вработени, а пред месеци вработуваше и уште вработува преку агенции за привремени вработувања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelevska-elem-otpushta-vraboteni-a-pred-meseci-vrabotuvashe-i-ushte-vrabotuva-preku-agencii-za-privremeni-vrabotuvanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelevska-elem-otpushta-vraboteni-a-pred-meseci-vrabotuvashe-i-ushte-vrabotuva-preku-agencii-za-privremeni-vrabotuvanja/#respond Fri, 24 Dec 2021 12:37:29 +0000 https://kurir.mk/?p=612654

Власта на Заев го доведе енергетскиот сектор до колапс. Сега својата неспособност ја покриваат не со удар по одговорните туку по вработените. Дозволете да Ве информираме дека со потпис на Васко Ковачевски директорот на ЕЛЕМ, донесен е заклучок со кој се задолжуваат директорите на подружниците да достават список на работни места со број на извршители кои би биле испратени на принуден одмор и делумен прекин на работниот однос со кратење на платите во износ од 30% за период од три месеци. Овој Заклучок го потпишува на 3-ти декември, изјави денеска за медиумите, Силвана Ангелевска, пратеничка на Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Таа истакна дека ваквата одлука доаѓа во исто време кога истиот Ковачевски, на истиот ден 3-ти декември потпишува нов заклучок со кој бара да се ангажираат лица преку Агенција за привремени вработувања кои би почнале со работа од 1-ви Јануари 2022 година. - Ова значи само едно дека власта преку Ковачевски има намера да ги казни партиски неподобните во ЕЛЕМ, а во исто време да вработува нови привремени вработени. ЕЛЕМ само пред неколку месеци вработуваше и сега уште вработува преку агенции за привремени вработувања, а во исто време безмалку отпушта вработени. Јасно е дека таквите списоци за казнување на вработени ќе бидат пополнети со лица кои немаат партиска книшка на СДСМ. Наместо Ковачевски да поднесе одговорност за својата неспособност, наместо Ковачевски да одговара за тоа што ЕЛЕМ го претвори во загубар поради неодговорното работење, тој удира по работниците. Повикуваме оваа постапка веднаш да се прекине, бидејќи во спротивно после промената на власта, ваквата политичка хајка која ја прави Ковачевски ќе биде ревидирана и за тоа Ковачевски ќе сноси одговорност, појасни пратеничката. Ангеловска додаде дека ВМРО-ДПМНЕ им стои на располагање на вработените во ЕЛЕМ кои се или ќе бидат жртва на политички и партиски притисок од страна на раководството предводено од Ковачевски, со секаква, бесплатна правна помош.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelevska-elem-otpushta-vraboteni-a-pred-meseci-vrabotuvashe-i-ushte-vrabotuva-preku-agencii-za-privremeni-vrabotuvanja/feed/ 0
Ангелевска: Власта го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за субвенционирање на струјата за граѓаните, компаниите и општините https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelevska-vlasta-go-odbi-predlogot-na-vmro-dpmne-za-subvencioniranje-na-strujata-za-gragjanite-kompaniite-i-opshtinite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelevska-vlasta-go-odbi-predlogot-na-vmro-dpmne-za-subvencioniranje-na-strujata-za-gragjanite-kompaniite-i-opshtinite/#respond Fri, 10 Dec 2021 13:32:20 +0000 https://kurir.mk/?p=606682

Од денес Република Македонија во наредните 6 месеци ќе биде во енергетска кризна состојба заради недостаток на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија, истакнува Силвана Ангелевска, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. На вчерашната собраниска седница парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ не ги прифати двете барања на ВМРО-ДПМНЕ: -Да се обезбедат 250 милиони евра за субвенционирање на електрична енергија на граѓаните и компаниите за да се спречи дополнителен ценовен шок и инфлација и да се обезбедат пари за сите општини кои од почетокот до па се до крајот на енергетската криза се соочиле со раскинување на договорите од страна на снабдувачите односно да се покрие разликата меѓу првично склучениот договор и моменталната цена на електричната енергија. -Од 9 ноември имавме енергетска кризна состојба во траење до 30 дена, но само едно нешто е различно во периодот пред и по прогласувањето на кризната состојба. Тоа е посиромашен народ за 4 милијарди денари кои поради кризната состојба ќе се испумпаат од буџетот и ќе се префрлат на сметките на АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО за да можат и во иднина неуспешно да работат на сметка на македонските граѓани. „Со 4 милијарди денари можеше да се изгради нов блок во РЕК Битола или пак да се изгради било каков ененргетски објект кој во моментов добро ќе ни дојдеше. За жал Владата предводена од СДСМ одбра да го реши проблемот со недостаток на струја од домашно производство на наједноставен начин за нив, преку испумпување пари од буџетот. Имено, тое е најдоброто што знаат да го прават, да го ограбуваат напатениот македонски народ. Сакаме да ги потсетиме граѓаните за партиските вработувања во МЕПСО и кожните фотељи кои ги плаќаме ние граѓаните. Камионите во РЕК Битола на фирми блиски дo власта кои овие 5 години вртат низ комбинатот повторно ги плаќаме ние граѓаните на Македонија. Прекумерното вработување на партиски нестручни војници во РЕК Битола кои не знаат ништо од енергетика, управување и одржување на електроенергетските постројки поради кои бевме сведоци на дефекти во блоковите од огромни размери, исто така е на грбот на сите оние кои го полнат буџетот на државата“ - истакна таа. Ангелевска потенцира дека и покрај помошта од државата, состојбата во АД ЕЛЕМ е се уште драматична поради три причини:
  1. Празни акумулации на хидроцентралите,
  2. Честите дефекти на постројките поради што имаме се помало домашно производство на електрична енергија,
  3. Ископ на јаловина и откривка за ископ на јаглен нема.
„Владата за овие 30 дена кризна состојба наместо да ја ублажи ситуацијата,  дополнително ја влоши. Македонија е клекната на колена без доволно сопствено производство на електрична енергија, не очекува колапс, сиромаштија, прекини во снабдувањето со електрична енергија. Преносниот систем оператор (МЕПСО) е пред банкрот со превземање на туѓа енергија од европската мрежа за што ќе треба да се платат 15 милиони евра. Ваков срам за македонската енергетика немало од осамостојувањето до денес. За разлика од СДСМ во времето на ВМРО-ДПМНЕ се пуштија со работа неколку нови производни постројки како што се ветерниот парк во Богданци од 35 MW и хидроцентралата Св. Петка. Потоа сите постоечки хидроцентрали беа ревитализирани, што значи станаа како нови постројки. Во ваква катастрофална ситуација со производствените капацитети, СДСМ на чело со Зоран Заев и неговиот послушник Васко Ковачевски велат дека нема место за загриженост. Се било под контрола. Можеби мислат дека е работата во ред затоа што го исполнија планот за уништување на енергетиката во Македонија. Дефинитивно можеме да заклучиме дека со секој изминат дека на власт на СДСМ се оставаат страшни последици од нивното владеење во Република Македонија“ - заклучи пратеничката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelevska-vlasta-go-odbi-predlogot-na-vmro-dpmne-za-subvencioniranje-na-strujata-za-gragjanite-kompaniite-i-opshtinite/feed/ 0
Ангелевска: Кондовски треба да одговори дали по негов налог на просветните работници им се бараат сигурни гласачи да ги фотографираат своите ливчиња како доказ дека гласале за СДСМ? https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/angelevska-kondovski-treba-da-odgovori-dali-po-negov-nalog-na-prosvetnite-rabotnici-im-se-baraat-sigurni-glasachi-da-gi-fotografiraat-svoite-livchinja-kako-dokaz-deka-glasale-za-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/angelevska-kondovski-treba-da-odgovori-dali-po-negov-nalog-na-prosvetnite-rabotnici-im-se-baraat-sigurni-glasachi-da-gi-fotografiraat-svoite-livchinja-kako-dokaz-deka-glasale-za-sdsm/#respond Wed, 27 Oct 2021 12:31:56 +0000 https://kurir.mk/?p=586450

Граѓаните интензивно јавно споделуваат за заканите, притисоците и уцените да гласаат против своја волја, да гласаат за уценувачите од СДСМ и Христо Кондовски. Пред два дена објавивме дека СДСМ под патронат на генералниот секретар Љупчо Николовски спроведува акција со кодно име „Нововработени“ во Битола, истакнува Силвана Ангелевска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Денес го прашуваме Христо Кондовски да одговори, дали по негов налог се повикани просветните работници во Битола во штабот на СДСМ? Го прашуваме Христо Кондовски да одговори дали е точно дека покрај притисокот да гласаат за него спротивно на нивната волја, им се бара да достават списоци со 15 сигурни гласачи? Христо Кондовски треба да одговори дали по негов налог на просветните работници им се бара овие сигурни гласачи да ги фотографираат своите гласачки ливчиња како доказ дека гласале за СДСМ? Мои сограѓани, Ве охрабруваме да не потпаѓате под притисоци и уцени, ние сме горд град и нема да подлегнеме врз заканите на времени директори. Секој еден директор што ќе се осмели да ги малтретира вработените ќе сноси одговорност за направеното. Докази има, а тие се нашите сограѓани кои се жртви на заканите и притисоците, тоа се учители и наставници кои јавно ќе покажат со прст кој ги понижува и ги уценува, истакна таа.

„Христо Кондовски не бира начин како да ја узурпира волјата на граѓаните, впрочем како што и сам јавно кажа Христо Кондовски не е тука за да работи за Битола, туку од неа да заработи“, порача таа.

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/angelevska-kondovski-treba-da-odgovori-dali-po-negov-nalog-na-prosvetnite-rabotnici-im-se-baraat-sigurni-glasachi-da-gi-fotografiraat-svoite-livchinja-kako-dokaz-deka-glasale-za-sdsm/feed/ 0
Ангелевска: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе два амандмани со кои ќе го спречи осиромашувањето на народот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelevska-pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-kje-podnese-dva-amandmani-so-koi-kje-go-sprechi-osiromashuvanjeto-na-narodot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelevska-pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-kje-podnese-dva-amandmani-so-koi-kje-go-sprechi-osiromashuvanjeto-na-narodot/#respond Mon, 05 Jul 2021 10:54:35 +0000 https://kurir.mk/?p=532170

Осиромашувањето и пљачката на народот од страна на Зоран Заев и СДСМ не запира, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Силвана Ангелевска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. -Со најавата за поскапување на струјата, власта повторно планира да удри по џебот на сите граѓани. Имено, ВМРО – ДПМНЕ како одговорна народна партија, но и ние пратениците, за да го спречиме ова најавено поскапување на струјата и да ги заштитиме граѓаните од уште еден грабеж, пред повеќе од еден месец побаравме стапката на данокот на додадена вредност за електричната енергија да се намали од моменталните 18% на 5%. Нашето барање и предлог за намалување на стапката на додадена вредност од 18 на 5% е токму поради недомаќинското и криминалното работење на АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО каде доминантен сопственик е државата. Тие се единствената причина поради која Владата предводена од Заев и СДСМ планира поскапување на цената за електрична енергија. Важно е да се напомене дека власта го послуша барањето на ВМРО-ДПМНЕ, но половично. Тука се гледа неискреноста во намерата на Владата да излезе во пресрет на барањата на граѓаните и компаниите, вели Ангелевска. Таа додава дека токму затоа, денес сакаме да ја информираме македонската јавност дека Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ ќе поднесеме два амандмани со кои ќе го спречиме осиромашувањето на народот кое Владата на Заев го најавува и подготвува во следниов период. -Имено, со првиот амандман бараме стапката на данокот на додадена вредност за електричната енергија од 5% да важи за сите, и за граѓаните и домаќинствата, но и за компаниите и индустријата. Додека пак, со вториот амандман бараме стапката на додадена вредност да остане 5% и во случај цената на електричната енергија да остане иста или продолжи да расте и во иднина. Сметаме дека ова е од исклучителна важност бидејќи со ова ќе спречиме ново и дополнително зголемување на цената на електричната енергија во следниот период. Ова се предлозите на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со кои ќе се спречи дополнителното осиромашување и грабеж на македонските граѓани. Сега власта е на потег, вели таа. Ангелевска додава дека за таа цел, апелираме до пратениците од владејачкото мнозинство и до Владата предводена од Заев и СДСМ, доколку имаат искрена намера и се грижат за граѓаните, да ги прифатат овие предлози. Во спротивно, доколку не го сторат тоа, уште еднаш по којзнае кој пат ќе докажат дека грабежот на граѓаните завзема се поголем замав и никако да престане. Доста е!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelevska-pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-kje-podnese-dva-amandmani-so-koi-kje-go-sprechi-osiromashuvanjeto-na-narodot/feed/ 0