симбол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 18 May 2023 07:46:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png симбол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Парите сами ќе си дојдат: Само нацртајте го овој симбол на парче хартија и секогаш носете го во вашиот паричник! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/parite-sami-ke-si-dojdat-samo-natsrtajte-go-ovoj-simbol-na-parche-hartija-i-sekogash-nosete-go-vo-vashiot-parichnik/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/parite-sami-ke-si-dojdat-samo-natsrtajte-go-ovoj-simbol-na-parche-hartija-i-sekogash-nosete-go-vo-vashiot-parichnik/#respond Thu, 18 May 2023 07:46:48 +0000 https://kurir.mk/?p=835664

Постојат различни амајлии за кои се верува дека носат пари во домот. Еден симбол со векови се смета за позитивен и моќен – тоа е знакот на бесконечноста. Симболот за бесконечност е еден од најстарите симболи што се користат во многу култури. Се смета дека носи позитивен поттик на енергијата, а има посебно значење кога се носи како привезок на нараквица или црвен конец. Овој симбол се користи за хармонија и рамнотежа, а се поврзува и со бројот осум кој симболизира богатство и просперитет. Во фенг шуи, симболот на бесконечноста се користи за усогласување на просторот и подобрување на виталната чи енергија во домот. Според експертите за фенг шуи, тој е во состојба позитивно да влијае на секој простор во кој ќе се најде. Постои симболика дека овој знак треба да се нацрта на парче хартија и да се носи во паричник за да се привлече енергијата на изобилството и протокот на пари. Можете да го украсите, да го обоите со вашата омилена боја или да му дадете личен печат. Ако често го цртате овој знак во вашиот планер или дневник, тоа може да доведе до успех, а ако го истакнете во спалната соба, ќе ја зајакне енергијата на љубовта меѓу партнерите. Ако го закачите овој знак во која било просторија, тој ќе го усогласи просторот. Ако го носите симболот на себе, тој ќе даде енергија и сила, а и ќе ја трансформира негативната енергија во позитивна. Знакот на бесконечност е симбол на позитивна енергија и континуиран развој, па можете да го користите на различни начини за да повикате добри вибрации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/parite-sami-ke-si-dojdat-samo-natsrtajte-go-ovoj-simbol-na-parche-hartija-i-sekogash-nosete-go-vo-vashiot-parichnik/feed/ 0
Во Јапонија за симбол на 2022 година е избран карактер што значи војна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-japonija-za-simbol-na-2022-godina-e-izbran-karakter-shto-znachi-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-japonija-za-simbol-na-2022-godina-e-izbran-karakter-shto-znachi-vojna/#respond Mon, 12 Dec 2022 11:17:35 +0000 https://kurir.mk/?p=774358

Јапонија денеска избра за свој симбол за 2002 година, карактер што значи војна или битка, во годината што ја обележа руската инвазија врз Украина и атентатот на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе. Во Јапонија секоја година јавноста одлучува за симболот кој најдобро ќе ја претставува годината што завршува. Јапонците минатата година го избраа знакот на Олимписките игри за свој симбол. Расположението на јапонската јавност годинава било помрачно, соопшти фондацијата која го организира изборот на симбол. „Руската инвазија врз Украина, атентатот на поранешниот премиер Абе и инфлацијата предизвикаа загриженост кај многу луѓе“, соопшти фондацијата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-japonija-za-simbol-na-2022-godina-e-izbran-karakter-shto-znachi-vojna/feed/ 0
Родените во месец ноември им даваат сила на другите: Дознајте кој е симболот на вашиот живот според месецот на раѓање https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/rodenite-vo-mesec-noemvri-im-davaat-sila-na-drugite-doznajte-koj-e-simbolot-na-vashiot-zivot-spored-mesecot-na-ragjanje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/rodenite-vo-mesec-noemvri-im-davaat-sila-na-drugite-doznajte-koj-e-simbolot-na-vashiot-zivot-spored-mesecot-na-ragjanje/#respond Tue, 01 Nov 2022 09:37:24 +0000 https://kurir.mk/?p=753733

Кој е симболот на вашиот живот? Каков живот живеете и каква иднина ве очекува? Месецот на раѓање го крие одговорот. Јануари – змеј Како и првиот месец во годината, вие сте личност која сите ја следат. Имате силна волја и потенцијал да преминете преку сите пречки во животот. Сепак, внимавајте на своето трпение. Некогаш можете да се најдете во ситуација да реагирате пребурно, а потоа да се каете. Потребно е да најдете некакво хоби, или нешто друго кое ќе може да ве смири за да живеете посреќно и поспокојно. Февруари – феникс Како и вашиот симбол, вие секогаш се кревате од пепелта. Растете посилни и помоќни. Во тоа лежи вашата главна сила. Делувате нежно и кревко и секој би помислил дека може да ве повреди, но имате огромна сила во себе. Март – јинг јанг Вие барате баланс во животот и секогаш ги разгледувате добрите и лошите страни на сите работи. Имате позитивен пристап кон животот и животните ситуации. Сепак, често го гледате само доброто и постојано преговарате и решавате проблеми. Бидете повнимателни кога станува за луѓето. Не се сите добри личности. Април – лав Исполнети сте со неверојатна страст, но сте и многу храбри. Секогаш лесно се справувате со предизвиците. Освен тоа, вие сте многу лојален пријател. Секогаш ги штитите оние кои ги сакате и би го ризикувале својот живот само тие да се среќни. Мај – волк Вие сте роден лидер, но секогаш ја преферирате осаменоста и не ви е проблем да останете во сенка. Не сакате да се наметнувате, но штом ви се даде шанса ја користите и секогаш испаѓате победници во сите нешта. Јуни – риба Вие сте безгрижна личност и се грижите само за слободата во својот живот. Кога би можеле би ги прескокнале сите обврски и одговорности, но тоа не е возможно за вас. Имате огромна сила во себе и затоа не треба да ги игнорирате своите инстинкти. Можете да постигнете многу. Јули – оган Секогаш сте водени од страст и ако нешто ви е важно, не гледате на страна. Сакате силен интензитет, без оглед на тоа дали станува збор за кариера, врски, пријателства или нешто што го сакате. Сепак, чувајте ја таквата страст за да не прерасне во опсесија. Август – коњ Како и коњите, вие сте горди и грациозни, но и сигурни во себе. Сакате слобода и авантури. Само верувајте во себе и можете да постигнете што и да посакате. Септември – цвеќе Вие сакате спокој и мир. Вие носите убавина во овој свет. Имате силна харизма со која ги освојувате другите луѓе. Обожавани сте во секое друштво, а можете да постигнете што и да посакате само со вашата насмевка. Октомври – ѕвезда Вие сте светлината за другите луѓе, секогаш им го покажувате патот. Успехот никогаш не е  само за вас, туку вие го постигнувате така што им помагате на другите. Сепак, треба некогаш да помислите и на себе за да не изгорите за другите. Ноември – дрво Вие сте поддршка и рамо за плачење за другите. Им давате сила и знаат дека секогаш можат да се потпрат на вас. Ви одговара работа која ќе ве направи среќни помагајќи им на оние на кои им е потребно тоа. Декември – вода Како водата која тече, вие се однесувате различно во сите ситуации. Можете да бидете смирени со едни пријатели, а а опасни и турбулентни со други. Се зависи од вашето расположение во конкретниот момент.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/rodenite-vo-mesec-noemvri-im-davaat-sila-na-drugite-doznajte-koj-e-simbolot-na-vashiot-zivot-spored-mesecot-na-ragjanje/feed/ 0
Најпопуларниот симбол во кинеската култура: Сите сме го виделе, а ЕВЕ какво значење има https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najpopularniot-simbol-vo-kineskata-kultura-site-sme-go-videle-a-eve-kakvo-znachenje-ima/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najpopularniot-simbol-vo-kineskata-kultura-site-sme-go-videle-a-eve-kakvo-znachenje-ima/#respond Sun, 25 Sep 2022 19:55:30 +0000 https://kurir.mk/?p=737240

Античкиот симбол Јин и Јанг е веројатно најистакнатиот и најпопуларниот симбол во кинеската култура. Овој познат симбол е претставник на филозофскиот концепт, кој нè учи дека во сите објекти во вселената постојат две главни, контрадикторни, но комплементарни сили кои го водат светот. Бидејќи и најмалите детали околу нас се во постојано движење, секој од овие два елементи (или принципи), исто така, го содржи елементот на другиот. Ова ни дава слика на два екстремно силни симболи кои се неразделни, и уште поважно – еден не може да постои без другиот. Концептот на Јин и Јанг претставува основа на многу кинески филозофски училишта, а особено е поврзан со таоизмот. Централниот термин на таоизмот е „тао“, кој најчесто се преведува како „патот“. Се верува дека „тао“ е непроменлив и дека небото и земјата потекнуваат од него како два пола. Во него го препознаваме машкиот принцип, односно Јанг, како бела, активна, светла страна поврзана со елементот на воздухот и оганот, и Јин, како женскиот принцип, темна, пасивна страна која е поврзана со елементот на водата и земјата. Симболиката, се разбира, не завршува само со поимот на активност и пасивност. Така во Јангот ја препознаваме светлината, односно сонцето, денот, небото, југот, огнот, летото, топлината, креативноста, планината. Спротивните поими, односно месечината, ноќта, земјата, падот, северот, смиреноста, долината, зимата - ги наоѓаме на другата страна или во Јинот. Во кинеската култура, симболот на Јин и Јанг може да се најде во разни форми, иако најчесто е претставен во форма на круг. Истиот круг, покриен со лотосов цвет, е исто така еден од најпопуларните симболи, со акцент на совршенството и чистотата. Лотосовиот цвет е директно поврзан со Буда, но исто така се поврзува со летање, интелигенција и мудрост. Сите сили во природата можат да се гледаат низ призмата на Јин и Јанг, бидејќи сè е во постојано движење. Овие два симболи (темна и светла страна) се неразделни - како и кај луѓето. Оние кои не знаат што е добро, нема да знаат ниту што е лошо. Затоа, во знакот на Јин и Јанг постојат две точки. Во сите нешта постои нешто добро и нешто лошо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najpopularniot-simbol-vo-kineskata-kultura-site-sme-go-videle-a-eve-kakvo-znachenje-ima/feed/ 0
„Луј Витон“ ја претстави новата колекција на накит па предизвика гнев поради симболот кој означуа само едно – агресијата на Русија врз Украина (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/luj-viton-ja-pretstavi-novata-kolekcija-na-nakit-pa-predizvika-gnev-poradi-simbolot-koj-oznachua-samo-edno-agresijata-na-rusija-vrz-ukraina-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/luj-viton-ja-pretstavi-novata-kolekcija-na-nakit-pa-predizvika-gnev-poradi-simbolot-koj-oznachua-samo-edno-agresijata-na-rusija-vrz-ukraina-foto/#respond Wed, 30 Mar 2022 08:30:39 +0000 https://kurir.mk/?p=655478

Модниот гигант „Луј Витон“ претстави нова колекција накит, па предизвика гнев кај обожавателите кои тврдат дека симболот потсетува на оној на агресијата на Русија врз Украина – буквата „Z“. Француската модна куќа на Инстаграм ја претстави унисекс-колекцијата „LV Volt“, со познати личности како лица на брендот. Меѓу нив се раперот Кид Куди, глумицата Џин Чен и Алиша Викандер. Иако се решија, како и обично, со стилизирано преплетување на буквите „L“ и „V“, тие сега постигнаа спротивен ефект бидејќи тоа многумина ги асоцира на „рускиот воен симбол“, па луто одговорија во коментарите потоа. За некои, тоа е дури и „срамен“ потег. - Модата не може да произлезе од војна! Буквата ’Z‘ е симбол на руската агресија против Украина“, „Дали сте сериозни!?“, „Веќе гледам дека ова ќе биде еден од најлошите маркетиншки неуспеси ширум светот, гласат дел од коментарите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/luj-viton-ja-pretstavi-novata-kolekcija-na-nakit-pa-predizvika-gnev-poradi-simbolot-koj-oznachua-samo-edno-agresijata-na-rusija-vrz-ukraina-foto/feed/ 0
ФОТО: Што значи симболот „З“ на руските тенкови и воената опрема? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-shto-znachi-simbolot-z-na-ruskite-tenkovi-i-voenata-oprema/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-shto-znachi-simbolot-z-na-ruskite-tenkovi-i-voenata-oprema/#respond Thu, 24 Feb 2022 12:46:07 +0000 https://kurir.mk/?p=636032

Мистериозна буква „З“ која се гледа на руските тенкови и вооружени автомобили би можела да означува „нема назад“. Повеќе теории за значењето на симболот беа споделени после инвазијата на Путин и од снимките кои се појавија од тенковите со буквата. Руските сили беа видени пред украинската граница денови пред нападот. На објавените снимки на интернет се гледаат тенкови, самоодна артилерија, ракетни фрлачи, камиони за снабдување кои се движат на дистанца од 6 до 25 милји од украинската граница. Сите се обележани со сличен симбол со буквата „З“ во коцка. Извори од армијата велат дека симболот покажува дека војската е спремна за напад. Извор во Киев за „The Sun“ изјавил дека симболот значи дека последните подготовки се при крај. Рускиот аналитичар Роб Ли има теорија дека симболот реферира на контингенти на инвазивните сили во украинските региони. „Изгледа дека руската војска остава маркери близу границата, во овој случај буквата „З“ на нивните возила за да ги идентификува различните работни групи или ешалони“, напиша тој на Твитер. Други теории кои што кружат онлајн се дека симболот е кратенка од „Одредот на Зоро“, името на инвазивните сили, или пак е тајно име за нова единица. Дел од мистеријата е и фактот што буквата „З“ е на латиница а не е на кирилична азбука која се користи во Русија и Украина. Поранешниот офицер Дејвид Кајм смета дека „З“ би можело да го означува името на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Вели дека информацијата ја добил од групата Вагнер, која е брутална паравоена организација која Путин ја користи за црни операции во странство. Кајм додава и дека некои извори во армијата веруваат дека „З“ означува „нема назад“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-shto-znachi-simbolot-z-na-ruskite-tenkovi-i-voenata-oprema/feed/ 0
Дали знаете кој цвет е симбол на Велигден? Тој е омилен кај многумина a не знаат каква моќна порака испраќа тој https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dali-znaete-koj-cvet-e-simbol-na-veligden-toj-e-omilen-kaj-mnogumina-a-ne-znaat-kakva-mokjna-poraka-isprakja-toj/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dali-znaete-koj-cvet-e-simbol-na-veligden-toj-e-omilen-kaj-mnogumina-a-ne-znaat-kakva-mokjna-poraka-isprakja-toj/#respond Sun, 02 May 2021 18:00:11 +0000 https://kurir.mk/?p=504682

Цветовите се симбол на почит и внимание кон оној кому ќе му ги подарите. Со векови, тоа беше начин да се изразат чувствата. Но, многу често кога ќе подариме букет на драга личност и не размислуваме за симболиката што ја носат тие цвеќиња. Имено, секој цвет има симболика, како и секоја боја и затоа треба да се даде со внимание, бидејќи испраќа порака до оној кому му го даваме. Постои дури и јазик на цвеќе (флориографија) и може да се користи за изразување чувства. Кај нас постои верување дека непарен број на цвеќиња се даваат за љубов и радосни настани во куќата и животот, додека парен број е наменет за настани што симболизираат длабока тага, најчесто за погреби. Дали е даден парен или непарен број во букет и за која пригода зависи од културата и обичаите на еден народ. Еден цвет, без оглед на видот, е даден од сентиментални причини, додека три или пет се резервирани за годишнини и родендени. Ако сакате да испратите порака со цвеќиња, но не знаете како, треба да се потпрете на нејзината симболика. Секој цвет и боја има одредено значење, а еве го и значењето на цвеќето што обично го подаруваме. Кала Кала се смета дека претставува невиност, доблест и чистота и е поврзана со Богородица. Овој цвет, обично бел, е поврзан со Велигден, како симбол на воскресението на Исус. Во многу слики и други уметнички дела, кала е прикажана со Богородица или ангели од Благовештението. Како што цвета калата во пролет, таа стана симбол на младоста и повторното раѓање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dali-znaete-koj-cvet-e-simbol-na-veligden-toj-e-omilen-kaj-mnogumina-a-ne-znaat-kakva-mokjna-poraka-isprakja-toj/feed/ 0
Трајковска до Владата: Ова е симболот на Илинден, кога го имате него не си играте дизајнери по дома со боички и коцки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajkovska-do-vladata-ova-e-simbolot-na-ilinden-koga-go-imate-nego-ne-si-igrate-dizajneri-po-doma-so-boichki-i-kocki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajkovska-do-vladata-ova-e-simbolot-na-ilinden-koga-go-imate-nego-ne-si-igrate-dizajneri-po-doma-so-boichki-i-kocki/#respond Sun, 02 Aug 2020 08:16:14 +0000 https://kurir.mk/?p=385026

Новинарката Жанета Трајковска преку Фејсбук и се обрати на Владата и и’ порача дека симболот на Илинден веќе постои и не треба да си играат дизајнери. -Ова е Илинден или Македониум. ОВА е симболот на денешниот ден. Ја "означува непокорноста, борбата и вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава.“ Не знам кому му текна да прави нов знак за Илинден од 3 оџаци или 3 лего коцки во 3 боички каде средната е ЕУ плава боја. Не дечки, кога имате ваков силен симбол за најважниот датум за македонската држава не си играте дизајнери по дома со боички и коцки. И секако може да го користите името Илинден, не морате Македониум. Среќен празник Илинденци. За жал секој ден покажуваме дека не си ја сакаме државата. Од фрлање ѓубре на улица до погубни политики. Честит празник и за многу години Илинден, пишува Трајковска на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajkovska-do-vladata-ova-e-simbolot-na-ilinden-koga-go-imate-nego-ne-si-igrate-dizajneri-po-doma-so-boichki-i-kocki/feed/ 0
Ова маче има повеќе од 330.000 обожаватели, а ги освои со еден необичен детаљ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-mache-ima-povekje-od-330-000-obozavateli-a-gi-osvoi-so-eden-neobichen-detalj-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-mache-ima-povekje-od-330-000-obozavateli-a-gi-osvoi-so-eden-neobichen-detalj-foto/#respond Thu, 30 Jul 2020 11:14:28 +0000 https://kurir.mk/?p=383710

Зои на прв поглед изгледа како обична црно-бела мачка, но ако ја погледнете малку подобро, ќе видите дека на градите има големо срце, што ја прави тотално различна од повеќето други мачки. Поради овој мал симбол, таа и Изи започнаа да собираат фанови, кои им останаа верни до ден-денес и ги следат редовно на социјалните мрежи. На Инстаграм овој профил на мачиња има неверојатни 331.000 следбеници, на што можат да им завидуваат и светските инфлуенсерки.
 
View this post on Instagram
 
Is that for me?

A post shared by Izzy & Zoë The Cats (@izzyandthefluff) on

View this post on Instagram
 
Kitty kissies.

We're here to judge every outfit that isn't a tux.

Flashback Friday.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-mache-ima-povekje-od-330-000-obozavateli-a-gi-osvoi-so-eden-neobichen-detalj-foto/feed/ 0
Изберете еден симбол и дознајте што ве чека во иднината https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/izberete-eden-simbol-i-doznajte-shto-ve-cheka-vo-idninata-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/izberete-eden-simbol-i-doznajte-shto-ve-cheka-vo-idninata-2/#respond Sat, 19 Jan 2019 08:47:54 +0000 https://kurir.mk/?p=154038

Дали нешто ве мачеше во претходниот период? Дали се обидувате да откриете што ви е потребно за да се мрднете од место и да напредувате. Овој тест ќе ви открие како стојат работите... Кој симбол највеќе ви го привлекува вниманието? Лав Лавот ја симболизира вашата потреба да имате контрола над својата судбина. Овој избор укажува на тоа дека сте направиле сѐ за да живеете добро, но сепак се чувствувате заробено и имате чувство дека не можете да продолжите понатаму. Ве грижат прашања околу тоа што да правите и како да продолжите и дали треба да одите по друг пат. Морате да прифатите дека вашиот живот е токму онаков каков што треба да биде, а кога ќе се помирите со тоа, ќе ви се отворат и други можности. Сите вашите досегашни избори се направени со причини и морате да се синхронизирате со тоа спознание. Песочен часовник Доколку го избравте овој симбол, тоа значи дека се чувствувате заробени во времето. Премногу сте свртени кон иднината и некое болно искуство. Се чувствувате како да се гушите, немате енергија и помирени сте со тоа дека вашиот живот не е убав. Но, верувајте дека можете да се помирите со минатото и да продолжите понатаму. Ќе бидете посилни од порано и сите трагедии во суштина се лекции за иднината. Живејте во сегашноста, затоа што кога тоа ќе го научите, времето ќе стане ваш пријател. Месечина Ако го избравте овој симбол, тоа значи дека вашето срце моментално е како воено поле. Нешто силно во вас не ви дозволува да имате мирен сон или ве мачи несоница. Дали е тоа омраза, лутина или само страст? На вашиот дух му е потребен мир и најдобар начин за тоа е да ги изнесете чувствата на виделина. Признајте си себеси, но и на другите луѓе, како се чувствувате. Кога не се тајни, чувствата не нѐ јадат одвнатре, а нивното потиснување ви носи повеќе штета отколку корист. Клуч Ако го избравте клучот, тоа значи дека на вашиот дух очајно му се потребни одговори. Сѐ што мислевте и во што верувавте одеднаш е ставено на испит. Можно е да се уморивте од потрагите по вистината и точните одговори. Можеби и веќе ви е здосадено од сето тоа. Време е да се впуштите во авантури и така да ја спознаете и другата страна на животот. Наскоро ќе забележите одредени манифестации кои ќе ви помогнат да го совладате моменталниот период. Неопходно е некаде да отпатувате, макар и на еден еден. Рака Овој избор укажува на тоа дека сте опкружени со негативна енергија. Вашиот дух тежнее да се ослободи од тоа и ако забележувате чудни работи, тоа значи дека нешто одвнатре се обидува да ве предупреди. Но, интересно е тоа што ние секогаш сме заробени од нешто, но секогаш имаме избор да се ослободиме од тоа. Патот кон ослободувањето подразбира простување и љубов, прво кон себе, а потоа и кон другите. Пронајдете време за луѓето кои ги сакате и време за одмор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/izberete-eden-simbol-i-doznajte-shto-ve-cheka-vo-idninata-2/feed/ 0