Силвија Стојановска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Mar 2023 16:23:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Силвија Стојановска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Актерката Стојановска ослободена од вина за шверц со дрога: Знаев дека немам ништо со кокаин и криминал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akterkata-stojanovska-oslobodena-od-vina-za-shverts-so-droga-znaev-deka-nemam-nishto-so-kokain-i-kriminal/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akterkata-stojanovska-oslobodena-od-vina-za-shverts-so-droga-znaev-deka-nemam-nishto-so-kokain-i-kriminal/#respond Wed, 15 Mar 2023 16:23:15 +0000 https://kurir.mk/?p=812330

Апелација ја потврди пресудата на Кривичниот суд, со која актерката Силвија Стојановска беше ослободена од вина за обвинението во кое се товареше за помагање при транспорт со дрога. Одлуката е јавно објавена, а актерката за „Макфакс“ посочува дека верувала оти случајот вака ќе заврши уште од првиот момент кога била обвинета. „Задоволна сум од пресудата. Ја знаев од самиот почеток. Знаев дека немам ништо со организиран криминал и со кокаин затоа што никогаш во животот не сум имала допир со криминал. И ова е, фала богу, правичен заклучок“, вели Стојановска. Ослободителната пресуда актерката Стојановска ја доби на повторено судење. Апелација претходно донесе одлука со која ја укина првостепената пресуда, каде што актерката беше осудена на 3,6 години затвор. Според обвинението, Стојановска и Будисављевиќ организирале транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Актерката, нејзиниот партнер Воислав Будисављевиќ и брат му, кој има исти иницијали В. Б., се дел од организирана криминална мрежа, која договорила набавка на кокаин во Колумбија, го пренеле преку Атлантскиот Океан во Шпанија, го скриле во магацин во Мадрид и договориле негова продажба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akterkata-stojanovska-oslobodena-od-vina-za-shverts-so-droga-znaev-deka-nemam-nishto-so-kokain-i-kriminal/feed/ 0
Актерката Силвија Стојановска доби ослободителна пресуда https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akterkata-silvija-stojanovska-dobi-osloboditelna-presuda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akterkata-silvija-stojanovska-dobi-osloboditelna-presuda/#respond Wed, 07 Sep 2022 11:54:31 +0000 https://kurir.mk/?p=729876

Ослободителна пресуда доби актерката Силвија Стојановска, откако беше обвинета за шверц на кокаин. -Обвинетата Силвија Стојановска, се ослободува од обвинение. Обвинителот не докажа дека сторила кривично дело, надвор од разумно сомневање. Мерките на претпазливост остануваат до правосилност на пресудата, кажа судијата Огнен Ставрев кој посочи дека пресудата не е правосилна. Актерката во момент на возбуда го праша судијата: „Скроз сум ослободена?“, Ставрев одговори: „Па трипати Ви кажувам. Согласно челнот 403“. Претходно Апелациониот суд донесе одлука да го врати на повторно судење предметот во кој актерката Стојановска со првостепена пресуда беше осудена на три и пол години затвор поради делото кое и се става на товар шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/akterkata-silvija-stojanovska-dobi-osloboditelna-presuda/feed/ 0
Силвија Стојановска итно хоспитализирана, за влакно избегнала операција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/silvija-stojanovska-itno-hospitalizirana-za-vlakno-izbegnala-operacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/silvija-stojanovska-itno-hospitalizirana-za-vlakno-izbegnala-operacija/#respond Thu, 17 Dec 2020 20:07:35 +0000 https://kurir.mk/?p=444900

Актерката Силвија Стојановска која е една година во домашен притвор, вчера била итно хоспитализирана поради комликации со абдоменот. Семејството на Стојановска ја потврди информацијата за „Женски магазин“.  Најблиските на актерката велат дека таа за влакно изгегнала операција и во моментов нејзината состојба е подобрена. Точно пред една година, Стојановска беше приведена, поради сомнеж дека била дел од мрежа за шверц со дрога. Актерката и нејзиниот сопруг Војислав Будисављевиќ беа изнесени пред судија на претходна постапка во Основниот кривичниот суд и за нив се бараше мерка притвор од страна на Обвинителството за организиран криминал и корупција. Целата вест прочитајте ја ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/silvija-stojanovska-itno-hospitalizirana-za-vlakno-izbegnala-operacija/feed/ 0
Судење за шверцот на кокаин, случај во кој е вмешана актерката Стојановска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenje-za-shvercot-na-kokain-sluchaj-vo-koj-e-vmeshana-akterkata-stojanovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenje-za-shvercot-na-kokain-sluchaj-vo-koj-e-vmeshana-akterkata-stojanovska/#respond Mon, 07 Sep 2020 09:16:34 +0000 https://kurir.mk/?p=400108

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за актерката Силвија Стојановска и нејзиниот партнер Воислав Будисавјевиќ, обвинети за производство и пуштање во промет наркотични дроги. Според обвинението, Стојановска и Будисавјевиќ организирале транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. -Во текот на истрагата Обвинителството утврди дека во периодот од јули 2019 година до 18.12.2019 година обвинетите, заедно со тројцата обвинети во Кралството Шпанија, од кои едниот е македонски државјанин, брат на првообвинетиот, како и повеќе лица, зеле учество во неовластено купување, пренесување и продавање кокаин во вкупна количина од 698.758,1 грама. Обвинетите подготовувале и организирале неовластено купување, превезување и сместување на кокаинот од Колумбија до Мадрид, Кралството Шпанија, и барале купувачи на неа, информира Обвинителството. Обвинетите меѓусебно комуницирале со користење  телефонски мобилни уреди, како и енкрочат мобилни апликации со заштитени канали, а користеле и уред за детектирање евентуална полициска инсталација и дигитални преноси за примена на посебни истражни мерки. Двајцата беа приведени на крајот на декември минатата година. Стојановска е неколку месеци во куќен притвор, а Будисављевиќ во притвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenje-za-shvercot-na-kokain-sluchaj-vo-koj-e-vmeshana-akterkata-stojanovska/feed/ 0
Судењето за актерката Силвија Стојановска продолжува на 7 септември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-akterkata-silvija-stojanovska-prodolzuva-na-7-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-akterkata-silvija-stojanovska-prodolzuva-na-7-septemvri/#respond Fri, 21 Aug 2020 10:01:09 +0000 https://kurir.mk/?p=393418

На денешното судско рочиште за актерката Силвија Стојановска и нејзиниот партнер Воислав Будисавјевиќ, обвинети за производство и пуштање во промет наркотични дроги беше прочитано обвинението, а одбраната ги изнесе воведните зборови пред судот. Според обвинението, Стојановска и Будисављевиќ организирале транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. -Во текот на истрагата Обвинителството утврди дека во периодот од јули 2019 година до 18.12.2019 година обвинетите, заедно со тројцата обвинети во Кралството Шпанија, од кои едниот е македонски државјанин, брат на првообвинетиот, како и повеќе лица, зеле учество во неовластено купување, пренесување и продавање кокаин во вкупна количина од 698.758,1 грама. Обвинетите подготовувале и организирале неовластено купување, превезување и сместување на кокаинот од Колумбија до Мадрид, Кралството Шпанија, и барале купувачи на неа, информира Обвинителството. Обвинетите меѓусебно комуницирале со користење енкрочат телефонски мобилни уреди, како и енкрочат мобилни апликации со заштитени канали, а користеле и уред за детектирање евентуална полициска инсталација и дигитални преноси за примена на посебни истражни мерки Двајцата беа приведени на крајот на декември минатата година. Стојановска е неколку месеци во куќен притвор, а Будисављевиќ во притвор. Ново судско рочиште е закажано за 7 септември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-akterkata-silvija-stojanovska-prodolzuva-na-7-septemvri/feed/ 0
Поднесено обвинение против актерката: Силвија Стојановска и Воислав Будисавјевиќ ќе одговараат за шверц на кокаин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseno-obvinenie-protiv-akterkata-silvija-stojanovska-i-voislav-budisavjevikj-kje-odgovaraat-za-shverc-na-kokain/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseno-obvinenie-protiv-akterkata-silvija-stojanovska-i-voislav-budisavjevikj-kje-odgovaraat-za-shverc-na-kokain/#respond Fri, 12 Jun 2020 12:51:36 +0000 https://kurir.mk/?p=357093

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против Силвија Стојановска и нејзиниот сопруг за шверц на кокаин од Колубија во Шпанија. Потсетуваме, тие беа уапсени пред шест месеци во рамките на меѓународната операција „Колибри“. Обвинителството бара да се продолжи куќниот притвор за актерката. Силвија Стојановска и Воислав Будисавјевиќ се осомничени за неовластено производство и пуштање во сообраќај на наркотици, психотропни супстанци и прекурсори. Во текот на истрагата било утврдено дека од јули 2019-та до декември истата година, обвинетите, заедно со уште неколку лица од Шпанија, учествувале во неовластено купување, пренесување и продавање на кокаин во количина од 698.758,1 грам. Обвинетите планирале и организирале купување, пренесување и сместување на кокаин од Колумбија до Мадрид и барале купувачи на истиот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseno-obvinenie-protiv-akterkata-silvija-stojanovska-i-voislav-budisavjevikj-kje-odgovaraat-za-shverc-na-kokain/feed/ 0
Продолжен е притворот за актерката Силвија Стојановска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzen-e-pritvorot-za-akterkata-silvija-stojanovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzen-e-pritvorot-za-akterkata-silvija-stojanovska/#respond Thu, 06 Feb 2020 08:55:30 +0000 https://kurir.mk/?p=299959

Актерката Силвија Стојановска останува во притвор. Судот одлучи Стојановска да остане во домашен притвор до 16 февруари, кога повторноќе се одлучува за мерката. Познатата актерка беше приведена на 19 декември поради сомневање дека е вмешана во шверц на кокаин, во акција која беше меѓународна, а дрогата беше запленета во Шпанија. Освен Стојановска беше приведен и нејзиниот партнер,а самата се сомничи дека била помагач.во шверцот на 700 килограми дрога од Колумбија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzen-e-pritvorot-za-akterkata-silvija-stojanovska/feed/ 0
МВР со детали: За шверцот на кокаин од Колумбија преку Мадрид досега уапсени 5 лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-so-detali-za-shvercot-na-kokain-od-kolumbija-preku-madrid-dosega-uapseni-5-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-so-detali-za-shvercot-na-kokain-od-kolumbija-preku-madrid-dosega-uapseni-5-lica/#respond Tue, 24 Dec 2019 11:05:35 +0000 https://kurir.mk/?p=281570

Вкупно пет лица, од кои тројца во Шпанија и две во нашата држава, се уапсени, а по други две, еден турски и еден грчки државјанин се трага, како членови и инволвирани во меѓунардона криминална група која незаконски набавувала и продавала кокаин. Во случајов се работи за 700 килограми кокаин набавен од Колумбија, кој преку Шпанија бил наменет за западноевропските земји, а чија продажна вредност на големо може да достигне цена од 20 милиони евра. На денешната заедничка прес-конференција на министерот за вантрешни работи Оливер Спасовски, со обвинителката од Јавното обвинителство за борба против организирниот криминал и корупцијата, Маја Коневска, беше потенцирано дека на 18 декември Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во рамки на меѓународна полициска операција заедно со полициските служби на Шпанија и Колумбија, а во координација на американската агенција за борба против дрога ДЕА, спроведе полициска операција за лишување од слобода на лица – членови на меѓународна организирана криминална група. Целта на меѓународната операција, потенцира Спасовски, беше сузбивање на организирана криминална група и лишување од слобода на лицата идентификувани како дел од меѓународна криминална мрежа составена од криминални соработници од Северна Македонија, Шпанија, Колумбија, Белгија и други држави. – Членовите на меѓународната органзирана криминална група на лице идентификувано како капетан на брод му исплатиле парични средства во вкупен износ од 850.000 евра како дел од сумата договорена за извршување на транспортот на кокаинот од Колумбија до Шпанија. Дрогата е запленета во Мадрид, Шпанија на 18 декември 2019, изјави министерот Спасовски. Лидер на оваа група, бил првопријавениот В.Б. кој заради впишана забрана за патување во земјите од ЕУ, го ангажирал неговиот брат В.Б., резидент на Белгија, со кого остварувал редовни контакти и средби во Скопје и во период јули-декември ги договарале чекорите за пренесување и дистрибуција на кокаинот. Откако биле договорени сите детали на преземањето на кокаинот во Мадрид, на почетокот на декември, пријавената С.С., истакна министерот Спасовски, по инструкции на нејзиниот сопруг В.Б. резервирала апартман во Мадрид на име на неговиот брат В.Б. и го платила со сопствената кредитна картичка. – Исто така, С. С. во текот на октомври 2019 година отпатувала за Мадрид преку Софија, за во име на нејзиниот сопруг В. Б. од Н.Н. шпански државјанин да подигне износ од 10.000 евра, најверојатно поврзани со криминалните активности на оваа криминална мрежа, појасни Спасовски. На денот на преземањето на кокаинот, на 18 декември 2019 година во симултана операција во Шпанија и Северна Македонија, лишувањето од слобода на лидерот на групата во земјава било реализирано, веднаш по лишување од слобода на неговиот брат и двајца шпански државјани во Мадрид, од страна на Шпанската национална полиција, во момент на превземање на комбе „Рено“ со 700 килограми кокаин. Карактеристично за оваа организирана криминална група е тоа што комуникацијата се одвивала на лични и непосредни средби остварени помеѓу членовите и тоа во Скопје, Мадрид, Белград, и Дубаи, потоа Канкун (Мексико) и Картагина (Колумбија) и преку интернет комуникација со висока заштита. На 19 декември 2019, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против две лица и тоа: В.Б. (54) од Скопје и неговата сопруга С.С. (59) од Скопје за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Обвинителот Коневска потсети дека на 19 декември донела наредба да се спроведе истрага против две лица македонски државјани, осомничени дека имаат преземено дејствија на неовластено купување заради неовластено продавање кокаин. Таа нагласи дека кокаинот и купен во Колумбија и е пренесен до Шпанија, по што е скриен во магацин во Мадрид додека да се најдат купувачи. – Во моментот кога се најдени купувачите, дрогата е пренесена од магацинот во возилото, кога и доаѓа до аспењето. Поврзаноста на сторителите во Мадрид и во Скопје беше јасно и евидентно. Извршен е претрес на две локации во Скопје, една е местото на живеење на двајцата обвинети. При претресите најдени се докази што се доволно силни за овој момент да се потврди основаноста на сомнението, појасни обвинителката Коневска. Таа најави дека ќе се оствари координативна средба со сите обвинители во сите земји од каде потекнуваат сторителите на кривичните дела и каде се преземени дејствија на извршување, на која ќе се споделат информациите, ќе се разгледаат доказите што се прибавени при претресите, по што ќе се заземе заеднички став во кој правец понатаму истрагата ќе се движи. На новинарско прашање зошто за осомничената С.С. е побарана мерка притвор по три основи, обвинителката Коневска меѓу другото образложи дека не секогаш сите учесници – сторители на кривично дело за кои постои основано сомнение дека се сторители, се во еднаква улога. – Обвинетиот се појавува како сторител на кривично дело во една западноевропска земја и за истото тоа кривично дело е суден на затворска казна, што ја издржал. За тоа време обвинетата не е судена, досега не е позната како сторител на кривично дело. обвинетиот е невработен, а обвинетета има постојано место на вработување. Она што исто така е многу важно мерката притвор и мерката куќен притвор, се мерки за обезбедување присуство и сметав дека е сосема доволно за да се обезбеди нејзиното присуство, изјави обвинителката Коневска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-so-detali-za-shvercot-na-kokain-od-kolumbija-preku-madrid-dosega-uapseni-5-lica/feed/ 0
Видео од заплената на кокаинот за кој беше уапсена и актерката Силвија Стојановска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/video-od-zaplenata-na-kokainot-za-koj-beshe-uapsena-i-akterkata-silvija-stojanovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/video-od-zaplenata-na-kokainot-za-koj-beshe-uapsena-i-akterkata-silvija-stojanovska/#respond Tue, 24 Dec 2019 10:20:33 +0000 https://kurir.mk/?p=281544

Министерството за внатрешни работи објави детали и видео за големата акција на шверц на 700 килограми кокаин, во која беше уапсена актерката Силвија Стојановска и нејзиниот сопруг. Од МВР велат дека Стојановска е дел од групата која шверцувала кокаин од Колубија во Шпанија, а лидер и организатор бил сопругот Војислав Будисављевиќ. Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во периодот јули-декември 2019 година, во координација со јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презеде низа мерки и активности за утврдување на активностите на организирана криминална група предводена од двајца македонски државјани. Заради размена на информации и договарање на активности и во рамки на предистражната постапка, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал оствари низа средби и координирани состаноци во Скопје и Мадрид со полициски службеници од Шпанија и ДЕА. Инаку, на Стојановска ѝ е одреден 30-дневен куќен притвор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/video-od-zaplenata-na-kokainot-za-koj-beshe-uapsena-i-akterkata-silvija-stojanovska/feed/ 0
„Алфа“: Институциите молчат, јавноста во дилема – што се крие зад аферата „кокаин“? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-instituciite-molchat-javnosta-vo-dilema-shto-se-krie-zad-aferata-kokain/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-instituciite-molchat-javnosta-vo-dilema-shto-se-krie-zad-aferata-kokain/#respond Sat, 21 Dec 2019 15:37:37 +0000 https://kurir.mk/?p=280560

Молк во институциите по завчерашната акција против лица осомничени за трговија со кокаин. Ниту денеска, ни од обвинителството, ни од МВР не соопштуваат детали за акцијата во која беше приведена и познатата македонска актерка Силвија Стојановска. Молкот на надлежните отвора сомнеж, дали наскоро и други лица за истото дело ќе паднат во рацете на меѓународните партнери? Непознато е колку лица учествувале во криминалната мрежа и колкав период траеле нивните активности на црниот пазар? Од МВР велат информација за случајот ќе имало „кога ќе дојде време“, анализира телевизија „Алфа“. Судија на претходна постапка на македонската актерка ѝ одреди 30 дена куќен притвор, а нејзиниот партнер, Војислав Будисављевиќ заврши во истражниот затвор во Шутка. Вчера за Алфа, само кривичниот суд потврди дека мерките за Стојановска и Будисављевиќ биле побарани од обвинителството за организиран криминал и корупција, а судија на претходна постапка ги одредил по три основи: влијание врз сведоци, повторување на делото и обид за бегство. -Во јавноста веќе се шпекулира дека актерката Стојановска била задолжена за логистика: набавки на билети, резервации на хотели, додека клучниот играч во македонската тројка бил братот на Восилав Будисављевиќ кој живее во Мадрид. Во неговиот стан, шпанската полиција нашла докази за трговија со големо количество кокаин, наводно 700 килограми. Медиумите веќе објавија дека Стојановска и браќата Будисаљевиќ се само алка во мегаломанскиот обид во Шпанија да се внесат три тони колумбиски кокаин кои пред три недели заврши во рацете на полицијата. Дрогата била сокриена во подморница, а требала да заврши на улиците во Велика Британија. Шверцерите од оваа пратка планирале да заработат 100 милиони долари, анализира Алфа. Будисављевиќ, во 2010 година беше осуден заедно со Мадам Пепи, односно Персида Момировска, во аферата шверц на кокаин и брендирана облека. Тој тогаш одговараше само за фалсификување на службена исправа, но не и за другите две дела. Инаку, сличен ваков случај со заплена на кокаин имаше и во 2007 година, кога на граничниот преми Блаце беше откриена голема количина кокаин во канти за поликолор во камион превезуван од Алија Азировиќ. Тој заедно со Станислава Чочоровска беа осудени за организирање на транспортот на близу 500 килограми кокаин. Чочоровска доби 14 години затвор, а во 2017 беше пуштена на слобода заради лекување. Прилогот на Алфа, погледнете го во продолжение ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-instituciite-molchat-javnosta-vo-dilema-shto-se-krie-zad-aferata-kokain/feed/ 0